ЈОВАН КОТЕСКИ
ПОМОРИЈА
СТИХОВИ ЗА МОРЕТО
Од тебе почнува тебе ти се враќа
Згреши Оче
што ја мереше длабочината
на тоа место, во тој час
кога преплави синевината -
онаа птица на чии крилја
веќе се одмораа нашите телеса;
на пластови, мртва и жива,
камен сврдлуван од вода
и разлеани течни мермери
а не се тоа, при повлекување,
туку само малку сол
и пак кренати наезди
среде кругови од пена.
Со еден замав
тоа и’ се измолкнува на ноќта
овде, сето во мене,
полно, цело морето зрачи,
зрело на брегот
го црпи зеница за жетва, си придоаѓа
од некој растурен бран
за да си земе дел од себе.
Среде растурени роеви
окото допира грозд соѕвездија
ноќе, зад заливот што тоне
под варовната статуа на планината
резбарена со топли елмази . . .
Мраз на месечина,
мазно топење на течни струи,
букет темни тонови
фатени во цело,
тоа име, тој живопис нем
се рони во длабок мирис
над се’, ние во нив
делови од збор
во едно што го нема,
во друго око се поседува . . .
Низ безброј божји лачи
се топи јаглен -
Око на зажарен гласник.
Водата се разлева на слогови,
вокалите кристално ѕвонат.
Само уште малку
витлите еднолични и бучни
ќе го скротат пламенот
што и’ се подава на водата
со душа на смарагдна боја.
Топка се топи
среде улиште од бакар,
мисла се облекува
во пчела,
ги рои секундите
во хаос што се лизга,
бескрај во мојот крај.
Под лулецот на огледалото
азно од кое се враќа
јалова мисла куршум
што не ја погодува целта,
сребрена морска мрша
ја треби каклицата
во ѕвезденото стрниште
и’ виси со златна обетка.
Твојот скапоцен камен
нуркање сино во сино,
светло разлевање
на златна плоча,
затворање круг
во зрно празнина!
Сега врз себе
најди ја целината
во кубе, во прстен,
во капка роса на прст.
Тоа што те мами кон отворено
не е прв истрел на страста
туку дел небесен, косина
се повлекува од вода
и слично на крило созрева
среде ковачница разиграни бои.
Темна линија е, сече круг,
слободно кралство на јата души
што брусат кристал со перка,
полен на искра секната в облак,
светлосна наезда на тешко знаме
кренато за двобој со брегови . . .
Се збира вител во зарод,
твојот миг на длабочина
тоне, а сето предание
е само здивот што се има.
Не се неиздашни водите,
зборот го зрее жар,
се растура в соне
затоа свети, не грее.
Морето од копното
ја црпи последната капка,
- пламенот цветен вкус
ја размешува крвта,
смола на Солза Девица
растопена во црно,
кртица го крева небото
и рие в мисла без смисла . . .
Постои долу гладна нит, тоа е
јасен слух во матен слог,
глас што го усти водна стија,
вистински отнат збор, помор.
Оти му мрзне душата болскоти
Круната Орион во ноќ чиста
над кормиларот кој го гледа
крајот на морето, засит стрвно.
Оваа сребрена вода се разлева
во капка светлина, една е, овде,
во стракот зрел на зрно пука
јадрост, лее блесок свежина
во крвта; овде е, во неа, топлина
од извор - дланка кристално чиста -
зенит в око, бездна, круг врз круг
го нема потаму од тоа што е
налик на јаглен и се жари, Сонце;
еве ме, издлабен од сон што го преде
море низ маслинови гранки, в бег,
каде посега кумулус по друго тело
зад тесно грло во ноќта расцветана
од јаркост ѕвездена, кичери в растут . . .
Без свест, дури слеп,
и слеп и слеп и слеп -
среде бликнати задоволства
во средиште се рамни семир,
еве го пленот за кој си тука:
риба лира
фатена в мрежа од растурен бран.
Влечи ја, влечи ја а брегови нема,
во ист круг се топат времето и музата
и светка изглоден скелет.
Песочен замок -
плод кон длабоко
на детска мисла.
Постави го сам
својот живот -
доброволна жртва за цел,
слично на хор жени
возбудена душо
тргај! Освен кон зло,
морето спокојно рамни.
