Паско Кузман (1991)
САМОЦЕЛНОСТА НА ТВОРБЕНИОТ ЧИН
(Низ примерот на две песни од раната поетска фаза на Јован Котески)
Развивајќи ја одбраната на тезата според која “не постои друг предмет на лириката освен самиот лиричар”, германскиот поет и есеист Готфрид Бен во есејот “Проблемите на лириката”, објаснувајќи еден од аспектите на експликацијата, што за нашиов опит кон лирскиот профил и поетиката на Јован Котески н& се стори близок и од помош во толкувачкото снаоѓање, се повикува на карактеристичниот, радикален, став на Хофманстал дека “не постои директен пат што води од поезијата во животот, ниту од животот во поезијата. Продолжително – дека во една, најчесто, тешко разгатлива точка по појдувањето во песната се создаваат услови за ерупција на лирскиот субјект и понатаму резултатот бидува трајно одбележан, зависно од силата на тој момент на духовна експлозија. Имајќи го предвид фактот дека овие мисли за релацијата поезија - животот Хофманстал ги искажува во неговата карактеристична поетска фаза на свесно воспоставување врска со култот, културата и традициите на сопствената национална егзистенција, а нашиот поет на самиот почеток од влегувањето во постоечкиот универзум, кога со силата на својот талент и буен сензибилитет, би рекле, свесно и истовремено нагласено емотивно ги литерализира своите исконски врски со националниот бит, трагиката и доблестите на македонската национална традиција – н& се покажа повеќе од прилежно за нашето интересирање за предметот на неговата лирика и за природата на поетскиот потфат на нејзиниот создавач, за да добиеме барем во задоволителна степен претстава за автономноста во неговата песна: како творбена врска меѓу предметот и субјектот и како огледало за оној непредвидлив лик на авторот којшто во сојузот со зборовите секогаш тежнее да & обезбеди позоција на неприкосновен самоцелен потфат.
Значи, во првиот случај ќе ја бараме котата на поетското до кое низ песната водат, сепак, совладливи стрмнини на нејзиниот предмет и на авторовата творбена постапка, а во вториот со помала верба, дека до крај ќе успееме – јазолот на поетското кога н& е претпоставена диктирачката енергија и сложениот и своезаконит интегритет на поетската имагинација.
Уште во раните песни, кога македонската поезија, според критиката, во името на Јован Котески добиваше автентичен автор со “изворна инспирација”, “лиричар на виталистичкиот занес” којшто ја следи “живата содржина на своето непосредно, елементарно доживување”, поточно, во стихозбирката “Земја и страст” наоѓаме карактеристични примери за независната творбена позиција на песната во однос на нејзината претпоставлива приврзаност кон епската нужност што ја подразбира предметот на пеењето и облиците на самоцелен поетски сублимат.
Една спроти друга во споменатата книга се печатени песните “Каменоресци” и “Страст”, по некоја случајност мошне погодни со својата податливост за компарирање на двете позиции и на оствареноста на автономното поетско. Првата е подолга и поразборита, втората покуса, понедопирлива и многу поинаетлива за разговор, како напукнат блок во висока карпа за чија обработка се нужни и храброст и ризик и уште повеќе да се оддели, сметне и положи цел – за опит. За овој период од творештвото на Котески, како што веќе е речено, се карактеристични и социјалните мотиви, односно поетизацијата на суровата егзистенцијална судбина на македонскиот човек, а тоа во извесна нужност ја одликува и песната “Каменоресци”. Во нејзините два дела, две осумстиија, е соопштена трагиката на преселничката мисија на каменоресците; тие чудесни мајстори што му вдахнуваат плот и душа на каменот, а своите мошти ги растураат без помен по патитата, по туѓите земји, палати и дворци. Во стартот на песната не’ пресретнува резок облик на фасцинација со што бележиме творбено изземање од неминовниот тек на настанот во полза на поетовиот, субјективен чин на духовно сосредоточување. На тој начин ни се дава на знаење дека мораме да ја почитуваме самоцелноста на избувнатото поетство, со други зборови, да ја издвоиме таа вруточна состојба, којашто, во крајна линија, и го придвижува поетот кон создавање на песната. Тој возвишен миг на субјективнот удар мајсторски е извлечен во првиот дел од песната па за волјата на поцеловитата опсервација го цитираме во поширокиот контекст:
“Се враќаа крај реката тие аскети
ограбени од времето и маката
Рекоа, на некоја дворана во Персија
Направиле гола жена од камен.
И оној човек со чекан на колкот
го отежнал чекорот како од планина,
очите не носеа пресечен даб,
којзнае што носеа тие од туѓина”.
Логиката на интерпретацијата, како што веќе ја започнавме, го наложува продолжението: поетот каменоресците ги “зема” во својата песна во ситуацијата кога веќе го поодадалечил мотивот на туѓинствувањето, а претпоставувам, за да му пробие излез на поривот за воздигнување на доблеста на нивното мајсторсто, го воведува прекажаното известие, изместувајќи не’ на тој начин и нас од глобалната тематика. Таа навистина крајно загатлива инсценација со зборовите го потенцира моментот на самоцелен пробив на естетскиот наспроти текот на врховниот мотив. Таа ретка наслада за неповратно намерените по состојбите на поетското што стаписуваат и занемуваат ќе ја проследиме уште еднаш ослободувајќи се од првите и последните два стиха на цитираниот текст, за да н& блеснат четирите како автономен текст со сите атрибути на редок и ретко повторлив факт на големо поетство:
“Рекоа, на некоја дворана во Персија
направиле гола жена од камен (.)
