ЈОВАН КОТЕСКИ
ЗЕЛЕНИ ПОРТИ
Најпознати песни од оваа збирка
1. Слекувањето на Ена
2. Црно пиле
3. Зелени порти
4, Проштална
ЗМИЈА
В песочен недотек се губам јас,
сон како бршлен нозеве ми ги вие,
се довлечка змија во кобен час
за капка зер низ светол сор да ми впие.
Ме шпара на гради со сврдел врел,
никајца - поле се шири и крвта млака;
се будам, а под сончев вруток бел
шарени цвеќа ми изникнале в рака.
Пушта стрели а не штеди ни миг
до под слабините каде тлее пламен
на змијата глаголестиот лик
го бладам, а нов поход трга под камен!
Сè така! Сонцето, змијата, јас
шараме сиви предели неми,
болката, зрно од нарочен клас,
за други жетви се преточува в земи.
ПРИЗВУК
Ме позеде гласот на тажачки жални
во тебе, планино, болка кај се шмуга,
во кафез од кристал југајца кај југа,
во круг на осами од премрежја ладни.
Замлечува зрно во залче од оган,
залисан ме фопка солзата од срна,
блажен од белина, збит од гламна црна,
лапав си долапав со крик кобен, поган.
Затворени стојат тие порти вити
што се наконтиле пред ликот на бога,
капна сонот - капка, заблазнета кога
под сончева стреа се дозгрби и ти!
Блажен ги преорав зелените ниви
и бразди од години, молкот кај се шири,
спокојна и кревка, еве, ќе се смири
душава, ко карпа, во предели сиви.
ТАЈНА ВЕЧЕРА
Ја презреа и убавината клета
што висеше ко грозд. Срам нека ги следи!
Се катеа ко црни церови греди,
малтер на фреска, мемла сред црква света.
Се дуеја ковачки мевови мазни
во здивот, каде што железо се кали.
Немирот, во жилка што им рова, зали
во чаша од горчина свирепи казни.
Облачни, удрија в несносна бура
и се шуткаа сè во прокоба судна,
низ зол глас ткаеја завера чудна,
ко 'рѓа се ронеа во трошна згура.
Не ја изедоа обилноста ровка
на трпеза. Нивниот молк беше стрвен
кон душа, а не кон тело во грч крвен.
Во ситост крепнеа пред дете што офка!
ГОЗБА
На тамбурата гласот - конец златен
ко низ иглени уши протнат стои.
Подвижни брегови колкојте твои,
Мисла мрежи плете ко пајак фатен.
Се разврза драма со заплет таен,
лица со дамки страст што ги пали,
лица чиј пламен од крв ин нали
поројна убост предзачеток знаен.
Ти раце ѝ фати в урнебес кобен
дур цутја ѝ капеа в сочни прсти,
дур смрт од уста лакомо ѝ брсти
секнати воздишки пред зенит гробен.
Молкум се отна на гозбата збирот:
глава без очи, без торзо што стои,
се разлеа река од жолчни бои,
под круна виси черепот на Ирод!
ЖИТИЕ
Толпа луѓе тука беше збрана,
неволно се парчеа кутри тие!
Некој од очи гледаш љубов пие,
други потпрени крепат како брана.
"Што ќе биде, лебати", слушна зборче
поостро од сојка некој го писна:
"зар овде за нас и совеста скисна? " -
рече, го гризна за срце ко творче.
"Ќе има глад и јад и пресно клање,
во крвој јунци млади ќе се дават,
ќе останат и - победи да слават, "
влече па рече: "ќе има опрема спање! -
И каење и баење ќе најте,
ќе се врзат уште прокоби триста,
ќе се котат зла од тага што листа
туку од радост в гроб што ќе ме клајте".
СИЗИФ
И летна каменот од гроза носен
стрмно, ко сениште, дно што му нема,
а дојде зачната за да ни зема
весел и студен глас, од нежност косен . . .
Зелени пупки од воздишна гранка
откина, таа што мирис ни сети,
сред мртви стада, пресвета, ни вети
блажен дар во прегратки, блудна спанка!
Времето, круг на несоница кобна
рони цут! Ај со небесата секна
и душата и телото што клекна
под товар на плоча делкана, гробна.
Не ја туркаш ти, а таа те турка
во жед, опрема Сизифе, збери сила,
јас ќе ти позајмам сончеви крила
да стигнеме, брате, до една шурка!
КЛЕТНИК
Влечам кожа и коски, тешка грмада сиот,
ракава ми се суши, снагава ми се аби,
ко крупни капки роса се ронат бисер заби,
гледам: далечни, блиски, ме земаат за лиот.
На чело мрак се фаќа, мисла во немир делка,
ме води лажна трага за да ја најдам иста
под свод, кај болка листа ко од изданка чиста,
кај жубор пенлив низ бран, неспокојно ме стрелка.
Станав кафез од ребра со мрежа суви жили,
срцево, пиле судно, со цвркот сал се гласи,
ко вар за вода жедна устава ми се гаси
еве, пред чекор кобен, подземни татнат сили!
