ЈОВАН КОТЕСКИ
ПРИЌЕ (1997)
Најпознати песни од оваа збирка:
1. Флејта
2. Милосрдие
ЈАРМА
Бели чешми,
бели цутови,
бели образи,
бели кошули
од бело ленено платно
се’ бело . . .
Црни гаврани,
црни локви,
црни пајаци,
од куршум
замрачен ум,
поцрнет разум . . .
лигаво клопче
пресечено змии,
смрзнати тии -
јарма во душава!
ПРАШАЊА ЗА ЃАВОЛОТ
Човечка - да,
но дали некогаш оптегнале
ѓаволска кожа за тапан?
Со ѓаволот
кој садел цвеќиња во Елисеј?
Дали убавата градинарка
цвеќињата ги продавала
на крајот од рајот?
Што правела со парите?
Зло не било, кога би било,
дали си купила ортома за бесење?
Гледајќи ги цвеќињата,
а не корењата,
не викајќи го злото
што само си доаѓа,
ќе му речеме ли на патот
што води нагоре - надолу:
- Не те мие Вардар, ни Дрим,
а камо ли Брегалница?! -
ТРОЈКРСТИ
Јазикот зборови пасе,
моиве и твоиве нозе -
никогаш, не дај боже, не биле насе!
Не дозволуваме, со мерка,
ни со здив, пулсот да ни го мерат
како на отстрелана ѕверка!
Така, меѓу добро и зло се јазиме
за да останеме в сурова планина,
кревка питомина да газиме!
РИТМИ
Челото ти се набрчкало,
чинам ти се престорило
булме од праќе и кал,
ѕид што полека се урива, за жал.
Раката ти се исушила,
чинам сува гранка
пуштила топла дланка,
птица да прибере.
Кучето ти се осакатило,
се давело со волк,
му се здробил десниот колк!
Ангелот ти одлетал од душа
преку распукана, сува земја,
крилјата му се спржиле од суша.
Сега е в рајски двери,
стотоно азно мери . . .
Окото ти ѕирка
кај што се врзува свирка
и оро се поведува,
со ритам што те спојува, а -
снежна лавина те одвојува!
Само какво заледување на крвта, не -
на крвта какво вулканско зовирање
кога ритмот на напливот
на млади тела низ такт,
низ леса од коприна,
низ неможното провирање, те доловува.
Ти ја носи пред очи
летнината на животот,
таа пченица од љубов зрела!
Пчела, за која си сакал,
патот да и’ го фатиш,
вневрат да се вратиш!
МАЈКА
1.
На фотографијава,
јас ли сум овој?
А овој до мене, кој е?
Кој е овој што ја тера
"бишката" в "котар"?
И овој со оптегнати раце
што се приближува со овци,
кој е ?
Кој е овој свртен натаму?
Од какво дрво се стаповите
што се вкрстиле во играта
како за молитва?
А оваа жена
со спуштени рамења, која е?
2.
Очи со неодредена, загасена заднина,
длабина,
костенливи прамни коса
и прашање што постојано виси -
"дали моиве очи некогаш те лажеле?!"
Сега е само изгрев на светлина.
Понекогаш ми се јавува в соне
преплашена,
со лице стегнато в грч.
Држи страк босилек.
Молчеливо е небото.
Нерешителна насмевка
и’ грее од лицето,
како да се потсмева на се’,
па и на мојата тага.
Мајка,
симната молчаливост од висока фреска!
ЖЕТВА
Папрат ми никне во дробовиве.
Мртвите се ожнеана жетва.
Сонцето се престорува жар -
(гумно на платно од Лазар Личеноски!);
обрач ме стега околу вратот,
во окото пченична буква - осилка.
Стомните се полнат оловна вода,
зар да го кренам крстот на чело,
зар да го згасам железото в печка
кога сум помек од волна
а уште и осудуван (?!),
како да се престорам ѕвонец - клопотарец
кога сум сардисан од бачило волци?
Афион ми го помодрува здивот;
колку време треба да се фати ритмот
на едно тарапанско оро, калајџиско?
Како да им ги зачувам куќите од уривање
на Бојлевци, Дојлевци, Ојлевци, ој
додека еден вади вода од бунар
јас вадам заб од вилица,
- боли, му велам на дабот со крастава кора,
- ако, ми одговара трендафилот расцутен!
"Блажен Господе,
Ем ја мразам, ем посакувам",
бегам од полето со чичка,
одам да се приковам железна плоча
на крило од Горна Порта,
во Охрид.
ИЗВОР
Дали тоа изворот блика,
или мојот немир се прелева?
Додека зраците на сонцето
создаваат нестварна пирамида
"меѓу два бели облака",
копјето на млазникот е фрлено
длабоко во просторот.
(Што ли прават сега луѓето во авионот,
разменуваат погледи, пијат виски,
млада жена, млад маж, се договараат ли
за љубовна средба во голем европски град,
или носат некое тешко бреме во душата
што како гнојно купиште со ларви
ќе го растурат некаде по улиците? . . .)
"Окото на сонцето секогаш е ново."
Едно споредно патче може да те одведе
до рајот на земјата, до изворот.
Сјаен блесок на молња врз млаз!
Тој тече надвор од времето,
суштината на болното спокојство
е токму таму, во внатрешноста на зглавјето!
Водата секогаш е облечена во живи пламења . . .
ПРЕДЕЛ
Буба - мара е со црвен оклоп,
(топла разлеана крв!),
со црни дамки по средината,
- квазери на светлосни години
или нешто друго? Одлетува.
Онаму врне, овде - не.
Босоног човек со секира в рака,
со лесен, решителен чекор,
оди во шумата за да ја напои
незаситата стија зелена крв!
Онаму врне, овде - не.
На оваа жолта прица - молња
со меки пердуви од месечеви мени
можат да и’ позавидат архитектите,
создава палата од памук!
Онаму врне, овде - не.
Неколку зелени јајца, (ситни лешници!),
- во нив удира срцето на Вселената -
покриени со топли крилја од измаглина,
чекаат од нив да летне животот.
Да пее над суров предел . . .
Онаму се разведрува, овде врне.
СЛИКАЊЕ ПОРТРЕТ
Млазот на изворот се прелева,
девицата ги разголува дојките,
сликарот ги разложува боите,
јас молчам. Чекам безделнички!
Почнува портретот да никне.
(Прекрасно уметничко дело!)
Му велам на сликарот, овде, меѓу градите,
стави неразвиена пупка, со усет,
меѓу колковите розето ќе биде во склад!
Тој не ме гледа, молчи, си ја тера работата.
Велам: косата треба да и’ ја спуштиш,
да долета сина ластовица,
нека колвне зрнце од бисер!
Млазот вода треба
да и’ го преплави лицето,
гледај, не пропуштај го тоа, мошне е важно!
Сликарот продолжува да ги пласти тоновите,
откривајќи совршен мир во немир!
Уште малку, му велам, осветли ја водата
и гласот ќе и’ се пресели на платно!
Гледај колку е пресипана од страст!
Сликарот се свртува, ми вели:
- Седи мадро, те молам, гледаш ли дека
само уште еден потег - и
водата ќе извлика! -
ИГРАОРКИ
Јас мислам дека својата суштина ја наоѓам
во ритам на оро, во движење на поврзани,
на оснажени, беспрекорни млади тела,
кога потегот на нога со нога открива
плетенка од совршени линии што ја создаваат
новонасочената шеста димензија - хармонија!