В миг се оттишува
иста боја, иста мисла, иста
крв шикнува од чеповите
што исполнија се’, до дно;
овде и нигде и насекаде
каде што е твојот син гроб,
море. Слично на Кумова Слама
се подава во овааа слепа
ноќ, над мојот и твојот сон
Оче, над мојот и твојот сон
урвиште чудесно скудно . . .
ГЛАГОЛЕЊЕ 1
Кирилу
Удвојте ги, утројте ги мислите
нека потечат жива вода,
гласно божество.
Меѓу празник и празен амбар
пространства јоти
испишани на хартија
на платно, на небо,
испишани лузни по свирките,
по кантрите што ќе не мерат на грам . . .
ОД ЅИДОТ
Ти копам седело да ти откопам
раце впрегнати, изложени на припек.
Те обиколувам зашто телото ти е
лишено од божествен здив. Ти светла душо,
од кај лицето те барам. Епопејата ти е зла.
ГЕМИИ
Гемиите, змијска кожа влечат
кон морето: блика сончевина,
коприна точи даб, недопрено
цутјето се рони среде родот . . .
Трошна гемија Вардар злати,
Ножот разголен да им го врати
в пазува на робја - синџир нем.
РЕФРЕН
Земјата ги оптега трите лути рани
(три тела на грлици во око спијат)
три капки крвои во камени жили
бијат од дамарите до заспано море
Вез на бело платно: афион и тутун
по туѓите трпези капат детски очи
весталка омразата во кратер ја зрее
Мермери пастрмки засенети триа
ги дозакотвуваат корабите златни
(три лета на грлици во око спијат)
ПРЕДАНИЈА
1. НОЖ
Во круг од пена
некој љуби, друг глава сече,
пи милет на магаре јава.
Наспроти нас мртов воин
во изделкан сарај лежи.
Од ѕидот светка нож
што покажува кај да се бега.
2. ЗАКАМЕН
Во Закамен има синџирче
на плоча, можеби скриен знак
на некој што газел овде,
па се празнат сега патеките
за него, а очите наши
со несфатливо чудење бдеат:
Имало пред нас непознати
за кои решението ќе дојде,
со нашиот прилог кон едно!
КАМШИК
Ти си сведок за грчот
и за плачот За оптегнатите
мошти на крстот За лудиот
што те најде без да те бара
Ти си огледало на жедоста
од куси и остри крикови
змија што се влече в небо
ПОМОРИЈА
Душата им ја остави
на еринии меѓу опсегнат лак
и недослетана стрела.
На исцулени 'ртки
со вжарени божури крвои
им го предаде телото.
Од немо ѕвездено цутје
дотече вода таинствена
бездушна земја да ја пие.
ПСИ
Ангели, пси, среде мозаици
од трла и ѕвезди - лаат
Јазици - црвени мајдани,
гласови - шумови речни
Крај жена бремена уво чули
глинен пес еленче што гони
Кралицата на дождовите
ги отвора зелените порти,
хорот го лулее кајчето
во некое изминато време
Ангели, пси, крилати чувари
АВГУСТ
1. КАРПА
Колку што е, како што е,
осамена и нема, студена и вечна,
дојдена до своето корито
од каде птицата и’ ги одмерува
круговите со бавно летање.
Во ничија доба
таа припаѓа на грозд соѕвездија.
2. ГРОЗД
Можеби три буриња вино,
можеби четири чаши
или пет убода со нож . . .
Гроздот на чекут дрочи.
Тој што лежи под лозата
има пресна магма во крвта.
ВАЛАНДОВО
Таа питомина во круг
ги потснижува планините
што се жуборливи и модри,
израмнети со погледот.
Звукот доаѓа од далечина
спирално во бела лента
и наеднаш пука калинка
издашно крвје од смеа!
Во едно миризливо сокаче
безпомошна,топла и сама,
се придружува неодложна желба
за да помилува нешто убаво.
ФРЕСКА
Влегува девојче под црковен свод
на мајстори огледани на фреска:
портрет на титани фатени в хаос,
вознесенија за спас на душите . . .
Среде тишината девојчето си игра
со три ангели од ѕидовите, морни,
слетани крај фонтана. Воздухот е
проѕирно син како нејзините очи.
Кога би воскреснал фрескосликарот
плетенчето, тоа би и’ го расплел.
