ЈОВАН КОТЕСКИ
СОНЧЕВА БЕЛЕГИЈА (1990)
Најпознати песни од оваа збирка:
1. ***
2. Качување на дрво
3. Прашања
4. Реома
5. Рак
6. Татко
7. Предупредување
8. Туѓинец
9. Совпаѓање
10. Размисла
***
Доцна е -
да се станува внимателен, Мајко,
да и’ се угодува на сура природа.
ГРОЗД
(Ем една, ем сјајна)
Чудно ми е како изминале повеќе
од две години
откако почнав да опишувам една жена
барајќи погодни зборови за споредба
како на пример - грозд е црн
зад жичена бодликава ограда
достапна само за око!
Чудно ми е што пак ја сретнувам
но сега таа жена
како да се враќа од иднината кон минатото,
носејќи, налактена, обилен товар нежности
што ги напојува моиве сетила
сочни страсти.
МАРИОНКА
Пливната в страст
своето тело го споредува
со пластови пролетен дожд -
Сведок на запалени пеперуги
се спушта од високо кон ниско колено -
Со напрегнати дамари
ги кали ковините по наковалната,
ми дарува вжарени жезли.
ДВЕ ЖЕНИ
По патот кон реката
две жени - распердушени квачки,
две жени-накострешени мачки
се караат.
Измислуваат нешта што не им паднало на ум
само колку да се оцрнат, да се огрубат.
Полека!
Ќе се најде некој кој ќе ги смири:
првин едната, па другата,
ќе ги заврти благословено
на опругата!
СОЛЗИ
Кртот ја отвора земјата
неговите очи се нејзина топлина.
Си ја расипувам целината на животот,
раната си ја носам
како што носи магма вулканот Ио.
И сî во просторот се молзи.
Но не сум знаел дека една жена со нежна лира
може сî да распарчи, да расече,
да направи русвајт од солзи!
ТРЕНДАФИЛИ
Цветовите живи пламења
црвени реки течат.
Латиците на сонот дувни ги!
Време е да влезам
во миризлива орбита,
во твојот живот.
Ако не можам
да те смислам во тежина,
ако не можам
да те вплеткам во мрежа,
- можам да те одронам капка
со земјина тежа.
ДИВА
(исечок)
Чекај! Кој ти гарантира богатство?
Кој ти потврдува дека ќе извршиш пробој
во нејзиниот пробој? Дека ќе се надуе идеја
од нездрав разум! Кој се заложува
дека нема да направиш недолична грешка?!
Ама немој,
како може да нема врска, па макар само и во мислите,
помеѓу балетот и балерината?
КАЧУВАЊЕ НА ДРВО
Без намера и цел ја доловува убавината
Трупот од дрвото има нешто и од моиве вени
Кораво меко и гнило
Прашање е само за светлината во крошната
Моиве прсти се преобразуваат во лисја
Пред да ја испуштам и последната мисла
(како што змијата ја напушта кошулата)
Сега сум поблиску до сончевиот диск
Ставам зрела цреша в уста
Како кафејава брадавица од млада жена
И чекам да го соединам дрвото со земјата
Низ еден збор разделен на слогови.
КРИК
Кога слегуваа преку подмолниот засек на бедемот
жените ги зафати некој невозможен восхит,
некакво одушевување им излезе од душите,
ги ползаа, ги заголицкаа по дамарите
нестварни мрави, по бутините, им се качуваа нагоре
кон божествените лозја, кон широките рудини,
сî до Евиниот Брег и уште потаму -
жените 'ржеа како отпасани кобили.
Од луничаво сониште ме пробуде грозен крик.
МУЗАТА МНЕМА
Блазе си и’
што го напушти маѓепсаниот круг
и се престори жива творба!
Блазе си и’
што се одрона во сеќавањето
врена солза врз студен сталактит!
Блазе си и’
што постави темел во душата
и си го круниса растот!
Блазе си и’
што си ја изобличи свеста
во друга повисока свест!
ЗМИИ
(народен мотив)
Најдов две змии
- осојна и пристојна -
ги врзав со зелен гајтан,
ги обесив на зелен јавор
и во зелен окат филџан
измолзив зелен зер.
СЛИКА ОД ПОМИН
Еднаш по патот во неповрат
ме привтаса црнгалеста црепнарка
со цинкав сјај на лицето.
Почна да ми цимолка.
Ја поведов со себе како цепаница
или како црпалка. Таа и јас
стигнавме до целта -
до самиод час на предвечерието
на ЏЏИ век.
Со купишта црвеница во душите
и со цероза.
СВЕТЛИНАТА НА ОКОТО
Кој знае дали не беа среќни и билките
кога бев среќен јас.
ВРАВ
На трчање коњ низ бујат јачмен
(го гонат улави ветроноги)
дрпа, чупа, рупа, лапа,
создава врав од незазреана летина.
Во одблесоците на зрелоста, зелен јас,
низ стиховите на еповите
ја ковам потковицата во острица,
но мислата ми останува тапа.
