ЈОВАН КОТЕСКИ
ПОЛИЛЕЈ
Најпознати песни од оваа збирка:
1. Зборови
2. Демон
3. Капка
4. Над Алпите
5. Лекит
6. Песнопојци
7. Темните
8. Агол
9. Песната
10. Клептомани
11. Песна за Пелоп
КРУГОВИ
Црниот круг
не се обелоденува меѓу круговите!
Зелениот круг доаѓа од планина!
Сфати ја строгоста на жолтиот круг
што се потпира на земја!
Ме зароби белиот круг и ми рече:
"Кога дојдов до незнајниот круг,
изгорев! Но и ти си обично ѓубре,
ти си сопка во движење! - Е - хе-
реките и така си течат
во спротивна насока од можното!"
"Што ти пречи со зреењето, реков,
и јас зреам. Сите сме невина рожба . . ."
Ошумоглавен, рече: "Ми треба глас ,
ајде, дајте ми го гласот
за сите ситни страсти! Јас сум неук!"
Најпосле долета препороден глас, рече:
"Во 20-тото столетие лагата е вредност,
таа се храни, како се’, од заеднички
кругови . . ."
ЗБОРОВИ
Дадено ти е
да скориваш збор од лежиште,
да го бркаш како зајак
што се враќа по иста трага.
"Како" и "што" се капки дожд.
За да се сплете коса
потребен е збор со значење на злато
или на катран.
Зимата е дете,
Гризе брадавица од дојка,
се смее и плаче одеднаш.
Од насобрани зборови се пали оган.
Кон несреќата се придружува зло.
"Плотта" е заграден збор,
но не и’ достасува
коска од змија!
- Не си го оседлал ергелето, бре,
те знам,
го жнееш знаењето од сочни прачки!
Но тој не остана овде,
Си ја собра тајната во збор
и си замина.
БРОЈКИ
Уште пожестоко
сонот ги распнува платната,
со заб ветерот кине, вели
- Ти реков дека во сино
се огледува и камен и клун,
дека тоа е мекотел од магла
и паѓа и паѓа -
и се свртува и не се свртува
ко Орфеј;
дека навидум е едно, вели,
но тоа е линија пресечена
од две сфери, од два прста
допрен раб од череп,
што едниот прст го води мисла,
и другиот прст го води мисла . . .
БОИ
Не знаев дека испустеното
го гмечат сто судии за еден Збор,
за крвјосано око, пред сите!
Не знаев дека секирата сече бело,
дека под темното прозорче
има темна градина, темна мисла,
дека темен извор избива од Мор . . .
не знаев некој од некои
можел да го откине сонцето од лава
и дека ги израмнил бубалките
со цветен прав, дека тоа го плетел
од мрежа на роса во невина, ништовна
игра! И не знаев дека ме заробиле
во зандана од паралдисана светлина.
СТРАСТИ
Овој неразумен збир
ќе ве разори,
оваа луда игра
собрана во бело
ќе ве строши.
И тоа громорозно Јас
ги крева терезиите
набрекнати страсти
како што крева парчиња
скршени огледала
оросени од нашиот здив.
Смокви сте во цутење
што ве ограбил Хипнос.
ЖЕНА
Со змија сестра што е, око од биљур
тешко што умира! Нејзините девет души
дебнат , го знае тоа, како старо вино
на млади усни. Не давај пушка на друг,
жената го носи мажот на лицето, таа,
кога се тегне, кука! Ако ја мирисаш -
рај и пекол едно. Се смее кога може,
плаче кога сака, се кова кога е вжештена
невера, жена, лавина полна солзи!
ДЕМОН
Можно е, рече Демонот,
но треба да се гледа во сино, зашто
во сино ќе заврши се’! Треба да се гледа
во кругот што раѓа пламен,
треба да се гледа во вжештените дуни
на голи женски тела. Треба
црвеното да се постави сосем долу
и да му се даде, секако да му се даде
божествено значење на гугањето.
Тоа што пасе во облаците, од утроба е,
Но не е важно, тоа се љуби!
И да знаеш дека полилеј се мрести риба.
За да се објасни секундата, рече Демонот,
има три нешта, четвртото е равенка.
Човек од сперма, змија од сперма,
петел од сперма, рече тој, рамно е
на бел пламен плус насобрана пепел.
ЛИЛЈАК
Наведувајќи те како жртва
ние сме слепи за белата целина
на кружењето. Пред да испловиш
ја менуваш структурата, авет
на мојот резон. Сепак материја е
воздухот и анатомија тешка е
тоа што паѓа пред искушение.
Во скудна бескрајна ноќ, инструмент
со елементи на топло срце . . .
Толосум што дебне истоштени тела!
Не сум се искачил на рид од кварц,
не сум ја разлеал лавата во скитија.
СОБЛАЗНАТА
Може да те наведе еден збор
да ја слечеш или да ја продадеш
Таа се предава меѓу робинката и жена
цела корија светла шума
јато грлици зад сјајни откоси
Блудствува темна мисла во имот туѓ
би се подложила на каење
ако ме обвие во нејзините оази
Гумно исполнето до последно дно
светли зрна под рунени облаци
Жедта на изворите што ја мати
ми ги блее зорите со таква морница
на една свирепа страст
ЈАГЛЕН
Стамена од Криволаки
при жиоќе нема видено
брилијант! Што од тоа?
Да се протина низ сјајни
примки, в прекршен зрак
да се откинува, не и’ е
дадено! Нејзините очи
посјајни од неметалите
горат и шират спектар.
Има камена тага од зорите.
Со брилијанти на другите
таа им ги полни дуќите.
Од чистота благословува
- во јаглен да се престорите!
ОВЦА
Блескаво руно ти стрижат,
не ќе ти помогне ни железната врата
на волната
полесно од збор
ножицата ќе ти влезе со срце на ајдут,
а ќе ти излезе со виме на вазна!
