ЈОВАН КОТЕСКИ
МОРНИЦИ (1991)
Збирката песни е напишана во текот на робијата на поетот
Најпознати песни од оваа збирка:
1. Славеј и кафез
2. АТО плус АТОТО
3. Тавтабити
4. Очајници
5. Двојна казна
6. Морници
7. Ламбада
8. Скрупец сол
9. Автограм
10. Предупредување
11. Поети
СЛАВЕЈ И КАФЕЗ
За да пее
славејот треба да се престори
растопена ѕвезда.
Кон стиховите ги додавам
своите искушенија.
Славејот в кафез не пее,
но ако веќе пее
дајте му зрнце слобода
или само капка смрт.
АТО плус АТОТО
Зошто ми се случи токму мене
да ме напаствува АТО плус АТОТО,
какво ли зло им нанесов
на 'рктите, соколите, омнибусите?
За задуманите, наддуманите,
за заебаните по јабаните
одѕивот се крши - карпа од карпа,
АТОТО се мечува со себеси,
се дроби во парам - парче!
- А - а - а - а - зеат планините
исполнети магли, правови,
- А - а - а - а - дебне одмаздата
сред ненаситост сура.
"- А - а - а - а - а - а!",
- акнал та пукнал - ми вели воинот од мрамор,
истото го повторува и облакот
што се подготвува да 'рзне,
платанот што се чешла на ветровите
влегува во мене со АТО на чело!
Со Господ напред
ме снајде АТОТО,
станав ризница
на исчезнати гласови.
ФОТОГРАФИЈА
Во искушенијата што следуваа
станав затвореник.
Вртлогот на очајувањето
ги брише границите,
здодевниот пејзаж
ми ги заслепува очиве,
ми го одзема видот и здравјето.
Ја прелистувам сопствената болка.
Нагонот за убавото е посладок
од корка леб.
Кога ќе се измерат сите топлини
останува само единствената надеж
дека може да се повлече и конечна црта.
СФИНГА
Среде песочна вејавица
некои ми изделкаа сфинга,
исконско гледа во пустината.
Грозоморно гломазна и грда
скаменета в едно,
го зазема лежиштето во мене.
При непредвидлива фатаморгана
ја менува формата,
безобѕирно создадена да страда.
Тајната ја крие во себе,
од устата и’ шика крв,
во неодредено време чемрее.
Зборот и’ е обликуван молк.
БОЛКА
Ноќе светилките во кругот
го засилуваат крикот
на небесната птица,
ме растргнуваат морници.
Сепак е побезболно да си поблиску
до смртта, да си на скок!
Го молам привидението
да не ми ги испраќа звучните еха,
крикот на пауницата пробива како со нож
со жед за парење.
Грозна птицо
со виножито во перјата
молкни еднаш
да ги распнам шаторите
на својата идила!
Сонувам, а буден сум,
женско тело и слобода.
Ја сфаќам суштината
на двата збора,
кон нив ја додавам
и поезијата.
Сепак е почиста во својот тек.
Но времето бавно минува
и мислата ме одвлекува во неврат.
НЕДЕЛНО УТРО
Ги бројам часовите
и единствената утеха ми е -
што преку решетките
гугутка лепези шири.
Веќе се изведени младите
и срцето посилно ме стега.
Дури сега ја откривам
мудрата порака во погледот на лавот
што не е упатена кон тебе
туку кон една савана
престорена светла точка.
Жиците на далноводот
полни се прикриен трепет,
недопрена харфа.
Слетува птицата на нив,
почнува да ги буди соништата
и в миг се престорува
жива нога . . .
ТАВТАБИТИ
Некојси, а тоа сум јас,
со нога степкав
на работ од креветот
тавтабита.
Сега сум мошне галовен.
Касарните и клиниките
секогаш се настанети со луѓе,
(исполнети до последното место)
исто и затворите.
Тавтабитите се придружна сермија.
НЕКОЛКУ ЛИНИИ
Едноличните мелодии ја засилуваат вртоглавицата
и осамата ја распостила својата сермија,
се испирувам во издржливоста, офкам,
но помеко од кадифе
крикот во мене гасне
и веќе се чувствувам сува пепел на буниште.
Се брише дури и значењето
дека сме биле една душа и едно тело.
На парче штица од креветот
неколку линии повлечени од невешта рака
се доволен доказ дека во процесот на збудалувањето
некој пред мене се обидел да нацрта кож,
а испаднало куче
или дури некој уште покрволочен ѕвер
што скока в очај.
Неколку капки машкост го довршуваат портретот
што си го создавам во свеста
за потоа да скиснам
да се престорам тесто што се меси себеси.
