РАДОМИР ИВАНОВИЌ
ПОЕЗИЈА ОД ИЗВОРОТ НА ЖИВОТОТ
ЗА ПОЕЗИЈАТА НА ЈОВАН КОТЕСКИ (1975)
Шесте досега објавени збирки песни на Јован Котески (Насмевка пред зорите, 1958; Земја и страст, 1958; злодоба, 1963; Тежина,1964; Пеплосија, 1966 и Сенки, 1973) опфатени се во изборот Песни, паралелно објавен на македонски и спскохрватски јазик, во издание на белградска “Народна книга”, во 1974 година (изборот и поговорот се на Димитар Митрев, преводот и препевот на Цвета Котевска). Во мошне инструктивниот поговор (“Поезија на изворната инспирација”, стр. 223 – 236) Митрев ги бележи следниве редови за поезијата на Котески, односно за состојбата на македонската поезија во моментот на појавата на неговата поезија:
“За тие што ја ценат изворната инспирација како првобитен патоказ кон создавањето поезија без поза и маска, односно поезија што не е поетоманија, лириката на Јован Котески претставува објава и обнова на чинот што е превасходно творечки. Од збирка во збирка, овој лиричар на виталистичкиот занес се потврдува како автентична творечка личност, следејќи ја живата содржина на своето непосредно елементарно доживување. Тоа е автор што ја враќа вербата во поезијата како возбудливо самоискажување и довербата во поетите како творци на животно понесени инспирации. И задоволство е што таа верба и таа доверба на љубителите на поетското ќе им ја поврати еден поет кој е претставник на помладата генерација”.
Сходно на ваквиот заклучок, Митрев изборот на песните на Котески го поделил во четири неозаглавени поетски кругови, иако ние би се заложиле само за три лирски круга, во кои поетот творечки и мисловно се изразува, настојувајќи да го надополни кругот на животните еманации. Тие три лирски круга им се посветени на: природата, жената и земјата. Шеесетте песни на овој избор се циклусирани околу овие три основни мотиви и често претставуваат само помалку или повеќе успешно варирање на еден поетски мотив, во обидот да се смали кругот на неизречливото.
Во поглед на инспиративниот извор, гледајќи поопшто, Котески не се разликува многу од другите македонски поети, и не од овде застапените поети: С. Јаневски, Б. Конески, М. Матевски, А. Шопов и Р. Павловски. Во поезијата на Котески го наоѓаме истото поднебје, па дури и истиот регистар на поетското доживување, исти топоними и тематика. Судејќи по тие општи особености на неговата поезија, за него не би можело да се зборува како за автентичен поет. Меѓутоа, автентичноста и природата за поезијата не го определува изброот на мотивиката, туку креативниот чин, она мноштво од меѓунијанси во значењата и трепетното пренесување на поетската слика и сугестија, па затоа и се’ од поезијата не може да се подведе под логично – дискурзивниот начин на мислење.
Поезијата на Котески својот успех го должи, во поднебјето на македонската литературна критика, најнапред на својата невообичаена силна амбиентална поврзаност (Друговац го наречува најмакедонски поет), бидејќи содржински, а во првите песни и формално, неговата поезија со секој стих е сврзана за судбината на македонскиот човек и македонската земја, што својата елементарна сила ја напојува на изворот од животот, па со голем број претстави е сврзан за лирскиот израз на македонската народна песна (да се погледнат уводните песни “Гулабици” и “Жетва”), за нејзината симболика, некаде целосно преземенам, а некаде недоизградена со нови поетски постапки. Но таа меѓузависност меѓу поезијата на Јован Котески и македонската народна поезија, не се гледа само во тој слој на значења. Таа е видна и во другите многубројни слоеви, во структурата на неговиот стих, од насловот на песната (“Резба”, “Леб”, “Обичен живот”, “Земја”, “Селани”, “Белата љубов на девојката”, “Сестри”, “Ѕидар”, “Остани Дојчине”, “Печалбари”, “Немаштија”, “Калишта”, “Маченици” и бројни други наслови) до нејзината најмала подробност, секогаш сврзана за рурален амбиент, чувајќи го во сите значења локалниот колорит.
