22. Дваесет и втора збирка „Одрон“ (1998) Јован Котески

ЈОВАН КОТЕСКИ
ОДРОН (1998)


Најпознати песни од оваа збирка:
1. Бивство
2. Ане-акт
3. Шупуле
4. Слика




БИВСТВО


Сине, ни сум, ни не сум.
Ни душа, ни ум, ни бог
не ме перат. Со инка
елан да сипат - злом
ме чини. Пак и пак
празно сум бивство. Ја!


КУМ

На Петре М. Андреевски

На земјава,
во последниве неколку децении
бидејќи нема
"повеќе сронети солзи
од живи за живи луѓе",
како на староставен кум
ти подарувам една невеста
од бел брзак на извор
за да и’ го кренеш дулакот!

И да ме замислиш
како олитен, испаден вазал
кој од Збажди
преку Оздолени
до Слојштица и натаму
по коленици лазел . . .
- И - ха! - (Играјќи го Тешкото)


СЕКАВИЦА


Со златна јажица
врзувам житно снопје
одовде надолу
повлекувам линија
како при создавањето
на Млечниот Пат,
го збирам зрното
на твоето тело низ мрежје,
прелевам топлина
по сапи на кобила
снежно - бело - брежје,
копјаник сум, фрлам копје
кон твојата убост
низ слепо сито
пресејан од грубост . . .

Со пердув на орел
со влакно на волк
со крлушт на риба
се врзувам за тебе.

Растурен бран нé дели
со боја на вжарен челик.


ЦВЕЌЕ

- Темен си! Сигурно си плакал?
Дошле да ти ја земаат душата
ама не те нашле. По земја
посопница - некаде си акал?

Те издава солзата, да! Зарем? -
- Не, не! - Јас само тонев в кал
кога видов како впрегаат
вол со мечка - да теглат јарем! -

Зад нас годините - скинато вреќе!
Собирам нарамници, не китки,
од планината ширам опојни мириси,
на луѓето им е потребно свежо цвеќе.


ПРОМЕНАДА


Му ја џапнаа џабе!
Арии, неба, ребра,
не помагаа. Ружа -
се рути, капе
"карпа мрак". Отишани
означено е со крст
на табла. (Ниска цена
за дебела царина.)
Деца, гледајте, ја,
ја џапнаа Царева
ко турска тапија.
Дали те заслепија
назлам Димитри,
што ли чудо те снајде?
Ај, пои и гега
твојата Малесија.
- Бре, што ќе беше?! -
Абитуриéнт!; ∕то?
Ич, гајле да немаш,
јас сум со тебе!
Ќе ја најдеме . . .
Освен, не дај Боже, ако
не се реши да бега!


ЕЛЕНЧИЦА


Кон пладне се огласив:
- Ја видов Еленчица на јаве
додека транзисторот ја шеволеше
Лучија - Деламермур,
на звуците им ги чистев снопјето
од вејавици, (море труд!)
и ја облекував планината
во невестинска руба! -
- Што ми можете? -
Петициве ми ги лиже мраз,
лицево ми го колеба ветер,
срцево ми го лочка
мажјак од куна. И еве -
јас сум Еленчица
заталкана ничкум
во пределот на срцево.
Срам да ви е -
не ми можете ништо!


РАДИКА


Самотно око гледај
кичери ѕвезди зоба.
Парка течен окер
и реско нагодба прави
- газер без дно. е Рзак

зелено око пасе
в чаробно милје на сонар!
Акорд на Равел - тоа,
в бескрај растура млаз
вода од речен брзак.

Радика тоноказ шири,
без ѕвоно станува - ѕвонар.
Не! Не се откачува Земјата,
се мали само денот
а со него и јас.
Галичник, август 1997 г.


КАЈ НАМ


(Кај нам) е адет -
да се витка комат со губа тенка,
в ан и цар азил да бара,
јанѕа на врата да тропа;
да топат руда - ажур (во Саса!)
а ровја од тапан - неба
на олук да чука; па бес
в кинеж да раси ретка женка!

(Кај нам) за показ
зар не бил несирен
оној ардак*, лештар, па со прст
за Ана - писар - стих сро(н)чил!
Се мота (а сам подлец)
нотира, а чај - липок - сипа
додека на иниграм рел фусноти
на мајка му и’ делкал аловен крст?

