Allen Ginsberg about Jovan Koteski in 1986 - from a chronicler of Skopje, Danilo Kocevski - in Macedonian (2011)


In 1986 Allen Ginsberg was awarded the Golden Wreath by the Struga Poetry Evenings International Poetry Festival as the second American poet since W. H. Auden. After the closing of the festival, he visited the Macedonian capital Skopje and was asking about the destiny of the  Macedonian poet Jovan Koteski, at the time serving his prison term in Skopje's prison Idrizovo, as a political prisoner.

Here is an account of the events written by the chronicler of Skopje, Danilo Kocevski (1947). The text was published 26.08.2011 in Macedonian in the journal "Vest".


Allen Ginsberg 1985 (from Wikipedia)















26.08.2011, 15:31
„Вест“

СКОП­СКИ ЛЕГЕНДИ


Зна­е­те ли дека славната бит - генерација го посети Скопје?
Пи­шу­ва Данило Коцевски

Слав­на­та американска бит-генерација го посети Скопје. Најпрвин неј­зи­ни­от гуру Ален Гинзберг, во 1986 година, а потоа и Боб Дилан во 2010 го­ди­на. Иако Боб Дилан како помлад не спаѓа во основачите на групата, но по ду­хот на своето творештво, музиката и особено стиховите, тој следи некои од основните идеи на ова движење. Особен почитувач е на делото и лич­нос­та на Гинзберг, со кого го поврзува блиско пријателство. Пред кон­цер­тот во Скопје, кружеа најразлични приказни за ексцентричното од­не­су­ва­ње и барањата на славниот Дилан. Ги одбегнува новинарите, не сака да кон­так­ти­ра со никого, освен со организаторите. Повлечен во една таква изо­ла­ци­ја, навестува дека веднаш ќе си замине по концертот. Сепак, ус­пе­ав­ме да воспоставиме контакт со него, по долгото планирање како да се ос­тва­ри средба со него. И навистина, Боб Дилан паднаа, и не успеа да одо­лее на два подарока: еден поврзан со неговиот идол Ален Гинзберг, а дру­ги­от со ексклузивното издание, на книгата поезија што ја издадоа Струш­ки­те вечери на поезијата посветена на Гинзберг, добитник на Злат­ни­от венецц за 1986 год. Вториот подарок беше повелбата што ма­ни­фес­та­ци­ја­та му ја додели за неговиот исклучителен придонес во светската по­е­зи­ја. Присуствуваа дури и новинари кои направија ексклузивни фо­тог­ра­фии на Дилан и подароците по концертот во Метрополис арената. 
Ален Гинзберг престојуваше во Скопје по поетските вечери одржани во Стру­га, а овој негов престој е поврзан со повеќе куриозитети. Најпрвин ја раз­гле­ду­ва Старата Чаршија, а потоа ја посетува познатата Галерија 77. Во галеријата Гинзберг доаѓа заедно со големиот руски поет Вознесенски и преведувачката од англиски Анета Георгиевска-Шаин која денес живее во Вашингтон, САД. За таа незаборавна скопска вечер вака се сеќава Адил Мустафа, сопственик на галеријата: Ане­та, тогаш студентка и преведувачка со која добро се познававме, на­ед­наш се појави со Гинзберг и другите гости во галеријата. Гинзберг со Воз­не­сен­ски и уште еден поет седеа на првата маса. Беа присутни и по­ве­ќе­ми­на млади ликовни уметници. Наеднаш, Ален Гинзберг стана од ма­са­та, се исправи, и започна да рецитира. Неговото рецитирање беше емо­тив­но, со многу гестикулации. Тој беше многу непосреден, отворен. Ги во­о­ду­ше­ви сите присутни.“ Овој престој на Гинзберг во Скопје и во галеријата, има чудна животна ко­ин­ци­ден­ци­ја. Имено, тој својата поетска и писателска кариера ја започнал во една американска галерија. Таа се викала Галерија 6. Се собрале шес­тми­на поети кои читале свои стихови. Специјално за тој настап, Гинзберг ја напишал својата прва песна. Скопската Галерија 7 сигурно го потсетила на неговите почетоци. 

Но, оваа негова посета на Скопје поврзана е со уште една необична си­ту­а­ци­ја. Имено, дента, Гинзберг внимателно ги посетил и разгледал сите скоп­ски книжарници. Сакал да открие една тајна која најпрвин никому не ја соопштувал. Подоцна се открило колку тој бил мудар и далекусежно гле­дал на работите. Во книжарниците барал изданија од еден македонски ав­тор.
Кој бил тој автор?
Тој необичен детаљ од посетата на американскиот битник на Скопје, вака е разоткриен и опишан во најновата монографија издадена по повод 50 го­диш­ни­на­та на Струшките вечери на поезијата.
По завршувањето на меѓународниот поетски фестивал во Струга, ла­у­ре­а­тот Гинзберг престојуваше во Скопје и ја посети редакцијата на весникот Но­ва Македонија. Во еден момент од разговорот што се водеше, на кој при­сус­тву­ваа новинарите од Културната рубрика и директорот на куќата, Гин­зберг запраша:
Ди­рек­то­ре, што се случува со поетот Јован Котески. Овластен сум да се ин­те­ре­си­рам од неколку меѓународни организации за човекови права! Нас­та­на молк. Во тој период Котески беше во затвор. Обвинет и осуден за неп­ри­ја­тел­ска дејност. Но, директорот смирено одговори дека поетот е осу­ден во регуларен судски процес. Но, на тој одговор Гинзберг постави но­во прашање: - А, дали неговите книги можат да се купат во кни­жар­ни­ци­те?“ „Да, да- одговори со сигурност во гласот директорот. Тој не е заб­ра­нет поет додаде.
То­гаш американскиот поет возврати: Ут­ро­во доаѓајќи од хотелот во вашата редакција во неколку книжарници по­ба­рав книги од Котески, но немаше. Мно­гу се трошат појасни директорот, не дека се забранети.
Гин­зберг покажал посебна солидарност и хуманост, интересирајќи се за суд­би­на­та на својот поетски собрат.