Тогаш се’ се пренесува од нив во мене,
она за што има и за што нема смисла
ожеднува, станува несвесен пламен што голта
страст на убавина, гладен ритам на крвта,
прелевање на души во тела и истечување
на целосна рамнотежа на љубов при залет!
ПОРТРЕТИ
Се зачувани голем број портрети,
доаѓаат со снежни намети од фрески;
потези на стари, непознати мајстори.
Невино се лепат за око!
Со животот е сосем поинаку:
животот може да биде поезија,
поезијата, за среќа, никогаш не е живот.
Гледав заспана убавица,
суетите и’ се разјарени јунци,
рикаат и корнат.
Убавината и’ изгрева на пластови.
Со страст ја парчам,
а ни око да и’ трепне!
Портретот и’ останува чист.
При допир, покревки од билка,
се вкрстуваат молњи.
За нешто душа ме боли,
ама не знам за што?
Будам ѕверка во себе,
ја помножувам со бројка.
"Исплакни си ги гревовите,
направи ги портретите одеднаш,
за "век и веков". Амин!"
ПЧЕЛИ
Им ја знам дупката на пчелите во дабот.
Часовник ги рои секундите од набирања,
цвеќињата се разеленети од пој: хорови в градба.
Уште при првата рожба на светлината
обуени во жолти придавки, збираат мед.
Ако ти се посака, земи!
Им ја знам дупката на пчелите во дабот
и нивната строга, определена гравитација!
Не им ја знам чулавоста зошто секогаш
сонуваат само во бои. . . Ако се земе каменот
при заоѓање на сонцето, црвеното ги исполнува
со возбуда, со струјна пргава радост.
Пчелите ги цепат бреговите со празнична страст.
Пред кусовеченоста оплодуваат се’, засекогаш.
Само каква сладострасна возбуда на матицата
пред налетот на трутовите, во височина!
Крвожедна кон потомството, матицата се одмаздува
со белоглави икри од млечот. Додека рожбата
се топори, пчелите одлетуваат навнатре кон просторот
барајќи ја својата сина смрт. Низ великодушна
побожност, без ум и разум, пчелите го разградуваат
своето кошаре и се собираат - разулавени ангели
со боцки, пред својата раноранлива Мајка (?!)
Им ја знам дупката на пчелите во дабот.
Им ја знам сончевата магистрала од издајство
пред земјата со жолта, восочна боја. . .
Растеж на зеленето, надеж на јаловото,
обилје на узреани капки мед. Земи! На бесмртноста
љубомора, без око да ти трепне, преобразени ѕујки!
До тебе доаѓаат како примирје на мислите
пред една нечиста совест, ај, собирај мед
од диви пчели уште од кралствата наши изгубени!
СТРАСТ
Страста весла меѓу нас.
Ги берам зрната на ѓерданот
што ги растури Творецот
врз усни, ружи, солзи, јасни ѕвезди;
сончевите копнежи ти се креваат
(чиниш измаглица езерска пред сонце).
Грчевите ти се престоруваат
ујлии јуници што фркаат со ноздри,
"не може да се владее со жарот
што ти се пресипува по телото!"
- Вжештено црвенило исфрлено од фурна
на женска чар! -
Се превиваш, стегаш, отворајќи се
(чиниш полжав по пресна роса)
заробува влажна пупка капинка
преку млечно - лигавиот пат, на дофат.
Зората - отпасана ждребица, 'ржи,
занесот - отсопнат пастув, 'рзнува.
Горе и долу, од чешмата на страста
пие дамарот на мојата поезија.
Гази по работ на црвен корал!
СУЕТА
Се покажаа контурите на стеблата,
неочекувано длабоки пространства,
а една ноќна птица
го втиснува својот ракопис во воздухот,
автограм на ветер!
Водата, неспоредлива сводница,
се колеба меѓу светло и темно,
не откажувајќи се од својот музички алт!
Цела ноќ тече со бистрина. . .
Со златен прстен на прстот,
Тој се покажа на сцената меќу два брега,
сакаше да го прекове скапоцениот накит.
- Колку има блудни синови на овој свет?! -
Во оној темен триаголник
уште лежи Таа,
раката и е престорена жица
на редок звучен инструмент,
со страст влече руно на ерос,
ги меша топлите тонови, бои. . .
Тој сака да го реставрира мостот
со еленски скок, да ја приближи
светлосната заднина, да ја вгради во себе. . .
Ама, каква друга смисла има постоењето
освен сончевиот диск со светлината
и раскошот на разбранетото женско тело?
Мајсторство на Природата!
Се врати по расонети потполошки
што сега пеат во дланкиве мои.
СПОМЕНИ НА ЖИВАТА ЗА ПОКОЈНАТА
Земи го прстенов од ковчежево пред сонце да зајде!
Ти си оттаму, а јас не сум ни виновна
што милозливоста на зраците таква те најде,
каква што си, неодложна, меѓу бројните, бројна!. . .
Земи го, те молам, тој е дел од самата - тебе,
таква е промената, играта, за која не си свесна
дека во занесот на случајноста, зеде удел мрачното небе,
ни’ ја растури среќата низ смеа, довербата пресна. . .
И оди си! Оти да се вратиш не е ни можно, ни важно!
Ти си оттаму, јас одовде те гледам бледа
а целосна! Слична на пролетта што се навестува снажно,
што ги бранува спомените на една ништожна следа;
- дека сме постоеле, макар и преку ленена преѓа
што сега, од росата пролетна, за гради ни се лепи. . .
Убавино! Ти благодариме што не’ ни постави меѓа
меѓу нашите спомени, меѓу патиштата слепи. . .
ТРИ СКИЦИ ОД ПО ТЕАТРИТЕ
прозерпина
Грабнувањето на убавицата беше испланирано:
Откако влакнест маж, по кревањето на завесата,
се појави на сцената и безразложно ја вчепа Прозерпина,
девојките што ја придружуваа со откриени пупиња
вриснаа. Но што од тоа? -
Грабнувањето беше секавично, не се видоа коњи,
но 'ржењето допре до увото на публиката!
На крајот на претставата јас најмногу и’ аплаудирав
на некоја сосема друга Прозерпина,
(зрела како маслинка!),
Таа ме погледна, ми намигна, а чинам -
по мене салата зина!
диригент
Тоа беше важен детаљ од концертот:
Диригентот, човек по сцена што талка,
уште пред првиот став на симфонијата,
се подготви, зеде залет како при скок,
како да сакаше да одлета во облаците
заедно со својата палка!
трагедии
Очигледно, зад кулисите,
артистките што требаше да ја изведуваат преставата
имаа лица - црвени тутенки од рози!
Заплетот однапред е јасен, чиновите поставени,
на сцената треба да се одигра смртта на кралот!
Значи, трагедија!
Интригите, прељубите, водеа сметка
на владетелот да му се набијат на челото рогови
подебели отколку на бизон. Одложување на смртта нема.
Сега му е мајката! Кралот паѓа покосен од меч,
треба да седне неговиот брат, во тронот злат. . .
Да легне во топлата постела на својата снаа.
Покрај кралот, невини, вини, смртта си ги зема. . .
Некои жени од присутните, сронија солзи,
во одбрана на честа и вистината.
Кој ќе мисли сега за сето тоа?