(Кај нам) и Теба ум
ни дала! "Рок - пок" - сипе
современа музика(ј);
на гумно игумен, орач, столар
кошкаат ора.
Кај им е тоа едро од збор?
-Еј, ти! - Кај им е оној нерез
од н е в е р м о р ? . . .

*Ардак во ловечкиот говор е - пастув.


КОСИДБА


(увертира)

Горе исар - салта кота!
Сонар разли - елемија.
Липок реви јадер немак,

ако клепам коса в нагон
до слабина ерти плевел
и рамена лошо мота.

Долг е денот, а кус часот,
карак сипе тупак ален,
вреба огрив атот лаком -
коник сончев што се ближи
омар в акал ми шеволи.

В далеж око дактил гледа,
шум на извор пак ромори -
ко бел литак кос се влече,
немак множам со себеси,
а јод плиска од небеси.

Далјан лежи во чаура,
намитроса сува коска.
Гипс се рони, леб се пече,
жар се жари, пот се цеди,
на рака ми - бакар спален!

Полегнати војски, племја,
на синии лемет зелен,
не сум тиран, спак аура,
глод лук сум и гледај, косам
да волева род на земја . . .
А со небо одрон збира!




ЛОВ

1

Ловот е чара.
Рекоа: отсем мене минал
(а не бил на нишан
од двоглед тој шут
несон - Картуш.)

Ведро, а немушт Марс
апе. О, снежинка
се топи ко барок на рабуш.
Актуелен лов с мади,
о, лаги ласкави.

Рудино, квит!
Кануј го, леба ми.
Тој е флизер
на машка дивина,
на драки од куна, ласица . . .

2

Карпач масив леди
а суна,
лови - ха! - дивина.
Е, викам: витка и мота
а туби, на китна
асура ниту легна.
Матичен атавизам
ја ател Анита.
Се врати пасак.
Скепса за лов.
Ротер е дам,
дори јадел (г!)
текса* месо
в акро - татнета провалија
на "изок" и на "врц"
атакува и бара трофеј
а нема дори за код.
Е па, не се со ре(н)та, (кар!)
Потерата не е в ред!
Продолжува . . .

* Текса во ловечкиот говор е - срна.


АНАТЕМА

Атрактивен, да,
не чини "ц"; тоа
монистра ниже и сити
ала гердан. Синоним
цери насипан куп.
Лекторен потег ќе да е
овој "тексас" пламен.
Фармерки, фармерки
на вити, стамени тела . . .

- Не лај, витосај се,
не си ретор ни ратар! -

Кој ереј ми се заканува
и анатемисува? Ми топори
миса? Исаном, кој ме намиртоса,
кој ми витка венец од "арог - ног" *?

О, канабе оти ми каниш
Татко? В јами искваси ме,
конаци ѕидај
ако ти тргне! Ако не,
окапи ја и в невред фати!


НОЌНА РАПСОДИЈА


Рече: "Место снимка
ми покажа топла вена
Таа - вулец од жена! "

Крај корав метал
будно ја ратев,
оледив изум
и станав винар . . .
Па зев по зевот
ко ливок целев
по зелен присој
крај гранет чинар
ѕвонев ли ѕвонев
ко отнат дулец . . .


- Лај, лисо, лај
по брегот на Лисолај*,
ама мисли и на замка! -

- О, та - те!
- Оооооооој! -
- ∕то е тоа
што го бркаш? -
- Ут, бре, ут! -

* Лисолај - село во Македонија


ПРЕСУДА


Пеплосува лист на бодлив глог.
На срната и’ велам:
- да ти се расчепи копитото, ми бегаш;
на егзекуторот:
- да ти се плукнам на суратот
со ситни синџири, до коска, ме стегаш;
на убавицата:
- зошто допушти да те лока смок,
(зар одлета со заблудата?), убедена,
дека правилно ми е изречена пресудата!