ПЧЕЛА
Неуморна од трепети
ископа темна гама
излеа жолта ѕвезда
голгола руда мермер
На зајсонце истури
снижен глас од лира
ѕујка со искра в око
среде згасната жар
Зад цутена матерка
си облекува секунди
во ѕвона од кристал
нема потреба од стих
АКТ
Ти пука меурот, подводниот змеј
ја разбранува темната симфонија
како Бетовен, со мрачни тонови,
но сепак белото е бело и избива.
Глеј ги клобурците ги сени риба;
нурни долу каде што сонцето
има маска: лице свртено в лак!
Ништо не ни’ кажува огледалото,
а треба да се засенчи оној акт
што ти се мрешка дури во сонот.
Ја сфатив сината рана над окото,
жолто петно што те одвлекува
во рајот, меѓу свежи извори . . .
Немаат многу крв градите, но што?
- Зарем немаш во замена кислород?
РАДИКА
Гласот и’ се истура
во кристали,
низ шумата
како низ мрачни одаи.
Од вар и песок демне
добрината,
а и’ е досудено
да има кожа што се ежи.
ВАДА
(бајка)
на Јасне
Дотече вода
колку за една вада
Можеби ќе ги поврати
бубалките градините ленот
Здивна водата и стори се’
што му припаѓа на плодот
Кога ноќта се исполни
сјај, се позлати гумното
со ѕвездени зрна од родот
ЖЕТВА
Кон зеленото руво на пролетта
смртни сме, еве, две бубалки
што имаат простор и дар меѓу
тревки, никој не ги вознемирува!
Но тоа не е пресуда за нас.
Ние сме слободни и се враќаме
во богата жетва, среде обилност
од сонце, а насекаде пука зрно
во жолто море плод; несакајќи’
гледаме воинствени жители
што имаат право за простор.
За прелетување долго ќе мине
да се сфати тоа што се случува
зад канџата на прстот, каде што,
кој нема ништо има се’,
за да се растури дури во бело . . .
УТКА
1.
Завтасан во прескок на поток
шумовите зазбивтано се ројат,
а планината со бисгите
е како кај Хомера кога пее
за широкочелни крави
по асфоделни полиња . . .
Кубе од гласови, Ореол
резбарен од утка ноќе
среде рељеф од златна ковина.
2.
Пчели копјеноски в логор
снежен мед
од ѕвезда на ѕвезда леат
На падина од Кораб
се плетка сон во љубовна игра
на три цвета
Татковиката долго стражари
Утка на бакарен гонг
ги кова гласовите
Во нејзините дулбии
далечни кралства зреат
и светот се вага
на бденија и сновиденија
ПОВЕСТ
Во кандило од камен
минатото потемнило
Кадилницата сончева
кади низ шумје
Чума во Ума стори лаз
се множат пресни грмаѓе
крај козји патје
Колку за в црква има
од фурна распукан леб
другото е горка пришега
Тргни на ордија со колибари
пониско од поземечки нема
Ако се круниса успението
твоето здолниште ќе виси
на бел зелен габер
Сениште царево
бачилиште на омрази и на зла
Во есенски вечери
од зулум и од крв
само еден остана да каже
ПЕСНА
Мачна самотија дојде дома,
седна на тланикот,
ја постави пирустијата,
го запали огинот и рече:
"Нека летаат искри како ангели,
нека се открие моето богатство
што е повисоко
од летот на Крстатен орел."
ГЛАГОЛЕЊЕ 2
Јагленот јаглено темнува
пајакова твар, месечева мена
Разголи го звукот на буквата
з, во с'ска жестокост,
врати му го на поскокот скокот
Од топка сонце стопена жар,
дај им ги течните балсами
- афионови јоти
Нека легне воин в мрежа од сон
да го дои благословена земја
со млеко, со темјан, со тенка струна
бол
СЕНИЦА
Тревата зрее
Се враќаат потоци пој
Филиграни црни знаменца
Развева ноќта ваму таму
Се тести да стане жив
Пилат лавата
Меѓу клун и свод да тече!
ПОМПЕЈА
1.
Затворено в темни келии
семето плови по море -
го клука птица кобница
врз бела коска прав.
2.
Ми остана црнката в око
Другото срце врза рожба
Третото грло отвора сад
- Зошто сум тука?
Згустена сенка грчи коњ
Прескока песочна ортома
Залезот таму гаси вар
- Зошто сум тука?
АКРОБАТИ
1.
Се запреа млазевите на телата
во движењењ, но скокот успеа, глеј,
во тежок напор мислата цути!
Положбата ги издава, но што,
- зарем оптегнатоста не кажува ништо?