По долго лебдење
ме понесува дремка, но дури во сонот
од преку решетките ми намигнува месечината
со жолта веѓа.
ОЧАЈНИЦИ
Според редот
тие постојано се качуваат и слегуваат.
Леб, лонче, лажица.
На веста дека нивните браколомнички
повлекле таен потег,
тие ги ококоруваат очите
како пред отстрелана срна.
Времето работи за нив.
Уште петнаесет години, уште десет,
уште шест . . .
Им здодеало прашањето -
кога, како, зошто,
па се гледаат како првпат да се виделе,
а очајно се мразат.
Секој секого сопнува,
а ако ја знаеш суштината кој си и кај си,
среде змијарникот ти останува само
помислата да се увериш
од која страна лутица ќе те клукне.
ЗЛОСТОРНИК
Цела ноќ го разглобуваше своето дело
во тенкост и целина,
навлегуваше низ лавиринтите
на замрсена слепа љубомора
што го доведе до злосторство.
Кој би помислил дека Веле од Пробисвет
може да убие жена?
Тих, блед, со лузна на образот,
- идеален прототип
од цртежите на Сутин! -
Ја оживуваше жртвата
со врховни страсти
какви што ги сретнуваме
меѓу обичните луѓе.
Но кога со приказот дојде
до самиот потег на злосторот,
Офна!
Сетив грозомора
имајќи го на ум светлото сечило
со кое ги отворал камарчињата на животот
како на платно од Гоја!
Молкна.
Веќе се разденуваше,
а догореа и цигарите . . .
Наспроти решетките огромно дрво
со застрашувачка закана
зафаќаше простор.
Над него птица
црташе круг.
Знам дека и денес ќе ме измачува
едноличен пејзаж.
Никогаш не ќе го доврши
портретот Веле, помислив.
Надвор пукаше од светлина
и кренат беше птичјиот џган.
ДВОЈНА КАЗНА
Можеби некако и ќе се издржи,
но мислата за слобода гори,
ги доусложнува патилата,
зафаќа попречен порој!
За показ ги вајам ткивата на дрвото,
одвоена си од мојот рез,
можеби некако и ќе се издржи,
досудена ми е двојна казна!
Принудата се полни ко сад без дно,
безличноста постојано се таложи,
можеби некако и ќе се изрдржи,
но како ќе се издржи?!
ВО МЕЃУВРЕМЕ
Кругот постојано се стеснува
останува само помислата
дека нешто в бескрај болска,
нешто што не е видливо
од зад решетките,
а те обликува чиста мисла.
И одеднаш завладува некаков совршен мир,
чиниш некој ти испраќа тајно
послание
со неразбирлива болка
што те исполнува до дно.
После грозоморно треснува
железна врата.
МОРНИЦИ
Таа просторија беше до неговата ќелија,
го фаќаа морници ноќе
кога оттаму пробиваа матни крикови.
ЛАМБАДА
На Васил Атанасовски - Шумски
Верувај,
ќе ти дојдам на погреб,
со големо задоволство
ќе ти запалам свеќа ламбада
и ќе се потсетам дека меѓу голите ѕидишта си бил
затрчан рогат.
Ќе ти дојдам на погреб
за да знам
кај е фрлен прашникот на злобата,
а ќе ти запалам свеќа ламбада
суровоста со пофалба да гори.
ПОТЕГ
Сликарот повлекува со четката
и низ сеќавање ги засилува тоновите,
тагата да ја обликува во бело!
Во мислите се обидува да создаде
бескрајно полна и топла цицка
со пупка од виделина. . .
Колку и да ја дотерува
веѓата на Жената, сега,
сонцето и’ ја засенчува во цело!
И’ се покажуваат колковите Обли,
Таа на отворено во туѓо срце спие,
дозрева за жнеење.
Големината на портретот нараснува
во сознание втиснато во сув восок
ко полна месечина.
СКРУПЕЦ СОЛ
Од џеб извадив скрупец сол
светна соланата пред мене
(сега само во сеќавање)
и посакав да бидам закопан
сред пластови сол.
Го напуштив морето со мајданот,
време е за вечера.
Ја доближив лажицата до устата
и сфатив
колку може да биде од животна суштина
скрупец сол.
Во мигот на ускладувањето
на потребите што блеат од телото
кон мене се свртеа
светли очи.
Молкнавме гледајќи се.
Тој ја подаде раката кон мене,
но во мигот светлоста згасна
што никогаш не заоѓа над морињата.
ШАРЕНА ПЕСНА
. . . Дури и од бубалката
што невино лази по раката
да те чува бог.