Минувајќи покрај една осамена куќа, се потресувам:
Никогаш поболни, погрозоморни крикови
не ќе испушти ниту еден земен створ,
отколку крикот на децата. Помислувам:
Тие се оставени од Бога, напуштени од луѓе,
за нив никој не проронува солза, не се сторува жив.
Современа трагедија!
Кој да ја одигра улогата за нив?!
ФЛЕЈТА
Флејтата е алат што и’ припаѓа
колку на археологијата, толку и на оптиката,
гола игла што плете сребрен благослов!
Во нејзиниот звучен блесок се буди милозлив бог,
кој не стигнува да си го прибере гласот. . .
Невин извор низ кој протечува отсјај
на скапоцени камења, значи, ги има!
Гласот на флејтата стигнува до еден врзулец
од вода и земја, од виножито на расплакани дождови.
Додека на подиумот, во театарот,
звуците на другите инструменти на оркестарот
експлодираат и грмат,
звукот на флејтата исполнува стомни без рачки,
крунисува кристални кралици од жед!
Не знам зошто, еден звук на флејтата се откина,
ме отцепи, ме отфрли на пресна глина
како да сум жив фосил пред огледало!
Облечена во крзно од мелодијата
флејтиската замина да ги допре усните
на устата од инструментот,
да се бакнува сред нестварна мрежа од лавиринти. . .
Сето тоа го слушам со звукот на окото,
сето тоа го гледам со зеницата на увото,
сиот сум престорен олтар од млечни оргии.
Дали тоа флејтата мене ми се одмаздува
кога врз неа врне косата на флејтистката
допрена со прстите на прстењата?!
Единствена школка од звучна тиранија
се отвора на траба од ленено платно,
- приќе за невеста?
*
Со гајдето е поинаку:
тоа лелека и копа одвнатре,
бара дрво за да го вгнезди гласот -
во отворен простор!
МИЛОСРДИЕ
Доаѓа Мала Богородица, ми вели:
- Можам да ти подарам
еден од елмазите! -
Божји луѓе!
Кога примате нешто од светиите
врз бели или обоени кварцови, стакла,
не газете
по рабовите на светлостите!
Еднаш, колцето на судбината, елмазот
и мене ми се насмевна,
на десната нога вената ми ја закла!
Доаѓа Мала Богородица, ми вели:
- Само ако сакаш можам да ти подарам
од евтин јаглен - дијамант!
Ти можеш да го препродадеш!
Нека дупчи друг стамена карпа!
Со парите купи си куршум
што ќе ти го распарчи черепот
низ бело грло од нагант! -
Или, ако ти стиска,
можеш да си купиш
плачлива писка!
ПЕШТЕРА
Отворот и’ е неминовно тесен
колку да влезе човечка прилика
оставајќи ја својата сенка надвор.
(Не знам што чувствувал Ботичели
кога ја зачнал милостива Венера
во школка исфрлена од морски бран.)
Големи празни сали се исполнети
зли духови во отворени саркофази,
провев на сеопфатна закана.
Наоѓам начин да одам натаму
до влажниот чешел од сталактити,
до чепот затворен врз суво грло.
Облечена во себе темнината шурка
рој чудовишта засолнети в кошаре
настојчиво римувани в шуплива глава.
Надолу е патот до чиста Евридика,
таму бучи ослободена река од виделина,
легната река на жолти песоци тече . . .
Се плете насилничка идила од негасена вар,
би ти испратил разгледница од камена мувла,
ама окото на фенерот трепнува и јас сум на штрек.
Јасно ми е како го создале пеколот
но не ми е јасна намерата на змијата
што се свиткала во геврек - сусам, чека.
Тучот на студенилото и’ го одзел телото,
лилјакот од карпата стрмоглаво што виси
на дофат и’ е, толку блиску, колку Сатурн од Јупитер . . .
Се дуе пештерата, гнојна рана од челик!
Си мислам: можеби и светлината паралдисана
што врне од сонцето, е само круг врз круг . . .
А во круговите смртта си ги бере плодовите!
ЗМИИ
(невина песна!)
Јулски дневен пек,
зад гумното во ливадата,
додека жените берат базер,
околу раката на невестата
се намотува змија - сприја,
ја укасува.
Во ткивото на чистото зрно - бисер
го втиснува својот зер.
Лекарите се борат за живот.
Ја спасуваат. Така е -
кога во душата на ангелот
ќе се вгнезди осилото на ѓаволот.
Идното лето, на гумното,
крај растурено зрно до ѕидот,
невестата повторно ја укасува змија.
Сега за ногата.
Пребледува, паѓа во бессознание,
но лека-полека се совзема.
Со солзи низ смеа,
ја зема вилата,
ја одделува сламата од зрното.
"Мила тетко, летово,
во градината зад гумното,
додека берев пипер,
за рака ме штракна змија - лутица,
толку ме доболе,
што ми се пристори дека
ми се расцепи срцево.
Досега таква болка
не сум почувствувала!
Не кажав на никој.
Дури ни на мајка ми.
Ти кажувам само тебе
за да си ја споделам болката!
Ако кажам, си мислев,
мажот ми и домашните
сигурно ќе помислеа:
"Како тоа, змиите одат
само по нашава невеста?!"
ПОЖАР ВО НОЌТА
Само еден мал дел од ќошето
останува в сенка.
Очите впиваат брзи ритми,
жешки солзи, коњски копита . . .
Нежен пердув игра во просторот.
Откај гредите куќата крцка,
едно краткотрајно движење
ја враќа библиската слика!
При огнена стихија,
сите се лекомислени, луди.
Покуќнината се растура
пред скршено стомне.
Изгоре се’,
освен тајната вечера!
Разбранувани притоци оган
лазат по гредите.
Жив извор на ноќна светлина.
Опустошени, унакажани лица.
Нечепната останува само
една пукнатина под прагот
таму е скриена мојата поезија!
Погледите очајно талкаат в бескрај,
врз голиот извалкан ѕид.
ПЛАЧ
(лирски записи)
*
Отците барем да оставеа повест:
- Ако сликарите поставеа
на секоја икона, фреска,
по едно сонце во средината,
ќе имавме почиста совест! -
Вака, брате Апостоле
однатре загасита светлина грее,
зрачи, ама не топли! Зар уште
на ѕидот ликот на светителот зрее?
*
По тебе се лее плач
на три маченици со лица - зрела пченица.
Последната Те има како жртвеник пред себе!
Нејзиниот крик надлетува жолчно небе!
Во храмот на бездната на изнемоштените,
во живеалиштето на расплакана суводолица,
на полица ќе оставам староставна книга
од изгореница, читај лелек по лелек!
*
Чемерика никне, заврзува бој,
се разлева зрак од сончев кафез,
угрева птица со засипнат пој!
*
А бевме на власта свои властелини,
од земјата црпевме миризливо грозје,
имавме и лични невести - со дланки
расцутени гранки во тесни ќелии!
Зар треба да се нанесе зло на други
за да се владее врз себе,
како врз слуги?
Од дамнина постои инструмент од крик
на кој не му се заборава името. Прости!
Кон лажливоста на црквите одевме со распукани усни,
ние, поклоненици на долги велигденски пости!
*
За себе човек ќе рече
не е вреден ни за колку една дрвена лажица,
а љубомората на дрвото, духот
не во распоред, туку во растур го чува!