АНЕ - АКТ


На Кича и’ треба
абен нагон тап,
нему - и јак ат,
со грива суна и трома;

не чу ли, оти Проку
преку веди му рекла:
"Таа идна перка ти била! "
Ти била, ти била . . . Нотна
линија, зар вода од Лим?
Руж - жаба зари му аван
од ебеница, тенчи, тенчи . . .
О крек и’ се чу, и не чу!
Недра отпасе, а сидра отна.
Ај, ангарија. И кај нам
еден ум, а кај вам?
О, неба! Кој акна - арам!
Ав - крц - лагер, а там
нови едра ригна,
пирави нечитлив фар.
Зона - црна риза - ариза.
Болко мазна, ноќта отна вир.
Три исиња вода
едно исе земја,
Аритон вика в сон:

"Е, длабок кањон,
шуми ли ратат . . .? "


ШУШУЛЕ

Ром - оп - на ринг!
Ран лов бара
- живи траги -
прав на тапан.
Ливок Катро
со ракавици скока
преку "евин брег",
рајар со арак -
левак е, се виде,
по ударите . . .
Бантам категорија -
"сек - роб"!*
Резач на аплаузи
и јаничар со катапулт
в плексус . . .
Вртимушки најавија
дека на рингот ќе има
уште дај - земај, а јас,
ценет неук вазал
(простено нека ми е!)
додека одблизу
гледам борба, глуво,
ко боцливо шушуле
се пикам в уво . . .
Зол позер?
Така. Да. Квит.

*"Сек - роб" во ловечкиот говор е боксерски термин за тактизирање


ПАРТИЈА ПОКЕР

Комар не носи
пара. А ганс
карти донесе тате.
В ален локан
налеј: "ак" - "чип" -

"кар" до "ре" трев,
на спатја дама
легна "а" - кец.
"С" - утроба перка - гард.
Носам ценар,
и’ отна налок
оној сипак келав
на Мара - "пик".
И носи - "разец".
Ако се пикнат (в игра)
Абду Авал Ситар (Б),
Анзо Атлај (Р)
со локер - лака -
не е така лесно
да се ќари денар.


ТЕЧЕНИЕ
На Младен Дилевски

Ти излета ангелот на душата
облечен во боја на зрела пченица,
акварелот на Бистра се престори
издишка на ѕвезда - Деница.
Ко стрели летаат снежинки бели
над Цери - Пашина - Планина
изворот на Радика е чист
ко развеан, во мислата, лист.
Небото кипе ко пена на пиво!
- Што носи реката кон морето? -
Се потсетувам -
под широка сенка на липа во јуни
мислата ни беше заталкана
за крај в бескрај што руди,
а думата се слеваше: кога - тогај,
ќе се пресечат нашите звучни струни,
низ стих ќе се токосаат сознанијата
за еден недостижен, заумен живот.


БОЛКА
(говорна)

Лузно (к!), еве ти цек
од "а" категорија! Кога?
- Како тоа, џелат јас, а ти? -
Ти си рев од друга болка, вода
стопати ткаена, недоткаена!
Ни мумија од кај Египтјаните
не си! Некој те зел, сигурно,
можеби, земјата, со племјата . . .
- Е, па, што? - А, ништо! -
Така, од итање, в предел врел
ко течен волк - болка ме глода.
Ми се распаѓа ткиво на нога.


КОЛИКОКОШ

Лиска фодул
зад шамак

Чук, чук!
Капе учо в трем.
В ан се распостила . . .
Заре чука лучка.
Од локан до ровтек
ангел лета од Амур,
Синдо литак - апоказ.
Еј, ти, луд, ела,
шупи амо е акшам.
Има мала кучка
иии! Лево, десно
ај, кун! Жур и дамла . . .
Ак, чук, кап,
еј мурдар, руди,
росно але ати
воздушен гем. Зол
глог. Оди, кеси удри,
асли го. Агно, гони
лиса - коке! Имај исаф
в долап лапа зима.
Цин, цин, лоза - то
преку глог дере.
Фил и рогозина . . .
Лепи панел
Анабел Ли. Бос, ај, ат
отече. Течен видар
лисок собен. Од немар
Маре тргна резе,
зеде нишан: бум!
Насон гледај
заклан петел
в тава.