Кога бев дете
не ја знаев суштината
што ја кажуваа постарите
дека Бела Рума шара со очи.
Сега, кога сум зад решетки,
шарам со поглед по ѕидот
и невешто се свртувам
кон светилката
облетувана во орбита
од шарен инсект.
Згаснува светлоста
и преку решетките затреперува
небеското стебло.
Најпосле им се предавам на соништата
што ми ја тетовираат душава . . .
ОДМАЗДА
Те шибнуваат од сите страни,
дури и дрвото со испупени брадавици
те полазува со гроза
и неминовно те боли
помислата за живо ткиво.
Час е кога несмирено лунѕаш
со мислата,
а излез нема,
чмаеш како исушен брест
и единственото офкање
(длабоко во себе)
е суштината на тоа што си.
Истрај во распетието,
си велиш, а нема ниту брут
да те приковаат зад закатанчена врата.
Ти останува само да ја допреш
раката на срцето што чука
и да почувствуваш дека си жив.
Жив леш.
КРСТОЗБОР
На крстозбор ми се падна
да решавам за богот на љубовта
кој живеел пред недогледни ери,
а прашање е дали постоел!
Сепак решение најдов
под гранест јавор
во првата своја младост
минуваше набрекната млада жена;
тогаш, почувствував вистинско блаженство
што ми го исполни телото,
а ми го оскати духот.
Ми потече Вселената
како кога полжав остава слуз.
Несомнено,
сликата на невиноста беше сместена
во рамките на осудениот бог.
Подоцна дознав
за единството на природата
среде притеснетиот круг
растурав убиствено множество
страсти.
ДРВЕНИ ФИГУРИ
Играм шах
напрегнат во битката за победа,
ги чувствувам жртвите
на древната војска,
а не ја чувствувам сопствената жртва.
Низ проѕирната наметка на жена
и’ се гледа Евиниот Брег,
ги краде воздишките
што сега ги погребувам
во ткиво од дрво.
Стварноста може да биде позапаллива
од зрно барут.
Тронот е малку залулан,
но сред зеленото кадифе
паѓа пион.
Сега, кога со лонче и лажица
седнувам за вечера,
чувствувам како сум поразен
од дрвена мафија.
Ме теши само помислата
дека идната недела ќе дојдат пак
како на гробишта
за да ми донесат задушница.
ПОСЕТА
Таа од очите истури букет секавици.
Сакаше да и’ го расфрла бисерот
на местото каде што ја посади
горчливата билка, поезијата.
И рече само: сега кога ја гледаме
земјата е оптегнато женско тело
милувано од златна роса
што назорум блика од облаците.
Не зборувај ми за ангели,
раскажи ми нешто кревко
за онаа растреперена трудница
што ќе донесе живот на светов.
ЖЕНА
Како свое видување на мојот случај
нештата за мене се шок
што обично им се случува на тешко болни
кои долго биле под скалпел. Не знам
со каква силина на сожалување
ми пристапи, а рече дека времето на издржување
и не е толку важно. Во душата засекогаш ќе ти остане
црна дамка.
Овој необичен пристап на зрела жена
која никогаш пред тоа и потоа не сум ја видел,
дојде како долго очекуваната среќа,
па во миговите на крајно очајување
ми посади нешто светло и топло
од својата во мојата душа.
ГЛЕТКА
Го прелистувам јасниот текст
на црешата првестинка -
неколку сочни плодови -
брадавици на млада жена.
Сината небеска лента
ми ја преврзува устата,
меѓу црвената зрелост на смеата
окото ми останува бистро.
Со засушена плунка,
со поттик за ново бледило
пребликнувам од кругот
осуденик без дело.
АВТОГРАМ
Изабени се скалилата
каде што нагоре и надолу
се сноваат затвореници.
Со поглед барам
парче отворен простор
за да го ставам својот автограм.
ПРИКАЗНА
Меѓу нога и кол
невидливо јаже се протега
- тој е сопнат коњ.
Пријателите со сожалување гледаат во него,
го одбегнуваат
и јажето уште повеќе го затегнуваат.
А непријателите?!
Не му останува ништо друго
освен
да го распнува шаторот во соништата
среде ливада во расцутен пламен
и низ една угорница, на Плачковица,
да тркала - сув Сизиф -
студен камен.
КРАТЦИ
Откријте ги кратците
на банките,
на пазувите, на топлите
мајчини зборови,
најдете ги тие што ни ги превртуваа
стопанките!
Фатете ги тие што ни ги празнеа
сефовите
од зелените планови, како од дланки,
што ги поткопуваа миризливите градби
на жените,
што ги локаа како сребрени капки
од разлистени гранки.
