Memories, Essays, Reflections on Jovan Koteski & together with his Poetry and his Readers!
Free the Word!
Free the Word!
Writers Speak their Mind!
On 15.11.2011 - The International Day of writers in prison! PEN Center, Poetiki - Center for Creative Writing Skopje, Macedonia
15 ноември, 2011 година
Канцеларијата на потпретседателот на Меѓународниот ПЕН центар има чест да ве покани на свечениот собир на тема
ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ЈОВАН КОТЕСКИ (1932-2001)
организиран по повод 15 ноември - Меѓународниот ден на писателите во затвор
Свечениот собир се одржа на 15 ноември, 2011 година
ПРОГРАМА
Уводна реч на Катица Ќулафкова
Поздравна реч на Ивица Џепароски, секретар на македонскиот ПЕН центар
Веле Смилевски, претседател и секретар на ДПМ
Блаже Миневски, писател
Наташа Аврамовска, Институт за македонска литература
Санде Стојчевски, писател
Бранко Цветковски, писател
Науме Радически, писател и професор
Венко Андоновски, писател и професор
Колаж од поезијата на Јован Котески: Драгана Левенска и Теоман Максут
Место: Истражувачки центар Рисимкин (катна гаража Зебра, 4 кат)
Белешка:
Меѓународниот ден на писателите во затвор е основан 1981 година од страна на комитетот за писателите во затвор на Меѓународниот ПЕН центар. Оваа година, 2011, се одбележуваат 50 години од неговото постоење.
По тој повод, ширум светот се организираат бројни активности, под слоганот:
НЕКА СЕ ОСЛОБОДИ ЗБОРОТ!
ПИСАТЕЛИТЕ ГИ КАЖУВААТ СВОИТЕ МИСЛИ!
Линкови:
15.11.2011, 16:51
Трагиката на писател во затвор
Вчера, во Истражувачкиот центар „Рисимкин“ беше одбележен Меѓународниот ден на писатели во затвор, со свечен собир на тема „Животот и делото на Јован Котески“.
„Треба објективно и со чиста свест да се потсетиме на личноста на Јован Котески, кој е исклучително значаен за современата македонска поезија. Котески беше човек со отворена и сензибилна свест во која е втисната трагиката на писател во затвор“, рече Катица Ќулавкова, која го отвори овој настан како потпретседателка на Mеѓународниот ПЕН центар, во чии рамки пред точно 51 година е формиран Комитетот за писатели во затвор. „Слободата е предуслов за мир, мирот е предуслов за демократија, а демократијата е предуслов за слобода“, додава Ќулавкова, потсетувајќи дека Котески е поет кој со децении бил следен и затворан.
Професорот Иван Џепаровски истакна дека чувствува морална обврска да проговори за писателите во затвор. „Затворот е гранична состојба, каде што човекот е оставен самиот на себе. Светскиот ПЕН-центар се обидува да им испрати зрак светлина на оние на кои им треба“, зборуваше Џепаровски, додавајќи дека треба да се бориме против ваквите состојби и да го кренеме својот глас и протест против неправедното сместување на писателите во затвор.
Лани беше одбележана 50-годишнината од формирањето на Комитетот во рамките на конгресот на Меѓународниот ПЕН-центар во Бразил, како резултат на отпорот и обидот да се замолчат критичките гласови во светот.
Лани беше одбележана 50-годишнината од формирањето на Комитетот во рамките на конгресот на Меѓународниот ПЕН-центар во Бразил, како резултат на отпорот и обидот да се замолчат критичките гласови во светот.
Меѓународниот ден на писателите во затвор беше одбележан со посвета на делото на Котески, бидејќи оваа година се навршуваат точно десет години од неговата смрт. Собирот го организираше канцеларијата на потпретседателот на Меѓународниот ПЕН и на ПЕН-колекцијата „Разноликост“. На неа, покрај Ќулавкова и Џепаровски, учествуваа и: Венко Андоновски, Веле Смилевски, Блаже Миневски, Санде Стојчевски и други. Инаку, Меѓународниот ден на писателите во затвор е основан во 1981 година од страна на Комитетот на писатели во затвор, така што вчера се навршија 30 години од неговото постоење. (С.У.)
Свечен собир на тема „Животот и делото на Јован Котески“ по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на писателите во затвор се одржа денеска во просториите на Истражувачкиот центар „Рисимкин“ во Скопје.
Настанот го отвори потпретседателката на меѓунадорниот ПЕН центар, Катица Ќулавкова која истакна дека станува збор за поет кој со децении бел следен и затворен.
- Треба објективно и со чиста свест да се потсетиме на оваа личност која е исклучително значајна за македонската современа поезија - истакна Ќулавкова додавајќи дека станува збор за човек со отворена и сензибилна свест во која е втисната трагиката на писател во затвор.
Професорот Иван Џепаровски го поздрави овој свечен собир истакнувајќи дека чувствува морална обврска да прогови за писателите во затвор.
- Затворот е гранична состојба каде човекот е оставен самиот на себеси и има потреба од поддршка од надвор. Светскиот ПЕН центар се обидува тој зрак светлина да им го испрати на оние на кои им треба- истакна тој.
Тој додаде дека треба да се бориме против ваквите состојби и да го кренеме својот глас и протест против неправедното сместување на писателите во затвор.
Меѓународниот ден на писателите во затвор е основан во 1981-та година од страна на комитетот на писатели во затвор на Меѓународниот ПЕН. Денес се одбележуваат 30 години од неговото постоење.
Poetiki, Center for Creative Writing (Facebook)
Нова Македонија број 22431