Влада УРОШЕВИЌ
ТЕШКА И ЦРНА ЗЕМЈА
(Јован Котески: “Злодоба”; “Кочо Рацин” 1963)
Се струполува оваа црна и тешка земја врз нас; немаме сили да ја искачиме, да земеме здив од нејзиното матно надоаѓање. Таа е како проклетство, како прокоба што се влечка зад нас, како отровен бакнеж кој создава невидлива рана. Нејзиното срце е од макен; нејзината јаловост е зината бездна што ги проголтува сите усилби. Таа раѓа само камења и омраза, “жолта од сушите, сува од години гладни”. Нејзиниот говор е сув и скржав, заговорнички. Таа својата власт ја спроведува тивко, цицајќи ги незабележливо но и неумоливо со години соковите на оние што се родени за да умрат на неа, нивниот живот. Заради тоа спомените сврзани за неа се црни и горчливи, полни со неисполнети ветувања и напразни надежи. Светлиот миг на пролетта поминува во далечината, ние остануваме отфрлени измамени од сонот, препуштени на монотоната, до наизуст научена судбина. Предзнаењето за тоа лежи во секој гест, во секој миг:
Којзнае по колку години
со сосем скршени крила
ќе слеземе самотни.
(“Височини”)
Земјата е таа што е вечна; ние сме безимени дејци што упорствуваат обидувајќи се да дојдат до плодот, до суштината. Напразно:
Телото ги разделува водите,
над гробот клекнува пелин.
(“Длабоко рикање”)
Се умира “со грутка земја во окото”.
Тоа го кажува во својата (трета по ред) збирка “Злодоба” Јован Котески. Темата, секако, не е нова: неа поезијата ја познава можеби од кога земјоделецот – Сизиф почнал да го тркала по угорницата тркалестиот камен на годишните времиња, во чија тежина се крие инаетот за враќање назад, кон својот секогаш ист почеток. Но, преземајќи ја, Котески успеал во неа да го внесе личниот белег, да ја помести во границите на својот простор и време. Во регистарот на темите на македонската поезија, која се’ почесто почнува да се занимава со прашањето на своите врски со тлото и со барањето на коренот на постоењето во густите пластови на вековите што изминале оставајќи ја својата трага врз земјата, овој тон претставува секско збогатување и складно надополнување на заеднички постигнатото единство. Кај ниеден од врсниците на Котески темата на земјата не е толку доминантна како кај овој поет; кај ниеден не е во толкава мера обоена со црнила, кај ниеден толку полна со една примордијална, рудиментна, приземна жал чиј корен не лежи, речиси, во ништо однадвор дадено и чии највисоки изблици моне ретко се искачуваат до жестокоста на очајот и рескоста на протестот. Во склопот на заедничките настојувања насочени кон пронаоѓање на заедничкиот именител скриен во истиот простор но зад превезот на вековите, овие моменти ја прават поезијата на Котески во значајна мера специфична и индивидуално определена.
Како и кај речиси сите врсници на Котески и кај овој поет во стихот господари еден, условно сфатен, имажинизам, една страст за создавање на силна слика, за визуелни сензации дадени со блескави бои. Но, пиктуралната вредност не е единствената цел кон која се упатени споевите на зборовите во стиховите на Котески. Овој поет, исто така, е заљубеник на напевот, на лелеавото нишање на акцентот при премин од збор до збор, на мелодија која се раѓа во длабочините на јазикот. Тој напев кај Котески има секогаш во себе нешто тажачко, нешто молско; тој говор е по малку отегнато жалење: речиси ги чувствуваме тие самогласки како се развлекуваат. Се чувствува дури во стиховите на Котески еден усмен поет, еден тон кој зборува за потреба стиховите да се кажат на глас, да се почувствува нивниот звук, нивниот одек во просторот. Музичкиот мотив на овие песни е мал звук на изгубеното; притивнат лелек од очај кој мазохистички се претвора во мелодија во ритмичко редење на тажаленка. Ова малку убавина во зборовите како да вели Котески, е единствено нешто што ни преостанува пред сите зла на овој свет. Нешто довикува зад овој тон што останува незавршен, нешто ѕвони и по својот насилен прекин, нешто одбива да се покори на празнината, на измамата.