Покажете ги тие што ги парчеа
понесените, занесените, однесените
без шум
казнете ги расипниците, натрапниците,
тие што пустошеа секогаш и сегде
без ум.
ЛИК
И одеднаш се озари ликот
твој
Мајко, богатството што го имав
болсна од ненадеен изгрев.
И знам: малку поснижен глас
ми ја навева песната
(иако ретко извираше од твојата уста)
сепак, некаква неизмерна нежност
на постоење ме изедначи во овој миг
на сеќавањето . . .
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Напиши ги стиховите што поскоро,
за да има врме да се вратиш дома.
Фати го патот на пресека!
Ако случајно (или намерно) те пресретне
змија осојница
немој да и’ ја одземаш душата.
И ти имаш душа што ти виси на конец!
Душа што можат во секој миг
да ти ја испијат како топло млеко.
ХАМЛЕТ
1.
Да ја одиграме драмата без крик,
да ги врземе ноќта и ноќевањето
во точка од сон, во тег од камен,
да ги заплеткаме конците
за акробатите во мрежа од сомненија
да ги фопкаме
и да атакуваме само за една смрт.
2.
Ја гледаше како се враќа од кај водата,
беше извлечена од црвен гранит.
Имаше светнато лице од челик.
А дали е можно со насилници да се реши спор?!
3.
Кога Хамлет се освести по претставата,
шумата во амфитеатарот беше испосечена,
гласовите молкнати,
среде купишта испокршени мечови
си ја здогледа главата набиена на кол!
Неповратно светеше на месечина.
ИСКРИ
Огнилото и каменот се удираат,
бликнуваат млазеви искри
се губат.
Заспаното повторно се буди
среде природата се обликува
во оган,
открива совршена убавина од искри.
Се’ искри . . .
Роденото како да и’ шепоти на промената -
блазе си и’ на онаа искра
што ќе потече надвор од Затворениот Круг,
што ќе се облече во пламења.
. . .
Не е можно да ги соберам в око сите искри
што полетуваат во жолти роеви
и да ги прикажам на небеско платно
како што тоа го правеше
Хераклит
со ѕвездите
потпрен на елипсата од Млечниот Пат.
ПОЕТИ
Слушав музика и помислив
- ако се тргне пеш од Идризово до дома
и не е толку блиску.
Телото е создадено за да се брани,
никогаш не му давав значење
на дождот што врне врз моето тело.
Во Домот запознав флејтист кој мислеше
поважно на земјава од флејта нема.
Дури и да е така -
не сакам да речам дека не се разнишани
балерините, дури и излокани!
Прстите почнаа да пасат по инструментот
зашто без нив и гласовите беа архаични.
Мислев дека во театарот се прикажува
мојата идеална претстава -
"Време е да се биде дома!"
Ми беше страв
да не ми го украдат кварцот од коските
и како може да не е восхит ниту еден стих
штом ќе се заталкаш сред гробиштата
во долно Нерези?
Го отсопнав ритамот
и во трчаница го забележав
бериќетот небески,
не беше којзнае колку сјаен!
Еден црвен облак, лилаво - модар
стопен во опаш од опал
и оганот е оган, рече, и тогаш и сега
и една тенка бразда чија вода секнува
пред дури и да потече.
Ни грст пепел.
Се рашириле за да ја фрлат
од темната мусандра, бездушницата:
Хименез, Сеферис, Сен Џон Перс, Пастернак,
Монтале, Неруда, па дури и оној несреќен Сајферт,
сите се наттрчуваа на стари години кон целта
носејќи го високо кренат водоскокот
кон небесната погребна музика.
Пред излезот од Капијата реков:
- Што стори сестро поезијо
со своето студенило од змија
што им ги замати умовите
на толку безмерно совесни луѓе? -
Не е лесно да се биде толкувач
на записите од мртвиот Дом,
тие тоа беа.
Всушност сите тие го оставија
како бедна кула своето тело
и од својот обем не излегоа надвор.
- А, да. Душа е додека секундата
лази по белиот стадион на часовникот,
колку што се знае.
Другото е отфрлена облека.
МИНЛИВОСТИ
Една статуа во ископина,
Еден килибар на Месечина.
Своја сенка во туѓа сенка,
Клатно од гипсена божица.
Свежо тело - сулфурно цвеќе.
Подиставена распупена дојка,
Грмнат истрел од зрел крик.
Тоа што откопаа однесоа:
Воин в драперија со набори,
Бел ангел со врбова свирка,
Бич на омарнина под клепка
Пладнува в музички акорд.
