Јован Котески
Тежина (1965)
Најпознати песни од оваа збирка
1. Калишта
2. Лето
3. Злокуќани
Невино чист на устието,
во тргнувањето сомнително студен
во средината на коритото неодложно матен.
Ти извор далечен на мојата душа.
ЌЕ ОТПАТУВАМ ВО МАЛЕСИЈА
Ќе отпатувам до Малесија
како бол од песна
како глас од моме
како плач од жена
Ќе отпатувам до Малесија
како јужен ветар
како топло сонце
како горка љубов
Ќе отпатувам до Малесија
како далечен спомен
СМРТТА НА КАРИТОН
Веќе извира тешко, како ноќ.
Кренете го! Во полусон
душата негова се качува
по темни скали.
Широки, прегратка на ветрот
го дочекува со плач.
Пеплосана долината тоне
во цвет од созвучје нежно.
Беше ја љубел зората
Со чист трепет.
Сега, прекриен со крила
од мртви птици, самува.
Болката нема свој зрак
како што нема свој камен
белиот дворец на облакот
каде што Каритон влезе.
КАЛИШТА
Слегувам по каменот
ништо ново, ништо очајно.
Водата е бисер - вода,
убавината ја нема,
времето не постои.
Мајка ми пак некаде
на сува земја длабоко дише
и можеби умира.
А јас во потрага
по една блага клима,
по едни црни очи,
по некаква измаглина
дојдов во Калишта.
Дојдов во Калишта
кога манастирското ѕвоно
во совршен занес
сонуваше тишина;
дојдов кога каменот
ѝ се допираше на вечноста,
кога убавината како езерска пена
ми ја матеше крвта.
Таа веќе е ровка,
таа веќе набабрува,
таа веќе прекипува
од убавина. Цркни!
Се вратив од Калишта
како стебло без сенка.
Гледајќи те в очи
додека твоите издивки
како црни дамки на жолти крилца
од пеперутка
висеа во мене
гледав како со блага линија
водата и небото плетеа роза.
Ми останува само да го соберам својот плач
и да отпатувам од летото.
НЕМАШТИЈА
Веќе ни лебдеше на усните душата,
на јазикот се пластеше пелин.
Како проклетство, земјата сува,
сува кората на дрвото,
нашите жили, камењата,
ланските зборови и лебот сув
со распукани усни шепнат.
Веќе паѓа сенка како крило,
коњите, житото, вересијата
и пештерите се наши
и реките течат надолу,
само ние остануваме газејќи
пресен дожд и лански лисје.
Ги откопуваме старините
и при секој чекор се најдуваме
со туѓо име. Ај нека се вратат
децата како птиците напролет,
кога вдовиците кукаат
пред затворените врати.
Угоре високо - удолу длабоко,
а ние остануваме овде.
Како заслепени ластовици
што ги привтасала есента
- далеку по патот -
ги сретнуваме нашите мајки.
Нека остане болеста
закована за туѓа душа
и тие благи очи
што фрлале снопје топлина,
во себе го пронашле
мртвото стебло.
Веќе паѓа сенка како крило,
коњите, житото, вересијата,
плачот на жената
и рапавиот глас во туѓо грло
се огласува како немаштијата.
ДОПИРИ
Меко се отвора небото
како перуника сина,
сноп светлина допира до вас
- жедни очи.
Во кристална чаша
разгрни го синиот цвет
на нејзината душа.
Колку е нежен плачот!
Преплавена, како река
зелена од тежок од,
ти ќе ме смириш долу,
во рамнината . . .
Тоа е допир нежен, тежина,
кога душата и телото
се ронат во кристална чаша.
Твојата сенка, љубовта,
здивот што допирал низ темна вода
на бела сенка од цвет, о!
ја барав твојата душа
во иглата и прстенот
и прстите што жубореле
во една предвечер блага.
Како синџири нежни
цутовите во очите на патникот
се плетат зад нас,
а во нас - белите багреми на децата,
песната на дивата птица
посакана во долината, жубори,
како во твоите прсти!
Што ќе земеш од мене со плач,
кога во твојот цвет чисто сонце
отвора нов свет, а подруг глас
денот го гаси.
Твојот поглед како син цвет
развива. Орачот не знае
за темен круг на денот.
На дланката бела
ѕвездата гасне навечер.
И в поле и на море
виното и житото копнеат.
До црните греди, о време,
детето отепалосива птица.
До колена во крв,
сонцето слегува зад мене
Ленот во бела пена
до над колената на жената
цути. Вино и жито!
Дај ми го синиот цвет
на твојата душа.
Дај ми ги кошниците
со темна смеа.
Дај ми ги годините
што ми ги посади
на сува земја без вода.
ЦРН ВРВ
(Каменоломи, височини, Кратово)
Искачи се.
Под тебе, поголема од сопствената сенка
лежи стравотијата. О, вечност блага!
Те прогони со толку свиреп страв
што гледајќи ги луѓето,
си ја оплакуваше својата стапалка мека.
Искачи се високо
додека во тврда дланка
каменот не си ја покаже утробата;
искачи се горе
додека душата од твојата уста
не одлета како ластовичка.
Овде е крајот на секој потоп:
Човекот ја мери тежината со каменот.
- Ќе те надвладеам, ќе ме надвладееш,
јас со росата што над тебе сени,
ти со смеата што ме засенува.
Еве ме, на мене ништо не е:
ни леснаоблека, ни лесен збор
ниту поглед од девојка ми тежи.
Па сепак се стуриваат, се стуриваат
оние камења црни,
оние високи планини.