КЛАНИЦА

На Јордан Плевнеш

На дланката кај и’ е сјајот?
Сé што беше, така мина.
Оставнина, оставнина . . .
Ѕид до ѕидот, заб до забот,
до живата - мртва глава!
Сечилото горе виси.
Мазивата се слеваат
в делта пресна - нешто клука,
шиба реа, тече вода, тешка ава.
Острицата се забоде
во вената, алената,
рогот запна во плевата
на Кумовата Ти слама,
а јас крикнав: "Зар Ти тука?! "
- Кого гледам сега в рајот? -
Сотоната живот краде -
Мурџо лежи, сé без мера,
со нозете оптегнати
до светлосна (ТИ!) Венера.
Крвта топла капе, капе,
(крвој в кофи носи нана!),
се наѕира здивот секнат
преку драка, преку стена,
ко смрзната вода да е -
ја чувствувам на месото
раката ми - исушена . . .
- Кој се тели, се котели! -

СЛИКА
("Мајчинство")

Легнав, извори бели
течат на платно,
туби - алец - боја
обликува рамења,
јава ждребица јадра.
Ти пречи чапрак, нели?
Таа - вокал - жена
скоро ќе стане жар!
О, резе, вода, слика
зошто ти се? Фрли ги!
Изрази се со топли ноти . . .
Ижееси, наколно, Ван Сан*,
не е за в снег слика
со нартик да се фрла,
туку со рамка в рај!
По реч мудар, рави
осилен тих налбат
велигденски јајца
вапсани! И - ха на куп
истурај негасена вар!

* Псевдоним на сликарот Вангел Наумовски


МЛАЗ

Таа, (не е важно која?!)
се оплодува
во голема вода.
А што? - Не поправам
дури и да знам.
Во вир се огледува
ореова гранка - течен опал.
Оној токмак - Моме, вели:
- Еба ти таков тим! -
Се чешка на сон
млаз преку камен.
Реката се кобили, а немак сум
да ти го кажам ова.
Се плашам ќе одлеташ
ветер во магла . . .


СОЛЗИ


Ковит немак писан
се мати. Бигор
в оклоп (крева) рација.
О, неред ли? Е, и чин,
на куп! Археологија. Археолог.
Море Паско Кузман ископа
коски и монети. (На, тука,
семејна гробница
од преку 17 столетија.)
Принцеза, велиш, в одрон - авка!
Така прстен светка
жива жар. Е, липок,
вихра хартија - нема.
Само пепел ладна в око.
Ај, и скала камена . . .
Аризан брош, остинат сач,
мазиво малтер стега.
Вруток од солзи перка
и рати право в земја. ∕тедам
теквало, ронет, в несон,
збор. За солзи истапани
в земја. О, солзи! Солзи!
В стаклено боце, скршено,
читам: "Гринич ми се врати
за атар . . . "Кој? Гринич? Оти?
- Уш, томе . . .

Охрид, 7.2. 1998 г.


СОЗНАНИЕ


Ако масив, актив, ко мора
в ум ти ачка, ич, нив, ад -
со акти да не ги каниш!
Ќе видиш - јас сум ти
најдобар мецена . . .

Се вангелосав,
легнав ничкум, пергел,
ни ратев, ни атев, ни матев,
а сепак жнеев зла . .
За незнајна - мразулец жена!


АЦИН


Кој? - Ацин?
Свештеник или филозоф?
- Е, касап, род?
Некој Лопез
потап е и од мене.
Шави до Шагал (сликарот),
зијан е, се гледа,
ама и шерет: килав. Чекај!
Пагур, повели, мој.
Не служи Сара
винарка со винаре,
ама и со ветришта.
Сее инаети
на песок и на чибук!
На здравје . . .

За Јован Котески

1. Целосна блог-архива за животот и творештвото на македонскиот поет Јован Котески (1932-2001). Блогот ги содржи целокупните поетски збирки на Јован Котески од 1958 до 2000, како и неговата лична и творечка архива.

2.Материјалите од блогот се слободни за користење во лични, образовни и научни цели. Забранета е нивна употреба за комерцијални цели и без наведување на изворот и авторот.

