Илија Карајанов
ДРАМАТА НА ЧОВЕКОВИТЕ СОМНЕВАЊА
Јован Котески: “Морници”, “Наша книга”, Скопје, 1991
Новата збирка поезија на македонскиот поет Јован Котески претставува кохерентен поетски ракопис што ги открива трауматичните бранувања на поетовата душа. темата на ова дело беше најавена преку песната “Бројки за споредба” од претходната авторова книга “Живожарица”. Откривајќи една чудна, невообичаена коинциденција меѓу животот и литературата Котески со еден есенцијален јазик преку имагинарен дијалог со своите деца ни ги предочува согледбите кои “се римуваат” како таинствено писмо на човековите успенија, поревања и самоиспитувања:
“БРОЈКИ ЗА СПОРЕДБА
На моите деца Васил и Јасна
Во време на робијата
мојот затворенички број беше: 6412
Во Хомеровата “Илијада”
стихот 6412 гласи:
“Сега за татко ви ваш
ќе ја платите грдата грешка”.
Понекогаш нештата
во времето и во просторот
се римуваат и без наша волја.
Што се може.”
Познатиот писател Вацлав Хавел, кој бил осуден на затвор, во своето дело “Писма до Олга” ги поставува прашањата за човековата слобода, за тоа како човекот го доживува губењето на слободата и што е тоа што на човекот во затворот најсуштински му недостига:
“Имено, тоа ни оддалеку не е само неговиот дом со сите човечки и материјални вредности кои го прават него – тоа е само составен дел од некаков поширок и покомплексен губиток: тој наш ‘егзистенцијален дом’ е во одредена смисла ‘само’ конкретна последица на нашиот избор – овде, меѓутоа, не недостига само овој резултат, туку и самата можност на изборот”.
Поетот Јован Котески во збирката “Морници” се обидува да одговори на прашањето што претставува слобода и како се чувствува во моментите кога слободата за него не е само наслутен хоризонт. Поетот трага по “зрнце слобода”, буден сонува “женско тело и слобода “, ги брои минутите и часовите, а “мислата за слобода гори”. Во борбата за освојување на слободата поетот не е беспомошен, зашто тој негов чин е истовремено и борба против злото, против лицемерието, денунцијантите, против политичкиот терор и еден идеолошки концепт издигнат на ниво на институција. И кога се чини дека нема излез од таинствениот лавиринт, и од деновите на длабока депресија, и во часовите на една неминовна резигнација, и кога во поетовата душа се населуваат мори и морбидни сонови, тој губењето на слободата го доживува како можност за борба со себе и потреба да извојува победа во себе. И во грозоморните мигови кога поетот ги преиспитува границите на својата издржливост, и во миговите кога биле уништувани неговите сонови и верби во еден подобар свет, тој, иако ставен на најтешки искушенија, наоѓа сили да проговори за естетските вредности на животот:
“Нагонот за убавото е посладок
од корка леб.”
(“Фотографија”)
“Заспаното повторно се буди
среде природата се обликува
во оган,
открива совршена убавина од искри.”
(“Искри”)
Што значи вербата во убавината? Дали таа верба не ги открива поетовите пориви повторно да се освои слободата, онака како што се освојува силниот збор и вистинскиот живот?
Поетот Котески во процесот на трагање по вербата во човекот, во песната, во слободата и во животот, ја испишува драмата на својата опстојба и драмата на свиоте сомневања. Таа драма минува низ нови искушенија и сложени состојби на духот. Таа драма што се доживува како “колективен човечки делириум” (Кундера) има свои морничави внатрешни конфликти и катарзи, плими и осеки, илузии и кошмари, сономорја и безнадежност, но и простори на Верба и Надеж. За поетот Јован Котески “поезијата е облик на постоење на правдата” (Еткинд).
Во поетовата совест се пробудува една Вистина која го потресува неговото битие до дно. Тој знае дека треба да се премостат понорите и да се победи пеколот во човекот. Во него се пробудува песната со животодавна сила и прометејска моќ и таа се доживува како крик во ноќта и протест против мрачните подземни сили и човековиот раскол. Котески изградил своја Вистина за човекот и светот, Вистина за слободата на духот и имигрираните лазурни хоризонти и најпосле, Вистини за бескрајните и тајновитите лавиринти на животот. За него поезијата е повеќе етичка, отколку естетска определба. Неговите песни се истовремено и протест и повик за Надеж, драматичен чин на една пробудена совест и глас на големата човечка духовна слобода.
АНГЕЛОТ – СПАСИТЕЛ
“Дали светот е подруг
од оној што го гледаме?”
- прашува осамениот поет.
- Подруг е! –
Не е така с# црно, помислува затвореникот
оптегнат на гола штица,
додека му ја предава душата на сонот
телото му е избраздена сува земја
прелетана од ноќен ќукален.
И тогаш помислува, не без причини,
дека една шурка налик на славопејка
тече по челото на Ангелот – Спасител,
додека во ќелијата се згустува тишина
тој ја згустува својата брежна мисла.
По правило, меѓу две високи планини
има една Голема Порта отворена
низ која минало нашето детство
со шарено знаменце незаборав.
Сонот н# води до неможните предели
на она што го има, што се гледа,
ако сликите на сонот се вистина
нека ти се множат на оној свет!
Како истоштена гладна кучка
душата наутро се прибира во телото,
затвореникот ги оптега нозете, гледа
некој му ги испогазил шарените цвеќина!
Озрачен од поројните морници
осудениот дознава дека
во целината на постоењето, сепак,
има нешто што потиснува и уште подалеку
од ѕвездената бездна…Се уверува
дека има рај во жуборењето на изворот,
во ладовината под дабот,
во сечилото на молњата;
дека рајот е меѓу две зажарени тела
превртени в трева со страст за рожба.
Со нова принова во земниот рај
тие го осмислуваат Универзумот
И се пробиваат уште подлабоко
низ светлите и темни коридори…
Белата вода од изворот
тече наспроти моите илузии
за ништожношта на светот, Боже!