Јас сум тука како сенка,
точка на вечноста што се подава,
јас сум одгоре, а тежината оддолу расте.
На што да се задржам?
Небото како син цвет
ми го покажува крајот.
Височината лежи на душата
како мевлем на рана,
но овие краишта тешки
никако да ги поткренам со снагата.
Се простувам со вечноста
и се повторувам взори.
Снагата моја била овде,
и душата моја била овде,
а стравот ме потпирал
со тенки жилки.
Луѓето ги дробат камењата
и нивните сенки
ќе дојдат подоцна.
- Понесете ги на плеќи
камењата од Црн Врв,
пријатели, навечер.
Што знаете вие за нас?
Сме имале диво пиле
пеело - допеало. Што?
Страв ли, ритам ли!
Или тоа само тежината во нас и над нас
како сомнение на душата.
ЛЕТО
Летото дремеше на каменот.
Како прстен,
змијата и цивилизацијата
ползеа в оган.
Далеку од нас
убавината си ја покажуваше снагата.
манастирите криеја завист,
небото како бела перуника
цветаше од неа.
На софрата од памтивек мачен
бокалот преполн сиромаштија чекаше,
додека ангелот на Свети Ѓорѓија
чекаше во нас.
Летото дремеше на каменот.
Чист допир удираше
со подземното богатство
на музиката.
Преселувајќи се народите
по патиштата граделе кули,
поправале древни легла
и носеле секири златни
кон златниот престол
на сонцето.
Понесувајќи ја девојката
како златно јаболко по плажите.
еден младич на песочниот брег
прескочи мрава.
МАЧЕНИЦИ
(Детаљ од фреските во црквата Света Софија во Охрид)
Ко зрак од сонце што болно се раѓа
на каменот, а сенка внатре зрачи
со плод од дуња кога в темно паѓа,
- душа од еден маченик се мачи.
По него друг, со откопани заби
клекнува божем на престолот камен,
но нежни свирки и цветови слаби
под него горат со ружичест пламен.
Тој мачно седи, со стемнети очи
го чека братот земја што го згмечи,
покорно, чека, вечност кај се точи,
а знае: смртта, непокорно лечи.
Зад него некој брчките ги рои,
ко пчели божем мислите се шират;
познава само цвет од жолчни бои
и тие внатре болно ќе го смират.
Се меша душа на покорник еден
ко чад во темна, засенчена гора,
тој знае само сплет на живот беден
и знае дека не ќе самне зора.
- Еве сум, имам лице земја сува
(некој од дното се качува горе.)
На врвот ножот отровница чува,
в солза бескрајно се бранува море.
Пред нив ко оган што зрачи и мами
чекори старец - родословочетец.
В небо соѕвездија трепкаат сами:
дека е човек и дека е светец.
По тебе, тело, земја в срце збрана
се пласти поглед од кулите вити,
крвава чешма извира од рана
и горчлив пелин усните ги кити.
- Земај ме, рече, тој што раце шири,
земај ме! јас сум твој живот и корен.
Но в жолто небо душата се смири,
а лежи веќе цел во земја сторен.
Со црна лузна на телото вито
оној аскет со насмевка мека
се подби, божем, разбрането жито,
но остра кама под грло го чека.
- Крени ме, рече, мој боже од цвеќе,
моево тело со подбив те моли:
Крени ме! Кога непресушно веќе
Дланките мои е камења голи.
Некој за сите оплакува време
и бакнеж шири што мами и гори.
Знам, рече, поткрена ти стотонско бреме,
но кажи што ли рече во животот стори?
На оној пламен во грло му сени
и прсти нежни везилка му плете.
- Човеку, кажи, колку сретна жени
и кое од која ќе стане дете?
- Моево око е мое до гроба
оној се јави од престолот буден;
цутеше тогаш едно златно доба,
срцето мое е крстопат чуден.
- Сираку, напни! Земјата те гори,
крени ја навидум, сруши се в неа.
- Тагата кажува, срцето кори,
што бараш повеќе од горката смеа?
НЕМАЈ - КАДЕ
Навечер излегуваме на ридот.
Се загледуваме во темниите длабочини
на далечините и молчиме.
Таму каде што заминаа нашите деца
сега се враќа само здивот на морето,
од морскиот разурнат бран.
Многумина од нас не видоа море.
Децата наши ја понесоа
бледата сенка на црвеницата
и плачот на мајките што знаеја
дека не ќе дојдат дома.
Навечер и планините шепотеа
дека не ќе дојдат дома.
Многумина умреа без да видат море.
Го затворивме својот круг,
ги скршивме гранките на сувото дрво
и онемевме. Пресипани со злато,
и дабовите шумеа навечер
дека не ќе дојдат дома.
Земјата болно мирува,
дека не ќе дојдат дома.
ВРАЌАЊЕ
1.
Како златни ѕвонца
ѕунат облаците,
Питома лозо моја!
Ќе седнам до тебе
гледајќи ја земјата
како добра мајка.
Со години од тебе
далеку, ги сонував
твоите бели ноќи во април.
Ништо не згинало, не!
Чешмата, ѕидот на нивата,
благите падини
и добитокот со темни очи
ме сретнува . . .
2.
Каде е градината
кога низ минуваше
и се смееше?
Зеленило истурено по меѓите
и вода студена
ги сипеше камењата сиви . . .
Дланка допрена до детска глава
и нечија девојка со црвен цвет
во прстите,
слегуваше едноставно топла.
Но каде е градината
кога низ неа се минуваше
и се плачеше . . .