ВАЗНА
Истури ја пепелта
Крени ја како заклана срна
Спаси ја со одземање број
Со мазна црвена глаголивост.
Парчињата по широк друм
Се поплочени врз плотта.
Кроткоста се вознемирува
Садот е земен од земна темнина.
Во сини реки
Боите на рајските птици истекоа.
РИЗНИЦА
Влезе, се натовари убавина,замина.
Невидливата ризница остана празна пештера
среде суров камен.
Лека - полека несмасните потези
почнаа да се бришат -
штом зафати новиот сончев пламен.
ОДЗИВ
Меѓу светлината на Окото
и светлината на Сонцето
јас не сум дораснат
да ја одиграм улогата на пленик.
Мојот живот се преточува
само кон внатрешноста,
сличен е на разбудена пештера
одзивот со одзив се мени.
МОЗАИК
(дисхармонија)
Ќе поставиш црвено
ќе поставиш сино
(сето тоа ќе го испомешаш
со жолто, зелено, црно,
белото извира од Вселената),
потоа одгоре ќе поставиш часовник
од сенка
и ако птицата крикне од мозаикот
тоа значи си го преспал
античкото време!
Си фатил топли крилја в лет,
вода во мирување,
жица во треперење,
си фатил син простор
в миг кога сонцето се тркала -
си го фатил моево око.
РАЗДЕНУВАЊЕ
Од под квачка Вечерница
жолто пиле пивка -
Не!
Брод Соѕвездија ниша -
Не!
Сребрена метла мете -
Да!
Преку ридот се распарчи
кристалот на небото,
јасно.
Ги растурија зрелите пченични класје,
овде ќе одмора мојот син -
рече и продолжи да сонува.
КООРДИНАТА
Мек ви е гулабот, им велам
мек ви е воздухот и гулабот,
мек ви е просторот, воздухот и гулабот бел.
Тврд ви е само истрелот од мисла
што како куршум се упатува
без да погоди цел.
ЖЕТВА
Грагор потекува низ градите,
жетвата е црна гламносаница
само грам - атом ја освежува зората
глувее пред грмнат истрел!
Водата грува наоколу
грабејќи грлобол грунец в бран.
Гровнат градоносен облак
пие горештина, а грев ми е
да гледам жетва во грозница.
Глибава си, и’ велам, на грамотата.
Гробарот ти гребнал
азно од сончева гробница.
Гргна гревотна жетварка,
коњот гази врз гребенот на полегнати снопје
како по граорно позлатена греда.
Глоги дури и белиот гулаб на небото.
ЕЛЕГИЈА
На улица мраморен цвет.
Два непомирливи инсекта брмчат
низ несмирени слапови провев.
Во ископина дишат дрочни полнотии,
распарчени убавини се ројат.
Дамнината со подмладени сили
се покажува во смрзнат лет.
ПЕСНА
Прифати ја мојава беседа, кога ти велам,
го слекувам облакот за да го облечам дрвото.
На местото од виделина капе катран.
Се отвора раната, кога ти велам, капе крв.
Не се пробудија тие што мируваат
во мраморот -
тие се зафатени премногу со себеси,
слични се на растурени улишта. . .
БЕЗДНА
Честопати кога се будам од сон
ми се случува
повторно да се вратам во своето тело
како во напуштено, згаснато огниште,
па полека ми доаѓа сознанието
во свеста
(како низ развеана завеса)
за остинатите екстремитети
и за тоа -
дака во целината на постоењето, сепак,
има нешто што потиснува и уште подалеку
од ѕвездената бездна.
МАЈДАН
Јасне, лекарката Лимба
на работа е претпладне,
понеси чисто шамиче
зашто млечниот заб е понежен
од шарен полжав
што лази по белиот камен
на мозаикот.
ПРАШАЊА
Легна со лицето надолу
кон земјата,
со дланките надолу
кон земјата
се вдаде
како да сака да ја поткрене -
и се сви!
Го најдов пред изгревањето
на Зорницата
кога ѕвездата во двете празни
пештери на черепот
се скри.
Кој? Кога? Каде? !
МАЈДАН
Да ги раздвоиме натрупаниве предмети -
овој камен со издолжена форма
потсетува на риба - летница,
рибата треба да плива во водата.
Дрвото обилува со извиен корен
со неколку зареза со нож
од него треба да полази пеплосана змија
за да го плукне срцето со зер.
За да оживеам женска лика, Оче,
треба да ми отвориш зборовен мајдан,
она што не ќе успее во мојот потфат
со неколку крика доврши го!
ХИМАЛАИ
(Димитар Илиевски)
Монт Еверест над сите бдее.
По спуштањето на коработ на Ное
во земјата се пикнаа кртови . . .
За да ги преминеш Хималаите
се искачи од соспа на соспа,
се израмни со високите сртови.
Мај, 1989
КУБЕ
Насилство над насилствата
од глад за леб и љубов да умре
среде светол храм;
да се преобрази себеси
во бескрајно кубе,
да свети Орион, сам.