2.
Вистинските движења им истекоа
в очи, собраа бело цвеќе, бела возбуда,
пред тоа везник напеви будни!
Треба да не разделат со темен рез,
а пијана игра в памет ви штука.
МИЗЕНА
(пристан)
Минува ѕвезден брод,
квачка вечерница пивка.
Од сттрав пред смртта
душата на поетот трагичар
сребрено мете расеан стих
по театрите. Ако е Мизена,
тука е. Оган врне во скок,
ждрига магма и полни чаши
спроти солариј. Врти агол
во круг, макар обол шлем,
макар само штурчево пеење.
Ден по ден морето се голта.
Ако е Мизена, тука е.
Собери и’ огнени сабји.
ГРАЦИИ
(скаменети тела)
Таа в миг што се грчи има пожесток
Везув во градите. Бело и’ е телото.
косата - замав на препелица в лет.
Таа што назад се враќа, прави скок
како да го лизга жешкото во белото!
Во ист сјај се лее со каменен цвет.
Но таа што им се вселила и на двете
в бела боја, ја крши својата става,
порцелан бел, со својата лента, ете!
ЛАВА
Стихови натопени
со цут во ронење -
тела налик на живо сребро,
извор оживува жед;
наѕрена во празни очи
страста ја лае пес
- раскошна вода без шум
крвта засирено плиска
задоцнет приказ на драма,
'рти, лисне, врзува семе болот
структура истурена в млазеви,
натопени со атом свежина.
ДЕЛФИНОТ ВО ПОМПЕЈА
(лирска песна за песна)
Луѓе скаменети, неми
на залез кругот го сечат,
а таму Помпеја мрачна
здолжени сенки ја влечат.
Мислата бесцелно лута
крај морето што стенка,
оган и земја се в едно -
дамнешна бледа сенка.
Овчар со јарец на плеќи
ѕирка од облаци црни
и бара мозаик в камен
кај морни спомени врнат.
Душите над вода им се,
телата в пепел врела -
не скока делфин в море,
лавата е спокојно бела.
Сакаа да се зделнат
во мистерија, а ика
морето, двојанка од пајак
се распаѓа пред два - три крика . . .
Сакаа да го скријат
со лист - божурика жешка
Везув, кој како молзница млада
врз боска лежи тешка . . .
Сакаа огледало светло
изговорот да им е горе
каде што потајно шуми
скриено стебло в море . . .
Сакаа да тргнат кон себе
исполегнати, неми,
затворени во кафез,
на дно со грчот, в земи . . .
Водопад скаменет никне,
кокиче - месо од жена
в утроба што ќе лисне
во бран од пламена пена.
Останаа на стража
горопади, не какосенки,
воини на штрек со копја,
крикови детски тенки.
Лежат на крилја од гулаб
со збор на усните стамен,
како низ пресушен извор -
потешко шепнат од камен.
Лунѕаат в часови глуви
ко приќе оптегнати, сами,
кој ли нив ги вика,
со што ли денот ги мами?
Така се влечат в преграб
сенките што се јазат,
се покажува што се
тие што в жили ни лазат.
Грч со затворена пора
сега во крвта квачи,
допадливо се множат,
подруго сонце ги зрачи.
Човек и авет в едно,
троска и боска се реди,
ни грижа, ни совест им тежи,
смрзнато денот ги следи!
Од забот време се дели,
кучешки виеж се рони,
коњите од бело в бело
љубовен виор ги гони.
Благословена жена,
вознемирена драма,
на прагот од блудна куќа
нежноста остри кама.
В пресрет Помпеја расте
јаглен чувар ја крили
камени стебла и’ шумат
со мрачни соништа в жили.
Статуи в круг се вртат
со подотворени усти,
извира нога од жена,
коси скаменети, густи.
Ни митот мит веќе не е,
жената што има боска
еленче дои ко дете
зад жив оган во троска . . .
Делфин кон морето гледа,
гулабот скаменет лета,
Помпеја жива и мртва
во твојата мисла цвета.
За Јован Котески
1. Целосна блог-архива за животот и творештвото на македонскиот поет Јован Котески (1932-2001). Блогот ги содржи целокупните поетски збирки на Јован Котески од 1958 до 2000, како и неговата лична и творечка архива.
2.Материјалите од блогот се слободни за користење во лични, образовни и научни цели. Забранета е нивна употреба за комерцијални цели и без наведување на изворот и авторот.