3.
Кога игрите имаа свое место под сонцето,
кога годините течеа како чиста вода под сонцето
а цветовите во бели кошничиња го носев дома,
тогаш,
како уплав или како страв
се всели потајно во моето битие
тивката незгода на љубовното откритие.
Девојко!
Само како ти гореше срцето,
само како ти плискаше смеата,
од растурениот омај,
девојко -
со кошничиња бели цветови.
ЗЛОКУЌАНИ
Вие што сте ја кренале
куќата темна како ноќ
на ридот, како бдеење,
сте го одредиле патот,
сте го стопиле каменот -
сте си направиле чудо!
По толку години, клета,
вратата, стапката, здивот,
по темни скали слегува.
Врати се! Во градината
со бел цвет, крило од птица,
со очи сино-небески
ќерката на предачката
самува. О, бела водо!
Преку твојот притаен звук
таа доаѓа сред цвеќе,
ја набабрува дојката,
ја осмислува зората
и цути како алов мак
на сува земја сред поле.
Орачот, “де!” во шумата
светлост од ѕвезда што вене,
првиот пат ќе се крене
крај река, во поле, горе
во височините темни
ја храни браздата взори.
Сал ни збор за предачката!
Таа како блага вечер
на некој листец од цветок бел,
си ја одмора душата.
Бегајте војници в зора!
Разорани патиштата
гледај: под копито коњско
машка вилица се злати.
По толку години, сами,
дојдовме до куќата - молк.
Ни плач на дете во ноќта,
ни крило од ластовичка,
ни бела врата, ни бел цвет
зад срма од сонце.
Само по темните скали,
о време! плач на каменот:
во калта ја побаравме
чистата ѕвезда на српот.
Душата на предачката
во душата на ќерката,
во душата на цветот бел
самува. О вечност блага!
Вие што ја ѕидавте
куќата темна како ноќ,
слегувајте си полека
ронејќи камења бели
по темните скали од молк.
СУВА ЗЕМЈА
Девојката има нежни прсти
што допираат и што плетат.
Девојката со пласт црни коси
повлекува блага линија од душата
и посадува црвен цвет на земјата.
Веќе шепотат темните шуми
со гласот скриен на птиците одлетани.
Таму каде што копнеела твојата душа
сега паѓа кревкиот лист на љубовта.
Сè ќе протече
со меките прсти на цветот . . .
Твоите широко отворени очи
низ кои паѓаат снопје топлина
ќе се пресипат низ синиот допир
на дождот. Нежност и тежина.
Дојдов сред полето со тебе,
го загризав зеленото јаболко
и го фрлив своето тело
во мртвите браној на ноќта.
Ветровите се отворија нежни
и со најтежок шум
те повлекоа кон себе.
Широко небо, отворено.
Понеси го својот плач
од земјата како цвеќе.
Ти идам низ полето тажен,
од моето грло се рони
цветната смеа на пролетта.
Веќе во топла прегратка
децата го заборавиле својот плач
и црните прсти на мајките
Се гледаме, со години се гледаме
и си протекуваме како тешка вода
што го оставила својот шум
во зелената смеа на шумите.
Недоисплакани, ај со здравје,
и тоа сонце огрева над сламените стреи.
Кога се судираат бреговите,
слушни ја песната на заминатите
и погребаните. Молкни.
Пред земјата плачам со нежен допир од цвет,
додека лисјето шуми со вода и птици.
Разгрни го срцето, зеленилото, своето небо
плисни го по таа лоза од молк.
Ќе ги дочекаме изгубените птици во април,
во твоето виење ќе ја пронајдеме чистата срма
на зората, а слезени длабоко во твојот сплет
како во пожар што стивнал, ќе мируваме.
Ти извираш од рацете што те допреле како карпи
и виејќи, суша и волк, се протегаш
со жедни жилки, божем со мевлен пресипуваш . . .
Кај ти се златните треви во летна блага вечер?
Широка, како душата на земјата кога тоне
се извива на дрвото плачот, се гаси во солзата,
се пласти во болката, ти земјо, ти здив,
ти гробиште отворено, напречек немо!
Како заб на камен
или тивок ветрец
што допира до твоите разгрнати гради,
жено, ослободи ја нежноста
под сенката на дабот.
Тутуните тогаш зелени,
сега жолто-златни
и тој чист глас од дете
што плачело или пеело во селото,
оф, тоа село на сува земја!
Никогаш недообјаснето
мрморењето на водата во изворите,
човекот трга по суво.
Земјата и коњот
во твоите очи се првенци.
Жар во зелените шуми, тишина.
Сè спие во тревата
пробуди го со суво грло, златна птицо!
Ќе потоне сонцето. Човекот ќе втаса
и пак сплет од светлина на патот ќе цвета.
Девојката со триста синолички в пазува
ќе тргне сама. Тешки карпи, сури години!
Изворот на убавината што се мачи до нас,
- за нас извира. Нашите сенки се тешки,
снопот на зависта што падна, крени го.
- Што понесов за тебе, вечност, освен илузија!
Како крило на птица недовтасана
водата и сенката се грнат. Убавино!
Дај ми ја белината на душата овде,
дај ми ги твоите конци завезани.
Ти доаѓаш со својот тежок плач,
а гласот ти се враќа назад како во пештера
Ти овде земја, црвена сува земја,
а месечината, таа нежна љубовница
на мртвите, над морето . . .
Земјата сува, земјата тешка здивнува.
Кога се затемнува небото,
мршава птица се подав горе:
- восочен бран, сонце и тишина.