Само да дојде час потпрен на својата сенка
ќе будам цвет од пупка душава што ја крепи,
ќе пијам кревка убост од понорници слепи,
со грстој жар ќе црпам од една преѓа тенка . . .
СУДНИЦА
Морни, нозете го доведоа за сведок,
дојде по излокан пат да си ја плакне честа,
и човечноста што му се врти во свеста,
да се подоткрие налик на метал редок.
Го остави коњот в ливаѓе како клада,
во очите на атот уште беа свежи
тревите, тие сончеви кобили в мрежи
низ кои, заедно со сопственикот, блада . . .
И влезе во судницата. Таму го чека
закон по кој неверството правда го мери,
"олтар, пред кој човекот може душа на бери",
како што рече мудрецот пред многу века . . .
И би што би, пресудата падна ко стена,
човекот протона во светлост што го крие,
но дури тогаш започна да му се рие
в мисла црв: "Со каков истрел погодил жена?!"
ИКОНА
По убава златна светоа лика
лунѕав, облеан од растурен ѕвон,
низ шумје - друмјр, сал морно блика
весталка плавната в замаен сон.
Пред парта китатова в миг гледам
на крило времето ѝ свило знак;
лудо повојниче в занес бледам,
в пазува ѝ ставам босилок пак.
- Патот не е таков, таква си ти!
влажи вражи в гргор изворот клет,
ко гнездо од жолња збор и виси:
"Зар блазниш ѕунливо страствен и блед"?
Навали оган, жар в сино скутје
под гајтан веѓи што искреше, знам,
ме свлече фуртун од нежно цутје,
глобови шуркаат талог во плам!
НАСЕТУВАЊЕ НА ПРОЛЕТТА
Твојот лик се покажува тука како крај река
лузна пролетна: звук во круг, ти тука не си.
Тоа срцето од гуштерица што пека
сее живи бисери низ сито од леси.
Нека разграни стеблото во росна капка,
коренот и лисјето в плам од пора што е!
В потај тоне бескрајот во черепна длапка,
Сè што зрее немее под небото свое.
Врати го часот пак што ќе те најде
во светла шума сè со кобна алка
од глас на утка каде морно валка
вжарено тело ноќта штом ќе зајде.
Кажи го сонот за брзаци вода,
прикован кичер на трпеза чесна
кај бол на кантар и јарем во песна
ти лежи, тежи и тромо те глода.
ВО ЕДНА АПРИЛСКА НОЌ
Темјанките нека ѝ ги на земјата, телото лито
префрли ми го, ковачнице на жубор пенлив,
разголи со ко цвркот од ластовица, ко зрно жито,
отвори се ко пресен засек на јавор сенлив.
Не ни треба ѕидот нем со изабени икони чудни,
гласот што паѓаше ко дожд, ко боја на везот,
не ни треба! Телото ковај го ко бедник в маки судни
што коваше меч, низ искра што го најде влезот.
И пред мермерот, со црвен сјај што зрачи, во плам од очи
вивни варница, в сина пепел што ќе те срони,
подруги невини допири од свирка бескрајот точи,
понежен лебед од млаз врз темна шир ти сони . . .
Со подла жестина молњата страсти сее и се веди
во саќе од жар каде се шири убост тенка
на белина, а ноќта се ѕвезден гердан солзно се леди
в бездна, желница стопена во подвижна сенка!
ЌЕРКИТЕ МАЛЕСОРКИ
Цвеќата им висеа над глава - што љупки!
тие шепотеа со небеска скритост;
со пчелин зуј, на враќање, пат во витост,
тие што на усни ронеа нежни пупки . . .
Тие, најсветлите, што ги капеше благост,
проѕирна им душа и облека фина
проѕирна, ко птица в недоглед сина,
тие што нижеа бисер за друга радост . . .
Тие ја ширеа нежноста ко од гајди,
в набој дрочеа сок од врбови прачки,
глеј! насобрани, тие ѕвездени квачки
ја одразија смеата нас да не најди . . .
Па милозливи дадоа знак да се оди
по нив, како по жица на рудна слага;
в камен својата ја приковаа тага
тие, од сонце спалени над мирни води . . .
ГРУМКА
И дојде: облината ѝ се носи
ко срма сончева, на заод, в бело.
Ги растури појасмените коси
- русумен превез врз озарено чело.
И дојде: крена алем - калем пола,
глеј! лепо такеше нејната става
збитост ороводна, дланка в дланка гола,
грутка снеговита морници што дава.
И дојде: ломна од пенливи страсти,
мелица со две лица, руно в преѓа,
црвена од морун в крв што ѝ пласти
потполошки в полог, белогрива меѓа.
И дојде: зад себе остави скрито
жаловито пречисти души знајни;
ко облаци в модро над зрело жито
пловат кревки воздишки, грумкини тајни.
ГРЕШНИЦА
Нека чека, гром ја сопрел, плам ја греел,
не е стока за на ока да се праќа,
не е заем на стопанот да се враќа,
тук е бакар под бел калај што си зреел!
Со ветришта звукој топли таа шири:
не се дава ни за глава, ни за нога,
но ќе падне во вир зелен кога - тога,
ко патрмка в гола дланка ќе се смири.