3.Сите дериватни дела (правењето песни, раскази, романи, музика, сликарство, вајарство, документарци, филмови, стрипови, спотови, танц, фотографија, дизајн, мода, видео-игри, виртуелни светови... научни и стручни текстови, теорија и филозофија, публицистика... врз основа на песните од Котески) се дозволени, доколку не се користат за комерцијални цели и доколку се наведе изворот и авторот.
4.Авторот на дериватските дела мора целосно да го наведе текстот на оваа лиценца (на истиот начин како што се појавува овде).
5. Доколку некој автор спомнат на блогот смета дека се повредени неговите/нејзините авторски права, може да ја контактира Јасна Котеска на jasnak@gmail.comЗа поетот
Биографија
Фотографии од Струшките вечер на поезијата (1981, 1982), Јован Котески
Интервју со Котески (2000)
Семејни фотографии од Котески
Интервју со Јован Котески, Пулс, 1999 за збирката „Разор“
Таткото на поетот, Васил Котески (фотографја со неодреден датум)
Фотографија на Јован Котески (2000)
Фотографија од Јован Котески, рани 1990-ти
Фотографија од Јован Котески (2000)
Награди за поезија
Осврт за „Трагач“ (1995) од Јован Котески, победник на анонимниот конкурс за поема
Портрет на Котески по затворот
Котески во едицијата на „Народна книга“ од Белград (1974)
Два документа од 2001
Збирката „Dragoste si Moarte“ (1981) од Котески на романски јазик
Фотографија на Котески од 1966
Фотографија од Рацинови средби (1979)
Фотографија од Струшките вечери на поезијата (1964)
Никита Станеску и Јован Котески
Разгледница со песната Љубов и смрт
Фотографии од Струшките вечер на поезијата (1981, 1982), Јован Котески
Интервју со Котески (2000)
Семејни фотографии од Котески
Интервју со Јован Котески, Пулс, 1999 за збирката „Разор“
Таткото на поетот, Васил Котески (фотографја со неодреден датум)
Фотографија на Јован Котески (2000)
Фотографија од Јован Котески, рани 1990-ти
Фотографија од Јован Котески (2000)
Награди за поезија
Осврт за „Трагач“ (1995) од Јован Котески, победник на анонимниот конкурс за поема
Портрет на Котески по затворот
Котески во едицијата на „Народна книга“ од Белград (1974)
Два документа од 2001
Збирката „Dragoste si Moarte“ (1981) од Котески на романски јазик
Фотографија на Котески од 1966
Фотографија од Рацинови средби (1979)
Фотографија од Струшките вечери на поезијата (1964)
Никита Станеску и Јован Котески
Разгледница со песната Љубов и смрт
Линкови за Јован Котески
* 01. Јован Котески на Википедија (содржи и пет поетски збирки од Котески)
* Јован Котески на Open Library (каталогизација на сите збирки)
* 02. Јован Котески на Блесок (Poems in English)
* 03. Јован Котески на Амазон (сите книги се моментално недостапни) :)
* 04. Библиографија на англиски од сајтот на struga.org
* 05. Јован Котески на бугарската Википедија
* 06. Тротомниот избор од поезијата на Котески (Три, 2000)
* 6. Стихови на Котески во шведска антологија
* 7.Текстот „Интимист“ за полициското досие на Котески (на англиски)
* 8.Кратка белешка за Јован Котески во извештајот на Прајваси Интернешнл за 2007
* 9.Вест за смртта на Котески
* 10. Поетско читање по повод петгодишнината од смртта на Котески
11. Day of the Writers in Prison on Diversity: Jovan Koteski on Diversity, International PEN Collection
* Јован Котески на Open Library (каталогизација на сите збирки)
* 02. Јован Котески на Блесок (Poems in English)
* 03. Јован Котески на Амазон (сите книги се моментално недостапни) :)
* 04. Библиографија на англиски од сајтот на struga.org
* 05. Јован Котески на бугарската Википедија
* 06. Тротомниот избор од поезијата на Котески (Три, 2000)
* 6. Стихови на Котески во шведска антологија
* 7.Текстот „Интимист“ за полициското досие на Котески (на англиски)
* 8.Кратка белешка за Јован Котески во извештајот на Прајваси Интернешнл за 2007
* 9.Вест за смртта на Котески
* 10. Поетско читање по повод петгодишнината од смртта на Котески
11. Day of the Writers in Prison on Diversity: Jovan Koteski on Diversity, International PEN Collection
Multimedia
База на податоци за книгите на Котески
Базата ги содржи:
1. Насловот на збирката
2. Годината на издавање
3. Издавачот и серијата
4. Пагинација и димензии на книгата
5. ISBN (кадешто го има)
6. Насловна корица
I. Збирки песни
1. Насмевка пред зорите (1958)
2. Земја и страст (1958)
3. Злодоба (1963)
4. Тежина (1965)
5. Пеплосија (1966)
- Земја и страст, 2 изд. (1971)
6. Сенки (1972)
7. Зелени порти (1975)
8. Хераклеја (1978)
9. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991)
17. Ралица (1992)
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1996)
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
II. Избор од поезијата
1. Злодоба (1992) - избор
2. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - избор
3. Празник (1995) - избор
4. Решетки (1996) - избор од затворската лирика
5. Јован Котески (2000) - тротомен избор
6. Сончева белегија (2008) - избор
III. Препеви
1. Pesme/Песни (1974) - српски
2. Dragoste si moarte (1981) - романски
3. Strah i duša (1984) - српски
4. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - англиски, француски, руски.