Засечете го дрвото в корен!
Загледајте се во клунот на каменот
како во прадедо,
а тие коњи што ја газеле
којзнае во чија доба земјата сува
сега скриени во ветровите, молчат.
МЕЛАНХОЛИЧАР
(Лик од фреските во манастирот Нерези)
Ќе ме свитка смртта. Ќе ме отфрли душата
и, останат во сивило, ќе чекам небо
од подруг свет, о драга таго! Чекај ме,
овој плач не се завршува со камен.
Широка, со плачот внатре слезен,
ти се потпираш на земјата, убавино.
Низ зелените долини како девојка
се шета смртта. Што бараш од мене?
Капнува твојата уста, твојата снага
твојата капка солза ко бисер капнува,
само светлината те мами, ајде
понеси ме в гроб, убавино, земај ме!
Зајаздени, свирките како копја
се кршат. Полегнати, стеблата пловат
зад темни ридје без ноќ. Рудеење . . .
Реков си тука. Допир. Смирување.
Но како да се ослободам од овој плач
што ме дои и ме погребува? Земај ме!
Меко, меко како заспивање
смртта ме заодела, чекај, врати ме!
Само уште ветар свеж и тежина
и доаѓање со нежен трепет до тебе.
Збери душа! Ги слушам клокотењата на прстите,
го слушам ударот со парче земја,
кога се брануваш без сон, злолелеење.
Похотно, на работ сме, застануваме:
зошто небо, зошто земја, зошто умирање?
СТРАВ
Навечер ја зафаќа страв
русокосата незгода на иконата
и таа клекнува на колена
пред едно кандило мрачно.
Воловите го рикаат својот сој
и застануваат слаби
на деветтиот раб
од месечината продупчена.
Коњи со камени вилици
во чии очи изртел трн
трчаат по крастиштата
пасејќи време.
Леи со синолички
се протегаат до бога,
до оној неснослив ум
на бесцветноста.
Се покажува третото поле
на месото:
црвје во совршен хор
го подигнуваат храмот
што ги засенува.
Гробиштата истурени,
стари од памтивек мачен,
го запишуваат својот жар
во сончевиот уплав
на каменот.
Земја недотерана
до машко име,
слезена до реката
што носи сноп од глуварици,
ги крева мртвите прсти
и рине злоба кон себе.
Нели е време, мајко,
да посадиме црни бигори?
СМЕАТА НА ВЕРА
1.
Каде е оној април
кога заедно со тебе минуваше
и се смееше?
Чешмата сеедно течеше
свежа, врз тебе,
а како бела перуника
отворена сред млака вода
твојата смеа се капеше
во мојата душа.
Слика осамена,
сретната на којзнае каков пат,
под којзнае какви цутови милувана,
но никогаш недопрена
со жива рака!
Само трчајќи
како златно сонце низ облак бел,
паѓаше твојата ратурена смеа
во мојот поглед зрел.
2.
Како во оној ден
совршена од години и цвеќе
те дочекувам,
ги заплетувам прстите во твоите коси
и молчам.
Сега, само во сон.
Езерото зборува
за твојата нежност,
крило од лебед бел!
А јас,
веќе те носам со години
како откината, сува земја.
Те носам, а да не знам
дека ти беше мојот сон
и мојата пустина.
3.
Ти дојде како најтопол ден
во годината,
со оној древен глас
на музиката
во кој потонувам
како во темна вода,
во кој нарастуваш
како во чиста крошна
на старо стебло.
Ти дојде како зрела 'рж
зад голи ридје,
а како вител по тежок пад
на стрмна река,
залисуваш, малаксуваш,
неизвесно течеш
до црното устие
на детскиот плач.
Ти дојде како најчист глас
од градините.
Далечни, осамени, неми
водеа патиштата
кон сочните липи на Бигла.
Каква нескротлива добрина
извира од твојата душа, девојко!
Ти дојде како пролет
во мојот питом крај,
во мојата долина.
ЗБОГУМ
Светлината,
како лекот на мајка ми
во скришните ѕидишта
зад нас, кога нè напуштаа,
- разделување со болка -
и чекање којзнае каква вечност
со себе и во себе
о, збогум!
И веќе децата носеа плач
и плач се ширеше во долината,
а денот имаше светли очи
како очите на онаа добра мајка
о, збогум!
До каде ќе втасаме ние?
Наоколу непознати пештери
и планините и птиците
и тревите ни го засенчуваа патот,
а небото
пајажина на душата навечер
и камењата паѓа.
Дланката на твојот брат
како мермер бела
Со пресна солза, пријателе,
кажи ни
како се печалат пари?
ОПЛАКУВАЊЕ
Падни овде без плач.
Ликот твој и солза
и душата по која јас липам
е како секнат извор
на сува земја.
Падни овде без плач.
Лебот сув, патиштата,
чекањето со влажни очи,
празни раце и веселбите
ќе паднат со нас.
Ти што потајно ромориш, во длабочина
како најчист бисер,
почиста мисла ме допре
одгоре, гледајќи изморен лик
на твојот срамежлив образ.
За жедно срце жедно дојде ти
на сува земја сред камења сури . . .
Надојде божем од девојче шум
носејќи во себе посребрена слика.
Ти извор зелен под спокојот мек
на бела вода складно што се слива.
Невино чист на устието,
во тргнувањето сомнително студен,
во средината на коритотот неодложно матен.
Ти извор далечен на мојата душа.
Дојдов да те исплачам
како што си ја оплакувам
својата мајка.
