Веле Смилевски
ПОМОРИЈА
(1981)
По мотивско – тематските и стилските ознаки песните од “Поморија” се блиски со песните од стихозбирката “Хераклеја” (1978) во која поетската визија допре до длабоките пластови на времето за да го открие, низ сликите од древноста, нејасниот “ракопис” на вековите и да го реконструира во поетско писмо. Во “Хераклеја” поетот пееше за минливоста, но суштината на тие песни го изразуваше верувањето во животот и неговите вредности и исконското и длабоко доживување на убавините на човечкото бесконечно патување низ времето. Во основата на тие песни беше сознанието дека убавината треба да се доживее за да го добие своето вистинско значење, да се осмисли, та оттука, една од “блажествените илузии” на поетот е да го доживува минатото време на човечкиот устрем кон височините како сопствено време зашто, како што вели еден стих во “Поморија” “сето предание е само здивот што се има.” На тој начин минатото е подигнато на степен на оживеана стварност, а песната е простор за идентификација на поетот во универзумот оти таа ги соединува хоризонтите на сите времиња и на сите простори.
Во “Хераклеја” и во еден добар дел од песните во “Поморија”, пред се’ во песните за Помпеја, Котески посегнува кон егзотиката на минатите времиња за да ја долови суштината на егзистенцијалните прашања кои се исконски и кои до денес ни малку не изгубиле од острината на своето значење.
“Од тебе почнува тебе ти се враќа
згреши Оче
што ја мереше длабочината
на тоа место во тој час
кога преплави синевината –
онаа птица на чии крилја
веќе се одмараа нашите телеса”.
Со овие стихови започнува “Поморија” во кои синевината е оној апстрактен простор на песната, оној “бескрај во мојот крај”, како што во една друга песна ќе напише поетот.
Есните од “Поморија”, во кои на своевиден начин се мешаат стишени елегични и химнични тонови, носта знаци на една далечна, заборавена молитва на светот што се вага на “бденија и сновиденија”. Во нив поетската имагинација најчесто се движи во концентрични кругови, исполнувајќи ги стиховите со асоцијации кои треба да не’ убедат во конкретноста на мотивот: морето – како симбол и метафора што мами “кон отворено”, но и како реален отслик на медитеранско поднебје, поткрепен со одредени топонимски ознаки; и Помпеја – фиксирана врз пејзажите или амбиенталните детали на древните остатоци врз чии мермерни белини останал, како наследство на идните поколенија, здивот на одминатите времиња.
“И митот не е веќе мит” ќе напише Јован Котески во една од своите песни инсистирајќи на она што веќе го рековме: на минатото време како на оживеана, осовремена стварнсот. Но во неговите песни на места ќе го наѕреме и далечниот, митски лик на тоа минато. Најчесто поетот таквата митска суштина ја допира и ја изразува преку “реконструкција” на материјата во складни, прецизни поетски слики што не’ потсетуваат на зачуваните мозаици во археолошките ископини: “Жената што има боска / еленче дои ко дете”. Поетот пее и за “Везув кој како молзница млада / врз боска лежи тешка”. Во стиховите се среќава една усвитена, течна, магматска состојба (“разлеани течни мермери”, “тела налик на живо сребро”, “хаос што се топи”), состојба на поместување што асоцира на судбинската катаклизма на древната Помпеја. Станува збор за елементи со кои дел од песните во “Поморија” се песни полимпсести, песни во кои аромата и пораките на минатите времиња се преплетуваат со современите егзистенцијални преокупации, се надополнуваат и на своевиден начин го дијагностицираат она што го нагризува светот, што ја навестува злокобната поморија.
Во песните на Котески можат да се насетат одговорите на дел од егзистенцијалните прашања што се нивна преокупација. Оваа констатација се однесува на песните што претендираат на згуснати поетски пораки. Меѓутоа, во “Поморија” во предоминација се песните кои се остварени исклучиво на просторот на своите лирски алузии во кои голем број од прашањата остануваат отворени. Јован Котески им припаѓа на оние поети кои свесно прибегнуваат кон еден вид пеење во кое се изразува респект кон “иницијативата на зборовите” (Маларме), зашто поетот, како што вели Арнолд Хаузер “мора да се дозволи да го понесе матицата на јазикот, спонтаното нижење на сликите и визиите”. Димитар Митрев одамна напиша дека Јован Котески е поет на “изворната инспирација”, “лиричар на виталистичКиот занес”, кој ја следи “живата содржина” на своето “елементарно доживување”. Во овој контекст треба да се одбележи дека во новите песни Котески настојува да го задржи првичното доживување, изразувајќи го низ посмирени тонови, спонтано и ненасилено, па оттука песната најчесто е ненаметлива и во својата ненаметливост сигурно во себе, податлива за непосредна комуникација и сугестивна. Во основата на песната е сликата во чие симболичНо значење се открива нејзината филозофска содржина. Јасно е дека за Јован Котески не може да станува збор како за поет на интелектуални синтези, меѓутоа, ова прашање може да биде мошне индикативно за една поширока расправа во однос на (не) – интелектуалната поезија токму врз примерот на неговото творештво, како што може да биде интересно прашањето што би го иницирал фактот за лоцираноста на неговата поезија на раскрсницата меѓу традиционалното и модерното. За второво дотолку повеќе што песните од “Хераклеја” и “Поморија” означуваат една нова фаза од творечкиот развој на Јован Котески чии координати во неговото досегашно творештво беа само парцијално зафатени. Всушност, во двете најнови стихозбирки на Котески дефинитивно се напуштени пределите на рустикалниот свет и фолклорната инспирација. Во нив ретки се стиховите како “в пазува на робја – синџир нем” и “вез на бело платно: афион и тутун” кои ќе потсетат на поранешното творштво на Котески во кое се чувствуваше социјалниот акцент и влијанието на народната поетика.
Во “Поморија” има песни што се вбројуваат меќу најуспешните на овој поет, како што има и послаби, просечни песни, песни кроки кои повеќе ја имаат функцијата на поврзувачки нишки во интегрирањето и заокружувањето на поетскиот свет. Меѓутоа се чини дека е побитно да се истакне впечатокот што оваа стихозбирка го остава како целина. Имено, “Поморија” го потврдува уверувањето што го предизвика “Хераклеја”: дека новите песни на Јован Котески на нов начин ја осветлуваат неговата поетска личност.