Песната на Котески останува така распната помеѓу разочаруавњето и сеќавањето, помеѓу втопувањето во земјата и заборавениот лет; резигнирана.
Макар што епитетот црно е омилен збор на Котески, во поезијата на овој поет го нема очајничкото, смолесто црнило на трагиката сфатена како судбина; кога ќе се прочита книгата зад неа останува пепелавото, самрачно сивило на тагата. Преку тој момент на емоционален континуитет можеби е најсилна поврзаноста на Котески со фолклорот. За безимениот творец на народната филозофија тагата е вечна, очајот минлив. Кај Котески темните извици, недоволно рески и недоволно продирни, само го подвлекуваат тоа, како што тоа го прават, само во спротивна насока, и танките сребрени нишки на радоста што тук – таму ги сретнуваме во неговите стихови.
Инаку, фолклорот се чувствува во стиховите на овој поет не само низ неговиот однос кон надворешните одлики преземени од зборовниот вез на народната поезија, туку и во некои посуштински односи и сфаќања. Не само во споредбите (“вцрвенета како пресно вино”) живее тој тон на народната поезија, туку и во елементарноста на чувствата, во способноста тие да не се одделат од некои вечни видови на човечката егзистенција, од некои, така да се рече, типизирани видови на нивното изразување во стихот, но сепак да им се даде самостојна боја и звук. Треба да се погледне самоколку во поентата на “Селска сиромаштија” има фолклорна питорескност, но, едновремено колку тоа во себе содржи едноставна вистина за судбината на човекот поврзан за земјата. Впрочем, Котески е најдобар кога, како во таа песна, е близок до фолклорната минијатура, кога прави песна затворена во изрезбареното кутивче на народната кантилена. Во таквите песни на Котески има нешто од недоречената полнотија на напевите пеени во слава на жетвените свечености, во чест на свадбарските поворки, при одење на чешма. Со таквите песни, кратки и едноставни, Котески го донесува најценето во оваа збирка: “Селска сиромаштија”, “Зад Јамнени пусти”, “Во злодоба”, “Вечерен пејзаж”. Во другите, кои, за жал, се во поголем број, Котески не е ни толку лапидарен, а со тоа ни толку хомоген, недореченоста, со помош на која тој ги отвора вратите на песната кон ирочината на значењата, ја покажува својата опачина и со својата дифузност ги заматува можните патишта на смислата. Начинот на кој овој поет ги прави своите песни – лесниот, импресионистички акварел, потег кој остава многу белини помеѓу бегло забележаните граници на реченото, контури чија континуираност одвај се забележува, кроки кој не води сметка за целосноста, ноншалантност во организирањето на сите елементи на песната, многу оставено помеѓу редовите, и многу малку прецизност – прави мошне често да се почувствува дека останала на хартија без свој завршен потег. За тој впечаток придонесува и недоследноста на авторот од овие песни во користење на изразните средства, во нивната примена во остварувањето на стилското единство. Поради сето тоа книгата го нема својот завршен акорд, својот полн акцент. Нејзе & недостасува (како, впрочем, и на досегашните збирки на Котески) цврстина на единственоста, целина на заокружена визија. А сепак, читајќи ги книгите на Котески, можеме да видиме дека имаме работа со поет кој има своја линија, свој видокруг во овој простор. Останува, можеби, да зажалиме што место три негови книги не сме имале само една, со построг, поцврст а со тоа и позначаен избор на песни. Сликата што сме се обиделе да ја стекнеме за поетот Јован Котески би била многу појасна.