За да ги изеде броевите, ти велам,
волкот го престорија во магла,
зашто ако имаше ум, оттаму ќе се вратеше
цела!
Вака месото ти е пченичен клас
во пуста планина.
КАПКА
Оваа капка е во занес!
Таа сведочи меѓу пламен и злато,
а за кално лице се одронува!
Кога гледа калај гледа 'рѓа,
зрее зад планина во длабок молк.
Оваа капка, своина на памукот,
се дои, еве, од расплакано око.
За љубовта што не ќе ја сфати
и’ го отворам вирчето и и’ велам:
"Како капка додај се во се’,
како вода одземај се од се’!"
МОНОЛОГ
Главата виси в торба, велиш,
нашиот плод е во барут
заспан пламен! Ја влечеме ортомата,
ја криеме на сигурно место,
во умот. Маните што ги имаш
не се помали отколку: да нишаш врати,
да воскреснуваш души кога не ораш,
да ги с'скаш другите да се мразат
за се’. Од тебе воин не бидува, ти велам,
гнасо - колку што има на тапан прав,
во тебе верба.
НАД АЛПИТЕ
(со Анте и Бранко)
Гледајте ги јаснина Алпите,
тие се на'ртена нога од крт!
Ние сме точка во движење
по кристално - сјајна магистрала.
- Маглана што го повива морничавион 'рбет
на џиновскион костур, продолжува, вели
во виолетова сенка
пресечена, можеби, од ситен дожд . . .
Оваа рожба на законите
во која се содржи јота од ум и срце од пламен,
телото го обликува во проѕирна душа,
во ѕуј на пчела што полетува и слетува.
Семожниот млаз ги бакнува усните небесни
со надлетана древна мудрост над Алпите,
секој сак да пие од светлосните вимиња
во храмот на божеството "Боинг 707".
- Небаре се клинести оние сечила што се креваат,
оние јаснописи што извираат од магла,
што ги оставаме трипати повисоко освоени
со бело копје фрлено во етер. -
ОСВОЈУВАЊА
Што не им успеало на кралевите
поседувам -
градовите ги освојувам од перспектива!
Ангелот в душа ми шепоти:
"Моли го натемаго да го позапре моторот,
млазот нека ги лизга крилјата ако е можно,
нека ги прикова за небескиот дијамант,
само сликата во твоите скарани очи за Рим
да се врами!"
Со глас на опал и движење на Флора
стјуардесата најавува дека слетуваме
на писта. Рим ги отвора каверните!
Во палатата Латеран, на рељеф,
Парис и’ помага на Елена да влезе во кајче,
потоа Хомер си ја презема работата
и ја одведува божицата во Троја,
за десет години потоа да крварат
еден по друг, кралевите,
блазнејќи се на солилото на Мадона.
Што ќе правиш, инаетот расте со опашки
во секој светол град!
ЛЕКИТ
(антика)
Од другата страна на ноќниот вир
сонот на девицата има почист сјај
во кој невиноста се гледа
со душа на лекит бел.
На две страни роси,
на две страни телото ти го сложуваат во земја,
на две страни мирисите воскреснуваат
небеска птица од глина.
Камо среќа
кајчиња да се твоите колкови
и Стоби да не е мртов град
што ќе го благословува опустошена душа!
Да се напише лирика за галаксија ѕвезди,
тоа е да се допрат две клунчиња од злато
на вазна.
ТОРЗО
Гласот ја занишува пролетта
со живо ткиво,
од заспан лебед се исцрпува вода,
сонот се престорува мириси!
(Оросени јорговани пловат)
ова тело што се усложнува
во твојата свест,
блеснува и исчезнува,
останува само млазот на водата
да те полни . . .
Доаѓа цела стихија црвени дамки,
но доаѓа и белина над белината
што се покажува
како кралица од Рамнотежа.
ПЕСНОПОЈЦИ
Тие како да врзуваа снопје
светлина, тие разбоите
како да ги поставуваа
во кула под облаци! Тие
ги затинаа отворите кртечини
што се усложнуваа во некаква
мелодија што е подалеку
од сознанието на еден обичен
слух. Тие ги матеа спомените
таму каде што ѕидот не се урива
од ехо.
АРТИСТКА
Беше зрела да ја одигра улогата
на жена заплеткана во колчишта.
Крајот на претставата се виде
со неколку злоби собрани во една.
Се мажи на шега, мажот и’ беше жив,
тој што умре како ангел со опашка!
Се правдаше, плачејќи, дека е ѓаол!
Самата себе се јадеше ко месечина.
Некој од публиката стана и викна:
- Се врти како сенка спроти ветрови!
гледајте ја - моча спроти ветрови!
Јазикот, сепак, ја откри вистината,
таа си го покажа своето бакарно лице.
- Со игли бунар не се копа, невесто,
не ќе го измиеш срамот со спаун!
Сакаша да го засениш сонцето со дланка,
а испадна: "баба гори, село се чешла!" -
Претставата заврши со грмеж аплаузи.
ТЕМНИТЕ
Се приземнува глас на Толосум и вели:
- Еве ги темните, јас со нив не излегувам
на крај! Им ги растурам броевите,
им ги фрлам сонцата во круг,
очите им ги римувам, за да се знае,
со пресушени извори . . . Зрната грозје во дискот
се исполнети сочни полови,
взалудно по театрите влачат време.
Најпосле кој ќе ги создаде ликоите што ги нема,
што се како кобили - молзници во сложен кас
надлетувани од светлосни орли . . .
Ни го земаа најмилото, вели, ај болот жнеел
ај уплавот пустеел, се’ е икра фрлена во бездна. -
Ја пушта раката, ја суши плунката, благословува
жедни души на деца и на атови, глас на Толосум.
АГОЛ
Најпосле ми упатија сино око од ут
и ми рекоа: гледа во минатото!
Откопував соблазнителна црква
Молчев. Со мене молчеа ангелите.