и оној човек со чекан на колкот
го отежнал чекорот како од планина…”
Си допуштивме слобода да ги запоставиме глобалните цели на песната, да се одлепиме од поширокиот содржински концепт, со тоа можеби и да му лицемериме на поетот, само заради овие четири стихови со цел да го одбележиме најтворбеното, најпоетското во песната, она што во комплексниот ритуал на целата творба, според нашето убедување, е централното јадро со вжештен поетски набој. Пред неприкосновеноста на овие четири јадри, одмерени, слоевити и тешки стихови натамошното коментирање станува беспредметно со оглед на нашата цел за потенцирање на пробивот на самоцелноста на творбениот чин.
За втората авантура по поетското условено превасходно од назначувањето на избликот на лирскиот субјект, не ќе ни се потребни ослободителни походи од контекстот, како во првиот случај, бидејќи втората песна “Страст” и поради својата краткост и поради прегнантноста и заокруженоста ни се покажува за попристапна. Неа ја земаме за парадигма на целосно остварена самоцелност на поетската идеја. Формалниот контраст е остварен низ прецептивна проекција, а идејниот бидува втопен во малиот простор за одбир на зборовите. Песната гласи:
“Каменот има обло тело.
Меѓу крвта и тревата рика страста
(или само)
сакам на љубам под сонце”.
Не ни е оставена можност за двоумење. Драмата на субјектот е оградена меѓу облото тело на каменот, со акцент на чинот на одбирање на формата, бидејќи во свеста ми зуи нестварната помисла за било каква споредба на формата на каменот со поимотза тркалезното. Можеби оваа пронижана сензибилност ја припомогнал исконскиот облик на врелиот сончев диск. Во што би се состоела самоцелната интервенција на поетското во оваа празнина меѓу објектите. Стиховите заведуваат: во усетот преку неколку изустени зборови да се воздивне и со тоа да се наложи силата на сублимацијата. Во два потега Котески успева да ја сугерира резигнацијата на лирскиот субјект. Нема простор за логичка разврска, нема можност и време за спокојно разрешување на затеченоста на субјектот. Во бескрајот меѓу две точки се засекува со еден замав којшто води кон внатрешниот одговор: меѓу објективното студенило е пронајдена точката на очајание. Поетот смогнал да остави само психолошко растојание. Драмата на изливот на субјектот продолжува, како што вели поетот, “меѓу крвта и тревата”. Во тој минимизиран терен се затвора бескрајот за да се отвори другиот крај на клепсидрата. Ги бележи уште двата тревожни знака: “Рика страста”. Што се случИло, што ја довело поетовата сила на мегдан со таа бескрајна енергија меѓу каменот и сонцето, меѓу клокотот на крвта и бујноста на флората. Верувам, првин заводливите зборови (?). Нивните непредвидливи споеви. Значи немало друг избор: страста, таа ледна санта, со две третини од целоста секогаш вон нас – со едната, згустена и претешка, во нас е рстопена само со вик, со рикот, со секавичен рез субјектот го остварува лирскиот расплет.
Верувам дека барем ја привтасавме трагата по која се сознава убедливата изворност на Котески во походот кон поетското низ примерот на двата песни (“Каменоресци” и “Страст”) од неговата рана поетска фаза. Пробивот на самоцелното поетско во неговата лирика е факт кој продолжително проектира универзално поетско.
Проследувајќи ги неговите стихозбирки … примерите на експонирање на самоцелниот творбен чин се’ почесто ги наоѓав присутни во милјето на овој поет и се’ повеќе ми се оддалечува пренесената претстава за изразитата рустикалност на неговата поетика и лесноверните лепења на неговиот поетски дух кон парадигмите на народното поетско творештво. Чинам дека тој критчки приод особено губи во својата уверливост по книгата “Хераклеја” кога поетот се втурна во еден мегдан со сенките на цивилизацијата и имагинацијата, а во следните книги само ја доградува својата страстна предаденост по минералите на најпоетското градејќи го мозаикот на сопствената проекција на големата песна.
Во време на едноумието одлежа извесно време и в затвор за своите патриотски чувства.
Попусто држеа македонски поет в зандана.
таму, повеќе од обично, ја созна душата и научи каде
оди таа по смртта.
попусто се обидуваа да му ја расипуваат шарената
дулбија. Тој со неа гледаше што има таму, зад бескрајот
на вселената.
Натпреварувајќи и предизвикувајќи го сето творештво
на природата, тој, ете, со скуден збор извлечен од
расадот на неговата поезија, со нејзиното змијско
слово успеваше како никој друг, на свој начин, да го
исплаши човекот.
што го изнесоа од капијата
со нозете напред
конечно, без страв, без срам и сосема ослободен
тој в зандана си ги постави прашањата за непознаниците
на светот, најпоетично, како дете!
попусто држеа македонски поет в зандана.
да беше некој друг или во некое друго време, ќе го
трампеа за жито, или за буре вино. Но, овега не.
о, да му ја плукнам содржината на идејата, бидејќи
си ја сакал татковината, му ги замрзнале
коските.
сепак, попусто држеа македонски поет в зандана.
тој, онака невидлив, постојано излегуваше низ ѕидовите
и си се шеташе замислен по татковината.
наместо да осиромаши, како што замислуваа, тој
излезе натоварен со волшепства и кралства.
еве сега и сосема навистински си седи во паркот на
жената во скопје и, без ежење гледа во црвените
трендафили.

тој, како и во песната за дедото
ете го кај иде (од затвор)
полна му пазува стихови.
Паско Кузман