Јас го претпочитам спокојството на душите
на нашите претци, кои и не сакајќи,
длабоко размислувале во ноќ глува . . .
Го прикачивме сопствениот живот
ко рамка на одлетана птица од гробница . . .
*
Реков: црно ни помина веков!
Гроздоберки, направете поклоненија
пред нас, пастирите, ќе ви се врати жртвата
преку мајчино млеко, низ тешки сторенија!
По кубињата на небесата само какви ликови!
Свадбите беа и поминаа, а луѓето од по присоите
преку седумте смртни пресуди, (гревови!),
се жртвуваа, прелевајќи се од крик во крикови!
*
Вие, слепи намќори од раѓање
ја знаете ли вредноста на нашето искачување
и паѓање? - Изгледа ние -
никогаш и не ќе дознаеме што беше тоа
што пламна и згасна, божем пламен од дива булка!
Приближувајќи се од изгревот кон дното,
животот ни кобеше од самата мајчина лулка?!
*
Мелодиите се напластени во гласни ризници.
Еве ја, понеси ја во својата совест и свест
сликата заматена од искони, земи ја!
Дали бевме недораснати гласнопојци
да ја доисплетеме мелодијата од болка,
или ја потценивме задачата на хорот
што се растури како распарчена гемија?
*
Сенко на светлините, по тебе мојот плач
како по оптегнат, блажен Христос ти се приближува.
Одам по трагите за да ме поклопи зажарен, огнен сач . . .
ЛОКВАТА
Стигнавме, значи, на Писани Камења,
до Локвата од каде што Квачката
си ги собира жолтите пилиња - ѕвездите,
за потоа, сонцето, со златно копје
да испише сребрено вжештен стих!
Еве ја Локвата, значи, постои . . .
Без возбуда од уцена, со невина насмевка пред сатир,
оваа планинска девица си ги расчешлува косите.
При секоја божја издишка на ветерот
Локвата се прелева како во античка вазна
преполнета драгоцени камења и спомени!
Бистрината на небеското синило
ни се лепи за зеницата в око,
чекајќи ја Узенгијата на ноќта
за да го оседла копнежливиот коњ!
СООБРАЌАЈКА
На враќање -
со развивањето на брзината
ја бараме ли на одминатите претци покрвнината,
или сме се поднаместиле како за фотографирање
несмасни, заморени, подзинати, тажни?
Радио - приемникот известува за коловози влажни,
но ние, уви (!), како да трагаме по засирена капка крв,
му дозволуваме на злото - моторот
да не’ искаче до самиот врв на искушението
од каде што се гледа испрекината долината
- незасита вреќа за лелеци збирање!
СКРШЕНИ КРИЛЈА
- Велиш, заврши под тркала на кола?
- Секој некако заврши, ама зошто баш така? -
- Судбина! - Го измери ли некој степенот
на болката кај најблиските? - Знаеш ли? -
Не’! - Велат дека таков термометар досега
не е направен од човечка рака! . . . -
- Насилство, брат: бич, нож, забодено копје,
препородено време од времето на Христа, зар? -
- Повознемирувачко тече крвава жар
од оној што е погоден среде челото
со снајпер! Покосен од огнено снопје! . . . -
Го успија со подзината уста, без ѕвон,
со раце на градите - скршени крилја,
паднати крилја врз крик на зелен сон! . . .
ДА СЕ ВРАТАМ . . .
Во мајчината утроба да се вратам,
во царството на ангелите да пропеам;
во длабочината на Вселената да се најдам.
Таму сите потоци се бели, топли
крилото на Халеевата комета плете
светлосно седело на едно новородено дете
со плисната плима на неосквернавена крв!
Во земјината утроба да се вратам,
во царството на вакуумите да исчезнам,
атомите да ги оплодам до структура на сура година!
Скриените корења нека ме преземат,
низ невидливи прозорчиња нека ме пренесат
од корен до лист, до пеперугата сина слетана
на едно бело цутче од трн, во жолта долина . . .
УЛОВ
Како и секогаш, водата не мирува,
ја позема јадицата во бистрината
за улов на сончев зрак, во залак.
Рибата скршнува - лево, десно,
мамката ја збунува, незаситоста ја принудува . . .
Таинственоста на соништта не’ дебнат
кон бездната на осипаниот свод. Онаму, ноќе
Јужното соѕвездие не’ сонува и не има,
светлостите што бликаат не понесуваат
до позлатените перки на Млечниот Пат,
до икрата . . .
ПРЛИЧЕВ ВО АТИНА
Кој ќе му ги знае маките,
сигурно тој најдобро си ги знае!
Минуваше преку широки плоштади, светли авении,
улици паралдисани кон морето
испресечени со далечни гласни сирени. . .
А таму горе, на ридот,
Партенон го потпираа силни каријатиди-
жени родени од длетото на Фидие, -
додека тој, Прличев, згрозен од салата за секцирање -
(млад женски труп со остатоци овде - онде од душата
во телото, а формите и’ се набираа
од грлото до бедрата, каде што се’ уште
по мртвото тело на жената играа некакви знаци на убост,
што потоа, помисли, ќе ги начне црв, ќе ги престори прав,
ќе ги оглода до белите коски на ништожноста!)
Долго луташе сам, уште не ослободен од грозата
во амфитеатарот, во патолошкиот оддел,
додека не застана под мермерот на Атена Лемнија,
па со поглед и’ ги милуваше студените усни на божицата,
и’ ги расплетуваше кичерите коси со жед. . .
А кога го притисна гладот,
својот крик го задави во себе.
Од далеку, од улица, ветерот на бранови донесуваше мирис
на топол леб, на пресни мирудии, на ретки скари. . .
Што може човек кога е сам, кога нема потпора,
кога ни зборот кај да го посади - нема!
Се нурна во живата река на луѓето
и бранот го исфрли до една витрина на музеј
каде што Хомер од статуата го гледаше
со превртени, празни очи!. . .
За миг, кога ја отвори Илјадата, се вчудовиде,
низ неа потекоа Алфа, Бета, Гама. . .,
шумни водопади од буквите се прелеваа низ стрмни суводолици,
низ набуени нови средореци, се пресипуваа,
се покажуваа чисти зрна пченица, крупен бисер ориз!
Тогаш, низ сеќавање, езерото во Охрид што се лелее
му се пристори гласот на Зевс, а бистрите капки на Радика
солзите на мајка му Марија
која го испрати синот во светот за да го доисплете
зеленото венче од љубов
во зрело зрно од бол.
СТВОР ОД СКАЗНИТЕ
Со тенка нишка в рака
ќе стигнам ли во Тоскана?
Тешко се патува наназад,
Виа Игнација е затворена:
поради лигавката и шапот!
Од зрел кочан
ронам зрна- стихови.
Кавалканти! Кој?! -
Море не играј со меч,
седи си мадро. Ако се загледаш
в ѕвездено класје, те уверувам,
ќе видиш бела ласица. Што? -
Ќе видиш риба на грб плива
со око свртено кон Бога.
Нека си ги чува Везув
киселите дождови,
посевите нека ги налеваат
реките на заборавот,
нека разгори тенка борина. . .
Не прашувај кај и’ е селото,
ни дали ја прескокна чума в налет,
дали и’ омекна срцето.
Кажи’ ми да ти кажам што стори
со изумите в крпче, магиите?