Ќе се врати за да прати лути стрели
низ трепките од клепките жар да рони,
не е сребро на гол камен за да ѕвони,
тук е извор в сончев зенит што се бели.
Кога става тајни примки в снежни троски
ѕверој вијат да преријат шумна длапка,
не е рана од зандана, тук е капка
под свод млечен, крај шум речен, среде боски . . .
СЛЕКУВАЊЕТО НА ЕНА
Катец гола сè до пола и од пола,
очна белка жедно црнка што ја пие,
сребрен бран в нежна дланка низ млаз што лие
- два зрака ко сјајни лака в жолта смола . . .
Едниот е гулаб - сонце што го прати
низ урвишта чудно скудни, болно зрачни,
другиот е росен славеј в преѓи драчни
нежен столб што делка месец кај се злати.
Од подвижен мермер градба сè во блесок
сјае - зјае, шумно снопје, ломна снага,
белегија, брст од бои, лажна дага,
морничава скокотливост, жешка песок.
Сета ѕурки и шабурки стракој дели,
се допира, се опира, мазни, трепне,
како искра наковално кога клепне
во дамари гледаш грешни кај се сели.
КОГА ЌЕ ВИ СЕ НАСЕЛИ . . .
кога ќе ви се насели облак темен
во крвта, кога ќе почне да ви лази
златен бумбар по пупки, кога од кремен
ќе ви летне искра, а сениште гази
зад свеста, кога дланки - иверки бели
ќе ја растурат жарта ќто ќе ве слее
во калај, кога како отровни стрели
летнете, стројни, со страста што ви блее
во душите, се полни млаз ко стомни
до грленца, каде што превулка вода
со поинаков глас, а жедни и ломни
се подавате за една тивка згода
на блаженство, штом ревно в жили ви струи
здив на лавици, молскавици од небе,
жени, вие сте темен вртлог што буи,
пред вас го молам бога, се барам себе!
ПЕШТЕРА
Ветерот ги коваше лисјето, денот светол мина
над шумна вода што проѕирна оморина ја крие.
Преполни живот стеблата дишеа пареа сина
ослободени од росата што несетно ги пие.
Голема мрежа од пајак на залез сонцето таке,
во чиста солза од око зрелите класје се збрани,
дур денот - пепел се рони и в бездна Орион сјае,
ко мирис од гнило дрбо, о душо, бранот те кани.
Се множи здивот на песок, зрел плод на тага тешка,
лицето снежница ти е, со презир погледот сече,
под тенко крило на веѓа горка заврзува смешка,
јазикот камен е студен, зборот ко змија се влече.
Дал в крвта ѕверови лути ти парчат предели кревки,
штом стана рана, а сега , лелекот кој ќе го блажи
дур бранот врз бран се урна, во светли гаси се тревки,
за вкусот горчлив, о грешна, пресуда сама ти кажи!
ЉУБОМОРА
На тебе игра сè и ти веќе си зрела
За трошни дела! Мислата бубалка шета
низ пештерите на страста каде што цвета
дамарот на езерото во трска бела.
Не знам што ќе чинам преземам ризик траен
во црвеница да газам, крај да ми биде!
Од жили леси сплете, а несетно ми иде
звукот од прстен што дреме во метал сјаен.
Во ризницата каде што дното се мери
со локви сира крв, аманет сум ти, клај ме!
Ако раззеленам на птици стрвни дај ме
поморницата на орница за да ме збери . . .
Пламти летото како од чакали виеж,
под плодот зрел млечен пат на полжав се раѓа.
Спокојни игри ти биле штом в усртем паѓа
црвеница врз стапалото за гол гниеж.
СОНОТ НА ЕНА
"Дил, дил", гајдето офна и молкна сетне
стана празнина како да не сме тука;
глеј: ни лист да шумне, ни пиле да претне,
ни сребро се слева по гранки од бука.
Ќе да беше некаков панаѓур, може
собир на бегалци, подзинати, голи,
децата што стружеа прачки со ноже
веднаш побледеа пред мајчини поли.
Тие во тревите кутнати пред тоа
што збиваа во блажени си клопки,
вкочанети на времето, на гревот сопки.
И да не повтеше рака, жими бога,
да ми се качи нагоре како мрава
по бутините на разголена нога,
ќе станев ко нив со скаменета глава!
ЗЕЛЕНИ ПОРТИ
Што ќе биде по мене, а и кој
ќе те разголува ко рана,
од сонце ткаена и збрана
кој в дамар ќе си делка оков свој?
Кој ќе те лулка на имушен збор
покрај распаќаа од рими,
кој в крвта ќе ти пласти зими
крај зелени порти, во таен двор?
Кој в ноќта ќе ти молзи широк вик
преку горостасна ти снага,
ај, зари ко в смрзната влага,
кој ќе ја ожнее жетвата - крик?
Кој ќе ти скине пуполка прст
со сета благост што ја имаш,
со душа здивот што го примаш,
кој ќе ни разлиста прикован крст?
