Бранко Цветкоски
ПЛОДОВИ ЗА ПОЧИТ И ЗАГЛЕДУВАЊЕ
(Кон поетските книги “Поморија”, “Плодови”, “Живожарица” и “Сончева белегија” од Јован Котески)
Поетскиот свет на Јован Котески секогаш изронувал од најподвижните чувства што едновремено се напојуваат од феноменот на љубовта и мистеријата на природата. Како дополнение или како повремено свртување во поезијата на Котески биле откривани и бразди кон националното историско наследство или кон теми и настани што се дел од поширокото наследство на цивилизацијата. Покрај тоа песните на Котески секогаш во себе го носеле карактеристичниот лирски потег преку кого поетот сме го препознавале како самосвоен, автентичен. Јазикот најчесто бил на меѓата од идиомот на народната поезија и современиот лексички подзатврднат исказ. Но, постојано во една симбиоза: мисловно загатлив и полн со внтрешен немир низ поетската слика.
Доколку се отвори неговата поетска книга “Поморија” тешко ќе може да се избегне вонредно пријатното изненадување што го донесуваат, пред се’ песните од циклусот “Стихови на морето”. Како да се повлекол голем дел од карактеристичниот рустикален краснопис. Песните се откриваат низ ново единство на визуелната, рефлексивната и звучната проекција, низ ритам што не може да биде сведен само на спонтанитетот. Првата песна од спомнатиот циклус (“Од тебе почнува”) најуверливо ја објавува авторовата визија и поетска размисла за архетипската зависност на животот и водата (морето), за човековата судбинска упатеност и вклештеност меѓу чувствата на минливост и обнова на животот говорат четиринаесетте други записи од наведениот циклус. Поетот низ овие тематски пластови ја наоѓа смислата на песната и во секој нејзин остварен облик воведува нови ситуации на јазично препознавање. Во другите два циклуса “Попатни стихови” и “Стихови за Помпеја” може да се препознае односот на Котески кон митските мотиви, прибегнувањето кон презаситени поетски слики и кон решение што му даваат иницијатива на спонтаниот лирски изблик. Меѓутоа, “Поморија” во својата интегралност обилува со мноштво полноводни песни, мотивски разнородни, без типизиран пристап – постојано отворени за повеќеслојно толкување. Посебно оние од циклусот “Стихови на морето”.
* * *
Со поетската книга “Плодови” Јован Котески ја продолжува високата продуктивност уверувајќи н# дека навлегол во онаа творечка фаза кога долгогодишното искуство со песната, каков што е случајот кај него, создава услови за потемелно нијансирање и профилирање на поетската материја така и за сигурно приграбување нови внатрешни семантичко – асоцијативни и ритмички освежувања во структуирањето на поетскиот текст.
Пред нас се педесетина нови песни кои суштествено уште еднаш Котески н& го потврдуваат како лиричар на чудесното и интимната тревога во доживувањето на стварноста и во затврднувањето на личниот однос кон духовната и егзистенцијалната историја на единката и колективот. Во овие песни мошне суптилно е засомничена и објективната рецепција на тековното, замрачено, чувствување на животот. Во таа насока, за ослободување на поетскиот текст од морната катадневна притегнатост поетот најмногу се потпира на оној вознесувачки миг ан поетско којшто чувство, предметноста, искуството и настанот ги пресвртува во нова виртуелна стварност, во своевиден полн живот овозможен низ соочителниот подвиг на лирскиот субјект.
Упатен кон чистинката за мегдан со најтворбеното што може да се извлече од споствената, национално – историската и цивилизациската проекција на опчуденоста во животот, поетот овојпат тематски не ја стеснува авнтурата туку подмамувајќи не со навидум врзниот пристап на посветување на песната н# уверува дека се намерил да ги прибере одамна загледуваните плодови на сиопственото поетско стебло, по долго меркање, премислување и страв по нив. Можеби оттука и толку природно и непретенциозно го примаме насловот на книгата (“Плодови”).