Ти си темна и тешка ноќ,
глува како земја,
нејасна како лавина.
Дојдов кога дојдоа луѓето
како принадојдени води се насобраа,
ги прекрстија рацете и те оплакуваа.
Ти се ослободи сама,
за секој шум птицата на твоето срце стивна
снагата во црнината ти мируваше
како вода на дното чиста.
Ти си веќе полусон? полумесечина,
твојот пат е чист како бисерот
твојата слобода е само твоја,
ти си безгранично осамена пред светлината!
Најпосле те изнесовме пред сонцето
толку драга, толку убава,
како зрел плод
на вжештеното летно претпладне.
ај убавино, мирувај!
ЦАРСТВОТО БРЕМОВО
(Сосем нарушена хармонија)
Ме будат тапаните на прогонството,
пред очи ми е халдејското царство.
Леле незгоди на дваесеттиот век!
Кога ќе ги пајдисаат тажачките гласовите,
ела подзапри го ронењето
на вавилонските кули.
Нероне, дете од снег, тргни ги уздите
нека зарикаат громовите
како сто впрегнати вола.
Во лулката на Травијата
Нијагара си ја покажува својата ѕвезда
Од каде елекот на Абдул-бег
на црвениот чардак на сисвети?
Крај огромната пустина на разумот
презрела жетва на смртта.
Де, лично девојче, Еврејче,
гледај во камена карпа
како во своја посестрима.
Крстоносците вљубени во света земја,
во света недела,
слегуваат по скалите голи
носејќи овни кон Јуда.
Цицероне, долино на ќуповите,
најсветла волна од облак,
дали го позлати својот гроб
пред отворената врата
на вечноста? Тишина.
Чекориме низ лозјата на Дијана
додека сонцето и изворот јуреа
далеку од нас, Андријане,
пред влезот на Соломоновата порта,
со крст в раце, а слепи,
војниците на Самоило пееја.
Дали ги запиша, о Адријане,
црвените ждребиња на Скитите?
Хорови. Низ совршена гласна жица
го откорнаа најчистиот звук
што ѝ припаѓаше на Елена.
По Тројанските војни си најдов
стаклена градина на Југот.
По овој потоп, неминовно,
Кинескиот Ѕид си ја променува бојата
цо црвен петел од сонце!
Пирамиди, вам ви зборувам,
како на свои далечни сестри:
колку останува од врвот на разумот
до врвот на вашата вечност?
Во законот на сабјата те најдов,
о светла свадбо на светлината!
што ми е гајле за оној Цезар
што не ме дотерал внук и политичар?
Папируси, како женски раце,
ја овековечуваат нежноста,
пред некој зелен бунар.
Од сите гладичишта, на оваа трпеза света,
ти си ми најчуден, Аморе, сине!
Не знаеш со каков бол
ми ја полнеше главата
Крали Марко.
Де, Александре Македонски,
седни на земјата како земја
да си ја видиме сметката:
царствата ни изгледаа како пена,
жените како линија,
камењата како топол леб,
о Александре! Седни на каменот
помеѓу гороцветниот поход
и Гајгеровите бројачи.
Црвената печурка црвено ќе цвета.
Што ќе биде подоцна, тоа нека биде!
Јас дојдов сосем сам,
сосем сам се простив
со белиот пелин на работ.
КУЛА
Таму, од каде што извира сонцето, како лек
овде-онде дамнината тоне.
Кулата, како што сакал царот,
демне во темните сенки во времето . . .
Со стопени прсти, како восок,
ќерките во нас седат замислени.
Кој ќе ве дочека со црно грозје,
штом сте се виделе - сте се распознале?
О, прашни сенки по плоча-гробиштарка,
ојте со здравје штом водата тече,
водата тече а никој не пие.
Спокојна, кулата камен по камен
одронува
и уште малку, само уште малку
есента ќе ја прекрие со жолто злато.
Забрзани реките кон море, чешмите в планина
жуборат
и птица зачудена, со најчист глас нè дочекува,
о време! од кои дулци да се напиеме?
По ридиштата глуждести дабови,
- дрво шупливо -
и летото што лета на крилја од млада птица
зад нас умира.
А таму, одкаде што извира сонцето
како допир со фосфор се повлекува ноќта.
За Јован Котески
1. Целосна блог-архива за животот и творештвото на македонскиот поет Јован Котески (1932-2001). Блогот ги содржи целокупните поетски збирки на Јован Котески од 1958 до 2000, како и неговата лична и творечка архива.
2.Материјалите од блогот се слободни за користење во лични, образовни и научни цели. Забранета е нивна употреба за комерцијални цели и без наведување на изворот и авторот.
3.Сите дериватни дела (правењето песни, раскази, романи, музика, сликарство, вајарство, документарци, филмови, стрипови, спотови, танц, фотографија, дизајн, мода, видео-игри, виртуелни светови... научни и стручни текстови, теорија и филозофија, публицистика... врз основа на песните од Котески) се дозволени, доколку не се користат за комерцијални цели и доколку се наведе изворот и авторот.
4.Авторот на дериватските дела мора целосно да го наведе текстот на оваа лиценца (на истиот начин како што се појавува овде).