Ако е вистински створ од сказните -
ги раззелена ли никајците на Марс;
нели телесното ич не и’ вреди,
освен страст, ништожност, подлост,
- кажи, неодложен смртнику, за да знам?!
ВОЈНИ
Тројански, Пунски, Крстоносни,
Балкански, Прва и Втора Светска
и какви уште ли не други војни?
Читајќи за нивниот почеток
не стигнуваме ни до нивниот крај.
Не фаќа дремка од здодевност!
Ако ставиме црта под војните,
не ни се поклопуваат сметките.
Секогаш по нешто ќе фали?
Само колку пролеана крв,
испокршени мечови, глави,
да не зборуваме за пресечени вени!
Александар Македонски
преку Хималаите стигнал до Океанот,
а зар само тој? Кај биле другите?
Што сторил со војните Цар Самоил?
Што сториле мајките со сираците
и мајките на нивните мајки?
По плоштадите бронзени статуи
на воини и коњи напнати в грч,
во слава на победниците!
А на победените, на убиените,
им се знае ли име, гроб, татковина?
Зар имаат начин за поправен испит?
Војни како војни за кого како,
ужасни! И тогаш и сега. . .
А што ќе речеш за атомските војни?
Првин ќе никне качунката,
потоа ќе разеленее кукурекот,
"огнот рамномерно ќе се пали и гаси."
ОТКОПУВАЊЕ ГРОБНИЦА
Ја откопавме гробницата,
со неа и едно минато време.
Кој ги посипал мртвите со земја,
кога?- Ни приближно да се одреди
векот! Што може да се очекува во неа
освен коски и скапоцени предмети.
Преку овој чешел од слонова коска
чии коси се прелевале, руси, црни?
А овој накит од златна кочија
на чии гради светел? Бесцени камења?
-Значи ги имало и тогаш!
Кој среќник се топлел од нивниот сјај?
Велиш, висока уметничка вештина!
Зар само тоа? Овој ѓердан од зрна
е растурен! Околу чиј врат се прелевале боите?
Можеби имушна жена на која името и е - Заборав!
Можеби и’ припаѓал на брзоплета девица?!
Зар прстенов со светло зрнце во окцето
е повреден од овој череп?
Пластов глина го престорил распукана лејка!
Оној, другион,
ми личи на корупка од желка нагризана од мраз!
Зар само од мраз?
А оваа дупка на темево, нели е отворена,
со тврд предмет? - Веројатно железен!
Жед за живите, скапоцените предмети,
да им ги отстапат на мртвите -
да им се најдат на оној свет!
На каков оној свет? Таков не познавам, а ти?
Зар е помала сега жедта на кратците!
Гледај ја оваа зелена вазна со црвена устинка,
отворена и’ е како уста на оперска певица!
Зар не ќе биде погребана пак
во витрина на музеј
во некоја европска метропола?!
Оваа миловидна дама од вазнава,
со златен тен, молчи.
Но зар не ти се чини дека во погледот
и’ се содржи прашањето:
"Во што е мислата на едно човечко постоење?!"
Ако е во броење денови, години, накити,
радости или таги,
тогаш, животот се состои од совршени лаги!
Ако никогаш не се родеа тие што умреа,
ако не беа предмет за со нив безочно да си поигра
биологијата, хемијата, физиката,
- е, тогаш, најверојатно, поинаква ќе беше сликата!
- Ветер во магла! -
ШУРКА
Да направам копија, да ја пренесам со прст
макар на стомне печено в Ресен;
да ја прикажам кога се прелева низ грст
млаз вода, млаз оган, млаз воздух пресен.
Да и’ го откријам скапоцениот тен
од лицето преку градите надолу, норче што нурка,
в рака да и’ ја соберам наметката од лен,
другата рака надолу нека си шурка. . .
Да ја откријам каква што не ја знам,
каква што си е одвнатре, зрела,
сакам да си ги напасам очиве нежност сам,
со жешки прсти да предам кадела бела.
Сакам да ја извајам во еден здив
целата, узреана бакарна топка, сопка -
што се намотува во отсјај жив,
гладен прелив од страст, во клопка!. . .
МАГМА
На едно предавање
од областа на астрономијата
Паскал Сотировски изложи цела теорија
за Вселенскиот систем,
имајќи го предвид Сонцето
во небеската сложена механика,
-зажарена топка во гасовита состојба,
што полека, но сигурно, гасне!
Тезата беше поткрепена
со бројни примери на цртежи,
изохипси, паралели, координати,
цела низа формули
за термонуклеарната активност на магмата
што постојано врие од средината
на Сонцето,
избива и се шири!
Не беа изоставени
ни суштествените проблеми
на сончевите дамки
што фатално се одразуваат
врз здравјето на човекот!
Значи, Сонцето гасне!
Според тезата
ќе треба да поминат уште шест милијарди години,
додека процесот на гаснењето трае!
Зошто токму шест милијарди години,
а не, да речеме, седум или уште повеќе?!
По неколку дена од предавањето
седев на ѕид од селско гумно
и гледав тенка жена
со решето в раце сее и пресејува жито.
До неа дете се прпелка во сламата.
Наоколу се’ е презреано
растопено суво злато.
Огромно, Сонцето над планината на заод
на жената и’ ја издолжува сенката
дури до полето. . .
В миг помислив дека пред себе ја гледам
младата Рут од Библијата,
клас по клас, зрно по зрно
ја собира летнината.
Којзнае, можеби
и по шест милијарди години
нешто ќе треба да се пресева!
СО ЖИВКО ЧИНГО ВО ВЕЛГОШТИ
Ај, мајка, ова цреше расцутело, убајна!
Пули го, го отворило цутчето, трепери!
Бре, што лично, а уште и смеа од него!
Ај, му се радува на сонцето, игра!
Море седи како што треба, кога ти велам!
Ти се паднало да гледаш велгошко цреше
и не прави се на удрен, ами ликувај!
Пих, со каква смеа не дочекува!
Еве, се приближува убаво моме, нека го!
Му ги гледаш ли плетенчињата на рамо -
тоа се две гугутки што грвалат, се јазат!
Другоно пониско, тоа е за тебе!
Мамето, ако кажеш дека сме пискарала!
Жените не сакаат луѓе што прават песни!
Тие сами ги пеат под црешиве!
Море гледај да не заебеш работата!
Ај, со каква доверба ни се приближуваат!
Јас ќе одам со првата на дваесетина метри пред тебе!
Немој да си заустил нешто што не треба!
Достатен е повејов на црешиве што цутат!
Затвори ја устата со чеп Скребатски кога ти велам!
Можеш да и’ подариш бакнеж ако ти прифати,
но никаква фраза што ќе ја обеснажи!
Гледај да и’ го доближиш сонцето до срцето!
Ако не ти успее, сам си пресечен ќутук!
Таа нема да ти ги гледа патиките скинати,
ќе ти го гледа акалот во црпката!
На потег сме, ако можеш, згрвали ја, важи!
Ако се разгради работава виновен си ти!
Таа е таа поезија што ја бараш, што ти треба!
А изгледа никогаш не ќе ја најдеш со овој ум!
Допирај и’ го розето само со дикет!
Пофати и’ ги сонливите ластовици, ако ти допушти!
Спушти ја раката надолу кон пупето божем случајно!
Ако одненадеж затрепери - тоа ти е ветер во магла!