- Ќе ти го опустоши имотот
ова јато што се крева во агол,
- стенкаше водата во скротена стихија.
Бев доста блед, како цвет при отворање
и терав сурија изнемоштени светци.
Со свирепа страст рибата ме погоди
и ми ги доближи множествата души.
АНГЕЛ
"Ти си потулен јаглен,
од сите страни сонце те грее -
те знам се коцкаш на мојот клуч!
Ликот ми го начна и ми ги потера
тркалата на часовникот без време . . .
Врати ми ги, те молам, гревовите!"
Изгорен до половина, реков:
"Дојде Ангелот во "Мерцедес"
како вода од чешма ја нацрпи
и ја однсе! Да му ја ебам,
ти ги обра праските зелени!
НЕОБИЧЕН ДИЈАЛОГ
- Нареде си расцепена, рече,
тоа го знаеја пророците,
па сепак не си слива, ни смоква! -
- Но ти ме калеми со друга ѕвезда,
под сосем туѓо небо ме остави
и јас си чаталев, си цветав . . .
- Ах, да, и на вештите калемари
тоа им се случува, за показ,
"сфати ја мислата без смисла! "-
ИГРИ
Зошто муцката на вепарот,
цицката на девицата
и нежноста на срната
да се попрскаат со крв . . .
Преселувањето на птицата
е принудена игра во лет
како зар кога светнува
во лакомо око што жнее . . .
Несреќата не е во тоа
што Таа е убава,
туку што не наша!
- Оди натаму, шепне картата,
ќе видиш, јас сум кец!
- Победуваш, се смее дамата,
ти годи трефот, те знам,
со години ме чешлаш!
ВИНЕТКА
Јајцето ја надвјасува сферата
зашто во него птицата има крило од ноќ
и прелетана мисла!
Не собирај време в клун,
не распевај небо.
Птицата, како и молњата,
извира и се храни од исто.
И двете прснуваат во миговен гром:
молњата во татнеж,
птица со пеење.
ОГНИЛО
Божествен алат е пламенот
во неговото срце се крие
мајстор, тоа е како артерија
што се храни од дроб, што се храни
и ѕирка, истовреме, мозок и крв!
Да ја оставиме водат настрана,
не дека таа нема место во сјајот.
Човекот повлече полн уста чад
и во златото на тутунот гореше
полето со сите црвени брегови,
со сочно царство исчезнати рептили;
во полето еден небесен свод
му се потчинува на пламенот
и родот си го влече со себе . . .
ПОЖАР
(клетва)
"Нека зафати пламен од сите страни,
да не остане ни трн, ни катун;
да се осакатат цркви и домови,
да се урнат водоводи, театри,
да се спржи ссрамнето со земјата се’.
Парковите, рече очаено, парковите,
зелени и сини како очи кај жени,
зар да ги завие завеса од думан црн?
- Без крв не бидува, да се пролее крв!
- Од луѓе и ѕверови реки нека течат,
градот да се престори во пепел и прав."
КОТА
"Суво дрво, сува пепел . . .
- рече капларот. - Кота 116.
Некогаш таму, можеби, ќе цути
праска. " Војниците молчеа.
"Можби не ќе успее, рече,
но сепак е таму целта, да се почне . . ."
Небото се разведри. Светлината
не можеше да се собере во песна.
Така, помисли поетот, на светлината
и’ е потребен стих, и’ е потребен збор,
и’ е потребен, можеби, само глас
што ќе се отима меѓу две стапки земја . . .
ПОЈАД*
Сабја дипленица, димискија,
две бомби што шиштат
зашто оганот им лази кон срцето,
неколку црвени куршуми
на кои јаготките не им се сестри,
кртечен лавеж
на кого саната му прави метании
и уште едно ѓуле од топ
паднато на магаре
а од магарето ни влакно ни коска,
не заборави го ладното оружје
што страсно ја срка земјата,
ашов, ра речеме, или бајонет
што лакомо влегува со дрочно ткиво
а излегува со тешки издивки
со око што не трепка,
со срце што не тупка,
печурка што тешко се наоѓа
на чија и да е софра
зашто никне по дожд на замрачен ум
и мирисот и’ се шири подоцна;
- а што да ти речам, а што да ми речеш -
и - ха! - викнува тој што го води орото -
и - ха, и - ха, и - ха!
Каса по потреба, не кога може и кога сака
како поскок со рогче на врвот од главата,
на пример, што на софрата, простено им,
не доаѓа предвид . . .
*Појад, штетен окот што ги напаѓа плодовите, во случајов оружје.
ДЕСПОТ
(земено од историјата)
Меѓу две спротивни страдања,
мачен од болеста што го влече,
темен и густ како набрекнат пенис,
се вдаде сред многуоката ноќ,
гневот го круниса со крвав трофеј!
Ја отфрли наметката, како на сцена,
одвај дишејќи го извлече мечот
и им ги пресече главите. (Како в градина
црвени лалиња.) Значаен, сјаен по ум,
во него нешто бујно рикна
со стремеж да откине крило од збор!
ПОХОД
(земено од историјата)
Според планот - тој ги изневери очекувањата,
на никого не му се придружи во бојот
и загубите беа нанесени. . . Така,
ноќната стража многу се исплаши,
кога низ стрмните падини тркалаа широки
и со обрачи обвиени вински буриња
и со тоа ја вознемирија војската
штп во темнината не можеше да разбере
од каде потекнува вревата . . . Ете,
третина од ноќта мина,
во тоа се уверија по ѕвездите над глава,
кога наскоро лаењето на кучињата
што доаѓаше од далеку, кажа,
дека градот е населено место
и дека може да даде уточиште
на измачени луѓе. Забрзано се упатија
натаму за утредента да тргнат повторно
на јуриш, па ги гледаа луѓето на тврдината
како им заприлегаа на птици . . .
ПРАШАЊА
(земено од историјата)
Зар тоа е, господе, голема војска?
Не играјте се со гладот што лунѕа,
оставете го полето пак да пустее.