МЛЕЧЕН ПАТ
Да се сфати таа лиџба, што глеј!
не е од вир, а простум од длапка
се отвора во златен полилеј
тоа што е стрв пред тешка стапка!
Да се продре потаму од тој звук
што го нема, ко слеана жива
врз рамења на светлосниот круг,
кај мислата ко оска се свива.
Да се биде со сета тежест, глас
од тревата кај извира свирка,
да се лее трепет како за нас
низ сјајна пукнатина што ѕирка.
Да се има , о беда, в грозен час
не разум, а тег што ќе нè вага,
не славеј, а смет што ни крие спас
в бескрај, како во азил што влага.
ЗАД ГОРИ, ЗАД МОРИ . . .
Во закамен најдов остаток од море:
бран на виделина, линија што свена
среде модра брчка од афион в пена,
нешто воскреснато што ми сени горе.
Најдов лик на мајка што уште ме плаче,
свисна, недолисна, таа бујност в лозје,
најдов црни очи, од бегалка грозје,
детска смеа кога ми подава раче.
Најдов сон, ко витез, бо нејната желба,
снег, ко задник коњски на рид што се бели,
најдов пиле - утка в мисла што се сели
од око во око, од делба во стрелба!
Најдов златен порој но тој таму тежи
зад гори, зад мори, зад бели бигори,
најдов нежни дланки, извори од зори,
чиста солза каде бескрајот се мрежи . . .
СТАВИЦА
Како што пламна: во жолт се стопи ѕид
на кула од раце, рамења од жена.
Зрна - укит в залез на сончева пена,
збор што в ум се дои како вршник свит.
О, варница од искри на огнен трон
забазјува белина во нас што зари . . .
Ко дамнешни сенки, закопани, стари,
пак мртви се класјето за ветен сон.
Лето, мисла скрита на орезрела коб
во осилки дроби тенки светли мишки.
Разбои во застој, прекинати нишки,
од безочни магми - ситен ѕвезден зоб.
Роеви во блесок лее метал слаб,
цветен звук, о пчело, окојте ти биле!
Од 'рѓено саќе семки кај се скриле,
зелен бран ќе плисне на земниот раб.
СЕКАВИЦА
Булук облаци, невина светлост врз цут,
засновуваат сновалки опачнина на драма;
ко мртво око сред јама во туѓи раце кама
светка, божем сламка на замка в топол скут.
Се растураат мрежите, се мрешка смрт,
темен порој во зелен ластар се двои да плисне!
На обло колено те згоди страст, што страсно лисне
на север, во тебе, зад некој забест срт.
Чудесни платн, облека златна! Ал гром
треска во кружен блесок, ал јадра дојка му нуди
мирис на ветер од свежа лулка што се буди
под скршени огледала на сводот тром.
Затестува сè како од соништа збир
на пределите неземни, зарабени со стени;
зали влажни кристални алајки и млади жени
чиј сјај без крај им тоне во раскошен вир . . .
ПОКОСНИЦА
Алчно му висеше над глава со сека:
блескави бои, дипленица кова
и секогаш светла и секогаш нова
божем разлистена миризлива смрека.
Под неа клукаше неспокојна жилка
и крвта вриеше во кратер од коска,
во скриена лава развиваше боска,
од прашина трошна троскотеше билка.
Косеше стројно, нечујно и свето,
зелено и суво, распеано, глуво,
похотно, поспано, во школа на уво
си квачеше јајце за пиленце клето.
И така од века се пени и рика
ѕвонливо, над жилка немирно што клука,
доаѓа во свеста ко безвредна ука,
таа што е тука, сите нас нè вика!
ПРИКАЗНА
Кај да одам да го барам ликот весел
што имаше земна боја, засек пресен,
ко од глина в брчки него да го месел
гладот - вајар, од два брега, в предел тесен.
Отпатувал а в пазува бол си понел
ко за доказ, кара камен, да го има,
на ветрови отворени тој го ронел
коравиот живот темен, смрт во зима.
В сон се вратил по две дојки, два извора
на праг куќен лудо дете да му дојат,
чемерика - жолчно цвеќе од изгора,
дијанин в лична пролет ѕвезди бројат.
И отишол, кај отишол, господ знае,
светот тонел в зрно надеж, в мисла штура,
кај се допрел се изгорел без да сјае,
кај се препнал се пресретнал среде бура.
ЕЛЕГИЈА
Не е грев, Стојане, што секоја ноќ ми ријат,
реки во сонот, а не на платно, жими здравје,
не излегов во зелен дол кај што лазат мравје
и други стрвни тишки жедно крвој што пијат.
Дур ти по туѓини в несон растурен така акаш
збирајќи јад во преграб за да ме најдеш чедна,
в снага од тага - птица, подлетарка ми седна,
јас сум гердан од солзи, се кинам кај што сакаш!
Везден крај дрвен разбој се гласат туѓи стапки,
минат пред да ме скинат, да видиш, думи лоши;
чинам згрешив што решив без цел да ми се троши
убоста, сина китка, в пламен од росни капки?!
Не е грев, Стојане, што како зрно те чекам
под небо, како од сонце зрак, да ми се вратиш.
