БЛАЖЕ КОНЕСКИ
МАКЕДОНСКАТА ПОЕЗИЈА ВО МЕДИТЕРАНСКАТА СФЕРА (1972)
На повeќе места сме можеле да го сретнеме тврдењето дека македонската поезија претставува поезија од медитерански тип. Иако по тоа останува потребата да се уточни што го карактеризира тој тип како таков, веќе самата импресија не е без значењe. Таа не’ води кон прашањето за улогата на една културна ареа или сфера во моделирањето на обликот на дадена литература. Не подлежи на сомнение дека Медитеранот носи ред карактеристики на една посебна културна сфера, создадена по долг историски развиток во рамките на државните формации што го опфаќале овој дел на светот. По Римската империја и нејзините наследници, Византија и Западното царство, на двете крајни крила на овој простор, на Балканскиот и Иберискиот полуостров, се напластило и силното влијание на исламската цивилизација.
Кон прашањето за тоа до колку македонската поезија се одликува со карактеристики што произлегуваат од една таква подлога можеме да пристапиме од посебен аспект, земајќи ја предвид резултантноста на воздејството од литературите на овој простор врз нејзиниот развиток. Една видлива компонента претставува воздејството на шпанската поезија, особено преку Лорка.
Не е ни најмалку тешко да се сети присуството па Лорка не само во одделни стихови и во изборот па одделни мотиви, ами и во структурата на цели песни, каква што е оваа од Јонче Котески, еден од најистакнатите современи македонски поети:
Каде си во Долот?
Стебло до стебло,
сега си срасната
со коренот.
Како ковано сребро,
спагата ги впива зраците
не за долго.
Твоите коси — црни лесни
ги мамат ветриштата,
не за долго.
Очите ти се свртуваат
кон небото,
прстите немо шумат,
дланките во зелена чоја
мируваат.
Не за долго.
По твоето тело
како по празно корито
ќе потечат пролетни
водги,
не за долго.
Ти си тврда и спокојна, ти ги разделуваш зорите
и горите,
но не за долго!
(„Сенки", Современост, Скопје 1972, стр. 8)
Повеќе успешни македонски песни го афирмираат овој образец што отворал нови можности за исказот, наспрема оние што би се откриле со трансформација на веќе познатите, наследени модели. Ќе забележиме притоа дека не било секогаш и кај секого ни потребно поблиското познавање на Лорка и на другите Шпапци, бидејќи може да се работи и за посреден резонанс на постапка еднаш усвоена и проверена.
Суштествено е токму тоа што воздејството на Лорка не останува во границите на индивидуалниот опит на одделни македонски поети, ами го побудува дејството па цела една поетика, со која доаѓаат до израз и ред автохтони елементи. Такво нешто може да се очекува тогаш кога зад контактот со туѓа поезија се открива сродно воспремање на светот при цел ред заеднички елементи во традицијата, т.е. кога подлогата значи припадност кон една културно историска сфера. Дури и да не дојде до израз во дадено време контактот меѓу две литератури во рамките на таква сфера, можат да се очекуваат слични резултати во нивниот развиток со оглед на комбинирањето на она што е општо во традицијата со новите стимули кои произлегуваат од исти центри на изразита културна радијација. Од една ваква гледна точка може да се тврди дека воздејството на Лорка го забрзало откривањето на тоа што го барала веќе самата македонска поезија.
Образецот што го прикажавме со убавата песна па Котески, а кој не води до постапката на Лорка, овозможува меѓу другото послободен пристап коп користењето па елементите од традицијата, претставена пред се’ во македонската народна песна. Ослободувањето од сугестивноста на некои формални својства на таа песна дава до толку поголема можност за активирање на оние елементи од наследството што можат резултантно да учествуваат во повеќе стилски синтези. Така образецот послужува да се вклучат и таквите традиционални елементи во приоднесот на обновуваната поетската експресија.....