ЕЗЕРО
(Вангел Наумовски)
Само еден клобурец
може да те врати кон Езерото
среде ненаслутени подводни пејзажи
со непредвидливи богатства и форми;
јата риби и јата исчезнати души
сведочат за принципот на природата.
Со модра кауза.
ЛИХНИДОС
Во изворите на Билјана го огледа
својот темен лик
во 1762-ро лето по Христовото вознесение
ограден од цркви, манастири.
ЕУФОРИЈА
Ми ги покажуваа прстените од раката,
крупните светкави знаци. Од вредност.
За магарето, рече древниот мислител
подрагоцена е копа слама
отколку стог злато. Бедност!
ДИВЕЧ
Оваа кошута што плаче
има срце од Мајка
и око од Мона Лиза.
Дивечот зјапа.
Не! Овој рис е посипан
жежено злато,
крв што капе.
ЦРТЕЖИТЕ НА СУТИН
Ми донесоа единаесет еребици,
Десет гроздови,
Девет пеперуги,
Осум топли срца
И боја на месечина при гаснење.
Ми донесоа живи рани.
И одеднаш настана општа амнестија
На слободните линии
Од цртежите на Сутин.
РИБА
Во водата тоне сончева белегија,
бесцен камен е денот.
Врз огледалото на водата
одразена и’ е нејзината сенка -
риба - црвеноперка.
Таа е темен вокал
и светол алт на зраци . . .
Без мерка!
ПАЗАР
Сеедно, рече аптекарката, нема лек!
Гледав во испакнатата дамка
на мозаикот.
Има огнови што се живи сведоци,
врсници на вулканите!
Досега никој не успеал
да го обликува пламенот
во творба.
- Измери ми малку и од огнот,
реков. Ќе ми треба за на свадба!
РЕОМА
И еве пак почнува летото
и јас излегувам на Црна
на една плоча од коритото
ја спуштам ногава
и’ вжештениот камен ја пие
студената 'рѓа на реомата.
Иако нечиста и матна
матицата на реката им годи на очиве,
таа ги одвлекува
едно по едно зелените стакла -
(студените морници)
складирани во мене бо скудни зимски ноќи
во робијашница.
ГЛУТНИЦА
Зафаќа сончева бура.
Децата го обликуваа секое зрнце песок.
Во празен полжав ја сместуваа Вселената.
До нова партитура.
НЕВИНА ПЕСНА
Коњот, волот, кучето,
па дури и чумата што се коти
има светло - мека длапка.
Само човекот со својата изабена кожа
впива во себе сî,
се престорува сунѓер за бришење.
Станува гнасно купиште трева
испрскано од лански снегови,
жедно за чиста капка.
РАК
Го фати рак. Рак - фати го!
Фати го - рак! Рак - го фати!
Го молеа еден недугав лекар
да го лечи.
Лекарот рече:
"Рак
пак
сече . . ."
Во реката ракот со нозе
назад
влече.
ТАТКО
На брат ми Наум
Го видов на сон
копаше земја,
навртуваше бразди.
Исто како на жиоќе.
По многу години
пак го видов татко на сон
поцрн отколку Бетовен!
Поднаведнат и уморен
како низ облаци на јазди . . .
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Напиши ги стиховите што поскоро,
за да има врме да се вратиш дома.
Фати го патот на пресека!
Ако случајно (или намерно) те пресретне
змија осојница
немој да и’ ја одземаш душата.
И ти имаш душа што ти виси на конец!
Душа што можат во секој миг
да ти ја испијат како топло млеко.
ТУЃИНЕЦ
Дојде дома туѓинец
ги гледаше накострешени петлите
и едно теле со нога по муцето
како се чеша.
Сакаше да рече а не рече -
Ако не беше војната
ќе ми го видевте тилот,
јас вам суратите,
дисковите меѓу нас ќе беа фрлени
преку копнежите врвни.
Дојде дома туѓинец
сите се престоривме пизми
со подадени шепи,
со расцутени нокти за напад
и одбрана. Татко мој,
мачна душо!
Животот крај нас пројуре
како испаден коњ од Тројанската војна.
ДЕТЕТО ШТО ГО КЛУКНА ЗМИЈА
Избива ли од секој отвор
купиште мраз?
Склопчува ли надолена дремка?
А?
Пуштаат ли рака в пазува
мајки, сестри, жени?
Детето што го клукна змија
го прескокнува ли телото?
Ги вежба ли нотите на флејтата
од Пир?
Само кај ли се скри пустат?
Кај ли се мушна сега?
ШАХ
Ќе ти ги растурам фигурите,
ќе ти ги оставам само коњите!
Јас ќе се заложам само во улога
на пион,
подвижен воин во своја земја!
Не! Накривиси ја капата, со тебе сум.
Иако со грешен ум!
КРСТ
Закостенето тврдеа:
"Внесе новина во својот живот,
пријателите и непријателите
за непотребен товар ги зеде".