Од крајот на источниот рид кој треба
да фрла мрачен поглед кон морето?
Кој дига насипи, кој избира опсади,
кој плете леси од човечки тела?
Скоро и да воскреснеш, те знам,
мажот те подари да ме криеш во трстје!
Но катранот на душите се истури,
ги надвјаса лозјата и се проби
низ градот. Видов: црно ни се пишува.
Ѓерданите ни ги оросија со крв, а зошто?!
ГЛУТНИЦА
Се покажува една хиена
дрпнува месо и одминува
Останува Нерон во празно
Доаѓа глутница чакали
со остри муцки нушкаат
очињата им светат ко жар
Во пена од крв
дебне еден лав
и скокнува на мене
Најпосле влегува една тага
ги собира жртвите
и ги однесува на престол
ПЕСНАТА
Има свое славно минато
како кога доаѓа од војна
или кога доаѓа од градење
куќа. Има своја сенка
и треба да и’ се верува
да поведе синџири бело робје.
Ако вади очи, тоа е добар знак
дека летината успеала преку море!
Има калпак
и разглобена е на илјади
самовилски крилја!
Слично на перје од ној
Страк по страк кине
и не прашува
дали цвеќето е црвено,
или плитакот е од туѓа тага.
Сепак резбарот ја длаби во дрво
со облик на чиста ѕуница.
НАЈПОСЛЕ
(апсурд)
Релативно
јас не сум на едно место
како што е каменот, на пример,
како што е небескиот свод
со сите привлечни и одбојни сили,
со целиот универзум на гравитација;
јас сум живо битие што се движи,
а ги има сите идеални сфери
да биде труп, порано или подоцна,
што ќе се најде ограден од ткиво на дрво,
од минерал на земја и тогаш
духот што е брат на вртимушката
ќе си го заземе своето место
на привидно мирување,
сеедно . . .
*
ДОПРИ ЈА ДРУГАТА СТРАНА НА ВНАТРЕШНОСТА
ПА ЌЕ СЕ НАЈДЕШ ЛИЦЕ В ЛИЦЕ СО БЕСКРАЈ
НАРЦИС
Покажува што гори Нарцис
строга жена - на другата
пламен и’ се врти во круг,
магма и’ протекува низ прсти.
Некој си каска кон морето,
Сече шума од корен.
Две жени се вагаат
на сончеви тегови.
Едната во друго време роби,
другата за друго време глоби.
Меѓу два пламена лилав Нарцис.
Колата е на штрек,
само да попушти сончевата стега.
ПРАНГА
Ведра ноќ - рибино око,
шума - лирика што блика.
Одред насилници се збира
со нож и ден за да ја колат.
Клетви до црви се влечат,
миговите - сјајна плева.
Качува радост ди сладост,
Исполнети и нозе и гради
на жена. "Ај, кусоумна, ај",
не те отплеткаа триста ума!
Таа светла излижана монета
од молчење, бела од сребро.
Копајте, коските нека ги види
сонце! Некогаш и ти беше, срце,
амбар пренаполнет од сино.
Цветни крпчиња, кучешки траги,
вечери празнични и празни,
во секој прст трепери бдеење,
секое нокте е смрзнато езеро.
Простори полни светла музика,
безумна желба за сладок вкус
на пожолтено, господско цвеќе.
На отворено се јаде, се пие,
се ебе, простено нека ми е,
зад клучалка се отвора врата.
ОД КОРЕН
За да го минеш прагот
телото ти го влечат страсти.
Ти си огреан мермер,
појасен од магла
на море. Ти си под замрачен свод,
капен во светлина од женска душа.
Во жилите ти про'ртел даб,
Пиштат тишки, грлат грлици,
улишта се ројат во твојата крв.
Таа назорум те дебне,
сака да бруси и да бушави.
И ТАКА . . .
Кога се креваше сонцето
се креваше гласот на една птиоца.
Паѓаа погодени две зрели тела,
две обли судбини.
Да ги оставиме кај што се изворите
огледани во јадри дојки.
Овде мајката го дои синот
и го оплакува,
невестата е калемена со крило од лебед!
Но што и’ пречи, вели,
што зема по нешто од се’?
Од омајот зема омај
од утробата те извлекува тебе,
с езгадува со нежноста што и’ ја враќаш
и така . . .
КЛЕПТОМАНИ
(слово на џелатот)
Доаѓа џелатот и ми вели:
"Не ти кажува ништо сликата
од стаклената топка! Жал ти е
да го гледаш 'ртењето на сонот
и 'ртењето на поетите. Глеј,
облекуваш часовник во бројки
и мислиш на колкови, те знам,
на девица во пупење и’ брстиш!
Ги метеш срцата - пожолтено лисје.
Знај, вели џелатот, за клептомани
размисла - шипки. Бело плус бело.
Она што е проѕирно множи лица
на фурија меки стели. Клептомани
ја засилуваат 'рѓата во светол храм!
Признај, се смее џелатот и кашла,
боцни го прстот на срамно место,
во житна кал. Така се суди со мисла.
Инаку тие и од џелатот седлаат коњ
и мазнат тркалеста глава од пенис."
НОЌ
Зар крилото приземнето не е ?
Ü дава на реката планината плач
низ скапоцен скокот на лански снегој.
В начнати бели дробови ѕвезди
крваво око на прч. Јадрее, зрее,
стопена киска на ѕвиска немркана.
Ѕвонецот е капка во снежен стих.
На отворено оптегачот - мазга
ја качува ноќта за да им труби
на нагризените черепи остината жар.
Пепелта се престорува полен,
ѕвездите растурени осила.
МАЧКА
(винетки)
1.
Кротко дојденче е мачката,
алчна за рог! Ќе видиш,
таа се крие под топла мишка.
За воин крзно, за жена ал.
На заем фрла светлосни фара,
мачката - жена засолн што бара.
2.