3.Сите дериватни дела (правењето песни, раскази, романи, музика, сликарство, вајарство, документарци, филмови, стрипови, спотови, танц, фотографија, дизајн, мода, видео-игри, виртуелни светови... научни и стручни текстови, теорија и филозофија, публицистика... врз основа на песните од Котески) се дозволени, доколку не се користат за комерцијални цели и доколку се наведе изворот и авторот.

4.Авторот на дериватските дела мора целосно да го наведе текстот на оваа лиценца (на истиот начин како што се појавува овде).

5. Доколку некој автор спомнат на блогот смета дека се повредени неговите/нејзините авторски права, може да ја контактира Јасна Котеска на jasnak@gmail.com

...за Јован Котески од Јасна Котеска

Линкови за Јован Котески

Multimedia


Каменоресци. Антонио Павловски. Студио Пешевски. Линк
Кајмакчалан. Антонио Павловски. Студио Пешевски. Линк

База на податоци за книгите на Котески

Базата ги содржи:
1. Насловот на збирката
2. Годината на издавање
3. Издавачот и серијата
4. Пагинација и димензии на книгата
5. ISBN (кадешто го има)
6. Насловна корица

I. Збирки песни

1. Насмевка пред зорите (1958)
2. Земја и страст (1958)
3. Злодоба (1963)
4. Тежина (1965)
5. Пеплосија (1966)
- Земја и страст, 2 изд. (1971)
6. Сенки (1972)
7. Зелени порти (1975)
8. Хераклеја (1978)
9. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991)
17. Ралица (1992)
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1996)
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)

II. Избор од поезијата

1. Злодоба (1992) - избор
2. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - избор
3. Празник (1995) - избор
4. Решетки (1996) - избор од затворската лирика
5. Јован Котески (2000) - тротомен избор
6. Сончева белегија (2008) - избор

III. Препеви

1. Pesme/Песни (1974) - српски
2. Dragoste si moarte (1981) - романски
3. Strah i duša (1984) - српски
4. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - англиски, француски, руски.

IV. Песни за деца

1. Глувчето со двоглед (1991)

V. Книги за Котески

1. Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац

Избрани песни

Јован Котески
АЛКИ (1984)

(старзаманско оро, по војната)


Писнува свирката на катун Еѓупци,
збива планината в подмолен татон.
Едно старче ја крева раката,
ногата ја подава како да влегува в гроб,
го фаќа ритамот на расплаканото пиле
и опа! - го почнува орото. Еден по друг
како алка со алка се врзува синџирот,
се издолжува од премалени тела.
На крајот од овој божји сплет
едно извалкано детиште со лице пердувче
го крева рачето во знак на лага
и со камшикот сплетен од живи тела
почнува да го камшикува господа
скриен во свирката што плаче.


Jован Котески
Трагач (1995)
поема

- извадок-

Пред да избереш девојка за жена
најпрвин избери огледало
на кое ќе се огледува муце од видра!
Според бојата на земјата по која се втиснуваат
твоите траги
одреди ѝ го тварот, не заборавај го зборот!
Храни ја извесно време со суво грозје
како што се хранат канаринките.
Пред да зачекориш во подвигот погледни ѝ ги забите
(бели?)
кажи ѝ неколку простени молитви гласно и јасно!
Наостри ја сабјата како секавица
низ Димна гора за да ти се гледа . . .
Потковај го коњот наопаку со клинци
- жолти дукати.
Не пропуштај го галавниот адут - виното.
Пред да избереш девојка за жена
појди на чешма и со часови гледај го млазот вода . . .


Колку и да ти се открива како светица
таа ќе ти ја одземе силата, човеку, не Господ.
Не срди се што не ти ја дополнила чашата
течен ќилибар, таа ја знае суровата мера.
И не бегај од неа како овчар од магла,
не оставај ја усвитена фурна,
таа ќе го пече тоа што ќе го рече
па макар ти да се здробиш на парчиња во Солунско!
Не број го времето со часови, денови, години,
симни го јарчето на сржбата од вратот
и врати се кај што се врти вретеното . . .
Инаку таа знае да биде и црвена мравка,
ќе ти ги растури името и куќата.
Ќе те остави гол како пиштол
а своите рудни богатства на имањето
ќе му ги отстапи на Беле Костурчето
што ќе ѝ ги прекопува со жешка казма!