Ако ја утнеш работата, на душа ти!
Ајде, не чекаат, на потег сме, тргај!
...
- Милице, овие се пискарала, поети, бегај! -
...
Ти реков ли, скоту, да не мелеш во празна воденица?
Што ти требаше, катилу, да и’ кажуваш колку е убава?
Што ми го расипа сонов на црешиве, да ти се расипе умот!
Како имаше совест -
да ми го одземеш она што никој не ми го подарил?
Ајде, носи се, сосе мајчината ти вера!
...
Туку, чекај! Ајде до тате Томе, онаму -
тој гаси вар, а има и што да ни каже!
Ако пиеш многу, како стока, ќе се опиеш!
Треба да те носам наплеќи дури до Охрид,
а гледаш колку сум слаб, трска . . .
Друг пат не се зафаќам со тебе, не излегувам,
зашто секогаш ќе ја сопнеш работата . . .
Туку, нејсе, луѓе сме, се учиме од грешки!
На здравје и со добрина до идниот Ѓурѓовден!
ПРИЌЕ
. . . И сега кажете, како може да се напушти
оваа божја солза дотечена од Тиквешијата
и да се патува, да се лебди, да се лета
(а да се остави богатото приќе на есента)
и да се ака меѓу растопените крилја на Икар,
кај што патувањето секогаш е смерно
а целта, колку и да е јасна, е неизвесна!. . .
. . . И сега кажете, како може да му се угоди на огнот
а да не се растури пепелта?! - Дионис имал право
кога врз пехарот, покрај капка, сликал и буква!
"Трпко вино" секогаш има вина за многу драми,
па и за онаа - "да се биде или не", кога Хамлет
безразложно си ги копа сопствените бунари
да го дозамати овој личен свет!. . .
. . . И сега кажете, како може да се остане цел во целината
а да не се биде со словото на обврската земна,
да се има закон по кој доблестите се управуваат
по сончевите магистрали кај што царува светлината,
а мракот неизбежно се згустува во дамка темна?!
Тогаш виното, трпко и крепко, ја зема вината
зашто во него, како што рече мудрецот, е вистината. . .
. . . И сега кажете, нели не на јастија, ами на питија
почива светот широк а волен, мошне болен
од зависта на луѓето што ќе не’ прогонуваат
и по нашата смрт што неминовно се ближи,
а човекот, таа рожба, тој вруток на животот, волен
ја одредува границата од скитија
- Пастир, Црн Овен, со крклици страст стрижи а мижи!. . .
ДОЛГИ ПАТУВАЊА
Долгите патувања се условуваат со пораз
пред тронот на троските
излижани, излокани ситни монети
забодени се со клин до коските.
Ако имаш разум имаш бит и бол
пред домородни дибеци
еден жив порој му се заканува на мостот,
водите се разлазани змии по сончеви припеци.
Рамо до рамо и тргнува колоната
во грозоморна глутница,
снопје зли мисли во глава ти се мота,
цут до цут, деновите ти се разнесена глутница.
"Ем кабаетлија, ем фурсатлија", човеку тргај
подмолно те лаже годината,
ѕверот што лежи во тебе со челуст те нагризува,
глеј, наѕира од пепел остината.
Долгите патувања трајно се преплетуваат
во набуен лек и лелек,
по царските друмови од заматени умови
на скапоцен метал ти го втиснуваат твојот белег.
Во запрежна кола разјарени вола
твојот Орфеј го влечат,
а се насетува: пилата ја назапчија, ја поставија
за на триста парчиња да те сечат.
А ти пак, кутриот, пеач на глас, место китара
имаш страст што ја подаруваш на тони,
со погледи зажарени, со разголени цицки, во соништата
постојано те придружуваат стројни, газлести Горгони!
Пругоре и прудолу, со неизмерен јад кон вечен град
тркалата на колата кружат во напнат тресок,
пред острите скапци, пред стрмните стрели
животот се срона во сув песок.
На поворката автограмот на взалудноста
се втиснува ко крик на птица,
писнува здивот на крвта, се заледува,
озарува бакарна плоча од раскасапени лица.
Искубани, грозни, гладни хиени, а стрвни
кобно го шират виежот,
по земјата вршки од врвулешки удираат печати крвни
- потврда дека се’ се заглавило во гнилежот.
За Јован Котески
1. Целосна блог-архива за животот и творештвото на македонскиот поет Јован Котески (1932-2001). Блогот ги содржи целокупните поетски збирки на Јован Котески од 1958 до 2000, како и неговата лична и творечка архива.
2.Материјалите од блогот се слободни за користење во лични, образовни и научни цели. Забранета е нивна употреба за комерцијални цели и без наведување на изворот и авторот.
3.Сите дериватни дела (правењето песни, раскази, романи, музика, сликарство, вајарство, документарци, филмови, стрипови, спотови, танц, фотографија, дизајн, мода, видео-игри, виртуелни светови... научни и стручни текстови, теорија и филозофија, публицистика... врз основа на песните од Котески) се дозволени, доколку не се користат за комерцијални цели и доколку се наведе изворот и авторот.
4.Авторот на дериватските дела мора целосно да го наведе текстот на оваа лиценца (на истиот начин како што се појавува овде).
