Струга, 3 мај 2012 година
Македонските писатели Санде Стојчевски и Милован Стефановски се добитници на наградите „Јован Котески“ и „Крсте Чачански“,
за необјавена поетска книга и книга раскази за 2012 година, од конкурсот што
неодамна го распишаа здружението „Бран“ и списанието „Бранувања“ од Струга.
Наградата „Јован Котески“ писателот Санде Санде
Стојчевски ја доби за книгата „Јаз во јазикот“. „Специфичната лексика,
користењето дијалектни зборови ја надополнува идејата за креирањето на ова
оригинално поетско четиво. Поетскиот дијалог со Блок, Пастернак, Црњански, Нагољева
и секако Конески преку Котески, го доближува лирскиот до прозниот дискурс со
што се создава една мистификација на поетската збирка, која уште еднаш, преку
својот специфичен сензибилитет, го потврдува поетскиот гениј на Санде
Стојчески“, стои во образложението за оваа награда.
Минатогодишен добитник на наградата „Јован
Котески“ беше писателот Трајче Кацаров, а наградата „Крсте Чачански” ја доби
писателот Христо Петрески. (В.М.)
Беседа за Јован Котески и за Крсте Чачански
ќе одржи Тоде Илиевски.
Место: Центар за
култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
Време: 6 јули 2012 година во 12,00 часот.
Линкови:
Утрински весник http://bit.ly/MP6B9u
Македонска информативна агенција МИА http://bit.ly/QUPHry
Охрид Прес http://bit.ly/MP71g3
IDIVIDI
http://bit.ly/M10UVd