Ако си ја разбрал некогаш
Пенелопа, плати ми со крв!
Ако од срце кинела конци
за разбој, врати ми си стрела!
Ако пак родила дете, топла,
заградена од ковано сребро,
мачка орјатка е се’ на штрек.
3.
Мачка орјатка, мачка во вреќа,
по театрите сенки кај глодат.
Од јадро јадри лак среде цвеќа,
пасмино мачка во капка вода!
РЕКА
Се тера секира гола
верна кучка во сечко
Дрвото пишти и паѓа,
блуе гуштери, змии.
На невеста и’ се боде клин,
сред калајлисани бутини.
Стрелајте ја Кутмичевица
откај празната гроза.
Го бараа Аритостен
да и’ го мери обемот.
За да плукне камена идила
маглата се престори душа.
Со внуче го споредува
својот виор од пена.
Река во жена се таи,
од стонога се голта пат.
НЕОДРЕДЕНА ПЕСНА
(винетка)
За да ги собереш во едно,
да им дадеш место што им прилега
на светецот в пламен што се крева,
на насилникот во прав што се урива
- пресуди со црта! Додај ги акробатите,
натрапниците што се блазнат за тесно,
прчињата што мекаат (сето тоа)
нека се отне во неодредена песна.
Нека фати корен гозбата, трчаница
нека ги сотре сите во круг, и болните,
шо ти го изгаснаа оганот на пладне!
ПТИЦА
на Предраг Угрински
Ја пушти птицата бела
во бело да лета -
Танатос и ја затвора линијата.
Кредата се троши.
Реката свртува
меѓу модри брегови.
Ü го скрши бакарното крило,
и’ го престори во златен дожд.
Птицата на твојот сон
воскреснува од нежност.
Танатос и’ го достеснува кругот.
Реката истекува,
кредата се троши,
птицата сред пламен
согорува.
КОНЦЕРТ
Се случи така што звукот мек
најпрвин и’ наслика дете на жената
во градите, потоа утробата и’ зина,
се сложи во единствен мил ек
на нешто тешко, налик на празна јама.
Потоа кон звукот се доближи друг
и друг и друг и друг и сложно екна
салата, оркестарот имаше што да каже!
Тоа беше како везење на ракав,
како ронење на цут, зреење на жито,
тоа беше како ослободување н робови
Сеедно, пиштеше некој глас,
лелекаше од искрено подигната рака,
се влеваше некоја матна во чиста река,
а тогаш, оф, тогаш, ми се отнаа порите
и потече крв од моето насилничко детство.
Мелодијата преминуваше реки, планини,
се талкаше низ штотуку пролистени шуми,
се запинаше и отинаше, се креваше,
како светлина откината од ненадеен залез.
Во надојденото, знам, еден поостар звук
му отстапи простор на друг во друго време
и тогаш прелетаа стиите што бев ги чекал.
Тоа беа змии во шиштење, огнови во горење,
тоа беа морињата собрани во едно. Така,
протече низ мојот сон сонот на другите.
Довршени, инструментите без рака беа ништо,
како што беа ништо, порано или подоцна
нашите сакатлоци мерени од детски очи.
Најпосле еден лик, тој што ја остави виолината
се одвои од оркестарот, се закри од публиката,
па како човек што долго се борел со водна стихија,
стана, го бакна ангелот во своето срце и замина.
Како по загасен оган салата замириса на темјан.
ГЕОМЕТРИЈА
Повлекувајќи се
Создаде круг
Забоде стрела
Ја раздели силата
На црни сфери
Со два вектора
Го вага светот
На пресечени глави
Ја пушта раката
В бескрај да кроти
Замислени линии
Доби тап агол
Од око што крвари
Сред бела рамнина
Болката ја постави
В точно одредено време
Колку да се знае
Од скршена креда
Се роди нов скелет
Мртва конструкција,
Архимедовиот лач.
ПЕСНА ЗА ПЕЛОП
Одамна се напрегам
да ти ја превртам колата,
да ти ги здивам коњите,
да ти го допрам љубето
на пропеана птица.
Оската е во морето,
дрвото ветер го чешла.
Но што е тоа што ме тера
да ја заменам жена ти за мапа,
да и’ го израмнам телото
со Средоземното Море?
Што е тоа
што таа ја распостила нежноста
во мојата жед,
сред виори од движења и коби
ја крева стрелата
со која те гонам?
БЛАГОДАРНОСТ
Дека не си извор што и’ го враќа
кристалот на светлината
или арената на која ножот
му ја враќа крвта на бикот,
ти благодарам.
Дека два ата прават трет,
а тој нараснува убав во свеста
со пизма за долги, далечни кавалкади
или слични погуби меѓу народите,
ти благодарам.
На мртвите прикажани во бронѕа
не им треба дрво за лад, уста за плачење,
дека сме послаби од каменот, се знае,
па и за мудроста на оптегнатиот лав,
ти благодарам.
Ти благодарам
што ми ја бликна смеата без да ја штедиш
инаку и на оваа хартија се’ е мртво,
навистина, ќе болсне по некоја ОД буквите,
но верувај, да пролистеше барем една!
СТОЖЕР
Се врти мојот коњ
се врти и врти,
под копито сјајно
соѕвездие. Запалено
е јадрото, магичен број
присилува на пораз.
Се врти мојот коњ
се врти и врти,
до воденичен камен
светлосна година.
ОСКА
И на измислена оска се врти
взалудна гемија, взалудна
вода. Взалудно време збира
од часовник боја на твоето
око. Взалуден честар маслини
го има твојот бој, облеката . . .
Взалудна спила дреме таму
црвената пчела кај кружи.
Восочната топка далеку од круг
се топи, ЈАСНО, сред прстен.
Взалудна гемија на отворено,
взалудна гемија на затворено,
единствено кон целта броди.
За Јован Котески
1. Целосна блог-архива за животот и творештвото на македонскиот поет Јован Котески (1932-2001). Блогот ги содржи целокупните поетски збирки на Јован Котески од 1958 до 2000, како и неговата лична и творечка архива.