5. Доколку некој автор спомнат на блогот смета дека се повредени неговите/нејзините авторски права, може да ја контактира Јасна Котеска на jasnak@gmail.comЗа поетот
Биографија
Фотографии од Струшките вечер на поезијата (1981, 1982), Јован Котески
Интервју со Котески (2000)
Семејни фотографии од Котески
Интервју со Јован Котески, Пулс, 1999 за збирката „Разор“
Таткото на поетот, Васил Котески (фотографја со неодреден датум)
Фотографија на Јован Котески (2000)
Фотографија од Јован Котески, рани 1990-ти
Фотографија од Јован Котески (2000)
Награди за поезија
Осврт за „Трагач“ (1995) од Јован Котески, победник на анонимниот конкурс за поема
Портрет на Котески по затворот
Котески во едицијата на „Народна книга“ од Белград (1974)
Два документа од 2001
Збирката „Dragoste si Moarte“ (1981) од Котески на романски јазик
Фотографија на Котески од 1966
Фотографија од Рацинови средби (1979)
Фотографија од Струшките вечери на поезијата (1964)
Никита Станеску и Јован Котески
Разгледница со песната Љубов и смрт
Фотографии од Струшките вечер на поезијата (1981, 1982), Јован Котески
Интервју со Котески (2000)
Семејни фотографии од Котески
Интервју со Јован Котески, Пулс, 1999 за збирката „Разор“
Таткото на поетот, Васил Котески (фотографја со неодреден датум)
Фотографија на Јован Котески (2000)
Фотографија од Јован Котески, рани 1990-ти
Фотографија од Јован Котески (2000)
Награди за поезија
Осврт за „Трагач“ (1995) од Јован Котески, победник на анонимниот конкурс за поема
Портрет на Котески по затворот
Котески во едицијата на „Народна книга“ од Белград (1974)
Два документа од 2001
Збирката „Dragoste si Moarte“ (1981) од Котески на романски јазик
Фотографија на Котески од 1966
Фотографија од Рацинови средби (1979)
Фотографија од Струшките вечери на поезијата (1964)
Никита Станеску и Јован Котески
Разгледница со песната Љубов и смрт
Линкови за Јован Котески
* 01. Јован Котески на Википедија (содржи и пет поетски збирки од Котески)
* Јован Котески на Open Library (каталогизација на сите збирки)
* 02. Јован Котески на Блесок (Poems in English)
* 03. Јован Котески на Амазон (сите книги се моментално недостапни) :)
* 04. Библиографија на англиски од сајтот на struga.org
* 05. Јован Котески на бугарската Википедија
* 06. Тротомниот избор од поезијата на Котески (Три, 2000)
* 6. Стихови на Котески во шведска антологија
* 7.Текстот „Интимист“ за полициското досие на Котески (на англиски)
* 8.Кратка белешка за Јован Котески во извештајот на Прајваси Интернешнл за 2007
* 9.Вест за смртта на Котески
* 10. Поетско читање по повод петгодишнината од смртта на Котески
11. Day of the Writers in Prison on Diversity: Jovan Koteski on Diversity, International PEN Collection
* Јован Котески на Open Library (каталогизација на сите збирки)
* 02. Јован Котески на Блесок (Poems in English)
* 03. Јован Котески на Амазон (сите книги се моментално недостапни) :)
* 04. Библиографија на англиски од сајтот на struga.org
* 05. Јован Котески на бугарската Википедија
* 06. Тротомниот избор од поезијата на Котески (Три, 2000)
* 6. Стихови на Котески во шведска антологија
* 7.Текстот „Интимист“ за полициското досие на Котески (на англиски)
* 8.Кратка белешка за Јован Котески во извештајот на Прајваси Интернешнл за 2007
* 9.Вест за смртта на Котески
* 10. Поетско читање по повод петгодишнината од смртта на Котески
11. Day of the Writers in Prison on Diversity: Jovan Koteski on Diversity, International PEN Collection
Multimedia
База на податоци за книгите на Котески
Базата ги содржи:
1. Насловот на збирката
2. Годината на издавање
3. Издавачот и серијата
4. Пагинација и димензии на книгата
5. ISBN (кадешто го има)
6. Насловна корица
I. Збирки песни
1. Насмевка пред зорите (1958)
2. Земја и страст (1958)
3. Злодоба (1963)
4. Тежина (1965)
5. Пеплосија (1966)
- Земја и страст, 2 изд. (1971)
6. Сенки (1972)
7. Зелени порти (1975)
8. Хераклеја (1978)
9. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991)
17. Ралица (1992)
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1996)
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
II. Избор од поезијата
1. Злодоба (1992) - избор
2. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - избор
3. Празник (1995) - избор
4. Решетки (1996) - избор од затворската лирика
5. Јован Котески (2000) - тротомен избор
6. Сончева белегија (2008) - избор
III. Препеви
1. Pesme/Песни (1974) - српски
2. Dragoste si moarte (1981) - романски
3. Strah i duša (1984) - српски
4. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - англиски, француски, руски.
IV. Песни за деца
1. Глувчето со двоглед (1991)
V. Книги за Котески
1. Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
1. Насловот на збирката
2. Годината на издавање
3. Издавачот и серијата
4. Пагинација и димензии на книгата
5. ISBN (кадешто го има)
6. Насловна корица
I. Збирки песни
1. Насмевка пред зорите (1958)
2. Земја и страст (1958)
3. Злодоба (1963)
4. Тежина (1965)
5. Пеплосија (1966)
- Земја и страст, 2 изд. (1971)
6. Сенки (1972)
7. Зелени порти (1975)
8. Хераклеја (1978)
9. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991)
17. Ралица (1992)
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1996)
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
II. Избор од поезијата
1. Злодоба (1992) - избор
2. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - избор
3. Празник (1995) - избор
4. Решетки (1996) - избор од затворската лирика
5. Јован Котески (2000) - тротомен избор
6. Сончева белегија (2008) - избор
III. Препеви
1. Pesme/Песни (1974) - српски
2. Dragoste si moarte (1981) - романски
3. Strah i duša (1984) - српски
4. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - англиски, француски, руски.
IV. Песни за деца
1. Глувчето со двоглед (1991)
V. Книги за Котески
1. Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
Избрани песни
Јован Котески
АЛКИ (1984)
(старзаманско оро, по војната)
Писнува свирката на катун Еѓупци,
збива планината в подмолен татон.
Едно старче ја крева раката,
ногата ја подава како да влегува в гроб,
го фаќа ритамот на расплаканото пиле
и опа! - го почнува орото. Еден по друг
како алка со алка се врзува синџирот,
се издолжува од премалени тела.
На крајот од овој божји сплет
едно извалкано детиште со лице пердувче
го крева рачето во знак на лага
и со камшикот сплетен од живи тела
почнува да го камшикува господа
скриен во свирката што плаче.
Jован Котески
Трагач (1995)
поема
- извадок-
Пред да избереш девојка за жена
најпрвин избери огледало
на кое ќе се огледува муце од видра!
Според бојата на земјата по која се втиснуваат
твоите траги
одреди ѝ го тварот, не заборавај го зборот!
Храни ја извесно време со суво грозје
како што се хранат канаринките.
Пред да зачекориш во подвигот погледни ѝ ги забите
(бели?)
кажи ѝ неколку простени молитви гласно и јасно!
Наостри ја сабјата како секавица
низ Димна гора за да ти се гледа . . .
Потковај го коњот наопаку со клинци
- жолти дукати.
Не пропуштај го галавниот адут - виното.
Пред да избереш девојка за жена
појди на чешма и со часови гледај го млазот вода . . .
Колку и да ти се открива како светица
таа ќе ти ја одземе силата, човеку, не Господ.
Не срди се што не ти ја дополнила чашата
течен ќилибар, таа ја знае суровата мера.
И не бегај од неа како овчар од магла,
не оставај ја усвитена фурна,
таа ќе го пече тоа што ќе го рече
па макар ти да се здробиш на парчиња во Солунско!
Не број го времето со часови, денови, години,
симни го јарчето на сржбата од вратот
и врати се кај што се врти вретеното . . .
Инаку таа знае да биде и црвена мравка,
ќе ти ги растури името и куќата.
Ќе те остави гол како пиштол
а своите рудни богатства на имањето
ќе му ги отстапи на Беле Костурчето
што ќе ѝ ги прекопува со жешка казма!
АЛКИ (1984)
(старзаманско оро, по војната)
Писнува свирката на катун Еѓупци,
збива планината в подмолен татон.
Едно старче ја крева раката,
ногата ја подава како да влегува в гроб,
го фаќа ритамот на расплаканото пиле
и опа! - го почнува орото. Еден по друг
како алка со алка се врзува синџирот,
се издолжува од премалени тела.
На крајот од овој божји сплет
едно извалкано детиште со лице пердувче
го крева рачето во знак на лага
и со камшикот сплетен од живи тела
почнува да го камшикува господа
скриен во свирката што плаче.
Jован Котески
Трагач (1995)
поема
- извадок-
Пред да избереш девојка за жена
најпрвин избери огледало
на кое ќе се огледува муце од видра!
Според бојата на земјата по која се втиснуваат
твоите траги
одреди ѝ го тварот, не заборавај го зборот!
Храни ја извесно време со суво грозје
како што се хранат канаринките.
Пред да зачекориш во подвигот погледни ѝ ги забите
(бели?)
кажи ѝ неколку простени молитви гласно и јасно!