Пообемниот дел од песните се зрели, тежесно и магиски вообличени “плодови”, достапни за почит и за загледување како со внатрешниот здив на тревожност така и со обликувачата довршеност. Меѓу повеќето навистина извонредни песни во книгата се запираме на “Склуптор” (посветена на Блаже Конески), на “Каца” (посветена на Методија Фотев), на “Зрзе”, на насловната “Плодови” и на “Зурла” за да ги издвоиме за показ на мајсторството. Градејќи одмерено низ песната “Склуптор” духовната поврзаност на идејата за склуптурата сочувствува на нејзиниот мајстор (склуптурот) Котески на редок начин н& ја доловува трансформацијата на зачнувањето на мермерниот облик до совршениот момент на крајниот зафат и задоволството од него, до мигот кога, како што вели поетот, се стасува во положбата на “огреано лице за плачење”. Песната се спушта како прецизно, спокојно и доблесно длетуван блок - чист и јадар во сите нијанси и потези.
Во песната “Каца” восхитува силната симболичка градација на визуелното и поимското низ темата – стремеж кон мајсторство, низ чИнот поправање каца кој е обликуван и како своевиден ритуал. Убедливоста на овој текст се темели и врз извонредно изразеното чувство на Котески да ги одбере, сопостави и вонтекстуално да ги изврши конкретната слика и нејзиниот продолжен имагинарен пандан и сето да го сложи во крајно едноставна синтаксичка низа.
Силна по ритамот, по непосредноста на драматичниот тек на чувството на неспокојност и неизвесност се покажува и песната “Зрзе”, која, како што соопштува поетот, излегува од под позлатата на еден дамнешен прстен, чуван и доживуван како лична, семејна и национална реликвија. И во насловната песна “Плодови” (карактеристична по неколкуте јарки историско – национални јазли) и во “Зурла” на изострен начин ја доживуваме нескротливата имагинација на Котески која од конкретното преку симболот, описот и асоцијацијата навезува мајсторски поетски текст.
Меѓу педесеттината “плодови” во оваа книга ќе забележиме и некои наврапито скинати: некогаш поради избликот и формата, некогаш од несовладливоста на рескиот вкус на мотивот или поради наглиот излет на возбудата што се зараѓа во мигот кога презреани паднале па во продолженото поетско траење се соочуваме само со нивните остатоци.
* * *
Творечкиот профил на Јован Котески, изградуван со нагласен лирски вознес повеќе од три децении, во македонската современа поезија оствари и зазеде почитувано место, денес препознатливо со својата естетска и поетичка специфичност. Неговата избликлива поетска авантура ја следи и завиден продуктивен тек кого што веќе го одбележуваат педесетина поетски книги изборни и антологиски претставувања во нашиот, југословенскиот и во книжевните простори на Европа.
Кон досегашниот поетски опус на Котески се приопштува и неговиот поетски ракопис “Живожарица” (1990) кој со шеесеттината песни ја продолжува линијата на силниот лирски произлез на поетската мисла на овој творец, а со мотивската оркестрација вообличува своевиден истражувачки потфат по патштата на преобразбите на вечните човекови теми и преокупации: битието и неговата индивидуалност спроти егзистенционалните и духовните товари на животот во неговата актуелна и историска проекција; моќта и трагиката на љубовта како чин на вечно општење низ времето; чувствувањето на непрекинливите врски на митското и заемното трагање на човековиот дух по јатките на хуманистичката затемеленост на сите стремежи што го подгонуваат творечкото битие кон постојана побуда и повтеж кон мистеријата на постоењето, на минливоста и на вечното.
Песните од сите три циклуси “Суштина”, “Читајќи го Хомер”, и “Сенката на Ајант”, од формален аспект, ги карактеризираат, главно, кратки лирски елаборации, со нагласени поентирања од рефлексеивен карактер. Посебно во песните во првиот циклус се наметнува и произлегува чувството на болка што го причинува неспознајниот логос на строење и противставување на човековите индивидуални стремежи и загадочниот ред вонземниот судбински рев на прагревот, на смртниот порив на битието. Пеејќи за зајазлените и недоловливи споеви на збиднатото и незбиданото на сонуваното и доживеаното Котески, низ обилен распон од асоцијативни прескоци, внесува и сугестивни пораки од сопственото емотивно и животно искуство, притоа не спуштајќи ја внатрешната значенска и симболичка структура на песната до субјективизиран исказ.
