ПАСКО КУЗМАН
Цврсти и стегнати поетски ткива
(за збирката „Ралица“ 1991)
Едно можно читање на поезијата на Јован Котески
Животните и творечките врвици на Јована Котески зависни се од една нова метафизичка супстанција: Како што пресудно зрачат подземните води ВЕРТИКАЛНО струејќи и менувајќи судбини, така пресудно зрачат роднокрајните топоними ХОРИЗОНТАЛНО струејќи и исто така менувајќи судбини.
Има тука нешто како ужасна логика во паралелноста и сличноста на злоделата што ги предизвикуваат тие ВЕРТИКАЛНИ и ХОРИЗОНТАЛНИ линии на невидливите струјни кола.
Што и да дошло подоцна во потсмешливата челуст на судбината, не можеме, секако, поетот со припадност на Македонските Присовјанци, да го сместиме во синтагмата Проколнети поети, можеби од проста причина, што, едноставно тоа и не можеме додека сме живи да си го замислиме.
Невозможно е, велам, но сепак можеме Јовановото прангиско Идризово да го споредиме со Џим Џонсоновиот Ботани – Беј (и со многу други, барем по еднаквата бесмисленост), невозможное, пак велам, но сепак можеме Еден Франсоа Вијон, вистински поет – развојник, по тоа колку бил искрен и надарен во рамките на создавањето и поезијата (па, ако сакате, и во верноста кон дебелата Марга) да го споредиме со искреноста и надареноста во создавањето и поезијата на македонскиот поет Јован Василов Котески, кој, за жал, имаше сличен третман како човек во рамките на едно друго време и во едни други простори.
Да ги споменеме ли уште Рембоовите, Поовите, Лотреамовите или Пејо Јаворовите проклетства одразени во паралелниот свет на поезијата? Има ли пандан песни кај Јована Котески на “Моите талкања” (Рембо), “Малдорор” (Гроф од Лотреамон), можеме ли да кажеме дека Едгар Алана По ја имаше “Анабел Ли”, Пејо Јаворовов “Лора Каравелова”, но Јован Котески ја имаше “Ана”…Сигурно. Зошто да не!
Бидејќи моето поимање и разбирање на поезијата воопшто е спротивно од донемајкаде извештачените професионални разбивачи на ткивата, артериите и вените на песните од поетите, јас, генерално објавувам, дека поезијата е вистинска ако е возбуда, како што за мене е возбуда поимот “Мацедониа Прима”! А, возбудлива може да биде и ако е во канџите на метафизиката. Не морате да ја разбирате (таа ве разбира Вас!), доволно е да ја почувствувате, да вездрмне, стресе.
Во овој контекст, последната стихозбирка на Јован Котески (Наша книга, Скопје 1991) има чудесен спој на метафизичкото и еротското искуство. Додека ја читаш, нешто те боли, а не знаеш на кој дел од телото…Нешто те возбудува, а не знаеш што повеќе: еротиката на дофат, или смртта во близина…Очигледно, во целост се преточени, еволирани и метаморфозирани во цврсти и стегнати поетски ткива робијашките Бденија и Сновиденија, порано, во далечната 1982 година, иако книгата со претчувства, а сега, по Идризово, како книга од така видни искуства.
Еве и директни примери, возбуди, за да не’ заболи нешто, за да ни е барем чиста совеста (што се дрзнавме да го споменеме Уклетието), за да сочувствуваме ако е возможно, за да се ослободиме од вината што би требало да ја носиме сите во себе.
“Зошто ми се случи токму мене
да ме напастува АТО плус АТОТО,
какво ли зло им нанесов
на ‘ртките, соколите, омнибусите?
За задуманите, наддуманите,
за заебаните по јабаните
одѕивот се крши – карпа од карпа,
АТОТО се мечува со себе си,
се дроби во парам – парче!
/ АТО плус АТОТО /
Тука некаде, кај потеклото на морниците, на
колку места се споменуваат РЕШЕТКИТЕ:
Ги бројам часовите
и единствената утеха ми е –
што преку решетките
гугутка лепези шири.”
/ Неделно утро /
“По долго лебдење
ме понесува дремка, но дури во сонот
од преку решетките ми намигнува месечината
со жолта веѓа.”
/ Неколку линии /
“Наспроти решетките огромно дрво
со застрашувачка закана
зафаќаше простор.
Над него птица
црташе круг.”
/ Злосторник /
“Кругот постојано се стеснува
останува само помислата
дека нешто в бескрај болска,
нешто што не е видливо
од зад решетките,
а те обликува чиста мисла.”
/ Во меѓувреме /
“Сега, кога сум зад решетки,
шарам, со поглед по ѕидот
и невешто се свртувам
кон светилката.”
/ Шарена песна /
За еротските измами, сништата, во целост ја приопштувам песната “Крик”:
Кога слегуваа преку подмолниот засе на бедемот
жените ги зафати некој невозможен восхит,
некакво одушевување им навлезе во душите,
ги полазаа, ги заголицкаа по дамарите
нестварни мрави, по бутините, им се качуваа нагоре
кон божествените лозја, кон широките рудини,
с# до Евиниот брег и уште потаму –
жените ‘ржеа како отпасани кобили.
Од луничаво сониште ме пробуди грозен крик.
И, уште само заради потребата од потрага по својата лична возбуда: (ТАВТАБИТИ) И, И, И, И,,,…
Некој си, а тоа сум јас,
со нога степкав
на работ од креветот
тавтабита.
Сега сум мошне галовен.
Касарните и клиниките
секогаш се настанети со луѓе
(исполнети до последното место)
исто и затворите.
Тавтабитите се придружна сермија.
Во овој контекст ги препорачувам уште и незаобиколните возбуди кои зрачат од оваа стихозбирка: “ЛАМБАДА” и “ОДМАЗДА”.
Кон прашањето: Можеме ли овој македонски поет да го сместиме во категоријата “поет на мракот” (како што им истекна на дежурниците!), ќе ги приопштиме само насловите на некои од вкупно ДВАЕСЕТТИНАТА досега објавени збирки поезија: Еве: “Злодоба”, “Тежина”, “Пеплосија”, “Сенки”, “Поморија”, “Бденија и Сновиденија”, “Морници”…Или, сите ќе се сложиме (и ќе го повториме до здосадување) она што е веќе познато: лиричност, руралност, метафори, тага…
Наспроти тоа, македонската книжевна критика и сите други книжевни консументи на овој грст родна земја, ни во еден единствен стих не беа освеочени во некаква си “непријателска содржина” на песните од Јован Василов Котески, а сепак, сите негови книги “исчезнаа” од книжарниците и библиотеките во времето на затворските сури и сиви години на овој поет! Каква иронија! Како ли ќе се оправдаат македонските хуманисти – современици за молкот во времето на одржувањето и ПОТОА над т.н. кафкијански процес во кој главната ролја ја имаше овој македонски поет во времето кога средината осумдесеттите години на 20 век! Ех, како времето, така несетно и брзо поминува “поминува брзо, како од јаболката цветот”, та сега, додека ми одѕвонува
“Таа просторија беше до неговата ќелија,
го фаќаа морници ноќе
кога оттаму пробиваа матни крикови”
не можам да сфатам дека јас, долупотпишаниот, веќе имам цели 43 години, а Јован Василов Котески, звучи неверојатно, дури цели 59 години!