Врати се, човеку, или пак неврат да фатиш,
остави ме сред карпи горка жедост да пекам.
ЦРНО ПИЛЕ
Црно пиле кукавиче што ми пее,
што ми кука сказна горка, нечуена.
В мисла кука, солза пие отруена:
"Куку, куку!" - црни гласој в небо сее.
Црно пиле кукавиче крило вие,
пат го чека сè’ до века поморија . . .
Имам желба, еве земи, престори ја
во мумија на дно земја што ќе спие.
Црно пиле кукавиче, кука, кука,
преку лаки, преку триста виножита.
Има мајка тивка болка синовита
што остана лута змија да ја клука.
Црно пиле кукавиче, поштук фати,
ај оттука, сосе гласот, налетлија.
Кука пиле, глас се шири - проклетија:
"Со окови тешки, нови, кај ме врати?!"
БОГОСЛОВ
Ти веќе изедначен од крајот кон бескрајот се враќаш
и средиштето ти е од каде што тргнуваш за повтор
да си тука
се оддалечуваша назад истиот пат го фаќаш
како неповторлив бран од бездната што сака за да
клука
Што треба да се стори за да се сфати сивотијата од
прав и пепел
дали водата е јатка на смртта во семирот без смисол
и цена
кој дамар сега те обиколува штом во душа си лепел
ѕвездена маховина зад оградите на разумот што од
искони е в пена
Не ќе те исплаче ни штурината клета
ни зелен повој каменот ќе ти дари
како што дојде отиде со занесот што цвета
и со словото божје од памтивек што жари
Миленик на битието занесено кој ли те сведе
кон тоа што во глувотија веднат покосени стада
кој ли нанижаната утринска роса ти ја зеде
и бесцелно како во круг во бескрајот те страда?
ПРОШТАЛНА
Ми ѕвонат празни пространства во свеста,
ко распнат лилјак пат се вдал,
росоплет извор шуми жал:
бакарно небо глоби в сури места.
Глоби на медот горчината нема,
на сонот ликот чезне пак,
детскиот поглед - повеј драг
(тајната на плачот име и’ зема.)
Остани, тргај, шепни в глуво доба:
"ластари веќе бушав даб,
засечи в корен со сув заб . . . "
крај нас немо сенат два-три сури гроба.
Ми ѕвонат празни пространства во свеста,
ко распнат лилјак пат се вдал,
росоплет извор шуми жал:
"празни се, празни невините места".
За Јован Котески
1. Целосна блог-архива за животот и творештвото на македонскиот поет Јован Котески (1932-2001). Блогот ги содржи целокупните поетски збирки на Јован Котески од 1958 до 2000, како и неговата лична и творечка архива.
2.Материјалите од блогот се слободни за користење во лични, образовни и научни цели. Забранета е нивна употреба за комерцијални цели и без наведување на изворот и авторот.
3.Сите дериватни дела (правењето песни, раскази, романи, музика, сликарство, вајарство, документарци, филмови, стрипови, спотови, танц, фотографија, дизајн, мода, видео-игри, виртуелни светови... научни и стручни текстови, теорија и филозофија, публицистика... врз основа на песните од Котески) се дозволени, доколку не се користат за комерцијални цели и доколку се наведе изворот и авторот.
4.Авторот на дериватските дела мора целосно да го наведе текстот на оваа лиценца (на истиот начин како што се појавува овде).
5. Доколку некој автор спомнат на блогот смета дека се повредени неговите/нејзините авторски права, може да ја контактира Јасна Котеска на jasnak@gmail.comЗа поетот
Биографија
Фотографии од Струшките вечер на поезијата (1981, 1982), Јован Котески
Интервју со Котески (2000)
Семејни фотографии од Котески
Интервју со Јован Котески, Пулс, 1999 за збирката „Разор“
Таткото на поетот, Васил Котески (фотографја со неодреден датум)
Фотографија на Јован Котески (2000)
Фотографија од Јован Котески, рани 1990-ти
Фотографија од Јован Котески (2000)
Награди за поезија
Осврт за „Трагач“ (1995) од Јован Котески, победник на анонимниот конкурс за поема
Портрет на Котески по затворот
Котески во едицијата на „Народна книга“ од Белград (1974)
Два документа од 2001
Збирката „Dragoste si Moarte“ (1981) од Котески на романски јазик
Фотографија на Котески од 1966
Фотографија од Рацинови средби (1979)
Фотографија од Струшките вечери на поезијата (1964)
Никита Станеску и Јован Котески
Разгледница со песната Љубов и смрт
Фотографии од Струшките вечер на поезијата (1981, 1982), Јован Котески
Интервју со Котески (2000)
Семејни фотографии од Котески
Интервју со Јован Котески, Пулс, 1999 за збирката „Разор“
Таткото на поетот, Васил Котески (фотографја со неодреден датум)
Фотографија на Јован Котески (2000)
Фотографија од Јован Котески, рани 1990-ти
Фотографија од Јован Котески (2000)
Награди за поезија
Осврт за „Трагач“ (1995) од Јован Котески, победник на анонимниот конкурс за поема
Портрет на Котески по затворот
Котески во едицијата на „Народна книга“ од Белград (1974)
Два документа од 2001
Збирката „Dragoste si Moarte“ (1981) од Котески на романски јазик
Фотографија на Котески од 1966
Фотографија од Рацинови средби (1979)