5. Доколку некој автор спомнат на блогот смета дека се повредени неговите/нејзините авторски права, може да ја контактира Јасна Котеска на jasnak@gmail.comЗа поетот
Биографија
Фотографии од Струшките вечер на поезијата (1981, 1982), Јован Котески
Интервју со Котески (2000)
Семејни фотографии од Котески
Интервју со Јован Котески, Пулс, 1999 за збирката „Разор“
Таткото на поетот, Васил Котески (фотографја со неодреден датум)
Фотографија на Јован Котески (2000)
Фотографија од Јован Котески, рани 1990-ти
Фотографија од Јован Котески (2000)
Награди за поезија
Осврт за „Трагач“ (1995) од Јован Котески, победник на анонимниот конкурс за поема
Портрет на Котески по затворот
Котески во едицијата на „Народна книга“ од Белград (1974)
Два документа од 2001
Збирката „Dragoste si Moarte“ (1981) од Котески на романски јазик
Фотографија на Котески од 1966
Фотографија од Рацинови средби (1979)
Фотографија од Струшките вечери на поезијата (1964)
Никита Станеску и Јован Котески
Разгледница со песната Љубов и смрт
Фотографии од Струшките вечер на поезијата (1981, 1982), Јован Котески
Интервју со Котески (2000)
Семејни фотографии од Котески
Интервју со Јован Котески, Пулс, 1999 за збирката „Разор“
Таткото на поетот, Васил Котески (фотографја со неодреден датум)
Фотографија на Јован Котески (2000)
Фотографија од Јован Котески, рани 1990-ти
Фотографија од Јован Котески (2000)
Награди за поезија
Осврт за „Трагач“ (1995) од Јован Котески, победник на анонимниот конкурс за поема
Портрет на Котески по затворот
Котески во едицијата на „Народна книга“ од Белград (1974)
Два документа од 2001
Збирката „Dragoste si Moarte“ (1981) од Котески на романски јазик
Фотографија на Котески од 1966
Фотографија од Рацинови средби (1979)
Фотографија од Струшките вечери на поезијата (1964)
Никита Станеску и Јован Котески
Разгледница со песната Љубов и смрт
Линкови за Јован Котески
* 01. Јован Котески на Википедија (содржи и пет поетски збирки од Котески)
* Јован Котески на Open Library (каталогизација на сите збирки)
* 02. Јован Котески на Блесок (Poems in English)
* 03. Јован Котески на Амазон (сите книги се моментално недостапни) :)
* 04. Библиографија на англиски од сајтот на struga.org
* 05. Јован Котески на бугарската Википедија
* 06. Тротомниот избор од поезијата на Котески (Три, 2000)
* 6. Стихови на Котески во шведска антологија
* 7.Текстот „Интимист“ за полициското досие на Котески (на англиски)
* 8.Кратка белешка за Јован Котески во извештајот на Прајваси Интернешнл за 2007
* 9.Вест за смртта на Котески
* 10. Поетско читање по повод петгодишнината од смртта на Котески
11. Day of the Writers in Prison on Diversity: Jovan Koteski on Diversity, International PEN Collection
* Јован Котески на Open Library (каталогизација на сите збирки)
* 02. Јован Котески на Блесок (Poems in English)
* 03. Јован Котески на Амазон (сите книги се моментално недостапни) :)
* 04. Библиографија на англиски од сајтот на struga.org
* 05. Јован Котески на бугарската Википедија
* 06. Тротомниот избор од поезијата на Котески (Три, 2000)
* 6. Стихови на Котески во шведска антологија
* 7.Текстот „Интимист“ за полициското досие на Котески (на англиски)
* 8.Кратка белешка за Јован Котески во извештајот на Прајваси Интернешнл за 2007
* 9.Вест за смртта на Котески
* 10. Поетско читање по повод петгодишнината од смртта на Котески
11. Day of the Writers in Prison on Diversity: Jovan Koteski on Diversity, International PEN Collection
Multimedia
База на податоци за книгите на Котески
Базата ги содржи:
1. Насловот на збирката
2. Годината на издавање
3. Издавачот и серијата
4. Пагинација и димензии на книгата
5. ISBN (кадешто го има)
6. Насловна корица
I. Збирки песни
1. Насмевка пред зорите (1958)
2. Земја и страст (1958)
3. Злодоба (1963)
4. Тежина (1965)
5. Пеплосија (1966)
- Земја и страст, 2 изд. (1971)
6. Сенки (1972)
7. Зелени порти (1975)
8. Хераклеја (1978)
9. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991)
17. Ралица (1992)
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1996)
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
II. Избор од поезијата
1. Злодоба (1992) - избор
2. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - избор
3. Празник (1995) - избор
4. Решетки (1996) - избор од затворската лирика
5. Јован Котески (2000) - тротомен избор
6. Сончева белегија (2008) - избор
III. Препеви
1. Pesme/Песни (1974) - српски
2. Dragoste si moarte (1981) - романски
3. Strah i duša (1984) - српски
4. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - англиски, француски, руски.
IV. Песни за деца
1. Глувчето со двоглед (1991)
V. Книги за Котески
1. Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
1. Насловот на збирката
2. Годината на издавање
3. Издавачот и серијата
4. Пагинација и димензии на книгата
5. ISBN (кадешто го има)
6. Насловна корица
I. Збирки песни
1. Насмевка пред зорите (1958)
2. Земја и страст (1958)
3. Злодоба (1963)
4. Тежина (1965)
5. Пеплосија (1966)
- Земја и страст, 2 изд. (1971)
6. Сенки (1972)
7. Зелени порти (1975)
8. Хераклеја (1978)
9. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991)
17. Ралица (1992)
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1996)
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
II. Избор од поезијата
1. Злодоба (1992) - избор
2. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - избор
3. Празник (1995) - избор
4. Решетки (1996) - избор од затворската лирика
5. Јован Котески (2000) - тротомен избор
6. Сончева белегија (2008) - избор
III. Препеви
1. Pesme/Песни (1974) - српски
2. Dragoste si moarte (1981) - романски
3. Strah i duša (1984) - српски
4. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - англиски, француски, руски.