Кога ќе се има предвид дека и другите македонски поети уште како се сврзани за амбиентот во кој ја создаваат поезијата, се поставува прашањето: во што се состои разликата меѓу нив и поезијата на Ј. Котески? По наше мислење, Котески помалку се стреми кон универзалниот исказ на животот, има помалку таканаречени преносни значења, па очигледно постои извесна идиомност во неговата поезија, поради која, таа секако, освен во неколкуте ретки и необично сугестивни песни, во превод губи, зашто е неможно, и при највдахновен превод, каков што е преводот на Ц. Котевска, да се преведат сите контексни значења, а особено е неможно да се инкорпорираат меѓузначењата на народната и уметничката поезија, односно сосема поинаку звучи поезијата на Котески во контекстот на македонската поезија, а поинаку надвор од него.
Но, ни во другите констатации не може да се стави знак на еднаквост меѓу поетските опуси и одделните поетски судбини во македонската поезија, од една страна, и поезијата на Котески, од друга страна. Котески повеќе плени со елементарноста на сликите и претставите што ги создава, отколку со сликите и претставите што ги предизвикува низ асоцијациите на читателот. Неговата “апологија на животноста” не е пренеслива како во другите случаи (Конески, Јаневски, Шопов, Павловски, Урошевиќ, Матевски и други). Оттаму Котески го тера критичарот да ги утврдува разликите меѓу неговиот творечки чин и чинот на другите поети, и да ја согледува бројноста на внатрешните разлики во една поетска постапка: да ги потцртаува заедничките карактеристики во еден однос, што е полесно да се докажат, и истовремено особеностите на овој поет за кои е потребна попрецизна и поминуциозна критичка апаратура.
Котески, како и другите македонски поети, често се занимава со времето, односно со историската димензија, но во тоа обраќање кон времето има свој агол на видување. Слична е постапката и во поглед на вдахновеноста со творештвото на познати или непознати творци на уметнички дела од македонските споменици на културата. Само за пример ќе споменеме три такви песни, од кои, првата им е посветена на мајсторите на резбарството и се вика “Резба”, а другите две на фрескосликарството (тие носат наслов: “Маченици” и “Меланхоличар”).
Иста мотивика наоѓаме кај Конески, Шопов и Павловски, меѓу другите, но ним обраќањето кон претходните уметници им служи за утврдувањето на континуитетот на уметничкото творештво, односно за поистоветување на човечките судбини преку творечкиот чин, за утврдувањето на определени, нерешливи прашања на човековата судбина за одгатнување смислата на секој човеков гест, па и на уметничкиот. Кај Котески, меѓутоа, постои понепосреден однос, без споменатите паралели. Како помалку да го интересира интелектуалното, церебрално ниво на тој однос и низата прашања што се поставуваат со него, а повеќе непосредниот емотивен свет што го сугерира однатре, во самото литературно дело. Во песните на трите споменати поети очигледно е дека постојат двајца соговорници: уметничкото дело и поетот пред него, додека во поезијата на Котески нема двојство, нема дијалог, дијалошко восхитување со оствареното. Оствареното дело како да започнува свој монолог:
“па пред смирениот олтар длетото отвора врати
и кипи крвта ко зора пред расцутените рози.
Тука со трепетни усни се впива небеста плава,
се рони живиот бисер пред насолзените очи и
расонетиот спомен јазди по моќната шара
па изгубените јата со скриен бол ги бара,
додека дворјето чека самрак за сладок почин –
топлата страст се вие и плете олтарот слава!
(“Резба”)
Во основата на поетовиот пристап е желбата да се анимира фиксираниот свет. Во основата исто така скриен е и орфичкиот мит, како кај Павловски, да се опоетизира се’ со што ќе дојде во допир поетовата асоцијација, и во таа поетизација навистина непосредно се изразува маѓијата на творечкиот чин, зашто читателот има можност на продре во творечката лабораторија на поетот, сам да ги израмни своите асоцијации пред определеното уметничко дело и асоцијациите на поетот, по кои како да е умножена егзистенцијата на уметничкото дело во дрвото или во ѕидот на манастирот.
Тоа не значи, меѓутоа дека Котески не воспоставува и традиционален однос, за кој зборувавме кога беа во прашање другите македонски поети. Во тие случаи има нешто од облагородениот фолклористички пристап, зашто поетот намерно го архаизира јазикот, стилот и тематиката, настојувајќи со таквиот реверзибилен поход во минатото да ги приближи настаните од минатото и да го смали временското растојание меѓу предците и потомците. Таква е мошне успешната песна “Последниот сон на резбарот”:
“Слободен,
за да го досонувам својот вековен сон,
како што ми доликува мене, догроба.
Допрен со нечуен глас
помеѓу дрвото и душава,
јас се довикувам со вековите
и ја разгрнувам со татковината
што ќе ме осветли,
со моето разлистено длето.”