Се силеа и осилеа:
"Сега тој само со повлекување
на малиот прст
може да им изделка на сите
мраморен крст.
На магистрална делница, среде!"
ГРАДОТ
Не дека не ќе стигне навреме,
не дека нема кој да го пречека,
градот умира едноставно
од идна злоба на семожен скреж.
Градот е прилог за место.
Со восхит на "и - ха" клапнува во душава
Ангелот што влегува со перја на птица
почнува да квачи.
ЧУМА
Чумата квачеше - квачкиште бело!
Денови, месеци, години,
Голташе едно во друго тело.
Реата се ширеше, болката гноеше,
Градот умираше простум,
Болеста триж толку жнееше.
Тие што најтешко беа зафатени
Од чумата, викнаа: "јара, јара!"
Секој тргнуваше злото кај друг да го бара.
Се виде: во смрдеата умирајќи
Лакомоста се голташе себеси,
Потпрена на струготини до небеси.
Не попушташе ни прст, ни педа,
Во крваво око друг да и’ гледа -
Чумата, всушност, чумеше во стрв!
Градот го проголта стија.
Некој се досети, фрли вжарен зар, рече:
- Изберете: магаре или змија!
По долги години се уверија дека згреши
Тој што се обиде прокудата на чумата
Со празни зборови да ја реши.
МРША
И одеднаш
завладеа таква неподнослива тишина
што дури и да се свртам
разиграните потоци
се облекоа во мртов релјеф,
водата смрзнува во окото
и наоколу навестува сî
дека сум блиску до испуштање душа.
ГЛУТНИЦА
За еден кучешки род
плоштадот е преоран
в темница и тишина.
Илјадници муцки на штрек!
Чудотворна цибрина в теме!
Опасни муфљузи - голтачи
накаслени хармоникаши.
'Ртки, загари, миници,
булдаци, бубици, леси
со исконски лавежи
стрижат кон целта.
Сум сторил ли нешто грозно
та да ме обзема кучешки виј?
СОВПАЃАЊЕ
Кога Учело го доврши Ангелот
на сите ни се крена косата
МНОЖИНА
Сум видел две дланки
како обликуваат жива глава
од глина.
Штета што сонот е замрачен!
Фрли го прстенот!
Фрли го прстенот кога ти велам -
скрши ме ко земјен сад.
Стркалај го празниот череп
да сме множина.
ЗБОРОВИ
Го нарекоа Јосифа дрво родно,
а тој е само сенка од човек!
Да беа скрибомани убијци, би го отепале,
а тие му дарија слатка корка сал.
Во нивните заложби нема сожалување,
нема описи на душа и на тело,
а само една проѕирна облека од зборови
што заштитува од крв и кал.
СРЕБРО И ЗЛАТО
Загледано во матицата на реката
окото создава мноштво светли метали,
среброто е во изобилство.
Раздробени се кристалите
водата е легната во себеси.
Златни парулки го посипуваат ковчегот.
Ливадата е зафатена од зефир.
Завчера читав животописен прилог
цел везник пожолтени хартии
за скапоцените камења на Јустинијан.
(Сите диктатори се исти).
И в недела се прават недела.
Сега осамениот збор калпак
има поголемо значење од калпакот.
Немам замерка за времето:
Сончево топло и тивко
со тенденција за постојано стеснување
на железната ограда.
КАФКА - ПРОЦЕС
Му ги поткастрија класјето
во вистинската бујност и зрелост,
трупајќи богатство му го затрупаа
изворот светлина. Во целост!
СОВПАЃАЊЕ
Кај Пикасо на цртеж видов коза
ме врати во детството
од дланки брстеше нежност
Со скршен рог од мозаикот
козата го полнеше кобелот
светло млеко и кобалт
Ја повлече линијата од кај вимето
и загради круг
сега свеста може да се слика на небо
каде што врескаат јарци
РАЗМИСЛА
(по запис на сликарот)
Јас, Леонардо да Винчи,
веќе се истоветувам
со дамките на ѕидовите,
со останките на огнот, со пепелта,
јас веќе длабоко навлегувам во облаците
или цепам во калта,
одам на чудни места
од каде што мислите ги испраќам во стада
кон пределите на прамајката земја.
Со нив и идеите . . .
КРАТЦИ
Ми го избрка од дланкиве гулабот
Пикасо
во засенчен град украдоа сон
од усните на една заспана жена,
на прстенот од Сатурн
Ван Гог ми го пресече лимонот,
во живи рани
Рафаел ми ги симна белите Ангели
Хетерите на Фра Филипо Липи ме испија.
На една узреана купа од Егзекија го најдов
украдениот прстен
сиот во портокалово-црвена боја
со венче на престолот под кое пладнува пленик
подготвен да го напушти овој свет
и да отпатува со бродот на Дионис
кон огромните сенки на украдените лозја!
Пред крупните гроздови се прашувам
кој ќе го украде копното од морето,
кој ќе ме префрли од пекол во рај?