Фотографија од Струшките вечери на поезијата (1964)
Никита Станеску и Јован Котески
Разгледница со песната Љубов и смрт
Линкови за Јован Котески
* 01. Јован Котески на Википедија (содржи и пет поетски збирки од Котески)
* Јован Котески на Open Library (каталогизација на сите збирки)
* 02. Јован Котески на Блесок (Poems in English)
* 03. Јован Котески на Амазон (сите книги се моментално недостапни) :)
* 04. Библиографија на англиски од сајтот на struga.org
* 05. Јован Котески на бугарската Википедија
* 06. Тротомниот избор од поезијата на Котески (Три, 2000)
* 6. Стихови на Котески во шведска антологија
* 7.Текстот „Интимист“ за полициското досие на Котески (на англиски)
* 8.Кратка белешка за Јован Котески во извештајот на Прајваси Интернешнл за 2007
* 9.Вест за смртта на Котески
* 10. Поетско читање по повод петгодишнината од смртта на Котески
11. Day of the Writers in Prison on Diversity: Jovan Koteski on Diversity, International PEN Collection
* Јован Котески на Open Library (каталогизација на сите збирки)
* 02. Јован Котески на Блесок (Poems in English)
* 03. Јован Котески на Амазон (сите книги се моментално недостапни) :)
* 04. Библиографија на англиски од сајтот на struga.org
* 05. Јован Котески на бугарската Википедија
* 06. Тротомниот избор од поезијата на Котески (Три, 2000)
* 6. Стихови на Котески во шведска антологија
* 7.Текстот „Интимист“ за полициското досие на Котески (на англиски)
* 8.Кратка белешка за Јован Котески во извештајот на Прајваси Интернешнл за 2007
* 9.Вест за смртта на Котески
* 10. Поетско читање по повод петгодишнината од смртта на Котески
11. Day of the Writers in Prison on Diversity: Jovan Koteski on Diversity, International PEN Collection
Multimedia
База на податоци за книгите на Котески
Базата ги содржи:
1. Насловот на збирката
2. Годината на издавање
3. Издавачот и серијата
4. Пагинација и димензии на книгата
5. ISBN (кадешто го има)
6. Насловна корица
I. Збирки песни
1. Насмевка пред зорите (1958)
2. Земја и страст (1958)
3. Злодоба (1963)
4. Тежина (1965)
5. Пеплосија (1966)
- Земја и страст, 2 изд. (1971)
6. Сенки (1972)
7. Зелени порти (1975)
8. Хераклеја (1978)
9. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991)
17. Ралица (1992)
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1996)
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
II. Избор од поезијата
1. Злодоба (1992) - избор
2. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - избор
3. Празник (1995) - избор
4. Решетки (1996) - избор од затворската лирика
5. Јован Котески (2000) - тротомен избор
6. Сончева белегија (2008) - избор
III. Препеви
1. Pesme/Песни (1974) - српски
2. Dragoste si moarte (1981) - романски
3. Strah i duša (1984) - српски
4. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - англиски, француски, руски.
IV. Песни за деца
1. Глувчето со двоглед (1991)
V. Книги за Котески
1. Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
1. Насловот на збирката
2. Годината на издавање
3. Издавачот и серијата
4. Пагинација и димензии на книгата
5. ISBN (кадешто го има)
6. Насловна корица
I. Збирки песни
1. Насмевка пред зорите (1958)
2. Земја и страст (1958)
3. Злодоба (1963)
4. Тежина (1965)
5. Пеплосија (1966)
- Земја и страст, 2 изд. (1971)
6. Сенки (1972)
7. Зелени порти (1975)
8. Хераклеја (1978)
9. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991)
17. Ралица (1992)
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1996)
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
II. Избор од поезијата
1. Злодоба (1992) - избор
2. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - избор
3. Празник (1995) - избор
4. Решетки (1996) - избор од затворската лирика
5. Јован Котески (2000) - тротомен избор
6. Сончева белегија (2008) - избор
III. Препеви
1. Pesme/Песни (1974) - српски
2. Dragoste si moarte (1981) - романски
3. Strah i duša (1984) - српски
4. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - англиски, француски, руски.
IV. Песни за деца
1. Глувчето со двоглед (1991)
V. Книги за Котески
1. Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
Избрани песни
Јован Котески
АЛКИ (1984)
(старзаманско оро, по војната)
Писнува свирката на катун Еѓупци,
збива планината в подмолен татон.
Едно старче ја крева раката,
ногата ја подава како да влегува в гроб,
го фаќа ритамот на расплаканото пиле
и опа! - го почнува орото. Еден по друг
како алка со алка се врзува синџирот,
се издолжува од премалени тела.
На крајот од овој божји сплет
едно извалкано детиште со лице пердувче
го крева рачето во знак на лага
и со камшикот сплетен од живи тела
почнува да го камшикува господа
скриен во свирката што плаче.