Пие од Атена како од барде,
Се потсетува на злослутот:
Вулканска вжарена лава
Се вселува во твоето тело
Од еден друг круг, Господе,
Спаси ги неодложните стрсти,
Огнот што извира од пределот
На грозно луничавиот Мирагонг,
Спаси ги растурените коски . . .
Сината точка на твоето тело
Во играта на пламенот чади.
Прости ми што ти ја давам
Градбата в ништожна пепел
На божица од мрамор, в сон.
Признавам само целосно и јасно пупење,
Другото не содржи јота.
За Јован Котески
1. Целосна блог-архива за животот и творештвото на македонскиот поет Јован Котески (1932-2001). Блогот ги содржи целокупните поетски збирки на Јован Котески од 1958 до 2000, како и неговата лична и творечка архива.
2.Материјалите од блогот се слободни за користење во лични, образовни и научни цели. Забранета е нивна употреба за комерцијални цели и без наведување на изворот и авторот.
3.Сите дериватни дела (правењето песни, раскази, романи, музика, сликарство, вајарство, документарци, филмови, стрипови, спотови, танц, фотографија, дизајн, мода, видео-игри, виртуелни светови... научни и стручни текстови, теорија и филозофија, публицистика... врз основа на песните од Котески) се дозволени, доколку не се користат за комерцијални цели и доколку се наведе изворот и авторот.
4.Авторот на дериватските дела мора целосно да го наведе текстот на оваа лиценца (на истиот начин како што се појавува овде).
5. Доколку некој автор спомнат на блогот смета дека се повредени неговите/нејзините авторски права, може да ја контактира Јасна Котеска на jasnak@gmail.comЗа поетот
Биографија
Фотографии од Струшките вечер на поезијата (1981, 1982), Јован Котески
Интервју со Котески (2000)
Семејни фотографии од Котески
Интервју со Јован Котески, Пулс, 1999 за збирката „Разор“
Таткото на поетот, Васил Котески (фотографја со неодреден датум)
Фотографија на Јован Котески (2000)
Фотографија од Јован Котески, рани 1990-ти
Фотографија од Јован Котески (2000)
Награди за поезија
Осврт за „Трагач“ (1995) од Јован Котески, победник на анонимниот конкурс за поема
Портрет на Котески по затворот
Котески во едицијата на „Народна книга“ од Белград (1974)
Два документа од 2001
Збирката „Dragoste si Moarte“ (1981) од Котески на романски јазик
Фотографија на Котески од 1966
Фотографија од Рацинови средби (1979)
Фотографија од Струшките вечери на поезијата (1964)
Никита Станеску и Јован Котески
Разгледница со песната Љубов и смрт
Фотографии од Струшките вечер на поезијата (1981, 1982), Јован Котески
Интервју со Котески (2000)
Семејни фотографии од Котески
Интервју со Јован Котески, Пулс, 1999 за збирката „Разор“
Таткото на поетот, Васил Котески (фотографја со неодреден датум)
Фотографија на Јован Котески (2000)
Фотографија од Јован Котески, рани 1990-ти
Фотографија од Јован Котески (2000)
Награди за поезија
Осврт за „Трагач“ (1995) од Јован Котески, победник на анонимниот конкурс за поема
Портрет на Котески по затворот
Котески во едицијата на „Народна книга“ од Белград (1974)
Два документа од 2001
Збирката „Dragoste si Moarte“ (1981) од Котески на романски јазик
Фотографија на Котески од 1966
Фотографија од Рацинови средби (1979)
Фотографија од Струшките вечери на поезијата (1964)
Никита Станеску и Јован Котески
Разгледница со песната Љубов и смрт
Линкови за Јован Котески
* 01. Јован Котески на Википедија (содржи и пет поетски збирки од Котески)
* Јован Котески на Open Library (каталогизација на сите збирки)
* 02. Јован Котески на Блесок (Poems in English)
* 03. Јован Котески на Амазон (сите книги се моментално недостапни) :)
* 04. Библиографија на англиски од сајтот на struga.org
* 05. Јован Котески на бугарската Википедија
* 06. Тротомниот избор од поезијата на Котески (Три, 2000)
* 6. Стихови на Котески во шведска антологија
* 7.Текстот „Интимист“ за полициското досие на Котески (на англиски)
* 8.Кратка белешка за Јован Котески во извештајот на Прајваси Интернешнл за 2007
* 9.Вест за смртта на Котески
* 10. Поетско читање по повод петгодишнината од смртта на Котески
11. Day of the Writers in Prison on Diversity: Jovan Koteski on Diversity, International PEN Collection
* Јован Котески на Open Library (каталогизација на сите збирки)
* 02. Јован Котески на Блесок (Poems in English)
* 03. Јован Котески на Амазон (сите книги се моментално недостапни) :)