Во првиот пример јадрата поетска слика самостојно пулсира и живее, а во вториот таа поетски е коментирана, па без напор може да се повлече паралела меѓу резбарот и поетот кои што со подеднаква страст и творечко страдање настојуваат да ја “разгрнат татковината”, да се “довикуваат со вековите”, со трајноста на преокупациите, со напорот за изразување на некоиод животните идеи, да ја надминат кусовечноста на многуте човечки бесмислици. Во другиот вид песни експлицитно се изразува поетиката на Котески, а во првиот имплицитно. Затоа н& се чини, дека е поуспешно првото рамниште, на кое му припаѓаат и двете споменати песни од истиот тематски круг: “Маченици” (детаљ од фреска во црквата Света Софија во Охрид) и “Меланхоличар” (лик од фреска во манастирот Нерези). Уште во поднасловите се гледа дека поетот се определува да го оживее деталот, а не целата фреска, зашто целата фреска претставува – поема, а деталот од фреската поетот го изедначува со -– песна. Во двата случаи е применета иста творечка постапка, што говори за селективната поетова постапка при определувањето – на кој од деталите да му се посвети поетската асоцијација, пред дилемата: може ли да се досегне остварениот пример или со јазикот на другата уметност да се направи поблизок и посвој!?
Во “Маченици” делумно има дескриптивна постапка, во уводните катрени што се римувани, има интерферирани примарни и секундарни значења на песната. Иако целиот свет од асоцијации всушност се однесува на светот на самата песна, очигледно е дека со еден дел песимистичката визија се прелива вон рамките на песната, инвентивно мотивирана од местото на дејството. Во тој контекст, но и во контекстот на другите песни (од кои би ја споменале успешната песна “Кајмакчалан”), вибрантни значења имаат стиховите: “смртта непокорно лечи”, “тој знае само сплет на живот беден”, “в солза бескрајно се бранува море”, “крвава чешма извира од рана”, “Некој за сите оплакува време”, за с# да се заврши во вистински горка резигнација: “што бараш повеќе од горката смеа?”
“Меланхоличар” е мотивски рефрен на претходната песна. Оваа песна е апологија на минливоста, а истовремено и полноправен поетски пандан на оние бројни песни на Котески што имаат социјална мотивика, со кои тој се залага за животен витализам. Затоа Котески создава поетски опус што не може лесно да се подведе под еднонасочени определби, зашто повнимателниот аналитичар во неговите песни, во делови од песни или одделни стихови, ќе пронајде илустрации за сосема спротивни тврдења. Целосно решение на оваа, навидум непомирлива особеност на поезијата на Котески, по наше мислење, лежи во сосема оправданиот дихотомен регистар на човечки чувствувања и желби, врз мал број примери (зашто не може да се рече дека светот на симболите, па и светот на литературното дело на Ј. Котески, е особено разгранет) да се илустрира полнотата и сеопфатноста на животот и животните манифестации кои често се помируваат, но понекогаш и се исклучуваат. На две – три места сосема попатно, во контекстот на основната тема, Котески ќе се позанимава со проблемот на естетичката категорија – убавината, но не толку за да може тоа да се издели како посебен поетски мотив и не на тој начин за да можат на теоретски план да се донесуваат теоретски експликации:
“Широка, со плачот внатре слезен,
ти се потпираш на земјата, убавино.”
(“Меланхоличар”)
или на друго место:
“убавината ја нема,
времето не постои.”
(“Калишта”)
односно:
“Отшуме на летото златната пола
со милост на фреска небото се гаси,
а убоста обла рој млазеви гласи
боја, крвта твоја, секавица гола.”
(“Вртолум”)
Тоа што е многу посилно и поцеловито изречено е: смислата на животот и смислата на смртта, смртта што се шета “низ зелените долини како девојка”. Како неразвиена тема, останува уште и односот на животот и смртта, мудро и поетски зрело стегнат во последниот стих на оваа необична песна:
Похотно, на работ сме, застануваме:
зошто небо, зошто земја, зошто умирање?
(“Меланхоличар”)
Не ни изгледа случајно што и двете песни се завршени со знак прашање, зашто е очигледно дека поетот започнатата тематика не ја смета завршена. Исто така не е случајно ни градуираната скептична визија на животот, до онаа дисовска каденца: дека нема смисла бесмисленоста да се вознемирува во својот тек! И во примарното и во секундарното значење на овие песни, очигледно е покажана автентичноста во поезијата на Ј. Котески, што за голем број од другите песни не би можело да се рече, така што Котески во читателското памтење останува само со мал број песни, или делови од песни, со оние во кои е искажан неговиот еруптивен талент.