МАЛА ЉУБОВНА ПЕСНА
Замислете снегот да се престори
слонова коска,
месечината килибар.
Замислете жежок инсект
кај што прелетува млеко во сад,
замислете една црвена жена
што ми го кртечи детството.
Замислете една божица од кајмак
кај што си шета со дождовите,
замислете го слонот на Пир,
замислете жежок инсект.
КОЊИ
И по пет илјади години
крупните очи на коњот
ќе потсетуваат
на испиени глечерски езера!
Ноќе,
кога се плеткам
меѓу соништата
ја гледам ливадата во расцутен пламен.
'Ржењето на коњот не ги запира молците
облеката да ја престорат
на кал зараснат камен!
ПЕЧУРКИ
На Весна и Санде
Кога ги изговара имињата
на шампињоните, вргањите,
го снижува гласот
како кога и’ шепоти на жена
штотуку расонета.
Бербата е реткост,
па со раце гестикулира сцена
како кога на жена и’ го слекува
здолништето.
Римскиот цар Марко Аврелиј
кој никогаш не ни беше роднина,
не заборавил да каже
дека една зелена мухара
може да уништи илјада легии
римска војска!
ВРАЖЈИ ЈАЈЦА
Си ги подотворил си ги подзатворил
вратничињата на својот череп,
кутијата ти останува исполнета
со јасни и нејасни виденија.
Не е прилежна за вражји јајца
туку само за издолжени сенки
на надојдено време за скок.
Ако ја бараш смислата на минатото
на стегнатата канџа на ѕверот,
кон сонот додај две бакарни дојки
од сфинга се, можеш да ги милуваш!
СФИНГА
Сред песочна вејавица
некои ми изделкаа сфинга,
исконско гледа во пустината.
Грозоморно гломазна и грда
скаменета в едно,
го зазема лежиштето во мене.
При непредвидлива фатаморгана
ја менува формата,
безобѕирно создадена да страда.
Тајната ја крие во себе,
од устата и’ шика крв,
во неодредено време чемрее.
Зборот и’ е обликуван молк.
За Јован Котески
1. Целосна блог-архива за животот и творештвото на македонскиот поет Јован Котески (1932-2001). Блогот ги содржи целокупните поетски збирки на Јован Котески од 1958 до 2000, како и неговата лична и творечка архива.
2.Материјалите од блогот се слободни за користење во лични, образовни и научни цели. Забранета е нивна употреба за комерцијални цели и без наведување на изворот и авторот.
3.Сите дериватни дела (правењето песни, раскази, романи, музика, сликарство, вајарство, документарци, филмови, стрипови, спотови, танц, фотографија, дизајн, мода, видео-игри, виртуелни светови... научни и стручни текстови, теорија и филозофија, публицистика... врз основа на песните од Котески) се дозволени, доколку не се користат за комерцијални цели и доколку се наведе изворот и авторот.
4.Авторот на дериватските дела мора целосно да го наведе текстот на оваа лиценца (на истиот начин како што се појавува овде).
5. Доколку некој автор спомнат на блогот смета дека се повредени неговите/нејзините авторски права, може да ја контактира Јасна Котеска на jasnak@gmail.comЗа поетот
Биографија
Фотографии од Струшките вечер на поезијата (1981, 1982), Јован Котески
Интервју со Котески (2000)
Семејни фотографии од Котески
Интервју со Јован Котески, Пулс, 1999 за збирката „Разор“
Таткото на поетот, Васил Котески (фотографја со неодреден датум)
Фотографија на Јован Котески (2000)
Фотографија од Јован Котески, рани 1990-ти
Фотографија од Јован Котески (2000)
Награди за поезија
Осврт за „Трагач“ (1995) од Јован Котески, победник на анонимниот конкурс за поема
Портрет на Котески по затворот
Котески во едицијата на „Народна книга“ од Белград (1974)
Два документа од 2001
Збирката „Dragoste si Moarte“ (1981) од Котески на романски јазик
Фотографија на Котески од 1966
Фотографија од Рацинови средби (1979)
Фотографија од Струшките вечери на поезијата (1964)
Никита Станеску и Јован Котески
Разгледница со песната Љубов и смрт
Фотографии од Струшките вечер на поезијата (1981, 1982), Јован Котески
Интервју со Котески (2000)
Семејни фотографии од Котески
Интервју со Јован Котески, Пулс, 1999 за збирката „Разор“
Таткото на поетот, Васил Котески (фотографја со неодреден датум)
Фотографија на Јован Котески (2000)
Фотографија од Јован Котески, рани 1990-ти
Фотографија од Јован Котески (2000)
Награди за поезија
Осврт за „Трагач“ (1995) од Јован Котески, победник на анонимниот конкурс за поема
Портрет на Котески по затворот
Котески во едицијата на „Народна книга“ од Белград (1974)
Два документа од 2001
Збирката „Dragoste si Moarte“ (1981) од Котески на романски јазик
Фотографија на Котески од 1966
Фотографија од Рацинови средби (1979)
Фотографија од Струшките вечери на поезијата (1964)
Никита Станеску и Јован Котески
Разгледница со песната Љубов и смрт
Линкови за Јован Котески
* 01. Јован Котески на Википедија (содржи и пет поетски збирки од Котески)