IV. Песни за деца
1. Глувчето со двоглед (1991)
V. Книги за Котески
1. Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
Избрани песни
Јован Котески
АЛКИ (1984)
(старзаманско оро, по војната)
Писнува свирката на катун Еѓупци,
збива планината в подмолен татон.
Едно старче ја крева раката,
ногата ја подава како да влегува в гроб,
го фаќа ритамот на расплаканото пиле
и опа! - го почнува орото. Еден по друг
како алка со алка се врзува синџирот,
се издолжува од премалени тела.
На крајот од овој божји сплет
едно извалкано детиште со лице пердувче
го крева рачето во знак на лага
и со камшикот сплетен од живи тела
почнува да го камшикува господа
скриен во свирката што плаче.
Jован Котески
Трагач (1995)
поема
- извадок-
Пред да избереш девојка за жена
најпрвин избери огледало
на кое ќе се огледува муце од видра!
Според бојата на земјата по која се втиснуваат
твоите траги
одреди ѝ го тварот, не заборавај го зборот!
Храни ја извесно време со суво грозје
како што се хранат канаринките.
Пред да зачекориш во подвигот погледни ѝ ги забите
(бели?)
кажи ѝ неколку простени молитви гласно и јасно!
Наостри ја сабјата како секавица
низ Димна гора за да ти се гледа . . .
Потковај го коњот наопаку со клинци
- жолти дукати.
Не пропуштај го галавниот адут - виното.
Пред да избереш девојка за жена
појди на чешма и со часови гледај го млазот вода . . .
Колку и да ти се открива како светица
таа ќе ти ја одземе силата, човеку, не Господ.
Не срди се што не ти ја дополнила чашата
течен ќилибар, таа ја знае суровата мера.
И не бегај од неа како овчар од магла,
не оставај ја усвитена фурна,
таа ќе го пече тоа што ќе го рече
па макар ти да се здробиш на парчиња во Солунско!
Не број го времето со часови, денови, години,
симни го јарчето на сржбата од вратот
и врати се кај што се врти вретеното . . .
Инаку таа знае да биде и црвена мравка,
ќе ти ги растури името и куќата.
Ќе те остави гол како пиштол
а своите рудни богатства на имањето
ќе му ги отстапи на Беле Костурчето
што ќе ѝ ги прекопува со жешка казма!
АЛКИ (1984)
(старзаманско оро, по војната)
Писнува свирката на катун Еѓупци,
збива планината в подмолен татон.
Едно старче ја крева раката,
ногата ја подава како да влегува в гроб,
го фаќа ритамот на расплаканото пиле
и опа! - го почнува орото. Еден по друг
како алка со алка се врзува синџирот,
се издолжува од премалени тела.
На крајот од овој божји сплет
едно извалкано детиште со лице пердувче
го крева рачето во знак на лага
и со камшикот сплетен од живи тела
почнува да го камшикува господа
скриен во свирката што плаче.
Jован Котески
Трагач (1995)
поема
- извадок-
Пред да избереш девојка за жена
најпрвин избери огледало
на кое ќе се огледува муце од видра!
Според бојата на земјата по која се втиснуваат
твоите траги
одреди ѝ го тварот, не заборавај го зборот!
Храни ја извесно време со суво грозје
како што се хранат канаринките.
Пред да зачекориш во подвигот погледни ѝ ги забите
(бели?)
кажи ѝ неколку простени молитви гласно и јасно!
Наостри ја сабјата како секавица
низ Димна гора за да ти се гледа . . .
Потковај го коњот наопаку со клинци
- жолти дукати.
Не пропуштај го галавниот адут - виното.
Пред да избереш девојка за жена
појди на чешма и со часови гледај го млазот вода . . .
Колку и да ти се открива како светица
таа ќе ти ја одземе силата, човеку, не Господ.
Не срди се што не ти ја дополнила чашата
течен ќилибар, таа ја знае суровата мера.
И не бегај од неа како овчар од магла,
не оставај ја усвитена фурна,
таа ќе го пече тоа што ќе го рече
па макар ти да се здробиш на парчиња во Солунско!
Не број го времето со часови, денови, години,
симни го јарчето на сржбата од вратот
и врати се кај што се врти вретеното . . .
Инаку таа знае да биде и црвена мравка,
ќе ти ги растури името и куќата.
Ќе те остави гол како пиштол
а своите рудни богатства на имањето
ќе му ги отстапи на Беле Костурчето
што ќе ѝ ги прекопува со жешка казма!
Сите збирки поезија на Јован Котески (од 1958 до 2000)- избрани песни!
Кликнете на овие линкови за да ги читате песните!