2.
Освен поетолошките определувања, и поетовиот однос кон јазикот е двојбен. Во некои песни тој не се труди особено лексички и метафорички да ја разграни поетската слика, додека во други примери покажува исклучителна наклонетост кон збогатувањето на јазикот, кон јазични иновации, кон таков ритам на доживување на песната, на читателот да му застане здивот од нејзината музикалност и сликовитост, што неминовно го предизвикува да ја чита повторно, да ги проверува и предочува другите нејзини значења, освен музичките, кои во првата средба со песната, пленуваат целосно и го окупираат нашето внимание:
Така реков и дотеков сиот в пламен,
ме обзеде, ме превзеде, зорле, кутре;
дур в долојте од болојте ѕвони камен,
брана влече, а не рече: “аман, утре!”
Небесата гонат – ронат кревки солзи,
бели бразди в бескрај јаздат, тивка стреа
наоколу тажен април нежност молзи,
ја поткачив, ја накачив смртен неа!”
(“Вејкрпа”)
Поетската лапидарност ја предизвикува поетската експресија и пленува со непосредните, спонтаните музички фрази и со сликовитоста, со истоветното дејство на акустичните и визуелните претстави. Ист инетнзитет на сликата и ритамот Котески постигнува уште и во антологиската песна “Змија”, што ја цитираме во превод на Слободан Мицковиќ, а е земена од најновата антологија на македонската поезија “Четири поетски круга”, што ја состави Георги Старделов (издание на народната и универзитетска библиотека “Климент Охридски”, Скопје, 1974 година, на македонски и српскохрватски јазик):
“В песочен недотек се губам јас,
сон како бршлен нозеве ми ги вие,
се довлечка змија во кобен час
за капка зер низ светол сор да ми впие.
Ме шпара на гради со сврдел врел,
никајца – поле се шири в крвта млака;
се будам, а под сончев вруток бел
шарени цвеќа ми изникнале в рака.
Се’ така – Сонцето, змијата, јас
шараме сиви предели неми,
болката, зрно од надрочен клас
за други жетви се преточува в земи.”
Следна особеност на поезијата на Ј. Котески е препознатливата автобиографска проекција. Таа исто така е една од заедничките карактеристики на македонската поезија. Спонтаноста и непосреднаоста што се изразува во другите тематски кругови, еднакво е изразена во биографските евокации на непосредните, афективните впечатоци на раното или подоцнежното детство. Во песните од овој мотивски круг јасно се покажува врската меѓу индивидуалната и колективната – психологија, начинот на кој се соединуваат личната и општата проекција на историските и другите настани. Во смисла на транспозицијата на определени појави од животот на македонското село, Котески со ништо не се изделува од другите македонски поети. Во тој поглед неспоредливо над него е Р. Павловски. Меѓутоа, во историската проекција тој постигнува ретка впечатливост. Како да е маѓепсан од бројните војни и смрти, што се јавуваат како лајтмотив во македонската поезија, поетот од раното детство се сретнува со таа немила поука и речиси е немоќен спрема огромната загатка што се вика смрт.
Овој тематски круг е започнат со не многу инвентивната песна “Заборавени (на тие што заминаа со татко ми)”. Потоа само во двата почетни стиха, повторно е допрен во песната “Присовјани”, и на крај разработен, но не низ лична, туку низ социјална проекција, во песните: “Земја”, “Војници”, “Водоча” и “Смртта на војникот”, за да биде целосно развиен во антологиската песна “Кајмакчалан”:
Луѓе,
раскорнете ја коскарницата
нека се затрчаат черепите
низ стрмните падини
на Кајмакчалан.
Велат,
на каменот изгорела тревата,
мајката го исплакала синот,
времето ја заборавило мајката.
Можеби до черепот лежи
черепот на тој што убивал,
черепите се слични
со каменот.
Јас не знам кој со кого
и кој за кого во кој ден,
но ова чудо од коски
ме плаши!”
Наспроти надворешната разновидност на мотивите, во одделни песни на Ј. Котески, како да постои некоја внатрешна сродност, невидлива а присутна, зашто извира од ист извор. Таква сродност постои меѓу песните во кои преовладува социјална тематика (“Леб”, “Земја”, “Селани”, “Селска сиромаштија”, “Зад Јамјанни пусти”, “Печалбари”, “Во злодоба”, “Мртво село”, “Немаштија”, “Сува земја” и други) и овој вид песни. Поетот доаѓа во допир со нови сознанија, поетски ги вообличува, но ги проицира низ сопственото доживување, како интимна расположба, а не како општо искуство. Една од таквите песни е песната “Калишта”:
Дојдов во Калишта
кога манастирското ѕвоно
во совршен занес
сонуваше тишина;
дојдов кога каменот
& се допираше на вечноста,
кога убавината како езерска пена
ми ја матеше крвта.
