
Авторска белешка кон стиховите од збирката „Решетки“ (1996) од Јован Котески
Во нашата современа поезија затворската тема скоро и да ја нема, освен во одделни фрагменти. Мене ми се падна таа „чест“ да напишам таква поезија. Тоа што го создадов во Идризово, на робија, можеби е највредното што сум го создал досега. Се добива впечаток дека токму тука сум бил „на изворот на животот“! Оваа поезија, според искажаните судови за неа, дише и пулсирасо топлина, љубов, хуманост.
Стиховите објавени во оваа збирка се дел од поопсежно пеење, па се надевам на читателите ќе им откријам грст светлина за едно робување. За време што беше заталкано во еден бесперспективен систем! Поезијата е, ми се чини, легитимен документ за поетот кој ќе рече „Бидејќи сум ја сакал Татковината, ми ги замрзнаа коскиве“!
Скопје, декември 1995
Авторот