Jован Котески
Трагач (1995)
поема
- извадок-
Пред да избереш девојка за жена
најпрвин избери огледало
на кое ќе се огледува муце од видра!
Според бојата на земјата по која се втиснуваат
твоите траги
одреди ѝ го тварот, не заборавај го зборот!
Храни ја извесно време со суво грозје
како што се хранат канаринките.
Пред да зачекориш во подвигот погледни ѝ ги забите
(бели?)
кажи ѝ неколку простени молитви гласно и јасно!
Наостри ја сабјата како секавица
низ Димна гора за да ти се гледа . . .
Потковај го коњот наопаку со клинци
- жолти дукати.
Не пропуштај го галавниот адут - виното.
Пред да избереш девојка за жена
појди на чешма и со часови гледај го млазот вода . . .
Колку и да ти се открива како светица
таа ќе ти ја одземе силата, човеку, не Господ.
Не срди се што не ти ја дополнила чашата
течен ќилибар, таа ја знае суровата мера.
И не бегај од неа како овчар од магла,
не оставај ја усвитена фурна,
таа ќе го пече тоа што ќе го рече
па макар ти да се здробиш на парчиња во Солунско!
Не број го времето со часови, денови, години,
симни го јарчето на сржбата од вратот
и врати се кај што се врти вретеното . . .
Инаку таа знае да биде и црвена мравка,
ќе ти ги растури името и куќата.
Ќе те остави гол како пиштол
а своите рудни богатства на имањето
ќе му ги отстапи на Беле Костурчето
што ќе ѝ ги прекопува со жешка казма!
АЛКИ (1984)
(старзаманско оро, по војната)
Писнува свирката на катун Еѓупци,
збива планината в подмолен татон.
Едно старче ја крева раката,
ногата ја подава како да влегува в гроб,
го фаќа ритамот на расплаканото пиле
и опа! - го почнува орото. Еден по друг
како алка со алка се врзува синџирот,
се издолжува од премалени тела.
На крајот од овој божји сплет
едно извалкано детиште со лице пердувче
го крева рачето во знак на лага
и со камшикот сплетен од живи тела
почнува да го камшикува господа
скриен во свирката што плаче.
Jован Котески
Трагач (1995)
поема
- извадок-
Пред да избереш девојка за жена
најпрвин избери огледало
на кое ќе се огледува муце од видра!
Според бојата на земјата по која се втиснуваат
твоите траги
одреди ѝ го тварот, не заборавај го зборот!
Храни ја извесно време со суво грозје
како што се хранат канаринките.
Пред да зачекориш во подвигот погледни ѝ ги забите
(бели?)
кажи ѝ неколку простени молитви гласно и јасно!
Наостри ја сабјата како секавица
низ Димна гора за да ти се гледа . . .
Потковај го коњот наопаку со клинци
- жолти дукати.
Не пропуштај го галавниот адут - виното.
Пред да избереш девојка за жена
појди на чешма и со часови гледај го млазот вода . . .
Колку и да ти се открива како светица
таа ќе ти ја одземе силата, човеку, не Господ.
Не срди се што не ти ја дополнила чашата
течен ќилибар, таа ја знае суровата мера.
И не бегај од неа како овчар од магла,
не оставај ја усвитена фурна,
таа ќе го пече тоа што ќе го рече
па макар ти да се здробиш на парчиња во Солунско!
Не број го времето со часови, денови, години,
симни го јарчето на сржбата од вратот
и врати се кај што се врти вретеното . . .
Инаку таа знае да биде и црвена мравка,
ќе ти ги растури името и куќата.
Ќе те остави гол како пиштол
а своите рудни богатства на имањето
ќе му ги отстапи на Беле Костурчето
што ќе ѝ ги прекопува со жешка казма!
Сите збирки поезија на Јован Котески (од 1958 до 2000)- избрани песни!
Кликнете на овие линкови за да ги читате песните!
01. Насмевка пред зорите (1958)
02. Земја и страст (1958)
03. Злодоба (1963)
04. Тежина (1965)
06. Сенки (1972)
07. Зелени порти (1975)
08. Хераклеја (1978)
09. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991) песни од затворот
17. Ралица (1992) песни од затворот
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1995) поема
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
01. Насмевка пред зорите (1958)
02. Земја и страст (1958)
03. Злодоба (1963)
04. Тежина (1965)
06. Сенки (1972)
07. Зелени порти (1975)
08. Хераклеја (1978)
09. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991) песни од затворот
17. Ралица (1992) песни од затворот
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1995) поема
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
Koteski's Poetry in Other Languages
Ana (1958) in Romanian
Persephone (1985) in English
Chest (1984) in English
Kaimakchalan (1963) in English
Death Of the Warrior (1963) in English
Statue 1 (1978) in English
Cockroaches (1991) in English
Rheumatism (1990) in English
Penelope (1990) in English
Love and Death - English
Solitary Confinement (1992) - English
Morning Star (1992) - English
Persephone (1985) in English
Chest (1984) in English
Kaimakchalan (1963) in English
Death Of the Warrior (1963) in English
Statue 1 (1978) in English
Cockroaches (1991) in English
Rheumatism (1990) in English
Penelope (1990) in English
Love and Death - English
Solitary Confinement (1992) - English
Morning Star (1992) - English
Критики за поезијата на Јован Котески!