2.Материјалите од блогот се слободни за користење во лични, образовни и научни цели. Забранета е нивна употреба за комерцијални цели и без наведување на изворот и авторот.
3.Сите дериватни дела (правењето песни, раскази, романи, музика, сликарство, вајарство, документарци, филмови, стрипови, спотови, танц, фотографија, дизајн, мода, видео-игри, виртуелни светови... научни и стручни текстови, теорија и филозофија, публицистика... врз основа на песните од Котески) се дозволени, доколку не се користат за комерцијални цели и доколку се наведе изворот и авторот.
4.Авторот на дериватските дела мора целосно да го наведе текстот на оваа лиценца (на истиот начин како што се појавува овде).
5. Доколку некој автор спомнат на блогот смета дека се повредени неговите/нејзините авторски права, може да ја контактира Јасна Котеска на jasnak@gmail.comЗа поетот
Биографија
Фотографии од Струшките вечер на поезијата (1981, 1982), Јован Котески
Интервју со Котески (2000)
Семејни фотографии од Котески
Интервју со Јован Котески, Пулс, 1999 за збирката „Разор“
Таткото на поетот, Васил Котески (фотографја со неодреден датум)
Фотографија на Јован Котески (2000)
Фотографија од Јован Котески, рани 1990-ти
Фотографија од Јован Котески (2000)
Награди за поезија
Осврт за „Трагач“ (1995) од Јован Котески, победник на анонимниот конкурс за поема
Портрет на Котески по затворот
Котески во едицијата на „Народна книга“ од Белград (1974)
Два документа од 2001
Збирката „Dragoste si Moarte“ (1981) од Котески на романски јазик
Фотографија на Котески од 1966
Фотографија од Рацинови средби (1979)
Фотографија од Струшките вечери на поезијата (1964)
Никита Станеску и Јован Котески
Разгледница со песната Љубов и смрт
Фотографии од Струшките вечер на поезијата (1981, 1982), Јован Котески
Интервју со Котески (2000)
Семејни фотографии од Котески
Интервју со Јован Котески, Пулс, 1999 за збирката „Разор“
Таткото на поетот, Васил Котески (фотографја со неодреден датум)
Фотографија на Јован Котески (2000)
Фотографија од Јован Котески, рани 1990-ти
Фотографија од Јован Котески (2000)
Награди за поезија
Осврт за „Трагач“ (1995) од Јован Котески, победник на анонимниот конкурс за поема
Портрет на Котески по затворот
Котески во едицијата на „Народна книга“ од Белград (1974)
Два документа од 2001
Збирката „Dragoste si Moarte“ (1981) од Котески на романски јазик
Фотографија на Котески од 1966
Фотографија од Рацинови средби (1979)
Фотографија од Струшките вечери на поезијата (1964)
Никита Станеску и Јован Котески
Разгледница со песната Љубов и смрт
Линкови за Јован Котески
* 01. Јован Котески на Википедија (содржи и пет поетски збирки од Котески)
* Јован Котески на Open Library (каталогизација на сите збирки)
* 02. Јован Котески на Блесок (Poems in English)
* 03. Јован Котески на Амазон (сите книги се моментално недостапни) :)
* 04. Библиографија на англиски од сајтот на struga.org
* 05. Јован Котески на бугарската Википедија
* 06. Тротомниот избор од поезијата на Котески (Три, 2000)
* 6. Стихови на Котески во шведска антологија
* 7.Текстот „Интимист“ за полициското досие на Котески (на англиски)
* 8.Кратка белешка за Јован Котески во извештајот на Прајваси Интернешнл за 2007
* 9.Вест за смртта на Котески
* 10. Поетско читање по повод петгодишнината од смртта на Котески
11. Day of the Writers in Prison on Diversity: Jovan Koteski on Diversity, International PEN Collection
* Јован Котески на Open Library (каталогизација на сите збирки)
* 02. Јован Котески на Блесок (Poems in English)
* 03. Јован Котески на Амазон (сите книги се моментално недостапни) :)
* 04. Библиографија на англиски од сајтот на struga.org
* 05. Јован Котески на бугарската Википедија
* 06. Тротомниот избор од поезијата на Котески (Три, 2000)
* 6. Стихови на Котески во шведска антологија
* 7.Текстот „Интимист“ за полициското досие на Котески (на англиски)
* 8.Кратка белешка за Јован Котески во извештајот на Прајваси Интернешнл за 2007
* 9.Вест за смртта на Котески
* 10. Поетско читање по повод петгодишнината од смртта на Котески
11. Day of the Writers in Prison on Diversity: Jovan Koteski on Diversity, International PEN Collection
Multimedia
База на податоци за книгите на Котески
Базата ги содржи:
1. Насловот на збирката
2. Годината на издавање
3. Издавачот и серијата
4. Пагинација и димензии на книгата
5. ISBN (кадешто го има)
6. Насловна корица
I. Збирки песни
1. Насмевка пред зорите (1958)
2. Земја и страст (1958)
3. Злодоба (1963)
4. Тежина (1965)
5. Пеплосија (1966)
- Земја и страст, 2 изд. (1971)
6. Сенки (1972)
7. Зелени порти (1975)
8. Хераклеја (1978)
9. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991)
17. Ралица (1992)
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1996)
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
II. Избор од поезијата
1. Злодоба (1992) - избор
2. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - избор
3. Празник (1995) - избор
4. Решетки (1996) - избор од затворската лирика
5. Јован Котески (2000) - тротомен избор
6. Сончева белегија (2008) - избор
III. Препеви
1. Pesme/Песни (1974) - српски
2. Dragoste si moarte (1981) - романски
3. Strah i duša (1984) - српски
4. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - англиски, француски, руски.