гледав како со блага линија
водата и небото плете роза.
Ми остануваше само да го соберам својот плач
и да отпатувам од летото.”
или “Проштална”, создадена од истиот регистар на чувства:
“Ми ѕвонат празни пространства во свеста,
ко распнат лилјак пат се вдал,
росоплет извор шуми жал:
бакарно небо глоби в сури места.
Глоби на медот горчината нема,
на сонот ликот чезне пак,
детскиот поглед – повеј драг
(тајната на плачот име & зема).”
Тоа директно покажува дека интимистичката лирика на Котески претставува лирски круг во кого не е докрај искажана поетовата самосвојност, односно дека тоа е преокупација на која треба почесто да се навратува, во почист вид од оние интерферирани значења, кога интимистичката лирика во структурата на поезијата на Котески се јавува само како еден од слоевите, како едно од значењата. Натамошното надградување на поетиката на овој поет е можно доколку побитно се надминат општите места и општите постапки на македонската поезија, а во интимистичката лирика, без оглед дали е таа топонимски сврзана за определени места или не е, постои можност за создавање на нови и необични поетски светови. За тоа индиректно сведочи и последната збирка стихови на овој поет, во која тој се’ поголемо внимание и интерес им посветува на интимистичките записи, губејќи од спонтаноста и елементарноста, но истовремено и достигнувајќи извесен рафинман, творечки позрела поетска форма. Врз основа на песните од оваа збирка, односно најновите објавени песни, лесно може да се заклучи дека Котески не се искажал до крај, дека постои можност за натамошна поетска еволуција, и дека резултатите од таа еволуција треба како добредојдени да се исчекуваат.
Наспроти изборите од другите македонски поети, последниот избор од поезијата на Јован Котески не е целовит и повеќе ги покажува развојните фази на авторот, отколку што успева да ги претстави сите мотивски кругови за кои овде стана збор.
Можно е дека таа нецелосност резултира од методите на поетовата презентација, односно определбата на подготвувачот, без попрецизна систематизација да ги внесе најуспешните поетски остварувања, без оглед на целовитоста на претставувањето, а исто така е можно поезијата Котески по својата природа да не е пригодна да ги претстави сите негови уметнички валери. Оттаму разновидноста на мотивиката и методолошките постапки можат исто така двојбено да се толкуваат. Таканаречениот наивизам на неговата поетска слика во успешните песни има своја изразита изразна функција, зашто помогнува во создавањето на невообичаени претстави. Во тој поглед тој наивизам претставува една од основните карактеристики на поетовата оригиналност, спонтаност, односно природно изразување, без намерно барање на ефекти, на денес веќе надминатата постапка на литераризација, на “технологијата на поетското творештво”. Од друга страна, со наивистичката проекција поетот секогаш не успевал да досегне високи уметнички дострели, така што таа ја губи својата превасходна функција и ја покажува немоќта на поетот. Впрочем, заедно со растежот на македонската поезија беше очигледно дека таа наивистичка слика на светот во поезијата на Котески, има толку место во растежот на поезијата колку што има моќ за непрекината трансформација, зашто ниедна творечка постапка не може да се прифати како трајна и непроменлива естетичка категорија.
На крајот, неподелен е впечатокот, дека во ниеден од споменатите лирски кругови Котески докрај не се искажал, дека не создал циклуси песни што една идеја би ја заокружиле во самостоен симбол. Тој е поет на извесни расположби, а медалјоните поместени во овј избор не спаѓаат меѓу најдобрите поетски остварувања. Отсуството на поголеми и позаокружени поетски целини е видливо. Поетот создавајќи с# помалку песни, има с# построг критериум во создавањето на песните, па иднината на неговиот поетски развиток зависи и од интензитетот со кој & се посветува на поезијата, во низата други уметнички и животни преокупации. За аналитичарот и читателот што ужива во виртуозно остварените одделности, којшто посилно трага по нив и поседува способност од успешните поодделности да создава нов поетски мозаик, поезијата на Ј. Котески, без секакво сомнение, пружа можност за целосно уживање, откривање на убавини и создавање на поетски круг кон кого поетот цел живот се стреми, а одвај да стигне да исполни некој од неговите сегменти.
Радомир Ивановиќ