IV. Песни за деца
1. Глувчето со двоглед (1991)
V. Книги за Котески
1. Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
1. Насловот на збирката
2. Годината на издавање
3. Издавачот и серијата
4. Пагинација и димензии на книгата
5. ISBN (кадешто го има)
6. Насловна корица
I. Збирки песни
1. Насмевка пред зорите (1958)
2. Земја и страст (1958)
3. Злодоба (1963)
4. Тежина (1965)
5. Пеплосија (1966)
- Земја и страст, 2 изд. (1971)
6. Сенки (1972)
7. Зелени порти (1975)
8. Хераклеја (1978)
9. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991)
17. Ралица (1992)
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1996)
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
II. Избор од поезијата
1. Злодоба (1992) - избор
2. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - избор
3. Празник (1995) - избор
4. Решетки (1996) - избор од затворската лирика
5. Јован Котески (2000) - тротомен избор
6. Сончева белегија (2008) - избор
III. Препеви
1. Pesme/Песни (1974) - српски
2. Dragoste si moarte (1981) - романски
3. Strah i duša (1984) - српски
4. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - англиски, француски, руски.
IV. Песни за деца
1. Глувчето со двоглед (1991)
V. Книги за Котески
1. Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
Избрани песни
Јован Котески
АЛКИ (1984)
(старзаманско оро, по војната)
Писнува свирката на катун Еѓупци,
збива планината в подмолен татон.
Едно старче ја крева раката,
ногата ја подава како да влегува в гроб,
го фаќа ритамот на расплаканото пиле
и опа! - го почнува орото. Еден по друг
како алка со алка се врзува синџирот,
се издолжува од премалени тела.
На крајот од овој божји сплет
едно извалкано детиште со лице пердувче
го крева рачето во знак на лага
и со камшикот сплетен од живи тела
почнува да го камшикува господа
скриен во свирката што плаче.
Jован Котески
Трагач (1995)
поема
- извадок-
Пред да избереш девојка за жена
најпрвин избери огледало
на кое ќе се огледува муце од видра!
Според бојата на земјата по која се втиснуваат
твоите траги
одреди ѝ го тварот, не заборавај го зборот!
Храни ја извесно време со суво грозје
како што се хранат канаринките.
Пред да зачекориш во подвигот погледни ѝ ги забите
(бели?)
кажи ѝ неколку простени молитви гласно и јасно!
Наостри ја сабјата како секавица
низ Димна гора за да ти се гледа . . .
Потковај го коњот наопаку со клинци
- жолти дукати.
Не пропуштај го галавниот адут - виното.
Пред да избереш девојка за жена
појди на чешма и со часови гледај го млазот вода . . .
Колку и да ти се открива како светица
таа ќе ти ја одземе силата, човеку, не Господ.
Не срди се што не ти ја дополнила чашата
течен ќилибар, таа ја знае суровата мера.
И не бегај од неа како овчар од магла,
не оставај ја усвитена фурна,
таа ќе го пече тоа што ќе го рече
па макар ти да се здробиш на парчиња во Солунско!
Не број го времето со часови, денови, години,
симни го јарчето на сржбата од вратот
и врати се кај што се врти вретеното . . .