Книги:
Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
Текстови:
01. Паско Кузман (1991)
02.Миодраг Друговац (1963)
03. Миодраг Друговац (1964)
04. Сашо Гигов Гиш (1993)
05. Бранко Цветскоски (1990)
06. Паско Кузман (1991)
07. Петко Дабески (1994)
08. Веле Смилевски (1981)
09. Влада Урошевиќ (1963)
10. Глигор Стојковски (1993)
11. Благој Иванов (1999)
12. Бранkо Цветкоски (1998)
13. Георги Сталев (1995)
14. Оливера Ќорвезироскa (1995)
15. Греам Рид (1966)
16. Душко Наневски (1975)
17. Радомир Ивановиќ (1975)
18. Слободан Мицковиќ (1978)
19. Атанас Вангелов (1978)
20. Данило Коцевски (1978)
21. Науме Радически (1990)
22. Илија Карајанов (1991)
23. Петар Петрески (2000)
24. Блаже Конески (1972)
25. Алекс Букарски (2008)
Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
Текстови:
01. Паско Кузман (1991)
02.Миодраг Друговац (1963)
03. Миодраг Друговац (1964)
04. Сашо Гигов Гиш (1993)
05. Бранко Цветскоски (1990)
06. Паско Кузман (1991)
07. Петко Дабески (1994)
08. Веле Смилевски (1981)
09. Влада Урошевиќ (1963)
10. Глигор Стојковски (1993)
11. Благој Иванов (1999)
12. Бранkо Цветкоски (1998)
13. Георги Сталев (1995)
14. Оливера Ќорвезироскa (1995)
15. Греам Рид (1966)
16. Душко Наневски (1975)
17. Радомир Ивановиќ (1975)
18. Слободан Мицковиќ (1978)
19. Атанас Вангелов (1978)
20. Данило Коцевски (1978)
21. Науме Радически (1990)
22. Илија Карајанов (1991)
23. Петар Петрески (2000)
24. Блаже Конески (1972)
25. Алекс Букарски (2008)
Песни
Ана (1958)
Реома (1990)
Тавтабити (1991)
Татко (1990)
Во злодоба, ракопис (1963)
Зрзе, ракопис (1984)
Во злодоба, ракопис (1963), отпечатена во изборот песни од ракописната збирка „Празник“ (1995)
Змија, ракопис (1995)
Селска сиромаштија, ракопис (1963), отпечатен во ракописната збирка „Празник“ (1995)
Алки (1984)
Персефона (1985)
Дијалог (1985)
Римска божица (1985)
Аптекарка (1985)
* * * (1990)
Прашања (1990)
Рак (1990)
Предупредување (1990)
Туѓинец (1990)
Совпаѓање (1990)
Совпаѓање (1990)
Размисла (1990)
Задоцнет славеј (1990)
Бројки за споредба (1990)
Медалјон (1990)
Римувана песна (1990)
Копче (1990)
Запис (1990)
Зандана (1990)
Аполон (1990)
Пенелопа (1990)
Спокој (1990)
Цел ден (1990)
Са-ноќ (1990)
Споредба (1990)
Оси (1990)
Трагач (1995), извадок од поема
Поети (1991)
Ласица во сонот (1991)
Душа (1991)
Автограм (1991)
Предупредување (1991)
Прашања за размисла (1991)
Цртежите на Сутин (1990)
АТО плус АТОТО (1991)
Стихови за бел Дунав (1994)
Реома (1990)
Тавтабити (1991)
Татко (1990)
Во злодоба, ракопис (1963)
Зрзе, ракопис (1984)
Во злодоба, ракопис (1963), отпечатена во изборот песни од ракописната збирка „Празник“ (1995)
Змија, ракопис (1995)
Селска сиромаштија, ракопис (1963), отпечатен во ракописната збирка „Празник“ (1995)
Алки (1984)
Персефона (1985)
Дијалог (1985)
Римска божица (1985)
Аптекарка (1985)
* * * (1990)
Прашања (1990)
Рак (1990)
Предупредување (1990)
Туѓинец (1990)
Совпаѓање (1990)
Совпаѓање (1990)
Размисла (1990)
Задоцнет славеј (1990)
Бројки за споредба (1990)
Медалјон (1990)
Римувана песна (1990)
Копче (1990)
Запис (1990)
Зандана (1990)
Аполон (1990)
Пенелопа (1990)
Спокој (1990)
Цел ден (1990)
Са-ноќ (1990)
Споредба (1990)
Оси (1990)
Трагач (1995), извадок од поема
Поети (1991)
Ласица во сонот (1991)
Душа (1991)
Автограм (1991)
Предупредување (1991)
Прашања за размисла (1991)
Цртежите на Сутин (1990)
АТО плус АТОТО (1991)
Стихови за бел Дунав (1994)