* 04. Библиографија на англиски од сајтот на struga.org
* 05. Јован Котески на бугарската Википедија
* 06. Тротомниот избор од поезијата на Котески (Три, 2000)
* 6. Стихови на Котески во шведска антологија
* 7.Текстот „Интимист“ за полициското досие на Котески (на англиски)
* 8.Кратка белешка за Јован Котески во извештајот на Прајваси Интернешнл за 2007
* 9.Вест за смртта на Котески
* 10. Поетско читање по повод петгодишнината од смртта на Котески
11. Day of the Writers in Prison on Diversity: Jovan Koteski on Diversity, International PEN Collection
Multimedia
База на податоци за книгите на Котески
Базата ги содржи:
1. Насловот на збирката
2. Годината на издавање
3. Издавачот и серијата
4. Пагинација и димензии на книгата
5. ISBN (кадешто го има)
6. Насловна корица
I. Збирки песни
1. Насмевка пред зорите (1958)
2. Земја и страст (1958)
3. Злодоба (1963)
4. Тежина (1965)
5. Пеплосија (1966)
- Земја и страст, 2 изд. (1971)
6. Сенки (1972)
7. Зелени порти (1975)
8. Хераклеја (1978)
9. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991)
17. Ралица (1992)
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1996)
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
II. Избор од поезијата
1. Злодоба (1992) - избор
2. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - избор
3. Празник (1995) - избор
4. Решетки (1996) - избор од затворската лирика
5. Јован Котески (2000) - тротомен избор
6. Сончева белегија (2008) - избор
III. Препеви
1. Pesme/Песни (1974) - српски
2. Dragoste si moarte (1981) - романски
3. Strah i duša (1984) - српски
4. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - англиски, француски, руски.
IV. Песни за деца
1. Глувчето со двоглед (1991)
V. Книги за Котески
1. Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
1. Насловот на збирката
2. Годината на издавање
3. Издавачот и серијата
4. Пагинација и димензии на книгата
5. ISBN (кадешто го има)
6. Насловна корица
I. Збирки песни
1. Насмевка пред зорите (1958)
2. Земја и страст (1958)
3. Злодоба (1963)
4. Тежина (1965)
5. Пеплосија (1966)
- Земја и страст, 2 изд. (1971)
6. Сенки (1972)
7. Зелени порти (1975)
8. Хераклеја (1978)
9. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991)
17. Ралица (1992)
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1996)
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
II. Избор од поезијата
1. Злодоба (1992) - избор
2. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - избор
3. Празник (1995) - избор
4. Решетки (1996) - избор од затворската лирика
5. Јован Котески (2000) - тротомен избор
6. Сончева белегија (2008) - избор
III. Препеви
1. Pesme/Песни (1974) - српски
2. Dragoste si moarte (1981) - романски
3. Strah i duša (1984) - српски
4. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - англиски, француски, руски.
IV. Песни за деца
1. Глувчето со двоглед (1991)
V. Книги за Котески
1. Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
Избрани песни
Јован Котески
АЛКИ (1984)
(старзаманско оро, по војната)
Писнува свирката на катун Еѓупци,
збива планината в подмолен татон.
Едно старче ја крева раката,
ногата ја подава како да влегува в гроб,
го фаќа ритамот на расплаканото пиле
и опа! - го почнува орото. Еден по друг
како алка со алка се врзува синџирот,
се издолжува од премалени тела.
На крајот од овој божји сплет
едно извалкано детиште со лице пердувче
го крева рачето во знак на лага
и со камшикот сплетен од живи тела
почнува да го камшикува господа
скриен во свирката што плаче.
Jован Котески
Трагач (1995)
поема
- извадок-
Пред да избереш девојка за жена
најпрвин избери огледало
на кое ќе се огледува муце од видра!
Според бојата на земјата по која се втиснуваат
твоите траги
одреди ѝ го тварот, не заборавај го зборот!
Храни ја извесно време со суво грозје
како што се хранат канаринките.
Пред да зачекориш во подвигот погледни ѝ ги забите
(бели?)
кажи ѝ неколку простени молитви гласно и јасно!
Наостри ја сабјата како секавица
низ Димна гора за да ти се гледа . . .
Потковај го коњот наопаку со клинци
- жолти дукати.
Не пропуштај го галавниот адут - виното.
Пред да избереш девојка за жена
појди на чешма и со часови гледај го млазот вода . . .
Колку и да ти се открива како светица
таа ќе ти ја одземе силата, човеку, не Господ.
