In 1986 Allen Ginsberg was awarded the Golden Wreath by the
Struga Poetry Evenings International Poetry Festival as the second American
poet since W. H. Auden. After the closing of the festival, he visited the
Macedonian capital Skopje and was asking about the destiny of the Macedonian
poet Jovan Koteski, at the time serving his prison term in Skopje's prison
Idrizovo, as a political prisoner.
Here is an account of the
events written by the chronicler of Skopje, Danilo Kocevski (1947).
The text was published 26.08.2011 in Macedonian in the journal
"Vest".
Allen Ginsberg 1985 (from Wikipedia) |
26.08.2011, 15:31
„Вест“
СКОПСКИ ЛЕГЕНДИ
Знаете
ли дека славната бит - генерација го посети Скопје?
Пишува
Данило Коцевски
Славната американска
бит-генерација го посети Скопје. Најпрвин нејзиниот гуру Ален Гинзберг, во
1986 година, а потоа и Боб Дилан во 2010 година. Иако Боб Дилан како помлад
не спаѓа во основачите на групата, но по духот на своето творештво, музиката и
особено стиховите, тој следи некои од основните идеи на ова движење. Особен
почитувач е на делото и личноста на Гинзберг, со кого го поврзува блиско
пријателство. Пред концертот во Скопје, кружеа најразлични приказни за
ексцентричното однесување и барањата на славниот Дилан. Ги одбегнува
новинарите, не сака да контактира со никого, освен со организаторите.
Повлечен во една таква изолација, навестува дека веднаш ќе си замине по
концертот. Сепак, успеавме да воспоставиме контакт со него, по долгото
планирање како да се оствари средба со него. И навистина, Боб Дилан паднаа, и
не успеа да одолее на два подарока: еден поврзан со неговиот идол Ален
Гинзберг, а другиот со ексклузивното издание, на книгата поезија што ја
издадоа Струшките вечери на поезијата посветена на Гинзберг, добитник на Златниот
венецц за 1986 год. Вториот подарок беше повелбата што манифестацијата му
ја додели за неговиот исклучителен придонес во светската поезија.
Присуствуваа дури и новинари кои направија ексклузивни фотографии на Дилан и
подароците по концертот во Метрополис арената.
Ален Гинзберг престојуваше
во Скопје по поетските вечери одржани во Струга, а овој негов престој е
поврзан со повеќе куриозитети. Најпрвин ја разгледува Старата Чаршија, а
потоа ја посетува познатата Галерија 77. Во галеријата Гинзберг доаѓа
заедно со големиот руски поет Вознесенски и преведувачката од англиски Анета
Георгиевска-Шаин која денес живее во Вашингтон, САД. За таа незаборавна скопска
вечер вака се сеќава Адил Мустафа, сопственик на галеријата: „Анета, тогаш студентка и
преведувачка со која добро се познававме, наеднаш се појави со Гинзберг и
другите гости во галеријата. Гинзберг со Вознесенски и уште еден поет седеа
на првата маса. Беа присутни и повеќемина млади ликовни уметници. Наеднаш,
Ален Гинзберг стана од масата, се исправи, и започна да рецитира. Неговото
рецитирање беше емотивно, со многу гестикулации. Тој беше многу непосреден,
отворен. Ги воодушеви сите присутни.“ Овој престој на Гинзберг во Скопје и во галеријата, има чудна
животна коинциденција. Имено, тој својата поетска и писателска кариера ја
започнал во една американска галерија. Таа се викала Галерија 6. Се собрале шестмина
поети кои читале свои стихови. Специјално за тој настап, Гинзберг ја напишал
својата прва песна. Скопската Галерија 7 сигурно го потсетила на неговите
почетоци.
Но, оваа негова посета на
Скопје поврзана е со уште една необична ситуација. Имено, дента, Гинзберг
внимателно ги посетил и разгледал сите скопски книжарници. Сакал да открие
една тајна која најпрвин никому не ја соопштувал. Подоцна се открило колку тој
бил мудар и далекусежно гледал на работите. Во книжарниците барал изданија од
еден македонски автор.
Кој бил тој автор?
Тој необичен детаљ од
посетата на американскиот битник на Скопје, вака е разоткриен и опишан во најновата
монографија издадена по повод 50 годишнината на Струшките вечери на
поезијата.
По завршувањето на
меѓународниот поетски фестивал во Струга, лауреатот Гинзберг престојуваше
во Скопје и ја посети редакцијата на весникот „Нова Македонија“. Во
еден момент од разговорот што се водеше, на кој присуствуваа новинарите од „Културната рубрика“ и директорот на
куќата, Гинзберг запраша:
„Директоре, што се случува со поетот Јован Котески. Овластен сум
да се интересирам од неколку меѓународни организации за човекови права!“ Настана молк. Во тој
период Котески беше во затвор. Обвинет и осуден за непријателска дејност.
Но, директорот смирено одговори дека поетот е осуден во регуларен судски
процес. Но, на тој одговор Гинзберг постави ново прашање: - „А, дали неговите книги можат
да се купат во книжарниците?“ „Да,
да“- одговори со сигурност во
гласот директорот. „Тој
не е забранет поет“ додаде.
Тогаш американскиот поет
возврати: „Утрово доаѓајќи од хотелот
во вашата редакција во неколку книжарници побарав книги од Котески, но
немаше.“ „Многу се трошат појасни директорот, не дека се забранети.“
Гинзберг покажал посебна
солидарност и хуманост, интересирајќи се за судбината на својот поетски
собрат.