IV. Песни за деца
1. Глувчето со двоглед (1991)
V. Книги за Котески
1. Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
1. Насловот на збирката
2. Годината на издавање
3. Издавачот и серијата
4. Пагинација и димензии на книгата
5. ISBN (кадешто го има)
6. Насловна корица
I. Збирки песни
1. Насмевка пред зорите (1958)
2. Земја и страст (1958)
3. Злодоба (1963)
4. Тежина (1965)
5. Пеплосија (1966)
- Земја и страст, 2 изд. (1971)
6. Сенки (1972)
7. Зелени порти (1975)
8. Хераклеја (1978)
9. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991)
17. Ралица (1992)
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1996)
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
II. Избор од поезијата
1. Злодоба (1992) - избор
2. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - избор
3. Празник (1995) - избор
4. Решетки (1996) - избор од затворската лирика
5. Јован Котески (2000) - тротомен избор
6. Сончева белегија (2008) - избор
III. Препеви
1. Pesme/Песни (1974) - српски
2. Dragoste si moarte (1981) - романски
3. Strah i duša (1984) - српски
4. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - англиски, француски, руски.
IV. Песни за деца
1. Глувчето со двоглед (1991)
V. Книги за Котески
1. Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
Избрани песни
Јован Котески
АЛКИ (1984)
(старзаманско оро, по војната)
Писнува свирката на катун Еѓупци,
збива планината в подмолен татон.
Едно старче ја крева раката,
ногата ја подава како да влегува в гроб,
го фаќа ритамот на расплаканото пиле
и опа! - го почнува орото. Еден по друг
како алка со алка се врзува синџирот,
се издолжува од премалени тела.
На крајот од овој божји сплет
едно извалкано детиште со лице пердувче
го крева рачето во знак на лага
и со камшикот сплетен од живи тела
почнува да го камшикува господа
скриен во свирката што плаче.
Jован Котески
Трагач (1995)
поема
- извадок-
Пред да избереш девојка за жена
најпрвин избери огледало
на кое ќе се огледува муце од видра!
Според бојата на земјата по која се втиснуваат
твоите траги
одреди ѝ го тварот, не заборавај го зборот!
Храни ја извесно време со суво грозје
како што се хранат канаринките.
Пред да зачекориш во подвигот погледни ѝ ги забите
(бели?)
кажи ѝ неколку простени молитви гласно и јасно!
Наостри ја сабјата како секавица
низ Димна гора за да ти се гледа . . .
Потковај го коњот наопаку со клинци
- жолти дукати.
Не пропуштај го галавниот адут - виното.
Пред да избереш девојка за жена
појди на чешма и со часови гледај го млазот вода . . .
Колку и да ти се открива како светица
таа ќе ти ја одземе силата, човеку, не Господ.
Не срди се што не ти ја дополнила чашата
течен ќилибар, таа ја знае суровата мера.
И не бегај од неа како овчар од магла,
не оставај ја усвитена фурна,
таа ќе го пече тоа што ќе го рече
па макар ти да се здробиш на парчиња во Солунско!
Не број го времето со часови, денови, години,
симни го јарчето на сржбата од вратот
и врати се кај што се врти вретеното . . .
Инаку таа знае да биде и црвена мравка,
ќе ти ги растури името и куќата.
Ќе те остави гол како пиштол
а своите рудни богатства на имањето
ќе му ги отстапи на Беле Костурчето
што ќе ѝ ги прекопува со жешка казма!
АЛКИ (1984)
(старзаманско оро, по војната)
Писнува свирката на катун Еѓупци,
збива планината в подмолен татон.
Едно старче ја крева раката,
ногата ја подава како да влегува в гроб,
го фаќа ритамот на расплаканото пиле
и опа! - го почнува орото. Еден по друг
како алка со алка се врзува синџирот,
се издолжува од премалени тела.
На крајот од овој божји сплет
едно извалкано детиште со лице пердувче
го крева рачето во знак на лага
и со камшикот сплетен од живи тела
почнува да го камшикува господа
скриен во свирката што плаче.
Jован Котески
Трагач (1995)
поема
- извадок-
Пред да избереш девојка за жена
најпрвин избери огледало
на кое ќе се огледува муце од видра!
Според бојата на земјата по која се втиснуваат
твоите траги
одреди ѝ го тварот, не заборавај го зборот!
Храни ја извесно време со суво грозје
како што се хранат канаринките.
Пред да зачекориш во подвигот погледни ѝ ги забите
(бели?)
кажи ѝ неколку простени молитви гласно и јасно!
Наостри ја сабјата како секавица
низ Димна гора за да ти се гледа . . .
Потковај го коњот наопаку со клинци
- жолти дукати.
Не пропуштај го галавниот адут - виното.
Пред да избереш девојка за жена
појди на чешма и со часови гледај го млазот вода . . .
Колку и да ти се открива како светица
таа ќе ти ја одземе силата, човеку, не Господ.
Не срди се што не ти ја дополнила чашата
течен ќилибар, таа ја знае суровата мера.
И не бегај од неа како овчар од магла,
не оставај ја усвитена фурна,
таа ќе го пече тоа што ќе го рече
па макар ти да се здробиш на парчиња во Солунско!
Не број го времето со часови, денови, години,
симни го јарчето на сржбата од вратот
и врати се кај што се врти вретеното . . .
Инаку таа знае да биде и црвена мравка,
ќе ти ги растури името и куќата.
Ќе те остави гол како пиштол
а своите рудни богатства на имањето
ќе му ги отстапи на Беле Костурчето
што ќе ѝ ги прекопува со жешка казма!
Сите збирки поезија на Јован Котески (од 1958 до 2000)- избрани песни!
Кликнете на овие линкови за да ги читате песните!