Не срди се што не ти ја дополнила чашата
течен ќилибар, таа ја знае суровата мера.
И не бегај од неа како овчар од магла,
не оставај ја усвитена фурна,
таа ќе го пече тоа што ќе го рече
па макар ти да се здробиш на парчиња во Солунско!
Не број го времето со часови, денови, години,
симни го јарчето на сржбата од вратот
и врати се кај што се врти вретеното . . .
Инаку таа знае да биде и црвена мравка,
ќе ти ги растури името и куќата.
Ќе те остави гол како пиштол
а своите рудни богатства на имањето
ќе му ги отстапи на Беле Костурчето
што ќе ѝ ги прекопува со жешка казма!
АЛКИ (1984)
(старзаманско оро, по војната)
Писнува свирката на катун Еѓупци,
збива планината в подмолен татон.
Едно старче ја крева раката,
ногата ја подава како да влегува в гроб,
го фаќа ритамот на расплаканото пиле
и опа! - го почнува орото. Еден по друг
како алка со алка се врзува синџирот,
се издолжува од премалени тела.
На крајот од овој божји сплет
едно извалкано детиште со лице пердувче
го крева рачето во знак на лага
и со камшикот сплетен од живи тела
почнува да го камшикува господа
скриен во свирката што плаче.
Jован Котески
Трагач (1995)
поема
- извадок-
Пред да избереш девојка за жена
најпрвин избери огледало
на кое ќе се огледува муце од видра!
Според бојата на земјата по која се втиснуваат
твоите траги
одреди ѝ го тварот, не заборавај го зборот!
Храни ја извесно време со суво грозје
како што се хранат канаринките.
Пред да зачекориш во подвигот погледни ѝ ги забите
(бели?)
кажи ѝ неколку простени молитви гласно и јасно!
Наостри ја сабјата како секавица
низ Димна гора за да ти се гледа . . .
Потковај го коњот наопаку со клинци
- жолти дукати.
Не пропуштај го галавниот адут - виното.
Пред да избереш девојка за жена
појди на чешма и со часови гледај го млазот вода . . .
Колку и да ти се открива како светица
таа ќе ти ја одземе силата, човеку, не Господ.
Не срди се што не ти ја дополнила чашата
течен ќилибар, таа ја знае суровата мера.
И не бегај од неа како овчар од магла,
не оставај ја усвитена фурна,
таа ќе го пече тоа што ќе го рече
па макар ти да се здробиш на парчиња во Солунско!
Не број го времето со часови, денови, години,
симни го јарчето на сржбата од вратот
и врати се кај што се врти вретеното . . .
Инаку таа знае да биде и црвена мравка,
ќе ти ги растури името и куќата.
Ќе те остави гол како пиштол
а своите рудни богатства на имањето
ќе му ги отстапи на Беле Костурчето
што ќе ѝ ги прекопува со жешка казма!
Сите збирки поезија на Јован Котески (од 1958 до 2000)- избрани песни!
Кликнете на овие линкови за да ги читате песните!
01. Насмевка пред зорите (1958)
02. Земја и страст (1958)
03. Злодоба (1963)
04. Тежина (1965)
06. Сенки (1972)
07. Зелени порти (1975)
08. Хераклеја (1978)
09. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991) песни од затворот
17. Ралица (1992) песни од затворот
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1995) поема
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
01. Насмевка пред зорите (1958)
02. Земја и страст (1958)
03. Злодоба (1963)
04. Тежина (1965)
06. Сенки (1972)
07. Зелени порти (1975)
08. Хераклеја (1978)
09. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991) песни од затворот
17. Ралица (1992) песни од затворот
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1995) поема
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
Koteski's Poetry in Other Languages
Ana (1958) in Romanian
Persephone (1985) in English
Chest (1984) in English
Kaimakchalan (1963) in English
Death Of the Warrior (1963) in English
Statue 1 (1978) in English
Cockroaches (1991) in English
Rheumatism (1990) in English
Penelope (1990) in English
Love and Death - English
Solitary Confinement (1992) - English
Morning Star (1992) - English
Persephone (1985) in English
Chest (1984) in English
Kaimakchalan (1963) in English
Death Of the Warrior (1963) in English
Statue 1 (1978) in English
Cockroaches (1991) in English
Rheumatism (1990) in English
Penelope (1990) in English
Love and Death - English
Solitary Confinement (1992) - English
Morning Star (1992) - English
Критики за поезијата на Јован Котески!