За Јован Котески

1. Целосна блог-архива за животот и творештвото на македонскиот поет Јован Котески (1932-2001). Блогот ги содржи целокупните поетски збирки на Јован Котески од 1958 до 2000, како и неговата лична и творечка архива.

2.Материјалите од блогот се слободни за користење во лични, образовни и научни цели. Забранета е нивна употреба за комерцијални цели и без наведување на изворот и авторот.

3.Сите дериватни дела (правењето песни, раскази, романи, музика, сликарство, вајарство, документарци, филмови, стрипови, спотови, танц, фотографија, дизајн, мода, видео-игри, виртуелни светови... научни и стручни текстови, теорија и филозофија, публицистика... врз основа на песните од Котески) се дозволени, доколку не се користат за комерцијални цели и доколку се наведе изворот и авторот.

4.Авторот на дериватските дела мора целосно да го наведе текстот на оваа лиценца (на истиот начин како што се појавува овде).

5. Доколку некој автор спомнат на блогот смета дека се повредени неговите/нејзините авторски права, може да ја контактира Јасна Котеска на jasnak@gmail.com

...за Јован Котески од Јасна Котеска

Линкови за Јован Котески

Multimedia


Каменоресци. Антонио Павловски. Студио Пешевски. Линк
Кајмакчалан. Антонио Павловски. Студио Пешевски. Линк

База на податоци за книгите на Котески

Базата ги содржи:
1. Насловот на збирката
2. Годината на издавање
3. Издавачот и серијата
4. Пагинација и димензии на книгата
5. ISBN (кадешто го има)
6. Насловна корица

I. Збирки песни

1. Насмевка пред зорите (1958)
2. Земја и страст (1958)
3. Злодоба (1963)
4. Тежина (1965)
5. Пеплосија (1966)
- Земја и страст, 2 изд. (1971)
6. Сенки (1972)
7. Зелени порти (1975)
8. Хераклеја (1978)
9. Поморија (1981)
10. Бденија и сновиденија (1982)
11. Полилеј (1983)
12. Плодови (1984)
13. Тапија (1985)
14. Сончева белегија (1990)
15. Живожарица (1990)
16. Морници (1991)
17. Ралица (1992)
18. Лелејка (1994)
19. Самотија (1994)
20. Трагач (1996)
21. Приќе (1997)
22. Одрон (1998)
23. Разор (1999)
24. Кртечина (2000)

II. Избор од поезијата

1. Злодоба (1992) - избор
2. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - избор
3. Празник (1995) - избор
4. Решетки (1996) - избор од затворската лирика
5. Јован Котески (2000) - тротомен избор
6. Сончева белегија (2008) - избор

III. Препеви

1. Pesme/Песни (1974) - српски
2. Dragoste si moarte (1981) - романски
3. Strah i duša (1984) - српски
4. Поезија, Poetry, Poesie, Поэзия (1993) - англиски, француски, руски.

IV. Песни за деца

1. Глувчето со двоглед (1991)

V. Книги за Котески

1. Поезијата на Јован Котески (2003) од Миодраг Друговац

Избрани песни

Јован Котески
АЛКИ (1984)

(старзаманско оро, по војната)


Писнува свирката на катун Еѓупци,
збива планината в подмолен татон.
Едно старче ја крева раката,
ногата ја подава како да влегува в гроб,
го фаќа ритамот на расплаканото пиле
и опа! - го почнува орото. Еден по друг
како алка со алка се врзува синџирот,
се издолжува од премалени тела.
На крајот од овој божји сплет
едно извалкано детиште со лице пердувче
го крева рачето во знак на лага
и со камшикот сплетен од живи тела
почнува да го камшикува господа
скриен во свирката што плаче.


Jован Котески
Трагач (1995)
поема

- извадок-

Пред да избереш девојка за жена
најпрвин избери огледало
на кое ќе се огледува муце од видра!
Според бојата на земјата по која се втиснуваат
твоите траги
одреди ѝ го тварот, не заборавај го зборот!
Храни ја извесно време со суво грозје
како што се хранат канаринките.
Пред да зачекориш во подвигот погледни ѝ ги забите
(бели?)
кажи ѝ неколку простени молитви гласно и јасно!
Наостри ја сабјата како секавица
низ Димна гора за да ти се гледа . . .
Потковај го коњот наопаку со клинци
- жолти дукати.
Не пропуштај го галавниот адут - виното.
Пред да избереш девојка за жена
појди на чешма и со часови гледај го млазот вода . . .


Колку и да ти се открива како светица
таа ќе ти ја одземе силата, човеку, не Господ.
Не срди се што не ти ја дополнила чашата
течен ќилибар, таа ја знае суровата мера.
И не бегај од неа како овчар од магла,
не оставај ја усвитена фурна,
таа ќе го пече тоа што ќе го рече
па макар ти да се здробиш на парчиња во Солунско!
Не број го времето со часови, денови, години,
симни го јарчето на сржбата од вратот
и врати се кај што се врти вретеното . . .
Инаку таа знае да биде и црвена мравка,
ќе ти ги растури името и куќата.
Ќе те остави гол како пиштол
а своите рудни богатства на имањето
ќе му ги отстапи на Беле Костурчето
што ќе ѝ ги прекопува со жешка казма!