Науме Радически
ПОЕЗИЈА НА СТРАСТ И СУПТИЛИТЕТ
Јован Котески, “Сончева белегија”, Мисирков, Битола 1990
Поезијата на Јован Котески, бездруго, е една од најзначајните појави во современата македонска поезија. Се работи за поет кој уште со својата појава со 50 – тите години и, особено со неговите први книги (“Насмевка пред зорите” и “Земја и страст”) не само што го откри својот редок талент, туку зазеде и свое автентично во македонскиот поетски хор, а пред се’ во редот на поетите од генерацијата која се афирмира и се потврди во таа деценија. Поетот Котески до денес има поминато околу четири децении творечка развојност. Тоа се децении на негување како на сопствената лирска вокација, така и на националниот поетски и јазичен супстрат, но и децении во кои поетиот ги проширува, ги продлабочува и ги нијансира своите инспиративни сфери. За тоа време Котески има создадено петнаесетина книги поезија, а секоја од тие книги е посебна и неодминлива алка од неговиот поетски опус.
Низ овие редови претставуваме едно од најновите остварувања на Јован Котески – поетската книга “Сончева белегија”. Во збирката се поместени шеесетина песни, поделени во пет циклуса: “Жени”, “Светлината на окото”, “Мајдан”, “Глутница” и “Совпаѓање”. Како поезија која е настанувана по книгите “Полилеј”, “Плодови” и “Тапија”, овие песни, секако, сами за себе не се во толкава мера она што би можеле да да го определиме како нова поетска фаза на авторот. Тоа произлегува најмногу од фактот што паралелно или скоро истовремено поетот се јавува и со други поетски текстови. Тоа се збирките песни “Живожарица” и “Морници”, со кои “Сончева белегија” меѓусебно се надградува и надополнува врз квалитативни претпоставки. Овие неколку остварувања на Котески, кои се појавија набрзо едноподруго, можеме да ги сметаме како надоврзувачки, како надополнувачки, како доречувачки поетски текстови, во однос на неговата целокупна досегашна поетска дејност. Тие се надвоврзуваат пред с# на “Хераклеја” (1978) и од неколкуте следни објави. Во поезијата на Ј. Котески, всушност, како и да нема попрецизно одредени поетски фази. Сите негови книги, сите негови остварувања се алки од еден синџир, кој, бездруго, не е еднолинеен. Овој поет, имено, постојано ја создава, досознава, пресознава, надополнува и надоградува својата единствена книга лирика.
Поет по вокација, роден поет како што вели, и во песните “Сончева белегија” Јован Котески е не само незаинтересиран, туку и независен од било какви поетики и модернизми. Но, кај него тоа не е недостаток, туку висока препознатливост на оригинален и автентичен творец, веќе првите страници од книгата се средба со лирика во која бликаат врутоците на ретки и исклучително суптилни поетски флуиди. Во прашење е најпрво потрага по убавото, црвената нишка во поезијата на Котески с# од неговите први појави. Овој поет има исклучително суптилен, и чувствителен и страствен однос кон формите. Формите и чувствените опсесии кај него се флуиди кои во секоја песна или целина од стихови се допираат и се прелеваат во безброј и секогаш успешни нијанси.Ова се однесува особено на песните од циклусот “Жени”, со кои можеме да речеме дека поетот уште еднаш го повторува својот резултат од “Хераклеја”. Но, овде, во овие песни го немаме одблесокот од мраморното достоинство на антиката. И поетските идеи, и поетските слики во овие песни се поблиски до нас, понаши, посекојдневни. Отсуството на посегање, како и на позабележлива универзализација, секако, ги разликува од поевќето песни во “Хераклеја”.
Од некои целини од “Сончева белегија” опсесиите со убавото се надополнуваат и се испреплетуваат сон поетовите повторни посегања кон митските, кон рефлексивните поетски опсервации. Митските белези се сретнуваат во некои од постарите книги на Котески, како во “Злодоба”, “Тежина” или “Сенки”, а трегите на позабележлива рефлексија во неговите (условно) средишни остварувања, како во “Хераклеја”, “Поморија”, “Бденија и сновиденија” и “Полилеј”. Во овој творечки период на Котески, пак, поконкрето во оваа книга, митските и рефлексивните опсервации неретко се обоени уште и со едно самосвојно поетско чувство за астралното. Сето тоа е посебно забележливо во песните од циклусите “Светлината на окото” и “Мајдан”. Песната “Одзив”, на пример, го посведочува овој поет не само како создавач и пресоздавач на конкретни рефлексивни состојби, туку и како битие кое е неодминливо присутно и во самиот резултат на создавањето, односно во песната. Спомнатава песна е кратка, па тоа ни дозволува да ја пренесеме во целост:
“Меѓу светлината на Окото
и светлината на Сонцето
јас не сум дораснат
да ја одиграм улогата на пленик.
Мојот живот се преточува
само кон внатрешноста,
сличен е на разбудена пештера
одзивот со одзив на мени.”
Не помалку интерсени во таа смисла се и песните како “Вазна”, “Ризница”, “Координата” и уште некои други. Тоа се главно над нашата реалност, што ни се чини дека не беше својствено за неговата досегашна поезија. Во допир со овие опсесии и стиховите од песната “Бездна”, сведоштво за поетовото чувство на релативноста, на минливоста што ја следи физичката егзистенција. Веројатно највистинското прашање за постоењто, пак, Котески си го поставува во песната “Прашања”, која влегува во кругот на малку погоре споменативе песни.
Забележителни иновации и резултати Јован Котески постигнува и во оние текови на неговото пеење кои се во еден поопиплив контакт со секојдневието. Се чини дека тие доминираат во песните од двата крајни циклуса, во “Глутница” и “Совпаѓања”. Делничноста насликана често и низ иронично – саркастична обоеност, но не и без свест за нивната опстојувачка креативност, се препознава веќе во стиховите од првата од овие песни, во онаа само навидум “Наивна песна”, како што е насловена. Но, забележливо е дека и во песните од овие два циклуса имаме не само елементи, туку и сцени и студии на и за убавото и, посебно, проблесоци на рефлективното.
И со едните и со другите погоре истакнати текови, а без да се заборава уште и мошне сложениот систем на симболи, и оваа книга на Јован Котески резултантно се вградува не само во неговата богата поетска продукција, туку и во најновите текови на современата македонска поезија пошироко.