Наостри ја сабјата како секавица
низ Димна гора за да ти се гледа . . .
Потковај го коњот наопаку со клинци
- жолти дукати.
Не пропуштај го галавниот адут - виното.
Пред да избереш девојка за жена
појди на чешма и со часови гледај го млазот вода . . .
Колку и да ти се открива како светица
таа ќе ти ја одземе силата, човеку, не Господ.
Не срди се што не ти ја дополнила чашата
течен ќилибар, таа ја знае суровата мера.
И не бегај од неа како овчар од магла,
не оставај ја усвитена фурна,
таа ќе го пече тоа што ќе го рече
па макар ти да се здробиш на парчиња во Солунско!
Не број го времето со часови, денови, години,
симни го јарчето на сржбата од вратот
и врати се кај што се врти вретеното . . .
Инаку таа знае да биде и црвена мравка,
ќе ти ги растури името и куќата.
Ќе те остави гол како пиштол
а своите рудни богатства на имањето
ќе му ги отстапи на Беле Костурчето
што ќе ѝ ги прекопува со жешка казма!
Сите збирки поезија на Јован Котески (од 1958 до 2000)- избрани песни!
Кликнете на овие линкови за да ги читате песните!
01. Насмевка пред зорите (1958)
02. Земја и страст (1958)
03. Злодоба (1963)
04. Тежина (1965)
06. Сенки (1972)
07. Зелени порти (1975)
08. Хераклеја (1978)
09. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991) песни од затворот
17. Ралица (1992) песни од затворот
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1995) поема
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
01. Насмевка пред зорите (1958)
02. Земја и страст (1958)
03. Злодоба (1963)
04. Тежина (1965)
06. Сенки (1972)
07. Зелени порти (1975)
08. Хераклеја (1978)
09. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991) песни од затворот
17. Ралица (1992) песни од затворот
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1995) поема
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
Koteski's Poetry in Other Languages
Ana (1958) in Romanian
Persephone (1985) in English
Chest (1984) in English
Kaimakchalan (1963) in English
Death Of the Warrior (1963) in English
Statue 1 (1978) in English
Cockroaches (1991) in English
Rheumatism (1990) in English
Penelope (1990) in English
Love and Death - English
Solitary Confinement (1992) - English
Morning Star (1992) - English
Persephone (1985) in English
Chest (1984) in English
Kaimakchalan (1963) in English
Death Of the Warrior (1963) in English
Statue 1 (1978) in English
Cockroaches (1991) in English
Rheumatism (1990) in English
Penelope (1990) in English
Love and Death - English
Solitary Confinement (1992) - English
Morning Star (1992) - English
Критики за поезијата на Јован Котески!
Книги:
Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
Текстови:
01. Паско Кузман (1991)
02.Миодраг Друговац (1963)
03. Миодраг Друговац (1964)
04. Сашо Гигов Гиш (1993)
05. Бранко Цветскоски (1990)
06. Паско Кузман (1991)
07. Петко Дабески (1994)
08. Веле Смилевски (1981)
09. Влада Урошевиќ (1963)
10. Глигор Стојковски (1993)
11. Благој Иванов (1999)
12. Бранkо Цветкоски (1998)
13. Георги Сталев (1995)
14. Оливера Ќорвезироскa (1995)
15. Греам Рид (1966)
16. Душко Наневски (1975)
17. Радомир Ивановиќ (1975)
18. Слободан Мицковиќ (1978)
19. Атанас Вангелов (1978)
20. Данило Коцевски (1978)
21. Науме Радически (1990)
22. Илија Карајанов (1991)
23. Петар Петрески (2000)
24. Блаже Конески (1972)
25. Алекс Букарски (2008)
Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
Текстови:
01. Паско Кузман (1991)
02.Миодраг Друговац (1963)
03. Миодраг Друговац (1964)
04. Сашо Гигов Гиш (1993)
05. Бранко Цветскоски (1990)
06. Паско Кузман (1991)
07. Петко Дабески (1994)
08. Веле Смилевски (1981)
09. Влада Урошевиќ (1963)
10. Глигор Стојковски (1993)
11. Благој Иванов (1999)
12. Бранkо Цветкоски (1998)
13. Георги Сталев (1995)
14. Оливера Ќорвезироскa (1995)
15. Греам Рид (1966)
16. Душко Наневски (1975)
17. Радомир Ивановиќ (1975)
18. Слободан Мицковиќ (1978)
19. Атанас Вангелов (1978)
20. Данило Коцевски (1978)
21. Науме Радически (1990)
22. Илија Карајанов (1991)
23. Петар Петрески (2000)
24. Блаже Конески (1972)
25. Алекс Букарски (2008)
Песни
Ана (1958)
Реома (1990)
Тавтабити (1991)
Татко (1990)
Во злодоба, ракопис (1963)
Зрзе, ракопис (1984)
Во злодоба, ракопис (1963), отпечатена во изборот песни од ракописната збирка „Празник“ (1995)
Змија, ракопис (1995)
Селска сиромаштија, ракопис (1963), отпечатен во ракописната збирка „Празник“ (1995)
Алки (1984)
Персефона (1985)
Дијалог (1985)
Римска божица (1985)
Аптекарка (1985)
* * * (1990)
Прашања (1990)
Рак (1990)
Предупредување (1990)
Туѓинец (1990)
Совпаѓање (1990)
Совпаѓање (1990)
Размисла (1990)
Задоцнет славеј (1990)
Бројки за споредба (1990)
Медалјон (1990)
Римувана песна (1990)
Копче (1990)
Запис (1990)
Зандана (1990)
Аполон (1990)
Пенелопа (1990)
Спокој (1990)
Цел ден (1990)
Са-ноќ (1990)
Споредба (1990)
Оси (1990)
Трагач (1995), извадок од поема
Поети (1991)
Ласица во сонот (1991)
Душа (1991)
Автограм (1991)
Предупредување (1991)
Прашања за размисла (1991)
Цртежите на Сутин (1990)
АТО плус АТОТО (1991)
Стихови за бел Дунав (1994)
Реома (1990)
Тавтабити (1991)
Татко (1990)
Во злодоба, ракопис (1963)
Зрзе, ракопис (1984)
Во злодоба, ракопис (1963), отпечатена во изборот песни од ракописната збирка „Празник“ (1995)
Змија, ракопис (1995)
Селска сиромаштија, ракопис (1963), отпечатен во ракописната збирка „Празник“ (1995)
Алки (1984)
Персефона (1985)
Дијалог (1985)
Римска божица (1985)
Аптекарка (1985)
* * * (1990)
Прашања (1990)
Рак (1990)
Предупредување (1990)
Туѓинец (1990)
Совпаѓање (1990)
Совпаѓање (1990)
Размисла (1990)
Задоцнет славеј (1990)
Бројки за споредба (1990)
Медалјон (1990)
Римувана песна (1990)
Копче (1990)
Запис (1990)
Зандана (1990)
Аполон (1990)
Пенелопа (1990)
Спокој (1990)
Цел ден (1990)
Са-ноќ (1990)
Споредба (1990)
Оси (1990)
Трагач (1995), извадок од поема
Поети (1991)
Ласица во сонот (1991)
Душа (1991)
Автограм (1991)
Предупредување (1991)
Прашања за размисла (1991)
Цртежите на Сутин (1990)
АТО плус АТОТО (1991)
Стихови за бел Дунав (1994)