Инаку таа знае да биде и црвена мравка,
ќе ти ги растури името и куќата.
Ќе те остави гол како пиштол
а своите рудни богатства на имањето
ќе му ги отстапи на Беле Костурчето
што ќе ѝ ги прекопува со жешка казма!
АЛКИ (1984)
(старзаманско оро, по војната)
Писнува свирката на катун Еѓупци,
збива планината в подмолен татон.
Едно старче ја крева раката,
ногата ја подава како да влегува в гроб,
го фаќа ритамот на расплаканото пиле
и опа! - го почнува орото. Еден по друг
како алка со алка се врзува синџирот,
се издолжува од премалени тела.
На крајот од овој божји сплет
едно извалкано детиште со лице пердувче
го крева рачето во знак на лага
и со камшикот сплетен од живи тела
почнува да го камшикува господа
скриен во свирката што плаче.
Jован Котески
Трагач (1995)
поема
- извадок-
Пред да избереш девојка за жена
најпрвин избери огледало
на кое ќе се огледува муце од видра!
Според бојата на земјата по која се втиснуваат
твоите траги
одреди ѝ го тварот, не заборавај го зборот!
Храни ја извесно време со суво грозје
како што се хранат канаринките.
Пред да зачекориш во подвигот погледни ѝ ги забите
(бели?)
кажи ѝ неколку простени молитви гласно и јасно!
Наостри ја сабјата како секавица
низ Димна гора за да ти се гледа . . .
Потковај го коњот наопаку со клинци
- жолти дукати.
Не пропуштај го галавниот адут - виното.
Пред да избереш девојка за жена
појди на чешма и со часови гледај го млазот вода . . .
Колку и да ти се открива како светица
таа ќе ти ја одземе силата, човеку, не Господ.
Не срди се што не ти ја дополнила чашата
течен ќилибар, таа ја знае суровата мера.
И не бегај од неа како овчар од магла,
не оставај ја усвитена фурна,
таа ќе го пече тоа што ќе го рече
па макар ти да се здробиш на парчиња во Солунско!
Не број го времето со часови, денови, години,
симни го јарчето на сржбата од вратот
и врати се кај што се врти вретеното . . .
Инаку таа знае да биде и црвена мравка,
ќе ти ги растури името и куќата.
Ќе те остави гол како пиштол
а своите рудни богатства на имањето
ќе му ги отстапи на Беле Костурчето
што ќе ѝ ги прекопува со жешка казма!
Сите збирки поезија на Јован Котески (од 1958 до 2000)- избрани песни!
Кликнете на овие линкови за да ги читате песните!
01. Насмевка пред зорите (1958)
02. Земја и страст (1958)
03. Злодоба (1963)
04. Тежина (1965)
06. Сенки (1972)
07. Зелени порти (1975)
08. Хераклеја (1978)
09. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991) песни од затворот
17. Ралица (1992) песни од затворот
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1995) поема
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
01. Насмевка пред зорите (1958)
02. Земја и страст (1958)
03. Злодоба (1963)
04. Тежина (1965)
06. Сенки (1972)
07. Зелени порти (1975)
08. Хераклеја (1978)
09. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991) песни од затворот
17. Ралица (1992) песни од затворот
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1995) поема
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
Koteski's Poetry in Other Languages
Ana (1958) in Romanian
Persephone (1985) in English
Chest (1984) in English
Kaimakchalan (1963) in English
Death Of the Warrior (1963) in English
Statue 1 (1978) in English
Cockroaches (1991) in English
Rheumatism (1990) in English
Penelope (1990) in English
Love and Death - English
Solitary Confinement (1992) - English
Morning Star (1992) - English
Persephone (1985) in English
Chest (1984) in English
Kaimakchalan (1963) in English
Death Of the Warrior (1963) in English
Statue 1 (1978) in English
Cockroaches (1991) in English
Rheumatism (1990) in English
Penelope (1990) in English
Love and Death - English
Solitary Confinement (1992) - English
Morning Star (1992) - English
Критики за поезијата на Јован Котески!