* Јован Котески на Open Library (каталогизација на сите збирки)
* 02. Јован Котески на Блесок (Poems in English)
* 03. Јован Котески на Амазон (сите книги се моментално недостапни) :)
* 04. Библиографија на англиски од сајтот на struga.org
* 05. Јован Котески на бугарската Википедија
* 06. Тротомниот избор од поезијата на Котески (Три, 2000)
* 6. Стихови на Котески во шведска антологија
* 7.Текстот „Интимист“ за полициското досие на Котески (на англиски)
* 8.Кратка белешка за Јован Котески во извештајот на Прајваси Интернешнл за 2007
* 9.Вест за смртта на Котески
* 10. Поетско читање по повод петгодишнината од смртта на Котески
11. Day of the Writers in Prison on Diversity: Jovan Koteski on Diversity, International PEN Collection
* Јован Котески на Open Library (каталогизација на сите збирки)
* 02. Јован Котески на Блесок (Poems in English)
* 03. Јован Котески на Амазон (сите книги се моментално недостапни) :)
* 04. Библиографија на англиски од сајтот на struga.org
* 05. Јован Котески на бугарската Википедија
* 06. Тротомниот избор од поезијата на Котески (Три, 2000)
* 6. Стихови на Котески во шведска антологија
* 7.Текстот „Интимист“ за полициското досие на Котески (на англиски)
* 8.Кратка белешка за Јован Котески во извештајот на Прајваси Интернешнл за 2007
* 9.Вест за смртта на Котески
* 10. Поетско читање по повод петгодишнината од смртта на Котески
11. Day of the Writers in Prison on Diversity: Jovan Koteski on Diversity, International PEN Collection
Multimedia
База на податоци за книгите на Котески
Базата ги содржи:
1. Насловот на збирката
2. Годината на издавање
3. Издавачот и серијата
4. Пагинација и димензии на книгата
5. ISBN (кадешто го има)
6. Насловна корица
I. Збирки песни
1. Насмевка пред зорите (1958)
2. Земја и страст (1958)
3. Злодоба (1963)
4. Тежина (1965)
5. Пеплосија (1966)
- Земја и страст, 2 изд. (1971)
6. Сенки (1972)
7. Зелени порти (1975)
8. Хераклеја (1978)
9. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991)
17. Ралица (1992)
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1996)
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
II. Избор од поезијата
1. Злодоба (1992) - избор
2. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - избор
3. Празник (1995) - избор
4. Решетки (1996) - избор од затворската лирика
5. Јован Котески (2000) - тротомен избор
6. Сончева белегија (2008) - избор
III. Препеви
1. Pesme/Песни (1974) - српски
2. Dragoste si moarte (1981) - романски
3. Strah i duša (1984) - српски
4. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - англиски, француски, руски.
IV. Песни за деца
1. Глувчето со двоглед (1991)
V. Книги за Котески
1. Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
1. Насловот на збирката
2. Годината на издавање
3. Издавачот и серијата
4. Пагинација и димензии на книгата
5. ISBN (кадешто го има)
6. Насловна корица
I. Збирки песни
1. Насмевка пред зорите (1958)
2. Земја и страст (1958)
3. Злодоба (1963)
4. Тежина (1965)
5. Пеплосија (1966)
- Земја и страст, 2 изд. (1971)
6. Сенки (1972)
7. Зелени порти (1975)
8. Хераклеја (1978)
9. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991)
17. Ралица (1992)
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1996)
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
II. Избор од поезијата
1. Злодоба (1992) - избор
2. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - избор
3. Празник (1995) - избор
4. Решетки (1996) - избор од затворската лирика
5. Јован Котески (2000) - тротомен избор
6. Сончева белегија (2008) - избор
III. Препеви
1. Pesme/Песни (1974) - српски
2. Dragoste si moarte (1981) - романски
3. Strah i duša (1984) - српски
4. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - англиски, француски, руски.
IV. Песни за деца
1. Глувчето со двоглед (1991)
V. Книги за Котески
1. Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
Избрани песни
Јован Котески
АЛКИ (1984)
(старзаманско оро, по војната)
Писнува свирката на катун Еѓупци,
збива планината в подмолен татон.
Едно старче ја крева раката,
ногата ја подава како да влегува в гроб,
го фаќа ритамот на расплаканото пиле
и опа! - го почнува орото. Еден по друг
како алка со алка се врзува синџирот,
се издолжува од премалени тела.
На крајот од овој божји сплет
едно извалкано детиште со лице пердувче
го крева рачето во знак на лага
и со камшикот сплетен од живи тела
почнува да го камшикува господа
скриен во свирката што плаче.
Jован Котески
Трагач (1995)
поема
- извадок-
Пред да избереш девојка за жена
најпрвин избери огледало
на кое ќе се огледува муце од видра!