Во насловите од двата последователни циклуса “Читајќи го Хомер” и “Сенката на Ајант”, низ јасно нагласен дислух со бројни возвишени и трагични чинови од големите антички епопеи, трајно останати во литературното и културното милје на цивилизацијата, како и преку миттските обрасци на ликовите Котески воспоставува свеж поетски диајлог за смислата на подвигот, за големата улога на љубовта, омразата, одмаздата, стравот, вербата во идеалот на херојството и во неизбегливата коб на предаството и т.н. и на суптилен начин ни нуди поетско препротичување и соочување со трајните пораки за величието и трагиката на човековиот подвиг низ витлите на историското колективно опстојување.
Со секој заграб во назначените тематски простори Котески го воспоставува преку нему својствениот ритам на градење на лирски ситуации, параболи и асоцијации кон митската симболика ја претвораат во поле за една современа и чувствено моќна преокупација и со позицијата на човековиот подвиг, устрем или пад во сегашното наше време. И на тој начин “Живожарица” се наложува како поетска книга со пошироко обмислен и уверливо остварен творечки ангажман.
* * *
Богатиот поетски опус на Јован Котески со несеклива страст и творечка возбуда се дополнува со нови и енергични запластувања. По поетската книга “Живожарица” Котески го нуди пред читателската јавност новиот поетски ракопис “Сончева белегија” (1990) сочинет од четириесетина нови поетски наслови.
Со нагласен лирски предзнак, со суптилен внатрешен строеж и ритам и со обилното експонирање на мотивите за љубовта, на одушевеноста од немерливите заграби и на човековиот ум низ времето, на вечниот порив да се разјасни јанѕата на човековата душа среде непредвидливите свиоци во животот – новиот поетски проект на Котески се наложува како магичен мозаик од кого го мерка светот невидливото око на една возбудена и немирна чувственост. Устремен да не му ги омеѓува одблесоците и значењата на зборот и на сопствениот поетски логос, како што се сугерира во мотото кон првиот циклус “Жени”, авторот го врти поетското огледало кон ослободените чувства, кон врутоците на безграничната љубов – било таа да се однесува на жената, било на природата или на животот и постоењето на човекот среде “сурата природа” и среде загадочниот универзум; потем, мотивскиот регистар се надградува низ песните од циклусот “Светлина на окото” каде се соочуваме со јарки проблесоци на еден жесток (и свилен и трогателен) продор на поетската мисла во магичните ходници на времето, на дамнешните и иднинските патишта по кои капе чудесната роса на човековото сознание, по кои светкаат пламенчињата недогорени од сеопштото, човечкото огниште, по кои секогаш останува да јачи и да предупредува сознанието “ дека во целината на постоењето, сепак / има нешто што потоснува и иште подалеку / од ѕвездената бездна”.
Проникнувањето во просторот на неодгатливите тајни на човековото суштествување продолжува и во мошне компактниот циклус “Мајдан” каде поетот уште во првата песна “Прашање” го поставува во видикот на пораката морното чувство пред несознајноста што извира по обидот да се дофати смислата на вечните прашања “Кој?”, “Кога?”, “Каде?”. Во овој дел од книгата се редат и повеќе насови кои во својот фокус ги имаат далечните реминисцентни здогледувања на историски мотиви од македонската колективна меморија и од размеѓата на цивилизациите.
И во следните два циклуси “Глутница” и “Совпаѓање” Котески принесува сочни лирски опсервации кои што примамуваат со јадрите зафати по витлите на разбранетиот дух, по жедта за осмислување на навидум неупадливите знаци на катадневието кои во миговите на просветление се преобразуваат во уверливи поетски етиди.