01. Насмевка пред зорите (1958)
02. Земја и страст (1958)
03. Злодоба (1963)
04. Тежина (1965)
06. Сенки (1972)
07. Зелени порти (1975)
08. Хераклеја (1978)
09. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991) песни од затворот
17. Ралица (1992) песни од затворот
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1995) поема
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
01. Насмевка пред зорите (1958)
02. Земја и страст (1958)
03. Злодоба (1963)
04. Тежина (1965)
06. Сенки (1972)
07. Зелени порти (1975)
08. Хераклеја (1978)
09. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991) песни од затворот
17. Ралица (1992) песни од затворот
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1995) поема
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
Koteski's Poetry in Other Languages
Ana (1958) in Romanian
Persephone (1985) in English
Chest (1984) in English
Kaimakchalan (1963) in English
Death Of the Warrior (1963) in English
Statue 1 (1978) in English
Cockroaches (1991) in English
Rheumatism (1990) in English
Penelope (1990) in English
Love and Death - English
Solitary Confinement (1992) - English
Morning Star (1992) - English
Persephone (1985) in English
Chest (1984) in English
Kaimakchalan (1963) in English
Death Of the Warrior (1963) in English
Statue 1 (1978) in English
Cockroaches (1991) in English
Rheumatism (1990) in English
Penelope (1990) in English
Love and Death - English
Solitary Confinement (1992) - English
Morning Star (1992) - English
Критики за поезијата на Јован Котески!
Книги:
Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
Текстови:
01. Паско Кузман (1991)
02.Миодраг Друговац (1963)
03. Миодраг Друговац (1964)
04. Сашо Гигов Гиш (1993)
05. Бранко Цветскоски (1990)
06. Паско Кузман (1991)
07. Петко Дабески (1994)
08. Веле Смилевски (1981)
09. Влада Урошевиќ (1963)
10. Глигор Стојковски (1993)
11. Благој Иванов (1999)
12. Бранkо Цветкоски (1998)
13. Георги Сталев (1995)
14. Оливера Ќорвезироскa (1995)
15. Греам Рид (1966)
16. Душко Наневски (1975)
17. Радомир Ивановиќ (1975)
18. Слободан Мицковиќ (1978)
19. Атанас Вангелов (1978)
20. Данило Коцевски (1978)
21. Науме Радически (1990)
22. Илија Карајанов (1991)
23. Петар Петрески (2000)
24. Блаже Конески (1972)
25. Алекс Букарски (2008)
Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
Текстови:
01. Паско Кузман (1991)
02.Миодраг Друговац (1963)
03. Миодраг Друговац (1964)
04. Сашо Гигов Гиш (1993)
05. Бранко Цветскоски (1990)
06. Паско Кузман (1991)
07. Петко Дабески (1994)
08. Веле Смилевски (1981)
09. Влада Урошевиќ (1963)
10. Глигор Стојковски (1993)
11. Благој Иванов (1999)
12. Бранkо Цветкоски (1998)
13. Георги Сталев (1995)
14. Оливера Ќорвезироскa (1995)
15. Греам Рид (1966)
16. Душко Наневски (1975)
17. Радомир Ивановиќ (1975)
18. Слободан Мицковиќ (1978)
19. Атанас Вангелов (1978)
20. Данило Коцевски (1978)
21. Науме Радически (1990)
22. Илија Карајанов (1991)
23. Петар Петрески (2000)
24. Блаже Конески (1972)
25. Алекс Букарски (2008)
Песни
Ана (1958)
Реома (1990)
Тавтабити (1991)
Татко (1990)
Во злодоба, ракопис (1963)
Зрзе, ракопис (1984)
Во злодоба, ракопис (1963), отпечатена во изборот песни од ракописната збирка „Празник“ (1995)
Змија, ракопис (1995)
Селска сиромаштија, ракопис (1963), отпечатен во ракописната збирка „Празник“ (1995)
Алки (1984)
Персефона (1985)
Дијалог (1985)
Римска божица (1985)
Аптекарка (1985)
* * * (1990)
Прашања (1990)
Рак (1990)
Предупредување (1990)
Туѓинец (1990)
Совпаѓање (1990)
Совпаѓање (1990)
Размисла (1990)
Задоцнет славеј (1990)
Бројки за споредба (1990)
Медалјон (1990)
Римувана песна (1990)
Копче (1990)
Запис (1990)
Зандана (1990)
Аполон (1990)
Пенелопа (1990)
Спокој (1990)
Цел ден (1990)
Са-ноќ (1990)
Споредба (1990)
Оси (1990)
Трагач (1995), извадок од поема
Поети (1991)
Ласица во сонот (1991)
Душа (1991)
Автограм (1991)
Предупредување (1991)
Прашања за размисла (1991)
Цртежите на Сутин (1990)
АТО плус АТОТО (1991)
Стихови за бел Дунав (1994)
Реома (1990)
Тавтабити (1991)
Татко (1990)
Во злодоба, ракопис (1963)
Зрзе, ракопис (1984)
Во злодоба, ракопис (1963), отпечатена во изборот песни од ракописната збирка „Празник“ (1995)
Змија, ракопис (1995)
Селска сиромаштија, ракопис (1963), отпечатен во ракописната збирка „Празник“ (1995)
Алки (1984)
Персефона (1985)
Дијалог (1985)
Римска божица (1985)
Аптекарка (1985)
* * * (1990)
Прашања (1990)
Рак (1990)
Предупредување (1990)
Туѓинец (1990)
Совпаѓање (1990)
Совпаѓање (1990)
Размисла (1990)
Задоцнет славеј (1990)
Бројки за споредба (1990)
Медалјон (1990)
Римувана песна (1990)
Копче (1990)
Запис (1990)
Зандана (1990)
Аполон (1990)
Пенелопа (1990)
Спокој (1990)
Цел ден (1990)
Са-ноќ (1990)
Споредба (1990)
Оси (1990)
Трагач (1995), извадок од поема
Поети (1991)
Ласица во сонот (1991)
Душа (1991)
Автограм (1991)
Предупредување (1991)
Прашања за размисла (1991)
Цртежите на Сутин (1990)
АТО плус АТОТО (1991)
Стихови за бел Дунав (1994)