Според бојата на земјата по која се втиснуваат
твоите траги
одреди ѝ го тварот, не заборавај го зборот!
Храни ја извесно време со суво грозје
како што се хранат канаринките.
Пред да зачекориш во подвигот погледни ѝ ги забите
(бели?)
кажи ѝ неколку простени молитви гласно и јасно!
Наостри ја сабјата како секавица
низ Димна гора за да ти се гледа . . .
Потковај го коњот наопаку со клинци
- жолти дукати.
Не пропуштај го галавниот адут - виното.
Пред да избереш девојка за жена
појди на чешма и со часови гледај го млазот вода . . .
Колку и да ти се открива како светица
таа ќе ти ја одземе силата, човеку, не Господ.
Не срди се што не ти ја дополнила чашата
течен ќилибар, таа ја знае суровата мера.
И не бегај од неа како овчар од магла,
не оставај ја усвитена фурна,
таа ќе го пече тоа што ќе го рече
па макар ти да се здробиш на парчиња во Солунско!
Не број го времето со часови, денови, години,
симни го јарчето на сржбата од вратот
и врати се кај што се врти вретеното . . .
Инаку таа знае да биде и црвена мравка,
ќе ти ги растури името и куќата.
Ќе те остави гол како пиштол
а своите рудни богатства на имањето
ќе му ги отстапи на Беле Костурчето
што ќе ѝ ги прекопува со жешка казма!
АЛКИ (1984)
(старзаманско оро, по војната)
Писнува свирката на катун Еѓупци,
збива планината в подмолен татон.
Едно старче ја крева раката,
ногата ја подава како да влегува в гроб,
го фаќа ритамот на расплаканото пиле
и опа! - го почнува орото. Еден по друг
како алка со алка се врзува синџирот,
се издолжува од премалени тела.
На крајот од овој божји сплет
едно извалкано детиште со лице пердувче
го крева рачето во знак на лага
и со камшикот сплетен од живи тела
почнува да го камшикува господа
скриен во свирката што плаче.
Jован Котески
Трагач (1995)
поема
- извадок-
Пред да избереш девојка за жена
најпрвин избери огледало
на кое ќе се огледува муце од видра!
Според бојата на земјата по која се втиснуваат
твоите траги
одреди ѝ го тварот, не заборавај го зборот!
Храни ја извесно време со суво грозје
како што се хранат канаринките.
Пред да зачекориш во подвигот погледни ѝ ги забите
(бели?)
кажи ѝ неколку простени молитви гласно и јасно!
Наостри ја сабјата како секавица
низ Димна гора за да ти се гледа . . .
Потковај го коњот наопаку со клинци
- жолти дукати.
Не пропуштај го галавниот адут - виното.
Пред да избереш девојка за жена
појди на чешма и со часови гледај го млазот вода . . .
Колку и да ти се открива како светица
таа ќе ти ја одземе силата, човеку, не Господ.
Не срди се што не ти ја дополнила чашата
течен ќилибар, таа ја знае суровата мера.
И не бегај од неа како овчар од магла,
не оставај ја усвитена фурна,
таа ќе го пече тоа што ќе го рече
па макар ти да се здробиш на парчиња во Солунско!
Не број го времето со часови, денови, години,
симни го јарчето на сржбата од вратот
и врати се кај што се врти вретеното . . .
Инаку таа знае да биде и црвена мравка,
ќе ти ги растури името и куќата.
Ќе те остави гол како пиштол
а своите рудни богатства на имањето
ќе му ги отстапи на Беле Костурчето
што ќе ѝ ги прекопува со жешка казма!
Сите збирки поезија на Јован Котески (од 1958 до 2000)- избрани песни!
Кликнете на овие линкови за да ги читате песните!
01. Насмевка пред зорите (1958)
02. Земја и страст (1958)
03. Злодоба (1963)
04. Тежина (1965)
06. Сенки (1972)
07. Зелени порти (1975)
08. Хераклеја (1978)
09. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991) песни од затворот
17. Ралица (1992) песни од затворот
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1995) поема
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
01. Насмевка пред зорите (1958)
02. Земја и страст (1958)
03. Злодоба (1963)
04. Тежина (1965)
06. Сенки (1972)
07. Зелени порти (1975)
08. Хераклеја (1978)
09. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991) песни од затворот
17. Ралица (1992) песни од затворот
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1995) поема
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)
Koteski's Poetry in Other Languages
Ana (1958) in Romanian
Persephone (1985) in English
Chest (1984) in English
Kaimakchalan (1963) in English
Death Of the Warrior (1963) in English
Statue 1 (1978) in English
Cockroaches (1991) in English
Rheumatism (1990) in English
Penelope (1990) in English
Love and Death - English
Solitary Confinement (1992) - English
Morning Star (1992) - English
Persephone (1985) in English
Chest (1984) in English
Kaimakchalan (1963) in English
Death Of the Warrior (1963) in English
Statue 1 (1978) in English
Cockroaches (1991) in English
Rheumatism (1990) in English
Penelope (1990) in English
Love and Death - English
Solitary Confinement (1992) - English
Morning Star (1992) - English
Критики за поезијата на Јован Котески!