Книги:
Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
Текстови:
01. Паско Кузман (1991)
02.Миодраг Друговац (1963)
03. Миодраг Друговац (1964)
04. Сашо Гигов Гиш (1993)
05. Бранко Цветскоски (1990)
06. Паско Кузман (1991)
07. Петко Дабески (1994)
08. Веле Смилевски (1981)
09. Влада Урошевиќ (1963)
10. Глигор Стојковски (1993)
11. Благој Иванов (1999)
12. Бранkо Цветкоски (1998)
13. Георги Сталев (1995)
14. Оливера Ќорвезироскa (1995)
15. Греам Рид (1966)
16. Душко Наневски (1975)
17. Радомир Ивановиќ (1975)
18. Слободан Мицковиќ (1978)
19. Атанас Вангелов (1978)
20. Данило Коцевски (1978)
21. Науме Радически (1990)
22. Илија Карајанов (1991)
23. Петар Петрески (2000)
24. Блаже Конески (1972)
25. Алекс Букарски (2008)
Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
Текстови:
01. Паско Кузман (1991)
02.Миодраг Друговац (1963)
03. Миодраг Друговац (1964)
04. Сашо Гигов Гиш (1993)
05. Бранко Цветскоски (1990)
06. Паско Кузман (1991)
07. Петко Дабески (1994)
08. Веле Смилевски (1981)
09. Влада Урошевиќ (1963)
10. Глигор Стојковски (1993)
11. Благој Иванов (1999)
12. Бранkо Цветкоски (1998)
13. Георги Сталев (1995)
14. Оливера Ќорвезироскa (1995)
15. Греам Рид (1966)
16. Душко Наневски (1975)
17. Радомир Ивановиќ (1975)
18. Слободан Мицковиќ (1978)
19. Атанас Вангелов (1978)
20. Данило Коцевски (1978)
21. Науме Радически (1990)
22. Илија Карајанов (1991)
23. Петар Петрески (2000)
24. Блаже Конески (1972)
25. Алекс Букарски (2008)
Песни
Ана (1958)
Реома (1990)
Тавтабити (1991)
Татко (1990)
Во злодоба, ракопис (1963)
Зрзе, ракопис (1984)
Во злодоба, ракопис (1963), отпечатена во изборот песни од ракописната збирка „Празник“ (1995)
Змија, ракопис (1995)
Селска сиромаштија, ракопис (1963), отпечатен во ракописната збирка „Празник“ (1995)
Алки (1984)
Персефона (1985)
Дијалог (1985)
Римска божица (1985)
Аптекарка (1985)
* * * (1990)
Прашања (1990)
Рак (1990)
Предупредување (1990)
Туѓинец (1990)
Совпаѓање (1990)
Совпаѓање (1990)
Размисла (1990)
Задоцнет славеј (1990)
Бројки за споредба (1990)
Медалјон (1990)
Римувана песна (1990)
Копче (1990)
Запис (1990)
Зандана (1990)
Аполон (1990)
Пенелопа (1990)
Спокој (1990)
Цел ден (1990)
Са-ноќ (1990)
Споредба (1990)
Оси (1990)
Трагач (1995), извадок од поема
Поети (1991)
Ласица во сонот (1991)
Душа (1991)
Автограм (1991)
Предупредување (1991)
Прашања за размисла (1991)
Цртежите на Сутин (1990)
АТО плус АТОТО (1991)
Стихови за бел Дунав (1994)
Реома (1990)
Тавтабити (1991)
Татко (1990)
Во злодоба, ракопис (1963)
Зрзе, ракопис (1984)
Во злодоба, ракопис (1963), отпечатена во изборот песни од ракописната збирка „Празник“ (1995)
Змија, ракопис (1995)
Селска сиромаштија, ракопис (1963), отпечатен во ракописната збирка „Празник“ (1995)
Алки (1984)
Персефона (1985)
Дијалог (1985)
Римска божица (1985)
Аптекарка (1985)
* * * (1990)
Прашања (1990)
Рак (1990)
Предупредување (1990)
Туѓинец (1990)
Совпаѓање (1990)
Совпаѓање (1990)
Размисла (1990)
Задоцнет славеј (1990)
Бројки за споредба (1990)
Медалјон (1990)
Римувана песна (1990)
Копче (1990)
Запис (1990)
Зандана (1990)
Аполон (1990)
Пенелопа (1990)
Спокој (1990)
Цел ден (1990)
Са-ноќ (1990)
Споредба (1990)
Оси (1990)
Трагач (1995), извадок од поема
Поети (1991)
Ласица во сонот (1991)
Душа (1991)
Автограм (1991)
Предупредување (1991)
Прашања за размисла (1991)
Цртежите на Сутин (1990)
АТО плус АТОТО (1991)
Стихови за бел Дунав (1994)