01. Насмевка пред зорите (1958)
02. Земја и страст (1958)
03. Злодоба (1963)
04. Тежина (1965)
06. Сенки (1972)
07. Зелени порти (1975)
08. Хераклеја (1978)
09. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991) песни од затворот
17. Ралица (1992) песни од затворот
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1995) поема
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
01. Насмевка пред зорите (1958)
02. Земја и страст (1958)
03. Злодоба (1963)
04. Тежина (1965)
06. Сенки (1972)
07. Зелени порти (1975)
08. Хераклеја (1978)
09. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991) песни од затворот
17. Ралица (1992) песни од затворот
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1995) поема
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
Koteski's Poetry in Other Languages
Ana (1958) in Romanian
Persephone (1985) in English
Chest (1984) in English
Kaimakchalan (1963) in English
Death Of the Warrior (1963) in English
Statue 1 (1978) in English
Cockroaches (1991) in English
Rheumatism (1990) in English
Penelope (1990) in English
Love and Death - English
Solitary Confinement (1992) - English
Morning Star (1992) - English
Persephone (1985) in English
Chest (1984) in English
Kaimakchalan (1963) in English
Death Of the Warrior (1963) in English
Statue 1 (1978) in English
Cockroaches (1991) in English
Rheumatism (1990) in English
Penelope (1990) in English
Love and Death - English
Solitary Confinement (1992) - English
Morning Star (1992) - English
Критики за поезијата на Јован Котески!
Книги:
Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
Текстови:
01. Паско Кузман (1991)
02.Миодраг Друговац (1963)
03. Миодраг Друговац (1964)
04. Сашо Гигов Гиш (1993)
05. Бранко Цветскоски (1990)
06. Паско Кузман (1991)
07. Петко Дабески (1994)
08. Веле Смилевски (1981)
09. Влада Урошевиќ (1963)
10. Глигор Стојковски (1993)
11. Благој Иванов (1999)
12. Бранkо Цветкоски (1998)
13. Георги Сталев (1995)
14. Оливера Ќорвезироскa (1995)
15. Греам Рид (1966)
16. Душко Наневски (1975)
17. Радомир Ивановиќ (1975)
18. Слободан Мицковиќ (1978)
19. Атанас Вангелов (1978)
20. Данило Коцевски (1978)
21. Науме Радически (1990)
22. Илија Карајанов (1991)
23. Петар Петрески (2000)
24. Блаже Конески (1972)
25. Алекс Букарски (2008)
Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
Текстови:
01. Паско Кузман (1991)
02.Миодраг Друговац (1963)
03. Миодраг Друговац (1964)
04. Сашо Гигов Гиш (1993)
05. Бранко Цветскоски (1990)
06. Паско Кузман (1991)
07. Петко Дабески (1994)
08. Веле Смилевски (1981)
09. Влада Урошевиќ (1963)
10. Глигор Стојковски (1993)
11. Благој Иванов (1999)
12. Бранkо Цветкоски (1998)
13. Георги Сталев (1995)
14. Оливера Ќорвезироскa (1995)
15. Греам Рид (1966)
16. Душко Наневски (1975)
17. Радомир Ивановиќ (1975)
18. Слободан Мицковиќ (1978)
19. Атанас Вангелов (1978)
20. Данило Коцевски (1978)
21. Науме Радически (1990)
22. Илија Карајанов (1991)
23. Петар Петрески (2000)
24. Блаже Конески (1972)
25. Алекс Букарски (2008)
Песни
Ана (1958)
Реома (1990)
Тавтабити (1991)
Татко (1990)
Во злодоба, ракопис (1963)
Зрзе, ракопис (1984)
Во злодоба, ракопис (1963), отпечатена во изборот песни од ракописната збирка „Празник“ (1995)
Змија, ракопис (1995)
Селска сиромаштија, ракопис (1963), отпечатен во ракописната збирка „Празник“ (1995)
Алки (1984)
Персефона (1985)
Дијалог (1985)
Римска божица (1985)
Аптекарка (1985)
* * * (1990)
Прашања (1990)
Рак (1990)
Предупредување (1990)
Туѓинец (1990)
Совпаѓање (1990)
Совпаѓање (1990)
Размисла (1990)
Задоцнет славеј (1990)
Бројки за споредба (1990)
Медалјон (1990)
Римувана песна (1990)
Копче (1990)
Запис (1990)
Зандана (1990)
Аполон (1990)
Пенелопа (1990)
Спокој (1990)
Цел ден (1990)
Са-ноќ (1990)
Споредба (1990)
Оси (1990)
Трагач (1995), извадок од поема
Поети (1991)
Ласица во сонот (1991)
Душа (1991)
Автограм (1991)
Предупредување (1991)
Прашања за размисла (1991)
Цртежите на Сутин (1990)
АТО плус АТОТО (1991)
Стихови за бел Дунав (1994)
Реома (1990)
Тавтабити (1991)
Татко (1990)
Во злодоба, ракопис (1963)
Зрзе, ракопис (1984)
Во злодоба, ракопис (1963), отпечатена во изборот песни од ракописната збирка „Празник“ (1995)
Змија, ракопис (1995)
Селска сиромаштија, ракопис (1963), отпечатен во ракописната збирка „Празник“ (1995)
Алки (1984)
Персефона (1985)
Дијалог (1985)
Римска божица (1985)
Аптекарка (1985)
* * * (1990)
Прашања (1990)
Рак (1990)
Предупредување (1990)
Туѓинец (1990)
Совпаѓање (1990)
Совпаѓање (1990)
Размисла (1990)
Задоцнет славеј (1990)
Бројки за споредба (1990)
Медалјон (1990)
Римувана песна (1990)
Копче (1990)
Запис (1990)
Зандана (1990)
Аполон (1990)
Пенелопа (1990)
Спокој (1990)
Цел ден (1990)
Са-ноќ (1990)
Споредба (1990)
Оси (1990)
Трагач (1995), извадок од поема
Поети (1991)
Ласица во сонот (1991)
Душа (1991)
Автограм (1991)
Предупредување (1991)
Прашања за размисла (1991)
Цртежите на Сутин (1990)
АТО плус АТОТО (1991)
Стихови за бел Дунав (1994)