Книги:
Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
Текстови:
01. Паско Кузман (1991)
02.Миодраг Друговац (1963)
03. Миодраг Друговац (1964)
04. Сашо Гигов Гиш (1993)
05. Бранко Цветскоски (1990)
06. Паско Кузман (1991)
07. Петко Дабески (1994)
08. Веле Смилевски (1981)
09. Влада Урошевиќ (1963)
10. Глигор Стојковски (1993)
11. Благој Иванов (1999)
12. Бранkо Цветкоски (1998)
13. Георги Сталев (1995)
14. Оливера Ќорвезироскa (1995)
15. Греам Рид (1966)
16. Душко Наневски (1975)
17. Радомир Ивановиќ (1975)
18. Слободан Мицковиќ (1978)
19. Атанас Вангелов (1978)
20. Данило Коцевски (1978)
21. Науме Радически (1990)
22. Илија Карајанов (1991)
23. Петар Петрески (2000)
24. Блаже Конески (1972)
25. Алекс Букарски (2008)
Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац
Текстови:
01. Паско Кузман (1991)
02.Миодраг Друговац (1963)
03. Миодраг Друговац (1964)
04. Сашо Гигов Гиш (1993)
05. Бранко Цветскоски (1990)
06. Паско Кузман (1991)
07. Петко Дабески (1994)
08. Веле Смилевски (1981)
09. Влада Урошевиќ (1963)
10. Глигор Стојковски (1993)
11. Благој Иванов (1999)
12. Бранkо Цветкоски (1998)
13. Георги Сталев (1995)
14. Оливера Ќорвезироскa (1995)
15. Греам Рид (1966)
16. Душко Наневски (1975)
17. Радомир Ивановиќ (1975)
18. Слободан Мицковиќ (1978)
19. Атанас Вангелов (1978)
20. Данило Коцевски (1978)
21. Науме Радически (1990)
22. Илија Карајанов (1991)
23. Петар Петрески (2000)
24. Блаже Конески (1972)
25. Алекс Букарски (2008)
Песни
Ана (1958)
Реома (1990)
Тавтабити (1991)
Татко (1990)
Во злодоба, ракопис (1963)
Зрзе, ракопис (1984)
Во злодоба, ракопис (1963), отпечатена во изборот песни од ракописната збирка „Празник“ (1995)
Змија, ракопис (1995)
Селска сиромаштија, ракопис (1963), отпечатен во ракописната збирка „Празник“ (1995)
Алки (1984)
Персефона (1985)
Дијалог (1985)
Римска божица (1985)
Аптекарка (1985)
* * * (1990)
Прашања (1990)
Рак (1990)
Предупредување (1990)
Туѓинец (1990)
Совпаѓање (1990)
Совпаѓање (1990)
Размисла (1990)
Задоцнет славеј (1990)
Бројки за споредба (1990)
Медалјон (1990)
Римувана песна (1990)
Копче (1990)
Запис (1990)
Зандана (1990)
Аполон (1990)
Пенелопа (1990)
Спокој (1990)
Цел ден (1990)
Са-ноќ (1990)
Споредба (1990)
Оси (1990)
Трагач (1995), извадок од поема
Поети (1991)
Ласица во сонот (1991)
Душа (1991)
Автограм (1991)
Предупредување (1991)
Прашања за размисла (1991)
Цртежите на Сутин (1990)
АТО плус АТОТО (1991)
Стихови за бел Дунав (1994)
Реома (1990)
Тавтабити (1991)
Татко (1990)
Во злодоба, ракопис (1963)
Зрзе, ракопис (1984)
Во злодоба, ракопис (1963), отпечатена во изборот песни од ракописната збирка „Празник“ (1995)
Змија, ракопис (1995)
Селска сиромаштија, ракопис (1963), отпечатен во ракописната збирка „Празник“ (1995)
Алки (1984)
Персефона (1985)
Дијалог (1985)
Римска божица (1985)
Аптекарка (1985)
* * * (1990)
Прашања (1990)
Рак (1990)
Предупредување (1990)
Туѓинец (1990)
Совпаѓање (1990)
Совпаѓање (1990)
Размисла (1990)
Задоцнет славеј (1990)
Бројки за споредба (1990)
Медалјон (1990)
Римувана песна (1990)
Копче (1990)
Запис (1990)
Зандана (1990)
Аполон (1990)
Пенелопа (1990)
Спокој (1990)
Цел ден (1990)
Са-ноќ (1990)
Споредба (1990)
Оси (1990)
Трагач (1995), извадок од поема
Поети (1991)
Ласица во сонот (1991)
Душа (1991)
Автограм (1991)
Предупредување (1991)
Прашања за размисла (1991)
Цртежите на Сутин (1990)
АТО плус АТОТО (1991)
Стихови за бел Дунав (1994)