Книги:
Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
Текстови:
01. Паско Кузман (1991)
02.Миодраг Друговац (1963)
03. Миодраг Друговац (1964)
04. Сашо Гигов Гиш (1993)
05. Бранко Цветскоски (1990)
06. Паско Кузман (1991)
07. Петко Дабески (1994)
08. Веле Смилевски (1981)
09. Влада Урошевиќ (1963)
10. Глигор Стојковски (1993)
11. Благој Иванов (1999)
12. Бранkо Цветкоски (1998)
13. Георги Сталев (1995)
14. Оливера Ќорвезироскa (1995)
15. Греам Рид (1966)
16. Душко Наневски (1975)
17. Радомир Ивановиќ (1975)
18. Слободан Мицковиќ (1978)
19. Атанас Вангелов (1978)
20. Данило Коцевски (1978)
21. Науме Радически (1990)
22. Илија Карајанов (1991)
23. Петар Петрески (2000)
24. Блаже Конески (1972)
25. Алекс Букарски (2008)
Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
Текстови:
01. Паско Кузман (1991)
02.Миодраг Друговац (1963)
03. Миодраг Друговац (1964)
04. Сашо Гигов Гиш (1993)
05. Бранко Цветскоски (1990)
06. Паско Кузман (1991)
07. Петко Дабески (1994)
08. Веле Смилевски (1981)
09. Влада Урошевиќ (1963)
10. Глигор Стојковски (1993)
11. Благој Иванов (1999)
12. Бранkо Цветкоски (1998)
13. Георги Сталев (1995)
14. Оливера Ќорвезироскa (1995)
15. Греам Рид (1966)
16. Душко Наневски (1975)
17. Радомир Ивановиќ (1975)
18. Слободан Мицковиќ (1978)
19. Атанас Вангелов (1978)
20. Данило Коцевски (1978)
21. Науме Радически (1990)
22. Илија Карајанов (1991)
23. Петар Петрески (2000)
24. Блаже Конески (1972)
25. Алекс Букарски (2008)
Песни
Ана (1958)
Реома (1990)
Тавтабити (1991)
Татко (1990)
Во злодоба, ракопис (1963)
Зрзе, ракопис (1984)
Во злодоба, ракопис (1963), отпечатена во изборот песни од ракописната збирка „Празник“ (1995)
Змија, ракопис (1995)
Селска сиромаштија, ракопис (1963), отпечатен во ракописната збирка „Празник“ (1995)
Алки (1984)
Персефона (1985)
Дијалог (1985)
Римска божица (1985)
Аптекарка (1985)
* * * (1990)
Прашања (1990)
Рак (1990)
Предупредување (1990)
Туѓинец (1990)
Совпаѓање (1990)
Совпаѓање (1990)
Размисла (1990)
Задоцнет славеј (1990)
Бројки за споредба (1990)
Медалјон (1990)
Римувана песна (1990)
Копче (1990)
Запис (1990)
Зандана (1990)
Аполон (1990)
Пенелопа (1990)
Спокој (1990)
Цел ден (1990)
Са-ноќ (1990)
Споредба (1990)
Оси (1990)
Трагач (1995), извадок од поема
Поети (1991)
Ласица во сонот (1991)
Душа (1991)
Автограм (1991)
Предупредување (1991)
Прашања за размисла (1991)
Цртежите на Сутин (1990)
АТО плус АТОТО (1991)
Стихови за бел Дунав (1994)
Реома (1990)
Тавтабити (1991)
Татко (1990)
Во злодоба, ракопис (1963)
Зрзе, ракопис (1984)
Во злодоба, ракопис (1963), отпечатена во изборот песни од ракописната збирка „Празник“ (1995)
Змија, ракопис (1995)
Селска сиромаштија, ракопис (1963), отпечатен во ракописната збирка „Празник“ (1995)
Алки (1984)
Персефона (1985)
Дијалог (1985)
Римска божица (1985)
Аптекарка (1985)
* * * (1990)
Прашања (1990)
Рак (1990)
Предупредување (1990)
Туѓинец (1990)
Совпаѓање (1990)
Совпаѓање (1990)
Размисла (1990)
Задоцнет славеј (1990)
Бројки за споредба (1990)
Медалјон (1990)
Римувана песна (1990)
Копче (1990)
Запис (1990)
Зандана (1990)
Аполон (1990)
Пенелопа (1990)
Спокој (1990)
Цел ден (1990)
Са-ноќ (1990)
Споредба (1990)
Оси (1990)
Трагач (1995), извадок од поема
Поети (1991)
Ласица во сонот (1991)
Душа (1991)
Автограм (1991)
Предупредување (1991)
Прашања за размисла (1991)
Цртежите на Сутин (1990)
АТО плус АТОТО (1991)
Стихови за бел Дунав (1994)